Клиф Бартон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Клиф Бартон
Родено име Клифорд Ли Бартон
Роден(а) февруари 10, 1962(1962-02-10)
Кастро Вали (Калифорнија), САД
Починал(а) септември 27, 1986(1986-09-27) (на 24 год.)
близу Дорарп, Јунгби, Шведска
Жанрови Треш метал, спид метал, хеви метал
Занимања музичар, композитор
Инструменти Бас гитара, пијано, гитара, вокал
Период на активност 1979–1986
Издавачи Мегафорс, Електра
Соработници Металика, Agents of Misfortune, Изи Стрит, Траума
Мреж. место Официјален веб-сајт на Металика

Клифорд Ли Бартон (англиски: Clifford Lee Burton) (10 февруари 1962, САД - 26 септември 1986, Шведска) беше американски музичар, а воедно и басист на хеви метал бендот Металика. На групата им се придружил во 1982 година и дал свој придонес во првите три албуми на Металика, кои се сметаат за класици на треш метал музиката. Бартон беше познат по неговите виртуозни настапи во живо и по тоа што ја внесуваше неопходната ритмика и мелодија во нивните песни. Починал на 27 септември 1986 год, во сообраќајна несреќа за време на турнејата низ Шведска. Постхумно му беше доделено место во Рокенрол куќата на славните како дел од Металика на 4 април, 2009 година.

Детство и рана младост[уреди]

Клиф Бартон е роден на 10 февруари, 1962 година во Тенеси, САД, како најмлад син на Џен и Реј Бартон. Имал постар брат Скот и сестра Кони. Како ученик во средно училиште играл бејзбол за школскиот тим и го освоил првото место на локалниот натпревар со другите училишта. По завршување на средното образование, станал член на бендот Траума. И покрај гламурот и театралноста на останатите членови при нивните свирки во живо, Бартон бил забележлив по неговото ритмичко удирање со глава и долгата црвена коса. Со овој бенд снимил и една демо снимка, но таму се успеал да го докаже својот раскошен талент за музицирање.[1]

Кариерата со Металика[уреди]

Примање во групата[уреди]

Не помина долго време додека младите основачи на Металика го насетија неговиот голем музички потенцијал. Тапанарот Ларс Улрих и вокалот и гитарист Џејмс Хетфилд присуствувале на еден настап на Траума во живо, каде биле позитивно изненадени од неверојатното бас-соло во изведба на Бартон. По ова, тие го контактирале и му го понудиле испразнетото место на басист, каде претходно свирел Рон МекГовни. Бартон прифатил, но под услов целиот бенд Металика да се преселат во Сан Франциско. Поради големата желба да го имаат Бартон во составот, групата се согласила.

Првите денови во бендот[уреди]

Неговото доаѓање во Металика донело позитивни вибрации помеѓу неговите колеги. Неговото брилијантни изведби се одликуваа со многу емоционалност и префинетост. Бас-солажите кои ги свиреше претставуваа мешавина од џез и психоделични мелодии. Добар пример за ова тврдење е песната „(Anesthesia) Pulling Teeth“ од деби албумот Kill 'Em All. [2] Освен што свирел, тој исто така активно учествувал во компонирањето песни за вториот албум на групата, насловен како Ride the Lightning. Напишал музика за шест од осумте песни на албумот, од кои највпечатлива е иснтрументалната композиција „The Call Of Ktulu“, каде бас гитарата е ставена во водечка улога пред другите две електрични гитари.

Докажување во хеви-метал заедницата[уреди]

1986 година беше одбележана со излегувањето на култниот треш метал албум Master of Puppets, каде перформансот на Бартон бил обележје на ова парче музика. Песната „Orion“ ќе остане запомнета по неговото маестрално бас-соло, кое се смета за едно од најдобрите во модерната музика. По издавањето на ова ЦД, Металика заминале на турнеја низ САД заедно со рокерот Ози Озборн. Откако успешно ја одработиле нивната најголема концертна турнеја дотогаш, групата за првпат заминува во посета на Европа. На 26 септември Металика одржа концерт за паметење во Стокхолм, Шведска, каде Џејмс Хетфилд првпат свирел на гитара по тешките претрпени изгореници на раката, а Бартон имал одлична вечер на басот. Се чинеше дека ништо не може да им застане на Металика на патот кон ѕвездите.

Трагичната смрт[уреди]

Меморијалната плоча во Лингби

Сообраќајната несреќа[уреди]

Групата беше на пат помеѓу Стокхолм и Копенхаген, за да настапи на 27 септември во Данска. Членовите на бендот влечеле карти за тоа кој каде ќе спие во автобусот. Бартон извлекол единица лист и го одбрал местото на Кирк Хамет. Во раните утрински часови возачот на автобусот загубил контрола врз возилото и излетал од патот. Автобусот се превртел неколку пати и конечно застанал превртен на онаа страна каде бил Бартон. Полицијата брзо реагирала, но кога со дигалка го кренале автобусот, Бартон веќе бил мртов. Телото било пренесено во САД и кремирано, а малку подоцна и погребано.

Металика по неговата смрт[уреди]

По овој настан, Металика не можеше да се смета за бенд. Едно време тие дури и помислуваа да прекинат со музиката. На крајот, сепак одлучија да не се откажуваат и да ја исполнат желбата на нивниот довчерашен басист за светска доминација на Металика. Во едно интервју Кирк Хамет изјавил:

По несреќата секој од нас самостојно одлучи сета наталожена фрустрација и гнев да ги исфрлиме на сцената, каде и впрочем им е местото. Најлошото нешто што можевме да го направиме е да престанеме со свирки и да кукаме во празно. Колку повеќе би мислеле на таа работа, толку подлабоко би тонеле во меланхолија и патетичност. Би било нефер кон самиот Клиф да застанеме кога сме дотуркале толку далеку. И кога би бил жив и поради некоја причина не би можел да свири, пак би нѐ бодрел да одиме до крај.

—велат од Металика

Дискографија[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Дискографија на Металика.

Студиски албуми[уреди]

Демо снимки[уреди]

  • No Life 'til Leather (1982) (потврден му е придонес иако не бил член)
  • Megaforce (1983)
  • Ride the Lightning (1983)
  • Master of Puppets (1985)

Компилации[уреди]

  • Metal Massacre Vol. II (1982) (со Траума)

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Претходник
Рон Мекговни
Басист на Металика
1982-1986
Наследник
Џејсон Њустед