Ride the Lightning

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Ride the Lightning“
Студиски албум од Metallica
Издаден јули 27 1984 (1984-07-27)
Снимен 20 февруари–март 14 1984 (1984-03-14) во Sweet Silence Studios во Копенхаген, Данска
Жанр Треш метал
Траење 47:20
Издавачка куќа Мегафорс
Продуцент Металика, Флеминг Расмусен, Марк Витакер
Metallica — Хронологија
Kill 'Em All
(1983)
Ride the Lightning
(1984)
Master of Puppets
(1986)
Издадени песни од Ride the Lightning
  1. "Creeping Death"
    Издадена: ноември 23 1984 (1984-11-23)
Поставата на Металика (1984)
Омотот на првиот сингл „Creeping Death“
Погрешно испечатената облога на ЦД-то

Ride the Lightning е вториот студиски албум на Metallica, издаден во 1984 година. Овој проект следел по издавањето на нивниот деби-албум Kill 'Em All. Овој албум се снимаше во Копенхаген, Данска, родната земја на тапанарот Ларс Улрих. Како продуцент на ова ЦД се потпишува Флеминг Расмусен, кој ги продуцирал и наредните два албуми од оваа група. Како ко-автор на две песни од албумот се јавува поранешниот член на Металика, Дејв Мастејн. По официјалното излегување во продажба на носачот на звук, Металика потпишале скап договор со големата продукциска куќа Електра. Што се однесува до комерцијалниот успех на албумот, од него во моментов се продадени преку 6 милиони копии само во САД. Овој материјал доживеал дигитално ре-издание со дел од песните изведени во живо како бонус нумери.

Песни на албумот[уреди]

Fight Fire With Fire

Песната започнува со краток дел на акустична гитара, пример за музичкото созревање на Металика, како и за нивното пишување покомплексни композиции. Текстот се занимава со Армагедон и крајот на светот, додека музиката по воведот па сѐ до крајот е изведена со неверојатна брзина. Исто така и инструменталната изведба е технички совршена, заедно со целокупниот аранжман на албумот, кој е далеку подобрен. Инаку песната е ретко е изведувана во живо, последен пат на фестивалот „Orion Music + More“ во Њу Џерси, каде бендот го отсвирел целиот албум Ride the Lightning.[1]

Ride the Lightning

„Ride the Lightning“ е првата песна на бендот, каде тие отворено говорат за неефикасноста на правниот систем. Невин човек е неправедно обвинет за убиство и осуден на смрт со електрично столче. Во трите строфи се искажува револт од направената грешка преку реторичното прашање до властите - Кој ве направи Бог да ми речете „Ќе ти го одземам животот“?. Ова исто така е една од двете песни потпишани од Дејв Мастејн. Овој потфат ги поттикнал Металика и во иднина да пишуваат песни во кои го критикуваат општествениот систем со сите негови слабости и недостатоци.[2]

For Whom the Bell Tolls

Епска песна, инспирирана од романот на Ернест Хемингвеј под истоимениот наслов. За кого бијат камбаните зборува истовремено и за позитивните и за лошите страни на војната. Како возвишено го опејуваат патриотското чувство на војниците и нивната човечка жртва за идеалите на сопствената земја. Но, како подмолно го посочуваат коцкањето со нивните животи, нагласувајќи дека тие гинат за себичните цели на нивните претпоставени. Структурно гледано, песната има двоминутен вовед, каде Клиф Бартон свири две бас солажи, придружени со постојано биење на камбани во позадина. Потоа следуваат двете строфи напишани со совршени ритмика и испеани многу впечатливо, со силни емоции. Крајот е исто така бас солирање. Композицијата е со доста бавно темпо, за да дојде до израз длабоката лирика во текстот. Изведувана е на сите концерти на Металика, со ретки исклучоци.[3]

Fade to Black

Првата балада напишана од Металика е токму оваа. Почеток со чисти и хармонични гитарски рифови, кои со текот на песната постепено преминуваат во потешки и побрзи. Почетните реакции на фановите кон ова прекрасно и сентиментално дело, чиј лајт-мотив е мрачната и потиштена атмосфера, биле претежно негативни и критички настроени. Но, денес се смета за една од најубавите и најчувствителни хеви метал балади на сите времиња. Тема на песната се разочараноста од животот и самоубиството како единствен излез од внатрешната агонија. Завршното соло на Кирк Хамет е рангирано како седми најдобар перформанс на гитара во популарната музика.[4]

