Обединето Кралство на Велика Британија и Северна Ирска
Од Википедија
|
|||||
![]() |
|||||
| Официјален јазик | Англиски | ||||
| Главен град | Лондон | ||||
| Кралица | Елизабета ΙΙ | ||||
| Премиер | Гордон Браун | ||||
| Површина - Вкупно - % вода |
Рангирана 70та 244,820 km² 1.34% |
||||
| Население - Вкупно (Јули 2004 проц.) |
Рангирана 21та 59,834,300 |
||||
| Унификација | 1 Јануари 1801 | ||||
| Валута | Фунта Стерлинг (£) (GBP) | ||||
| Временска зона - во лето |
UTC UTC+1 |
||||
| Национална химна | Боже чувај ја кралицата God save The Queen |
||||
| Интернет домен | .uk | ||||
| Повикувачки број | 44 | ||||
Оваа статија се однесува на политичката заедница Велика Британија, за островот видете Велика Британија (остров)
Обединетото Кралство на Велика Британија и Северна Ирска е островска држава во северозападна Европа. Главен град е Лондон. Обединетото Кралство, составено од Велика Британија (Англија, Велс и Шкотска) и Северна Ирска, е уставна монархија чиј владетел е воедно владетел на државата и шеф на Владата. Власта е поделена меѓу Парламентот кој ја има законодавната власт, Кабинетот на Министрите (составен од 20 министри и премиерот) кој ја има извршната власт и судското тело.
Содржина |
[уреди] Етимологија на име
[уреди] Историја
[уреди] Географија и клима
Велика Британија лежи помеѓу Ирска и континентална Европа. Велика Британија е осров што лежи на растојание од северозападниот брег на Европа, чинејќи го главниот дел од територијата на Обединетото Кралство (United Kingdom).Трите земји што го покриваат островот се Англија, Шкотска и Велс. Покрај нив во рамките на кралството се наоѓа уште и Северна Ирска. Островот Велика Британија е најголемиот од британските острови. Друг голем остров во архипелагот е Ирска. Велика Британија е најголемиот остров во Европа и осмиот најголем остров во светот. Тој е исто така трет најнаселен остров во светот по Јава и Хоншу.Главен град е лондон.тој е културен, политички и административен центар.Други поголеми градови се ливерпул, манчестер,бирмингем,лидс,бристол и други. Велика Британија е остров кој се наоѓа на северозападниот дел на европа, помеѓу северниот дел на атлански океан и северно море. Северозападно од Франција.Се состои од четири земји-Англија, Шкотска, Велс и Северна Ирска. Таа зазема голем дел од британските острови.Северна Ирска не лежи на островот Велика Британија туку на островот Република Ирска. Англија,Шкотска и Велс формираат повеќе од два главни острови. Орканските и Шетландските острови лежат северно од Шкотска, a Хебритските западно.Островот Anglesey е северозападно од Велс. Велика Британија се протега во должина од околу десет степени латитуда според нејзината подолга, север-југ оска. Географски островот е обележан со ниски земјишта на исток и југ, додека пак ридовите и планините доминираат во западните и северните региони. Пред крајот на последнота ледена доба, Велика Британија била полуостров на Европа; нивоата на морињата кои се издигнувале како резултат на топењето на глечерите по ледената доба го предизвикале формирањето на Англискиот Канал, водена површина која сега го дели островот од европското копно. Релјефот во шкотска и велс е претежно планински,а во англија- низински.сите планини во Велика Британија се стари грамадни планини.најпознати се: Камбриските планини кои се наоѓаат на полуостровот Велс, и Пенинските планини во средишниот дел на Англија. Други познати планини се:Каледонските, Чивиотските и Грампиенските планини.Највисокиот врв во Велика Британија е Бен Невис (1343m). Најголеми низини во Велика Британија се шкотската и лондонската низина. На Велика Британија и припаѓаат околу 5000 острови. планини. и немаат.Островот Велика Британија порано бил поврзан со европа, но со текот на времето тој се одделил од неа
Климата на Велика Британија е поумерена отколку таа во другите региони на северната хемисфера на истата латитуда, поради западните ветрови и топлите води на Голфската струја кои поминуват покрај британските острови и делумно влијаат на климата. Ладна, но не студена температура, облаци почести отколку сонце и големо количество на дожд се начинот на живот на островот.таа има атлантска клима.зимите се магливи, а летата се свежи и врнежливи.Западните ветрови од океаните носат големи количества влага. Затоа дождовите се редовни и чести во текот на годината. Северна Ирска има приморска клима, Англија има умерена клима – благи зими и ладни лета.Во Шкотска според ладната клима, југозападните ветрови кои настануваат при делување на голфската струја , ја прават климата потопла отколку што треба да биде толку северно.Климата во Велс е под влиание на планините и на блиското море затоа зимите се благи а летата свежи. Регионите со високи планини имаат ладни зими со многу снег.
Најпознати реки во Велика Британија се Темза, Клајд. Гамбер и Цеверн.За време на прилив нивото на реките се издига.пример со реката темза.за време на приливот лондон е пристанишен град.
Освен копнената граница со Република Ирскса, Велика Британија е опкружена со вода. Јужно од Англија измеѓу Велика Британија и Франција се наоѓа Англискиот канал или Ла Манш испод кој се наоѓа тунел кој ги спојува Велика Британија и Франција. На исток е Северно море, западно од Велс се наоѓа Ирско море, додека Шкотска и северозападната област на Северна Ирска излегуваат на атлански океан
Вкупната површина на Велика Британија изнесува околу 244,820 km2 , должината на областа изнесува 8,257 km, а копнената граница 360 km. Велика Британија има околу125km. Надморска височина.
знаме грб
главен град Лондон службен јазик англиски Површина-вкупно 244,820 km²
- % вода 1,34 %
Население-вкупно (2008) 61,168,000
-густина 249,8/km²
Населението во Велика Британија изнесува околу 60 милиони жители.населението го сочинуваат англичани, велшани, шкотланѓани и ирци. Густината на населението во Велика Британија изнесува околу 249,8 жители на km².главен град на Велика Британија и на Англија е Лондон.тој е културен, политички центар. Други поглеми градови се Ливерпул, Манчестер,Лидс,и други.
Индустријата во е многу развиена во Велика Британија.Таа е високоразвиена индустриска земја.Велика Британија увозува нафта, жита и јужно овошје, а извозува машини. Во Велика Британија се развиени сите индустриски гранки.текстилната индустрија е најстара индустриска гранка во Велика Британија.Во неа се развиени хемиската, прехранбената и бродоградбената индустрија. Таа исто така е и високоразвиена земјоделска земја.од житните култури најмногу се одгледува пченица, а од фуражните култури луцерка, граор и други.
[уреди] Политички систем
[уреди] Административна поделба
[уреди] Економија
[уреди] Население, јазик и религија
[уреди] Култура во Обединетото Кралство
[уреди] Музика во Обединетото Кралство
[уреди] Спорт во Обединетото Кралство
[уреди] Референци
[уреди] Видете исто така
[уреди] Надворешни врски
Австрија • Белгија • Бугарија • Германија • Грција • Данска • Естонија • Ирска • Италија • Кипар • Латвија • Литванија • Луксембург • Малта • Обединето Кралство • Полска • Португалија • Романија • Словачка • Словенија • Унгарија • Финска • Франција • Холандија • Чешка • Шпанија • Шведска
Земји кандидати во преговори: Турција • Хрватска Земја кандидат: Македонија Потенцијални земји кандидати: Албанија • Босна и Херцеговина • Србија • Црна Гора
