Стивен Кинг

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Стивен Едвин Кинг (роден 21 септември 1947) е американски писател на современа хорор, научно фантастична, фантастична литература и сценарија. Продадени се повеќе од 350 милиони копии од романите и колекциите на раскази на Кинг, а многу од неговите приказни се адаптирани во филмови, телевизија и други медиуми. Кинг има напишано неколку книги под псевдонимот Ричард Бахман и еден краток расказ, „Петтата Четвртина“, како Џон Свитен. Во 2003 Националната литературна фондација на Кинг му го додели Медалот за докажан придонес во американската литература.

Младост[уреди]

Кинг е роден во Портланд, Мејн, син на Нели Рут (родена Пилсбури) и Доналд Едвин Кинг. Кога Кинг имал 2 години, неговиот татко, кој бил морнар-трговец, ја напуштил семејството со изговорот „одам да си купам кутија цигари“, оставајќи ја жена му сама да ги одгледа Кинг и неговиот постар посвоен брат Дејвид, понекогаш под тешки финансиски услови. Семејството се селеше во Де Пер, Висконсин; Форт Вејн, Индијана; и Стретфорд, Конектикат. Кога Кинг имаше единаесет години, семејството се врати во Дурхем, Мејн, каде Рут Кинг се грижеше за нејзините родители до нивната смрт. Таа потоа стана снабдувач во локална установа за лица со ментални недостатоци. Како дете, Кинг наводно бил сведок како еден негов другар е удрен и убиен од воз, иако не се сеќава на настанот. Неговот семејство му кажало дека откако испаднал да си игра со момчето, Кинг се вратил, нем и во шок. Подоцна семејството дознало за смртта на неговиот другар. Некои негови критичари сугерираат дека овој настан психолошки ги инспирирал некои од помрачните дела на Кинг, но тој самиот ја отфрла таквата идеја. Основната инспирација на Кинг за пишување хорор белетристика е наведена до детаљ во 1981 во неговато нефиктивно дело Danse Macabre, во поглавјето насловено „An Annoying Autobiographical Pause“. Кинг прави компарација на успешнота техника на вујко му за пронаоѓање вода под земја со користење на две гранчиња од јаболкница со ненадејната идеја што тој сака да прави за да заработува. Додека раскревале на таванот со неговиот постар брат, Кинг пронашол книга на Х.Ф. Ловкрафт, збирка раскази што припаѓала на неговиот татко. Илустрацијата на корицата од чудовиште кое се крие под надгробен камен во вдлабнатината на пештера која изгледа како пеколот била, како што пишува, „моментот во мојот живот кога пронаоѓањето вода ненадејно потона... што се однесуваше до мене, бев на правиот пат.“

Образование и рана креативност[уреди]

Кинг учел во основното училиште во Дурхем и завршил средно училиште во Лисбон Фолс, Мејн. Покажал ран интерес за хорор како редовен читател на EC хорор стриповите, како Tales from the Crypt (подоцна оддава почит кон стриповите во неговото сценарио за Creepshow). Почнал да пишува од забава додека бил на училиште, придонесувајќи статии за Dave's Rag, весникот што неговиот брат го издавал со мимеографска машина а подоцна почнал да продава стории на неговите пријатели базирани на филмови што ги имал изгледано (иако откако бил откриен од наставниците, бил приморан да им ги врати парите). Првата негова приказна издадена независно беше „I Was a Teenage Grave Robber“, издадена во три објавени изданија и едно необјавено издание на Comics Review, во 1965. Приказната беше објавена наредната година во скратена форма „In a Half-World of Terror“ во друг магазин, Stories of Suspense, од уредникот Марв Волфмен. Од 1966, Кинг студираше англиски на Универзитетот во Мејн, каде дипломираше во 1970 диплома по англиски јазик. Напиша колумна за студентскиот весник, The Maine Campus, насловена „Steve King's Garbage Truck“, земал часови по пишување организирани од Бартон Хетлен, и прифаќаше чудни работни места за да си ги плати студиите, како таа во индустриска перална. Ја продаде својата прва оригинална приказна, „The Glass Floor“, на ‘‘Startling Mystery Stories‘‘ во 1967. Библиотеката на Универзитетот во Мејн содржи многу ракописи на Кинг. По завршувањето, Кинг доби дозвола да предава во средно училиште, но бидејќи не можеше да најде работно место во моментот, во почетокот заработуваше со продавање на раскази на списанија за мажи како Cavalier. Многу од овие први приказни беа објавени во колекцијата Night Shift. Во 1971, Кинг се ожени со Табита Спрус, колешка од Универзитетот во Мејн, која ја сретнал во библиотеката на Универзитетот по едно предавање на професор Хатлен. Таа есен, Кинг беше вработен како наставник во Академијата Хампден во Хампден, Мејн. Продолжил да испраќа раскази за магазини и работел на идејата за романи. Во овој период Кинг се здоби со проблем со алкохолот, кој се задржа кај него повеќе од една декада.

Успехот со Carrie[уреди]

На Денот на мајките, 1973, романот на Кинг, Carrie беше прифатен од издавачката куќа Doubleday. Кинг пишувал како се обесхрабрил кога се обидел да развие идеја за девојче со психичка моќ во роман од која на почетокот мислел да се откаже бидејќи идејата му се видела многу детска, но жена му, Табита, ја спасила идејата и го охрабрила да го заврши романот. Добил $2,500 однапред (не е многу за роман, дури и во тоа време) а правата за книгата заработиле $400,000, од кои пола отишле кај издавачот. Кинг и неговото семејство се преселиле во јужен Мејн заради лошото здравје на мајка му. Во тоа време, тој почнал да пишува книга насловена Second Coming, подоцна пренасловена како Jerusalem's Lot, пред на крајот да го смени насловот во 'Salem's Lot (објавена 1975). По издавањето на ‘‘Carrie‘‘ во 1974, неговата мајка умира од рак на матката. Неговата тетка Емрајн ѝ го прочитала романот пред да умре. Кинг пишувал за неговиот сериозен проблем со пиењето во тоа време, тврдел дека бил пијан кога читал пофалба на погребот на мајка му. По смртта на мајка му, Кинг со семејството се преселиле во Бадлер, Колорадо, каде Кинг го пишува The Shining (објавена 1977). Семејството се вратило во западен Мејн во 1975, каде Кинг го комплетира својот четврт роман, The Stand (објавен 1978). Во 1977, семејството на кратко отпатувало за Англија, се вратило во мејн следната есен каде Кинг почнал со предавање за креативно пишување на Универзитетот во Мејн. Оттогаш Кинг живее во Мејн.

Книгите The Dark Tower[уреди]

Во доцните 70-ти, Кинг започна серија на поврзани приказни за осамен пиштолџија, Роланд, кој се нарекува „Човекот во црно“ во алтернативно-реален универзум што е помеѓу Средната земја на Џ.Р.Р.Толкин и американскиот див запад од шпагети-вестерните на Клинт Иствуд и Серџо Леоне. На почетокот беа објавени во пет продолженија од The Magazine of Fantasy & Science Fiction под уредништво на Едвард Л. Ферман, со почеток од 1977 до 1981. Ќе биде проодлжено како книга од 7 дела наречена The Dark Tower која ќе биде пишувана и издавана одвреме-навреме низ 4 декади, од 1970-те до 2000-те. Во 1982, печатницата на Доналд М. Грант (познат по издавањето на цел репертоар на Роберт Е. Хауард) ги испечати овие приказни за првпат заедно во книга со тврди корици во боја и со црно-бели илустрации од Мајкл Велан, како The Dark Tower: The Gunslinger. Секое поглавје беше насловено според приказната која била издадена во магазинот претходно. Кинг го посвети изданието со тврди корици на неговиот уредник, Ед Ферман, кој "им дал шанса на овие приказни." Првиот тираж беше само 10,000 копии, што беше, дури за тоа време, слаб тираж за прво печатење на Кинг во тврди корици. Неговиот роман од 1980, Firestarter, имаше почетен тираж од 100,000 копии, а неговиот роман од 1983, Christine, имаше тираж од 250,000 копии, двете од поголемата издавачка куќа Viking. Првичното издание на Gunslinger не беше многу раширено, само специјални книжарници за научна фантастика и други слични продавници за книги го имаа на полиците. Книгата не беше достапна во поголемите дуќани, освен по специјална порачка. Се рашири меѓу фановите дека Кинг има нова книга за која знаеле мал број на читатели. Ога се продадоа првите 10,000 копии, Грант испечати уште 10,000 копии во 1984, но овој тираж беше сѐ уште мал за големата побарувачка за оваа книга. The Dark Tower: The Gunslinger беше почетокот на неговот големо епско дело. Првиот и вториот тираж од The Gunslinger се продаваа по добри цени по колекциските книжарници, особено кај верните читатели и колекционери на Стивен Кинг, хорор литература, фантастична литература, па дури и на американска вестерн литература. Беше купувана и од фановите на илустраторот Мајкл Велан. Во 1987, Кинг го издаде вториот дел, The Dark Tower II: The Drawing of the Three, во кое Роланд носи три личности од 20-от век на САД во неговиот свет низ магични врати. Грант ја издаде The Drawing of the Three со илустрации на Фил Хејл во нешто повеќе од 30,000 копии, што беше сѐ уште многу малку за типичниот просек за нова книга на Кинг. (It, објавена во 1986, имаше почетен тираж од 1,000,000 копии, најголемиот на Кинг до денес.) Кинг веруваше дека Dark Tower книгите ќе бидат во интерес на одбрана група негови фанови, па одбиваше да го зголеми тиражот за нив. Конечно, во доцните 80-ти, под притисок на издавачите и фановите who кои беа гладни за книгите (дотогаш нешто над 50,000 од неговите милиони читатели можеа да ја имаат која било книга од колекцијата Dark Tower), Кинг се согласи да го издаде The Gunslinger и сите наредни делови на Dark Tower книгите во тврди корици и трговски формат. Серијалот стигна до 7 книги, со последниот дел The Dark Tower VII: The Dark Tower, објавен во 2004. На почетокот на 2000-те Кинг ја уреди оригиналната, The Gunslinger, бидејќи почуствува дека гласот и сликовитоста на оригиналот од 70-тите не се поклопуваа со оние од последниот дел од 2004. Кинг забележа дека стилот му се променил низ изминатите 27 години. Уредената верзија беше објавена во 2003 од поранешната издавачка куќа што ги издаваше неговите дела, Викинг. Грант ја издаде неговота ограничена верзија од уредената The Gunslinger заедно со почетна приказна за светот на Dark Tower насловена „The Little Sisters of Eluria“ (од колекцијата на Кинг раскази Everything's Eventual) во 2009.

Адаптации[уреди]

Во октомври 2005, King потпиша со Marvel Comics да издадат 7 дела, минисеријал од The Dark Tower насловен The Gunslinger Born. Серијалот што се фокусира на младиот Роланд Дешејн, е во сценарио на Робин Фурт, со дијалози на Питер Дејвид и илустрации на добитникот на Ајснер награда Џае Ли. Првото издание беше објавено 7-ми Февруари, 2007, а Кинг, Дејвид, Ли и главниот уредник на Марвел Џо Квесада се појавија на полноќното делење автограми на промоцијата во продавницата за стрипови во Тајмс Сквер, Њујорк. Делото се продаде во преку 200,000 копии до март 2007. The Hollywood Reporter најави во февруари 2007 дека ко-креаторот на Lost Џ.Џ. Абрамс е во план да прави адаптација на серијалот Dark Tower на Кинг. Пред некое време, Абрамс изјави дека нема да учествува во проектот "Tower".

Ричард Бахман[уреди]

Во доцните 70-ти-раните 80-ти, Кинг објави повеќе кратки раскази - Rage (1977), The Long Walk (1979), Roadwork (1981), The Running Man (1982) и Thinner (1984) -под псевдонимот Ричард Бахман. Идејата за ова беше експеримент дали ќе може да го постигне стариот успех повторно, и да намали барем мал дел од помислата во својата глава дека популарноста е можеби само случајност на судбината. Друго алтернативно објаснение беше поради објавувачките стандарди во тоа време кои дозволувале само една книга годишно. Ричард Бахман беше откриен како псевдонимот на Кинг по упорноста на еден продавач во книжарница во Вашингтон, Стив Браун, кој забележал сличности на две дела и подоцна во издавачките досиеја од Библиотеката на Конгресот било забележано дека Кинг е автор на романите на Бахман. Ова водеше до објавување во медиумите за “смртта“ на Бахман – наводно од „рак на псевдонимот“. Кинг ја посвети неговата книга од 1989 The Dark Half, на "починатиот Ричард Бахман", а во 1996, кога романот Desperation беше издаден, компанијата во романот насловена The Regulators го имаше презимето "Бахман" како име на газдата. Во 2006, за време на прес-конференција во Лондон, Кинг изјави дека открил нов роман од Бахман, насловен Blaze. Беше издаден на 12 јуни, 2007. Всушност, ракописот бил чуван во досието од дипломирањето на Кинг, во Универзитетот во Мејн, многу години. Кинг целосно го пренапиша ракописот од 1973 за неговото

Спротиставување на зависноста[уреди]

Набрзо по издавањето на The Tommyknockers во 1987, семејството на Кинг и пријателите почнаа со интервенција, прикривајќи ги доказите во кантата за ѓубре меѓу кои лименки пиво, отпушоци, кокаин, ксанакс, валиум, најкил, декстрометорфан и марихуана, од килимот под него. Како што спомнува Кинг во неговите мемоари, тогаш побарал помош и ги прекинал сите форми на користење дрога и алкохол во доцните 80-ти, и оттогаш е трезен.

Сообраќајка и план за пензионирање[уреди]

Летото 1999, Кинг ја заврши мемоарската секција од On Writing: A Memoir of the Craft, но ја запостави книгата речиси 18 месеци, несигурен како да продолжи. На 19 јуни, во 16:30 часот., читаше книга и одеше по помошната лента на патот 5, во Ловел, Мејн. Возачот Брајан Смит, чие внимание било одземено од неврзаното куче назад во неговото комбе, го удри Кинг, кој летнал 4 метра од асфалтот на патот 5. Според локалниот заменик шериф од Оксфорд Мет Бејкер, Кинг бил удрен одзади и некои сведоци рекле дека возачот не возел брзо или несовесно. Веб-сајтот на Кинг, меѓутоа, објави дека Кинг одел низ сообраќаен метеж. Кинг беше доволно при свест да му ги даде броевите на заменикот да го контактира неговото семејство но сепак беше во болка. Писателот беше првен пренесен во болницата “Нортерн Камберленд“ во Брајтон а потоа со хеликоптер во медицинскиот центар во централен Мејн, во Луистон. Неговите повреди – пукање на десното белодробно крило, повеќе скршеници на десната нога, исеченица на скалпот и скршен колк – го држеа во болницата до 9 јули , скоро 3 недели. Претходно истата година, Кинг скоро ја заврши From a Buick 8, роман во кој лик умира откако е удрен од автомобил. На оваа сличност, Кинг вели дека се обидува „да не прави драма околу тоа.“ По 5 операции за 10 дена и физикална терапија, кинг продолжи да работи на On Writing во јули, иако колкот сѐ уште го болеше и можеше да седи само 40 минути. Потоа болката стануваше неподнослива. Адвокатот на Кинг и двајца други го откупија комбето од Смит за $1,500, наводно за да спречат да се појави на И-Беј. Комбето беше искршено потоа во дворот на Кинг од него со бејзбол палка. Кинг подоцна спомна во интервју за Fresh Air со Тери Грос дека сакал да го уништи целосно комбето со чекан. Дел од несреќата вметна и во „Dark Tower“ серијалот. Делови од разговорот помеѓу Смит и Кинг додека чекал медицинска помош, беа искористени и напишани, како и точен опис на повредите со кои се здоби. Две години подоцна, Кинг претрпи тешка пнеумонија како резултат на притиснувањето на неговите бели дробови во несреќата. За тоа време, Табита Кинг беше инспирирана да го редизајнира неговото студио. Кинг го посети местото додека неговите работи и книги беа спакувани. Тоа што го виде беше слика на неговото студио како ќе изгледа ако тој умрел , инспирирајќи го за неговиот роман Lisey's Story. Во 2002, Кинг изјави дека ќе прекине да пишува, наводно заради фрустрацијата со неговите повреди, кои го направија нестабилен и ја намалија неговата цврстина . Оттогаш продолжи да пишува, но на неговиот веб-сајт стои: „Пишувам но пишувам со поспоро темпо од порано и ако дојдам до нешто навистина, навистина убаво, ќе бидам пресреќен да го објавам бидејќи тоа сѐ уште е финалниот акт на креативниот процес, да се објави за луѓето да го прочитаат и ќе добиете назад повратна информација и луѓето ќе зборуваат за тоа меѓу себе и со вас, со писателот, но силата на мојата инвентивност заслабна многу во текот на годините и така и треба да биде.“

