Нордиска митологија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Нордиска митологија, која се смета дека потекнува од германската митологија, е збир за митовите, легендите и верувањата во надприродни суштества. И покрај христијанизацијата на Скандинавија, митологијата на северните народи успева да опстане и во голем дел да се инкорпорира во новата Јудео-христијанска религија. Најголемиот дел од постоечката нордиска митологија датира каква што е, од 11 и 18 век и е запишана во Старонордиската поетска Еда и Прозна Еда во 13 век во Исланд. Проучувањата упатуваат на тоа дека се работи за луѓе кои вистински постоеле и на кои им се дадени божествени особини.

Поетската Еда е напишана после 50 години откако е составена Прозната Еда и содржи 29 долги поеми, од кои 11 посветени на гермаските божества, а останатите на херои како Сигурд Зигфрид.

Нордиската митологија до денес е составен дел од Скандинавскиот фолклор. По нордиските божества, именувани се стотици и стотици места (топоними).

Постојат девет светови во нордиската митологија:

Секој свет, потоа, има свои посебни значајни локации, како Валхала, каде престојува Один во Азгард. Валхала е и дом на душите на големите воините паднати во борба. Овие души, според митологијата, треба да помогнат во борбата на Рагнарок (Судниот ден), каде божествата ќе умрат, а Земјата ќе биде потопена од водата. Душите на големите воини, се одбрани од Валкириите (женски суштества кои одлучуваат кој ќе загине во борба).

Сите девет светови се поврзани преку Игдрасил, големото дрво на светот, центарот на нордиската космологија, на чиј врв се наоѓа Азгард, до каде се стигнува преку мостот од виножито, Бифрост, чиј чувар е богот Хајмдал, оној кој гледа и слуша на илјадници километри.

На коренот на дрвото, се наоѓа Нидхог, џиновската змија.

[уреди] Наводи

[уреди] Надворешни врски

Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици