Треш метал

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Треш метал
Стилско потекло: хардкор панк, њу вејв, британски хеви метал
Културно потекло: рани 80-ти, во округот на Калифорнија, САД,
Типични инструменти: Електрична гитара (водечка и ритам гитара) - Бас - Тапани
Мејнстрим популарност: кон крајот на 80-тите во САД,
на почетокот на 90-тите во Европа
Изведени форми: Дет метал, блек метал, грув метал
Фузиски жанрови
кросовер треш, металкор
Регионални сцени
Сан Франциско, Њу Јорк, Германија, Англија
Други теми
хеви метал, спид метал

Треш метал е подгранка на хеви метал музиката, еден екстремен подвид кој се одликува со неговата брзина и агресивност.[1] Потеклото на треш металот главно датира од крајот на 1970-тите и почетокот на 1980-тите, кога неколку музички групи почнале да го обработуваат звукот на Новиот бран на британскиот хеви метал (со тоа правејќи нов вид на музика и развивајќи се во друга насока од панк рокот). Овој вид на метал (треш) е многу поагресивен од неговиот роднина спид металот.

Музички особености[уреди]

Трешот содржи брзи темпа, длабоки, брзи и сложени гитарски рифови, и тенки гитарски солажи. „Palm muting“ се користи во овие цврсто свирени рифови за да се добие „придушувачки звук“. Треш солажите во најголем случај се свират многу брзо, и често пати се препознатливи по гитарското рикање, и користење техники како „свипување“, „легато трзање“, „алтернативен пик“, „прескокнување жици“, и „дворачен tapping“. Брзината и тактовите на песните е тоа што го дефинира треш металот. При самото слушање може да се осети дека тапаните се многу истакнати, поради тоа што самиот ритам, брзина, потребата од агресија, се потребни за трешот. Исто така треш метал тапанарите користат т.н. „дупла папуча“ со цел да постигнат побрз ритам.

Тематска застапеност[уреди]

Групите кои се поврзуваат со овој жанр од хеви металот пишуваат мрачни текстови со нагласена агресија. Темите во трешот варираат од еден бенд до друг, па така Металика се фокусираат на војната, митологија, нивниот поглед на светот и начин на живот, додека текстовите на Мегадет се политички обоени, зборуваат за социјална неправда, религија, искажуваат револт и упатуваат остра критика кон капиталистичкото општество. Прилично голем број состави говорат и за масовни убиства, нацистички злосторства и за крајот на светот, додека постојат и групи чии песни се со посветли мотиви.

Изведувачи и албуми типични за треш металот[уреди]

Наводи[уреди]

  1. „MUS 570D Terms“. „History of Rock Music“. http://spider.georgetowncollege.edu/music/burnette/Mus570d/terms.htm. конс. 18 февруари 2007.