Џејмс Хетфилд

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај


Џејмс Хетфилд

Џејмс Хетфилд
Биографски податоци
Родено име Џејмс Алан Хетфилд
Роден(а) август 3 1963 (1963-08-03) (48 г.)
Калифорнија, САД
Жанрови Хевиметал, Треш метал, Хард рок, Спид метал
Занимања музичар, продуцент, текстописец
Инструменти гитарист, Пејач, пијанист,
Период на активност 1981–present
Издавачи Ворнер Брос Рекордс, Електра Рекордс, Мегафорс Рекордс
Соработници Металика, Спастик Чилдрен, Ледер Чарм
Мреж. место metallica.com

Џејмс Алан Хетфилд (роден на 3 август 1963 година во Дауни, Калифорнија, САД) е ритам гитарист, основач, главен текстописец и главен вокал на американскиот хеви метал состав Металика. Хетфилд учествувал во основањето на Металика во октомври 1981, откако се пријавил на оглас во весник што бил објавен од тапанарот Ларс Улрих, кој барал членови за бенд. Од тогаш Металика има добиено, девет Греми награди, има издадено девет студиски албуми, три албуми во живо, четири проширени плочи, 24 спотови, и 45 синглови. Во 2009 година, Хетфилд беше рангиран на деветтото место во книгата на Џоел Мекајвер „Топ 100 најдобри метал гитаристи“.Исто така Хетфилд беше рангиран на 24 позиција од Хит Парадер во нивната листа на 100 најдобри метал вокалисти на сите времиња.

Содржина

[уреди] Биографија

[уреди] Младост

Хетфилд е роден на 3 август, 1963 година. Тој има германско, англиско, ирско и шкотско потекло. Има двајца постари полу-браќа од првиот брак на мајка му и една помлада сестра.

Таткото на Хетфилд, Верџил, бил возач на камиони кој го напуштил семејството кога Хетфилд бил мал. Неговата мајка, Синтија, била оперетска пејачка. Двајцата се развеле во 1976 година. Верџил и Синтија биле многу строги научно-христијани, и според нивните верувања, биле строго против медицината и секое медицинско лекување и останале верни на нивната религија дури и додека Синтија умирала од рак. Оваа воспитување подоцна било инспирација за многу од текстовите на Хетфилд во неговата кариера во Металика.

Синтија Хетфилд починала од рак во 1979 година кога Џејмс имал 16 години. По смртта на мајка му, Хетфилд се преселил кај неговиот постар полу-брат Дејвид. Татко му Верџил, почина на крајот на 1996 година за време на турнејата „Лоуд“ на Металика.

[уреди] Музички влијанија

Хетфилд имал девет години кога започнал да оди на часови по пијано, по што продолжил со тапаните на брат му Дејвид и на крајот на 14 години, почнал да учи да свири гитара. Исто така учествувал во неколку бендови како тинејџер - еден од нив бил Ледер чарм, а друг бил, Опсешн.

Хетфилд ги посочува Аеросмит како главно музичко влијание додека бил дете, и вели дека тие биле причината за неговата желба да свири гитара. Тој ги наведува и: Лед Цеплин, Блек Сабат, Моторхед, Тин Лизи, Тед Нуџент и Дип Парпал како важни музички влијанија.

[уреди] Металика (1981 – денес)

Во почетоците на составот, Металика експериментирале со различни комбинации на вокали и гитари, за на крајот да добијат постава слична на Дајмонд Хед. Некои од разгледуваните опции вклучувале и друг гитарист, Џон Роудс свирел соло гитара, како и Џон Буш од Арморд Сеинт (подоцна се приклучил на Антракс) кој пеел. Крајниот состав на бендот бил Хетфилд (главен вокал и ритам гитара), Ларс Улрих (тапани), Дејв Мустејн (соло гитара) и Рон Мек Говни (бас гитара).

Од 1982 година до 1983 година, алкохолизмот на Мустејн ги подгреал односите меѓу него и Хетфилд. Исто така, Мустејн во една прилика истурил пиво врз басот на Мек Говни и за малку не предизвикал сериозна штета. На 1 април, 1983 година, составот го регрутирал соло гитаристот Кирк Хамет од бендот Егзодус. По десет дена Хетфилд и Улрих и официјално го исфрлиле Мустејн од бендот поради проблеми со алкохолот. Мустејн бил испратен дома на четиридневно патување. Подоцна тој го формира хеви метал составот Мегадет. Подоцна, Мустејн е цитиран како се прашува, зошто не бил испратен на рехабилитација.

Хетфилд во 2008 година.