Trapped Under Ice

Петтата нумера по ред е демонстрација на треш металот во неговиот вистински сјај. Брзо темпо кое се граничи со лудило, текст за духот заробен во ледена школка. Доста забавна композиција за слушање, но без некое суштинско значење. Дел од фановите текстот го толкуваат како приказна за човек заклучен во операциона сала, на кој му се вршат експериментални хируршки зафати на екстремно ниска температура. Многу дет метал бендови имаат направено своја преработка на песнава, од кои највпечатлива е онаа на Exhumed.[5]

Escape

Единствена песна од овој албум која никогаш не била изведувана во живо. Тоа до некаде се должи и на фактот што хардкор фановите на Металика ја сметаат песнава како обид на бендот за комерцијален пробив. Без многу динамика и во средно темпо, се искажува протест и негодување спрема луѓето кои се обидуваат да ги контролираат нивните судбини. Донекаде текстот е и резултат на тинејџерски бунт кон стегите и принципите на конзервативното општество. Пораката овде е јасна и недвосмислена Сами сме господари на својата судбина.[6]

Creeping Death

„Creeping Death“ или притаена смрт е можеби најдобрата песна на албумот и втората најизведувана песна на концертите на Металика, (1362 пати досега). Содржи библиски мотиви, поточно ги раскажува 10-те проклетства со кои Бог го казнил Египет затоа што фараонот не ги пуштил Евреите да си заминат од таму. Има величествен почеток, а особено е познат мостот на средина од песната, каде фановите извикуваат „Die“ (умри), а Хетфилд продолжува „Die by my hand“ (умри од мојата рака). Текстот е пишуван од гледна точка на Мојсеј, кој е Избраниот од Господа да го извлече својот народ од египетската земја Гошен. Завршниот рефрен обично го пеел басистот Џејсон Њустед додека беше дел од Металика, додека по неговото заминување фановите го исполнуваат крајот на песната. Ако некој праша што е тоа треш метал, повеќето познавачи ја посочуваат токму оваа песна како класичен пример.[7]

The Call of Ktulu

Инструменталната „The Call of Ktulu“ е осмата и завршна нумера на албумот. Ова е последната песна во целата дискографија на Металика во која Дејв Мастејн се потпишува како ко-автор. Пишувана е под работен наслов When Hell Freezes Over, а идејата е добиена од еден роман на американскиот писател Хауард Филипс Лавкрафт. Воведот е многу сличен на она од „Hangar 18“, со таа разлика што е свирен во понизок тоналитет. Бас гитарата е носечкиот столб на композицијата, додека останатите две гитари свират доста усогласено и чисто. Тапаните при крајот на песната удираат во брз и енергичен ритам, кој многу потсетува на песните од македонскиот народен фолклор.[8]

Список на песни[уреди]

Автор на сите текстови е Џејмс Хетфилд.

бр. Наслов Музика Траење
1. „Fight Fire with Fire“   Хетфилд, Улрих, Бартон 4:45
2. „Ride the Lightning“   Хетфилд, Улрих, Бартон, Мастејн 6:36
3. For Whom the Bell Tolls“   Хетфилд, Улрих, Бартон 5:09
4. Fade to Black“   Хетфилд, Улрих, Бартон, Хамет 6:57
5. „Trapped Under Ice“   Хетфилд, Улрих, Хамет 4:04
6. „Escape“   Хетфилд, Улрих, Хамет 4:23
7. Creeping Death“   Хетфилд, Улрих, Бартон, Хамет 6:36
8. „The Call of Ktulu“ (инструментална) Хетфилд, Улрих, Бартон, Мастејн 8:53
Вкуп. траење:
47:23

Персонал[уреди]

Металика
Технички персонал
  • Флеминг Расмусен – продуцент, аудио инжинер
  • Металикапродуценти, концепт на омот
  • Марк Витакер – извршен продуцент
  • Боб Лудвиг – дизајн на албумот
  • Мајк Жил и Џорџ Марино – дигитален ремикс
  • Пит Кронин, Фин Костело и Рик Брекет – фотографија

Наводи[уреди]