Понови дела[уреди]

Во 2000, Кинг објави роман на делови, The Plant, преку интернет, без да го испечати. На почетокот се мислеше дека Кинг го запоставил проектот заради лошата продажба, но подоцна тој самиот изјави дека снемал приказни. Во 2006, Кинг објави апокалиптички роман насловен Cell. На 15 август, 2007, Кинг беше обвинет за „вандализам“ во книжарница во Алис Спрингс, Австралија, кога потпишуваше негови книги. Клиент забележал вандалски чкртаници во секторот за фантастика. Во 2008, Кинг ги издаде романот, Duma Key, и неговата петта колекција кратки раскази (заедно со колекцијата од 1997 Six Stories), насловена Just After Sunset. Таа содржеше 13 кратки раскази, заедно со расказот, N., кое подоцна беше прикажан како анимирана серија што може да се види бесплатно, или, за малку пари, може да се даунлоадира со подобар квалитет. Во 2009, Кинг објави нов расказ насловен „Ur“, напишан ексклузивно за втората генерација Amazon Kindle – чиатчот на електронски книги и беше достапна само на Amazon.com, и како аудио книга насловена Road Rage, заедно со расказот на Ричард Матесон Duel и исто така омажот на Кинг на неговата приказна, Throttle, ко-напишан од неговиот син Џо Хил. Најновиот роман на Кинг е насловен Under the Dome, репродукција на незавршен роман што почнал да го пишува два пати во 70-те и 80-те; беше објавен на 10 ноември, 2009. Тоа е најголемиот роман што го има напишано после It од 1986, со 1074 страници. Дебитираше на второ место на бестселер листата на Њујорк Тајмс, и на трето место во Велика Британија. Кинг навести дека за Under the Dome ќе има мини-серија.

Скок во стриповите[уреди]

Како што беше најавено во недела на 25 октомври, 2009 на блогот 'DC comics Vertigo Кинг ќе помогне за старт на нов месечен серијал со писателот на раскази Скот Снајдер и цртачот Рафаел Албакрки насловен American Vampire во март 2010. Ова е долгоочекуваната соработка на Кинг во стриповите. Неговиот син Џо Хил напиша приказна во стрип-форма прв, со издавањето на неговоиот Locke & Key IDW серијал на 20 февруари, 2008, со подранување пред татко му од две години. Кинг ја научи стрип продукцијата од прва рака со гледањето на неговите адаптации од страна на Марвел Комикс. Првата приказна од серијалот American Vampire се планира да биде пренесена во пет изданија. Овие пет изданија содржат две различни приказни, една од Снајдер, друга од Кинг. На Кинг му е дадена задачата да го опише потеклото на првиот американски вампир : кожар, ограбувач на банки, убиец каубој од 1880-те. Приказната на Снајдер се однесува на Перл, амбициозна модерна жена со амбиции да стане старлета, во потрага по голема шанса. По завршувањето на првиот дел од приказната, не се знае дали Кинг ќе биде сѐ уште во проектот.

Семеен живот[уреди]

Кинг и неговата жена имаат три куќи, една во Бангор, една во центарот на, Ловел, Мејн, и често зимуваат на нивниот имот на Мексиканскиот Залив, во Сарасота, Флорида. Тој и Табита имаат три деца и три внуци. Табита Кинг има издадено 9 свои романи. Двата сина на Кинг се писатели: Овен Кинг ја објави својата прва колекција на раскази, We're All in This Together: A Novella and Stories, во 2005; Џозеф Хилстром ја објави својата наградена колекција кратки раскази, 20th Century Ghosts, во 2005, а неговиот прв роман, Heart-Shaped Box ќе биде адаптиран на филмското платно од ирскиот режисер Нил Џордан во 2010 од страна на Warner Bros. Ќерката на Кинг Наоми две години беше свештеничка во Unitarian Universalist црквата, во Јутика, Њујорк. Наоми сега е свештеничка во Unitarian Universalist Church of River of Grass, во Плантајшон, Флорида со нејзината партнерка од ист пол, Д-р Тандека.