Се до 1990-тите, Хетфилд ги снимал сите делови за ритам гитара и повеќето хармонизации. Од снимањето на Лоуд, и Хамет почнува да снима делови за ритам гитара. Хетфилд свири ги свири солата на песните „Натинг елс метерс“, „Мај френд оф мизери“, завршното соло на „Да аутло торн“, второто соло на „Ту лив ис ту дај“, првото соло во „Суисајд енд Редемпшан“, и првото преодно соло во „Мастер оф папетс“ и воведното хармонично соло во „Да деј дет невер камс“.Тој исто така ги компонира повеќето хармонизации за гитари, пишува текстови, вокални мелодии, и прави аранжмани на песните заедно со Улрих.

Хетфилд е вклучен во неколку инциденти на сцената, најзабележителен е пиротехничкиот инцидент на Олимпискиот стадион во Монтреал за време на турнејата на Ганс ен Роузес / Металика на 8-ми август, 1992 година. Хетфилд настрада во тешкиот инцидент со пиротехниката за време на песната „Фејд то блек“, при експлозија на пиротехниката. Гитарата го заштитила Хетфилд од целосната силина на експлозијата, но огнот ја зафатил неговата лева страна, правејќи му изгореници на раката, дланката, веѓите, лицето и косата. Тој претрпе изгореници од втор и трет степен, но се врати на сцената по 17 денови, иако гитарата му беше доверена на поранешниот гитарист на Метал Черч, Џон Маршал, за време од 4 недели додека да се опорави.

Хетфилд неколку пати ја скрши раката додека скејтал, што го спречило да свири гитара на сцена. Како последица неговата менаџерска компанија Кју Прајм додала клаузула во неговиот договор која му забранува да вози скејтборд додека Металика е на турнеја. За време на настап во живо на турнеја на Металика, Хетфилд искусил компликации со гласот по изведба на песната „Соу уат“ од Анти-Ноуеар Лиг, што го приморало да земе часови по пеење за прв пат. Тој правел основни вежби за загревање со музицирање од пијано со помош на неговиот ментор, кој му дал касета со вежби за идна употреба. Хетфилд се уште ја користи истата касета која му беше дадена на почетокот на деведесеттите години пред секој настап или снимање. Хетфилд говори за своите напори на часовите по пеење во документарецот на Металика, „Некакво Чудовиште“ продуциран и режиран од Џо Берлингер и Брус Синофски. За време на снимањето на осмиот студиски албум на составот Сент Енгер во 2001 година, Хетфилд отиде на рехабилитација поради своите проблеми со алкохолот. Тој се врати во бендот по седум месеци на рехабилитација и четири месеци закрепнување во домашни услови. Сега е трезвен и чист и има намера да остане таков, што е прикажано во Некакво Чудовиште[1].

Документарецот го прикажува и снимањето на албумот Сент Енгер, и ги документира различните конфликти и проблеми со кои се соочуваше составот, вклучувајќи го заминувањето на басистот Џејсон Њустед, алкохолизам, семејни обврски, и иднината на бендот, со многу озборување во печатот за тоа дали бендот ќе го издржи завршувањето на албумот Сент Енгер.

Хетфилд и Металика ја изразија својата потреба од нов басист со регрутирањето на Роберт Трухиљо. Новиот состав продолжи со снимањето и светските турнеи. Деветтиот студиски албум на Металика, Дет Магнетик, беше пуштен во продажба на 12-ти септември, 2008 година. Исто како Сент Енгер и секој албум со оригинален материјал на Металика од 1991 година па наваму и Дет Магнетик се искачи на првата позиција на Топ листите во над 30 земји во текот на првата недела од пуштањето во продажба.

На 4-ти април, 2009 година, Хетфилд заедно со останатите членови на Металика, Илрих, Хамет, Трухиљо како и поранешниот басист Њустед и починатиот Клиф Бартон. беа поставени во алејата на славните рокенрол музичари[2]. Во интервјуто по нивната номинација, Хетфилд даде коментар дека сите кои се појавиле на албум со бендот би требало да бидат вклучени. Ова ги исклучи првиот гитарист Дејв Мустејн и првиот басист Рон Мек Говни, бидејќи и двајцата се имаат појавно само на првите демо снимки на бендот.

Хетфилд беше рангиран на 24-то место листата на Хит Парадер, Најдобар Метал Вокал на Сите времиња. Во 2009 година, беше рангиран на 9-тата позиција во книгата на Џоел Мек Ливер, 100 Најдобри Метал Гитаристи.

[уреди] Приватен живот

Кога не пишува, пее или свири, Хетфилд се вклучува во бројни физички активности , како, лов, скејтбординг, сноубординг, скијање на вода, возење на скутер за вода, скицирање, работење во неговата гаража каде преправа автомобили и мотоцикли, гледање фудбал („Оукланд Рајдерс“, неговиот омилен тим), посети на изложби на хот-родови.

