Стокхолм

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Стокхолм
Знаменитости на Стокхолм

Лого
Стокхолм се наоѓа во Шведска
Стокхолм
Координати: 59°19′46″ СГШ 18°04′07″ ИГД / 
Основан 13 век
Површина
 • Град 188 км2
 • Урбана 381,63 км2
 • Пошир. 6.519 км2
Население (31 декември 2011)
 • Град 864.324 жит.
 • Урбано 1.372.565 жит.
 • Пошир. 2.091.473 жит.
Час. појас CET (UTC+1)
 • Лете (DST) CEST (UTC+2)
Повик. бр. +46-8
Портал www.stockholm.se
Главна улица за трговија во градот Дротнингатан
Гамла Стан, стар дел на Стокхолм
Стокхолм ноќе
Стокхолмшко метро
Стариот дел на Стокхолм

Стокхолм е главен и најголем град во Шведска. По процената од 2004, градското подрачје имало 765.044, а пошироко 1.704.930 жители.

Градот е основан во 1252 година на спојот на езерото Меларен и Балтичкото Море. Главен град на Шведска службено станал во 1436. Седиште е на, помеѓу другото, Кралската академија на науките, Карловиот институт и Шведската академија, која ги одбира добитниците на Нобелова награда од физика, хемија, економија, медицина и литература.

Етимологија[уреди]

Името на градот води потекло од старошведските зборови Сток (Stock) и Холм (holm) што во буквален превод значи „место на островче“. Ова има смисла, ако се знае дека најстариот (денес средиштен) дел од градот се наоѓа токму на островот Хелгеандхолмен.

Географија[уреди]

Положба на градот[уреди]

Градот Стокхолм се наоѓа во источниот дел на Шведска и Скандинавски полуостров. Оддалеченост на Стокхолм од важните градови во околината:

Природни услови[уреди]

Релјеф: Стокхолм се развил во близина на источниот брег на Балтичко Море. Градот се развил на стратегиско место каде оддалеченоста помеѓу големото шведско езеро Меларен и Балтичко Море е најмала. Затоа, дадената положба стратегиски е многу важна - градот е формиран како би го штител влезот во системот езера, кои е „срж“ на внатрешноста на земјата. Градското подрачје е претежно бреговито, а надморската височина на градот се движи помеѓу 0-50м.

Клима: Според Кепановата класификација климата на Стокхолм е умерено-континентална. Поради северната положба на градот, дневната светлост многу варира од повеќе од 18 часа во средината на летото, до само 6 часа при крајот на декември. Покрај оваа положба, Стокхолм има релативно благи температури и многу топло и сончево време во текот на целата година од поголемиот број други места на слична латитуда, или дури и од некои што се наоѓаат појужно, во главно поради влијанието на топлата Голфска струја. Градот годишно има околу 1.981 сончеви часови.

Летата се топли и пријатни со просечна дневна температура од 20-22°С (68-72°F) и најниска температура од 13°С (55°F)., но температурата често преминува и над 25°С (77°F). Зимите се ладни со просечна температура од -5°С до 1°Ц (23-33°F), но исто така ретко паѓа испод -10°С(14°F). Годишната количина на дожд е 539мм(21,2 инчи) со 164 влажни денови. Снег претжно паѓа во периодот од декември до март.

Води: Стокхолм се наоѓа во близина на источниот брег на Шведска, односно западниот брег на Балтичко Море. На даденото место Балтичко Море е најјужно, т.е. тука бреговите на Шведска и соседна Финска најмногу се доближуваат, што стратегиски е доста значајно. Во однос на внатрешноста исто така се гледа стратегиско значење на Стокхолм, бидејќи градот е сместен на кратката река Нордстерм, која ги поврзува блиското езеро Меларен (трето по големна во државата) и Балтичкото Море. Реката исто така ги дели историските покрајни Упланд и Седеманланд, па и градот е поделен измеѓу нив.

Средишните делови на Стокхолм се наоѓаат на 14 острови кои се наставуваат на Стокхолшкиот арипелад. Скоро 30% од градот го сочинуваат пловни патишта и уште 30% го сочинуваат паркови и зелени површини (податок од 2009 година). Стокхолм од Европската комисја ја добил титулата „Прва Европска Зелена престолнина“.

Историја[уреди]

Stockholmsområdet vid 3 000 f.kr.
Illustration av olika historiska vattenstånd i Stockholmstrakten med hjälp av Västerbron

Подрачјето на градот Стокхолм било населено во раниот среден век. Првото спомнување на градот поврзан со денешното име се поврзува со 1252 година. Првобитно, градот се развил како пристаниште за извоз на железна река од рудникот во градската област Бергслаген. Благодарејќи на ова градот брзо станал значајно средиште на трговијата. Градот наскоро станал ханзетска испорака на доселениците од Германија. Тие ја сочинувале градската власт до 1478 година.

Престолнина на Шведска градот станал во 1436 година. Со ослободување на Шведска од данската врховна власт во 1520 година во градот се случил масакар. Во 1523 година тука е крунисан првиот шведски крал Густав Васа. Шведска брзо станала најважна алка во политиката на Северна Европа.

Овие околности овозможиле брз пораст и развиток на градот, посебно трговијата, така овој град во 1600 година ја преминал цифрата од 10.000 жители. Во 1634 година Стохолм и официјално станал престолнина на државата. во 1710 година од чума страдале околу 20.000 жители или 36%.

Во втората половина на 19 век, со појавата на индустријата и со изградбата на железничката мрежа, доаѓа до нов преокрет во градот. Стокхолм доживува благосостојба, која трае и ден денес. Како очигледна слика на тоа, тука се одржани Летните олимписки игри 1912.

По втората светска војна градот ги достигнал своите управни граници. Тогаш е започната масовна изградба на бројни предградија. Во нив денеска живее скоро исто толку население како и во градот.

Транспорт[уреди]

Сообраќај: Стокхолм е најважен сообраќаен центар во Шведска и еден од најважните во Северна Европа. Градот е најважен центар на автопатиштата и железничките пруги во државата, а градското пристаниште е огромно и современо.

Во Стокхолм постојат дури три аеродроми:

Јавен превоз: Според својата големина, Стокхолм има совршено развиена и разгранета мрежа на јавен превоз. Според последните податоци тоа претставува и еден од најскапите јавни превози во светот. Јавниот превоз го сочинуваат: метро, два системи на градска и три системи на приградска железница, мрежа од трамвајски и автобуски линии. Стокхолмското метро е далеку најважен вид на јавен превоз, и има дури 3 линии.

Спорт[уреди]

Во 1912 година во Стокхолм се одржани Летните олимписки игри.

Знаменитости на градот[уреди]

Стокхолм е познат по својот сочуван стар алштат, но и по бројните „зелени зони“ на градот (паркови, алеи, парк-шуми), по што е и еден од првите во светот. Во близина на градот се наоѓта градскиот алштат Гамла Стан (во рпевод Стар град) со средновековни карактеристики - неправилна мрежа на улуци и плоштади на островот.

Северно од Гамла Стан се наоѓа дел од градот кој настанал во времето на академизмот, поточно кон крајот на 19 век и почетокот на 20 век, препознатлив по булеварите, алеите, палатите и градбите на управата за култура. Тоа претставува политичко и економско „срце“ на градот.

Од поединечните градби потребно е да се издвојат:

  • Германската Црква (Tyska kyrkan), во Гамла Стан, од 16 век;
  • Куќа на племето (Riddarhuset), од 17 век;
  • Воден дворец (Bondeska palatset), од 17 век;
  • Државен универзитет (Tessinska palatset), од 17 век;
  • Кралската шведска опера, кон крајот на 19 век;
  • Градската куќа на Стокхолм, во првата третина на 20 век;
  • Стокхолмската градска читална, во првата третина на 20 век.

Градот веќе со децении е центар на современата архитектура, па така во последните години се подигнати многу градби и раскошни „хајтек“ згради.

Галерија[уреди]

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Wikivoyage-Logo-v3-icon.svg Stockholm на Википатување (англиски)