DragonForce

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
DragonForce

DragonForce на настап во Мелбурн (2007)
Биографски податоци
Познат(а) и како DragonHeart
Потекло Лондон, Англија
Жанрови Пауер метал, спид метал
Период на активност 1999 – денес
Издавачи Роудранер, Јуниверзал, Сануктари
Мреж. место dragonforce.com
Членови
Херман Ли
Сем Тотман
ЗП Дарт
Вадим Пружанов
Дејв Мекинтош
Фредерик Леклерк
Марк Хадсон
Поранешни членови
ЗП Дарт
Стив Скот
Стив Вилијамс
Матеј Сетинч
Дидие Алмоузни
Дикон Харпер
Адриан Ламберт

DragonForce е англиски пауер метал бенд формиран во Лондон во 1999. Групата е позната по нивните брзи песни, двојни гитарски солажи и вметнувањето на звуци со електронски ефекти во нивната музика.

Гитаристите Херман Ли и Сем Тотман се единствените двајца членови кои се во бендот од неговото основање па сѐ до денес. Нивниот последен албум The Power Within бил издаден на 5 април 2012 година.

Историја[уреди]

DragonForce на настап (2007)

DragonForce се формирани во 1999 од дел од членовите на распаднатиот бенд Demoniac, под името DragonHeart, но подоцна ќе го сменат името во DragonForce поради истоимениот бразилски бенд.[1] Кариерата им започнува со објавување на песни на MP3.com, со што се искачуваат на врвот на сајтот по бројот на симнувања. Првата нивна песна „Valley of the Damned“ достигнува 500.000 симнувања за првите неколку минути откако е поставена. Двајца од членовите (Стив Вилијамс и Стив Скот) ќе го напуштат бендот и ќе го формираат пауер метал бендот Power Quest.[2]

Првата успешна песна им е „Starfire“, од нивниот деби албум Valley of the Damned. Песната ќе е забележителна поради тоа што почнува со вовед на пијано, што е нетипично за другите песни на бендот. Имаат издадено три албуми, пропратени со турнеи придружувајќи ги Helloween, W.A.S.P. и Iron Maiden. Во октомври 2005 басистот Адријан Ламберт ќе се повлече од бендот, официјално за да посвети повеќе време на својот син, а неофицијално поради несогласувањата со Херман Ли и Сем Тотман. По еден месец од неговото заминување бендот ќе потпише со Роудранер Рекордс и го издаваат нивниот засега последен албум Inhuman Rampage. Ламберт бил заменет со Фредерик Леклерк.

Песната „Through the Fire and Flames“ ќе се најде на видеоиграта Guitar Hero III: Legends of Rock, што значајно ќе придонесе за порастот на нивната популарност.[3] Четвртиот студиски албум Ultra Beatdown бил издаден во август 2008 и бил пропратен со турнеја заедно со финскиот фолк метал бенд Turisas.

Во 2011 бендот го претставил својот нов вокалист Марк Хадсон.[4] Новиот член имал искуство како пејач во метал бенд, но никогаш не се занимавал професионално со музика. Неговиот прв настап со DragonForce бил токму на концертот на Iron Maiden, каде настапиле како предгрупа и ја промовирале новата песна „Cry Thunder“.

На 15 април 2012 год. бил објавен петтиот по ред студиски албум The Power Within. Една од песните на тој албум е „Fallen World“, која според мислењето на бендот е нивната најбрза песна дотогаш. За 2013 е најавена турнеја низ Ирска и Велика Британија, а треба на настапат и на еден фестивал во Австралија.[5]

Музички стил[уреди]

  • Нагласување на двете гитари, во склоп со брзите метал стилови.
  • Делови со нагласени придружни вокали.
  • Текстови од епска природа, со оптимистички ставови, повторување на исти фрази во различни песни.
  • Користење клавијатури во песните.
  • Влијание од видеоигри во дел од нивните песни.

Често стилот на бендот е условуван и со екстремен пауер метал. Херман Ли во едно интервју ќе каже:

„Нинтендо метал, екстремен пауер метал, Бон Џови on Speed, Journey измешан со Slayer... секогаш луѓето наоѓаат некои чудни категории во кои нѐ сместуваат.“


Членови[уреди]

Сегашни
  • Херман Ли - гитара, придружен вокал (1999-денес)
  • Сем Тотман - гитара, придружен вокал (1999-денес)
  • Вадим Пружанов - клавијатури, придружен вокал (2001-денес)
  • Дејв Мекинтош - тапани, придружен вокал (2004-денес)
  • Фредерик Леклерк - бас, придружен вокал (2006-денес)
  • Марк Хадсон - вокал (2011-денес)
Поранешни
  • ЗП Дарт - вокал (1999-2010)
  • Адриан Ламберт - бас, придружен вокал (2004-2005)
  • Дидие Алмоузни - тапани, придружен вокал (1999-2003)
  • Дикон Харпер - бас, придружен вокал (2001-2003)
  • Стив Скот - бас, придружен вокал (1999-2000)
  • Стив Вилијамс - клавијатури, придружен вокал (1999-2000)

Дискографија[уреди]

Студиски албуми
  • 2003: Valley of the Damned
  • 2004: Sonic Firestorm
  • 2006: Inhuman Rampage
  • 2008: Ultra Beatdown
  • 2012: The Power Within
Демо
  • 2000: Valley of the Damned (како DragonHeart)
Спотови
  • „Through the Fire and Flames“, од Inhuman Rampage
  • „Operation Ground and Pound“, од Inhuman Rampage
  • „Heroes Of Our Time“, од Ultra Beatdown
  • „The Last Journey Home“, од Ultra Beatdown
  • „Cry Thunder“
  • „Seasons“

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]