Собира винтиџ гитари – особено од 1963 година – и ужива да работи на класични автомобили. Меѓу неговите омилени се „Шеви Нова“ од 74-та, што помогнал во нејзината реставрација, и „Ѕверот“, теренец со погон на сите четири тркала.

Тој го стави неговото Шевролет Камаро на продажба на Ибеј[3], а заработката ја намени за програмата Музика за училишта. Автомобилот беше искористен во спотот на „Ај дисапир“ и му беше подарена по завршувањето на спотот. Години подоцна, Џејмс го донираше автомобилот на Хард Рок Кафе, што е прикажано во филмот Хард Рок Богатства. „Слоубарн“ неговиот брз автомобил од 1936 година ја доби наградата за Уест Коуст Кастом на Гудгајс изложбата во 2010 година.

Хетфилд има бројни тетоважи, вклучувајќи и пламена кои зафаќаат четири карти, ас (1), 9, 6, и 3 – кои ја претставуваат годината на неговото раѓање и зборовите „ Carpe Diem“ („зграпчи го денот“, исто така дел од насловот на песната „Карпе Дием Бејби“ од албумот Рилоуд). Пламените јазици во тетоважата се поврзани со инцидентот со пиротехниката во кој настрада во 1992 година.. Тој исто така има истетовирано, „М“ на десната рака кое значи „Металика“ и „F“ на левата рака кое значи „Франческа“.

Покрај овие окупации, Хетфилд вели дека често е најсреќен кога поминува време со неговата сопруга Франческа и нивните три деца.: Кали (13 јуни, 1998 година), Кастор (18 мај, 2000 година), и Марсела (18 мај, 2002 година). Хетфилд се ожени со Франческа Томаши, на 17-ти август, 1997 година.

Во едно интервју на НПР[4], Фреш Ер, Хетфилд изјави дека неговата сопруга му помогнала да созрее и да научи по конструктивно да се справува со проблемите со бесот, и дека откако се сретнале неговите деструктивни тенденции ги засрамиле и двајцата. Од неговата рехабилитација во 2002 година, тој е се уште трезвен (документирано во филмот Некакво Чудовиште), и е во целосна апстиненција од алкохолот.

Првиот сингл кој го купил бил „Суит Хоум Алабама“ од Линард Скинард[5].

Денес, неговото семејство живее во Марин Кантри, Калифорнија, северно од Сан Франциско. Беше прикажан во документарецот наречен Отсутен режиран од Џастин Хант, кој дава осврт на ефектите од отсуството на татковците во животите на децата и „татковата рана“ која ја отвараат. На 30-ти март, 2011 година, Хетфилд и Хант беа интервјуирани за филмот од Фокс Њус Чанел[6], во програмата Фокс енд Френдс[7].

Хетфилд го изрази својот презир спрема политиката и славните кои „мислат дека нивните се најправилни“, велејќи „За нас, луѓето се луѓе - сите треба да имаат сопствено мислење.“Во 2007 година, Металика настапи во живо на концертот Лондон Лајф Ерт. Кога Џејмс беше прашан што мисли за климатските промени, тој го одговори следново,{{cquote|"IНавистина ги избегнував новинарите околу денот на Лајф Ерт. Не се согласував целосно со тоа што се случуваше таму. Политиката ме излудува, и не сакам да зборувам за политиката. Политиката се испречува на патот на работите; го попречува сработувањето на работите а распространувањето на нашата музика е тоа што ние сакаме да го сработиме - не сакаме да го помрачуваме тоа со „Демократ, Републиканец“, што било. Нашата филозофија е „мисли за себе“ на крајот на денот - направи го она за што имаш добро чувство. Навистина верувам дека луѓето ќе преживеат. Многу верувам дека што и да е, човештвото ќе го преброди и ќе се приспособи; Без разлика дали е од човек или од бога, или Земјата / Мајка Природа - имаме многу паметни луѓе на планетава кои од нешто лошо ќе направат нешто добро."

[уреди] Наводи

  1. Some Kind of Monster
  2. Rock and Roll Hall of Fame
  3. Ebay
  4. www.npr.org/templates/story/story.php?storyId=4469978
  5. Mikael Wood. „Metallica: The Billboard Cover Story“. Billboard. http://www.billboard.com/news/hot-tours-metallica-eagles-eminem-jay-z-1004127933.story#/features/metallica-the-billboard-cover-story-1004128092.story?page=2. 
  6. Fox News Chanel
  7. Fox and Friends

[уреди] Надворешни врски

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со:
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици