Slayer

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Slayer

Слеер на концерт во Холандија, 2007 год.
Од лево кон десно: Џеф Ханеман, Том Араја и Кери Кинг
Биографски податоци
Потекло Ханингтон Парк (Калифорнија), САД
Жанрови Треш метал
Период на активност 1981 – денес
Издавачи Метал Блејд, Деф Џем, Американ
Соработници Anthrax, Megadeth, Metallica, Exodus
Мреж. место slayer.net
Членови
Том Араја
Џеф Ханеман
Кери Кинг
Дејв Ломбардо
Поранешни членови
Пол Бустап
Џон Дете

Slayer (се чита: Слеер) е треш метал музичка група од Калифорнија, САД. Основана е во 1981 година од страна на гитаристите Кери Кинг и Џеф Ханеман. Со нивниот трет студиски албум Reign in Blood се здобиле со титулата предводници на американскиот екстремен метал.[1] Во светски рамки, Слеер имаат продадено околу 20 милиони албуми,[А] додека во САД цифрата изнесува преку 4 милиони примероци.[2]

Песните на Слеер се препознатливи по нивната агресивност, жестина и бруталност. Музиката е во екстремно брзо темпо, додека текстовите најчесто обработуваат теми како сериски убиства, воени злосторства, некрофилија, религија и војна. Применуваат уникатни начини на свирење како тремоло трзање, користење „дупла папуча“ на тапани и гласовна изведба со снижен, пригушен вокал. Многу подоцнежни бендови ги споменуваат Слеер како едни од највлијателните музичари од хеви метал жанрот, како по нивната музика, така и по нивните сценски настапи и изглед.

Бендот е добитник на две Греми награди за најдобар хеви метал перформанс, и тоа во 2006 за песната „Eyes of the Insane“ и во 2008 за нумерата „Final Six“.[Б] Моментално членовите на групата работат на нивниот најнов, 12. по ред студиски албум кој би требало да излезе во 2014 година.[3]

Белешки[уреди]

А.  Слеер никогаш не објавиле точна бројка колку изнесува нивната продажба на студиски дискови низ светот. Споменатата цифра е само проценка.
Б.  Двете наградени композиции се од албумот Christ Illusion, издаден 2006 година.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]