Спид метал

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Спид метал
Стилско потекло: NWOBHM, хардкор панк
Културно потекло: доцни 1970-ти и рани 1980-ти во Велика Британија и САД
Типични инструменти: електрична гитара • бас • тапани • вокал
Мејнстрим популарност: средна во раните и средни 1980-ти
Изведени форми: треш метал, пауер метал, неокласичен метал, блек метал, дет метал
Регионални сцени
САД • Обединето Кралство • Германија

Спид метал е подвид на хеви металот, кој настанал во раните 80-ти години на минатиот век. Иако се тврди дека е создаден во 80-тите години од 20-тиот век, неговите корени се уште подалеку во музичката историја, поточно кон средината на 70-тите. Во тоа време во Велика Британија се случувал Новиот бран на британскиот хеви метал, кој бил инспирација за андерграунд бендовите да експериментираат со брзината на звукот. Критиката како негови својства му ги препишува брзината, абразивноста и техничкото совршенство.[1]

Карактеристики[уреди]

Спид металот по своите инструменти, тематската обоеност на песните и перформанс многу наликува на треш металот. Дури ни оние постари фанови кои слушаат хеви метал не можат со сигурност да тврдат кои бендови припаѓаат исклучително на овој жанр. Но постои едно нешто околу кое има единствени мислења, а тоа е дека заслепувачката брзина на гитарите, солажи кои се екстремно тешки за свирење, анти-социјални текстови и аранжманите карактеристични за прогресивен рок се доминантните црти на овој музички правец.

Стандардната постава за спид метал бенд е: две електрични гитари, бас гитара и тапани. Рифовите кои се користат се сложени и комплексни, ритамот на песната нагло и постојано се менува, а најчести се темите за војна, нуклеарно оружје, загадување на средината и човековата алчност. Вокалите се длабоки и зарипнати, а неретко и пригушени како во дет металот. Техниката за свирење со нејзината строгост, умешност и иновативност потсетува на онаа на хардкор панк бендовите.[2]

Корени и почетоци[уреди]

Три појави се сметаат за клучни во постанокот и развојот на спид металот. Тоа се групите Металика, Мегадет и Егзодус. Првиот албум на Металика, Kill 'Em All е зародишот на оваа музика, и секако албумот кој извршил најголемо влијание врз спид метал групите. И Мегадет дале свој придонес во музичкото оформување и созревање на спидот преку плочата Killing Is My Business... and Business Is Good!. Егозодус во 1985 год. со Bonded by Blood се појавил на спид сцената, но овој бенд беше засенет од комерцијалниот успех на претходните два. Други постави кои се под капата на спид металот се Prong, Voivod, и Nuclear Assault.[3]

Спид металот денес[уреди]

Панк и треш метал бендовите од доцните 80-ти користеле елементи од спидот, додека во 90-тите години неговата популарност почнала да опаѓа. Овој факт се должи на тоа што гранж музиката стапила на сцена, додека оние сѐ уште популарни хеви метал и хард рок состави како Metallica и Guns N' Roses почнале да испробуваат побавни стилови. Денес, оваа музика е вратена на маргините на поп културата.

Подоцнежни музички правци[уреди]

Како што објаснуваат изведувачите на самата музика, во спид металот акцентот се става на музиката и лимитите до каде може да оди таа, додека текстот и вокалниот перформанс се во втор план. Создавањето на овој вид било неопходно, бидејќи екстремниот метал освен по тврдата и бучна музика, се препознавал и по неговата брзина. Многумина од слушателите на оваа музика ќе речат дека трешот е фузија на хардкор панк и спид метал. Подоцна овој жанр, заедно со неговиот побратим треш металот ќе бидат причина за појава на дет метал и блек метал, форми многу поагресивни од самиот спид.

Изведувачи и албуми типични за спид металот[уреди]

Наводи[уреди]