Портал:Хеви метал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
уреди  

Хеви метал

Слеер на фестивалот Мејхем (2009)

Хеви метал музиката (англиски: heavy metal) е жанр на рок музиката кој се појавил како дефиниран музички стил во 70-тите години на 20 век, со корени од хард рок бендовите кои, помеѓу 1967 и 1974, ги мешале блузот и рокенролот за да создадат хибрид со дебел и тежок звук, базиран воглавно на гитари и тапани, карактеризиран од употребата на високо-засилена дисторзија. Од хеви металот подоцна еволуирале голем број на поджанрови, многу од кои едноставно се нарекуваат „метал“. Како резултат, „хеви метал“ сега има две различни значења: или жанрот и сите негови поджанрови, или пак оригиналните хеви метал бендови од стилот од 70-тите понекогаш нарекуван „традиционален метал“, на пример Deep Purple, Led Zeppelin, Blue Öyster Cult и Black Sabbath.

Хеви металот започнал да се здобива со популарност во 1970-тите и 1980-тите, време во коешто многу од сега-постоечките жанрови најпрво еволуирале. Хеви металот има голем број на следбеници и фанови во целиот свет, познати кај нас под името металци. Во англофонските земји тие се познати како „метални глави“ (англиски: „metalheads“) и „ударичи на главите“ (англиски: „headbangers“).

уреди  

Избрана статија

Dream Theater се прогресивна метал група, формирана од три студенти на музичкиот универзитет Беркли во 1985. Во дваесет и едната година од нивното формирање тие постанаа едни од комерцијално најуспешните прогресивни групи, по актуелноста на прогресивниот рок во средината на седумдесеттите години, иако се релативно непознати во мејнстрим поп и рок круговите. Нивните два најдобро продавани албуми се: Податотекаs and Words (македонски: Слики и зборови) од 1992 кој стана златен албум и се смета за зачеток на прогресивниот метал, иако достигна само до местото број 61 на Billboard 200 топ-листата; и Octavarium од 2005, кој достигна до местото број 36 место на Билборд 200.

Групата е добро позната по техничкиот квалитет на секој инструменталист, освојувајќи многу награди од музички магазини. Тие се високо ценети од страна на голем број од најславните имиња на рок и метал музиката, што често доведува до соработка помеѓу членовите на Dream Theater со многу други добро познати музичари. Во славен пример, гитаристот Џон Петручи беше именуван за трет гитарист на турнејата G3 со Стив Ваи и Џо Сатриани, следејќи ги стапките на Ерик Џонсон, Роберт Фрип, Ингви Малмстин и други влијателни гитаристи.

уреди  

Избрана слика

Megadeth live in Bucharest, June 15th, 2005-2.jpg
Дејв Мастејн на концерт во Букурешт, 15 јуни, 2005 год.



уреди  

Категории

уреди  

Вести

уреди  

Дали сте знаеле...

архива...

уреди  

Клучни статии

уреди  

Поврзани портали

уреди  

Хеви метал на останатите Вики проекти

Список на портали | Избрани портали
Исчисти опслуж. кеш