Интереси[уреди]

Филантропија[уреди]

Откако стана успешен на комерцијален план, Кинг и неговата сопруга имаат донирано големи суми на пари во нивното родно место Мејн и пошироко, особено за литературни проекти. Донацијата на Кинг во раните 90-ти за пливачкиот тим на Универзитетот во Мејн ја зачува оваа програма во одделот за атлетика. Донациите за локалните YMCA и YWCA програми овозможија реновирање и подобрување што без нив се чинеше невозможно. Освен тоа, Кинг годишно спонзорира неколку стипендии за средношколци и студенти. Кинг и неговата сопруга не бараат признание за нивното донирање во установите околу Бангор: го крстија стадионот Шон Т. Менсфилд во чест на синот на еден локален тренер кој бил болен од церебрална парализа, додека водениот парк Бет Панко е во чест на докажана пливачка која починала од рак. На 6-ти ноември, 2008, Кинг се појави со неговиот пријател и колега Ричард Русо за да соберат пари за банката за храна во западен Масачусетс. Настанот кој се одржа во книжарницата Одисеја во Јужен Хедли во Mount Holyoke колеџот собра преку $18,000 и тука ја промовираше својата колекција, Just After Sunset, и книгата на Русо, Bridge of Sighs. Стивен и Табита Кинг исто така донираат илјадници долари годишно на политички организации, како Граѓанската Алијанса на Мејн.

Безбол[уреди]

Кинг е безбол фан, поточно на Бостон Ред Сокс; често ги посетува натпреварите дома и на гостински терен, а понекогаш и го спомнува тимот во неговите дела. Помагаше како тренер на тимот на својот син Bangor West во малата лига на Мејн во шампионатот во 1989.Во 1999, Кинг ја напиша The Girl Who Loved Tom Gordon, во која се зборува за поранешниот фрлач на Ред Сокс Том Гордон. Кинг неодамна беше ко-автор на книгата насловена Faithful: Two Diehard Boston Red Sox Fans Chronicle the Historic 2004 Season заедно со Стјуарт О’нен, во која се зборува за ролеркостер реакцијата за сезоната 2004 на Ред Сокс, сезона во која кулминираа со што го освоија шампионатот и плејофот. Во 2005 филмот Fever Pitch, за опсесивен фан на Бостон Ред Сокс, Кинг ја фрла првата топка за време на почетокот на натпреварот. Тој посвети и една од неговите колумни во Entertainment Weekly за комерцијализмот во најквалитетната безбол лига. Неодамна, Кинг се појави во реклама на ESPN Спортскиот Центар каде ја покажува неговата верност кон Ред Сокс и стилот на пишување (хорор фантастиката).

Радио Станици[уреди]

Стивен и неговата жена Табита ја поседуваат The Zone корпорацијата, група на централни радио станици во Мејн што ги содржи WZON, WZON-FM, и WKIT. Последната од овие има лого на човек што личи на Франкештајн наречен Даг Е. Грејвс и слоган „Рокенрол станицата на Стивен Кинг.“

Колумнист[уреди]

Од август 2003, Кинг пишува колумни за поп културата во Entertainment Weekly, обично секоја трета недела. Колумната е наречена „The Pop of King“, како анаграм на прекарот „The King of Pop“ на Мајкл Џексон.

Политички погледи[уреди]

Во април 2008, Кинг се изјави против HB 1423, закон во Масачусетс со кој се ограничува или целосно забранува продажбата на насилни видеоигри на деца под 18-годишна возраст. Иако Кинг истакна дека нема личен интерес кон видеоигри, го критикуваше предложениот закон, кој според него е обод политичарите да ја жртвуваат поп културата и да делуваат како сурогат родители за сите деца, што за него е „катастрофално“ и „недемократски“.Тврди дека нема уметничка заслуга во некои насилни видеоигри, исто така мисли дека таквите игри го прикажуваат насилството кое веќе постои во општеството, кое нема да се промени со таков закон, а ќе биде и непотребен во однос на системот за оценување кој веќе постои за видеоигрите. Кинг објасни дека таквите закони им овозможуват на законодавците да ја игнорирарат економската поделба помеѓу богатите и сиромашните и лесното набавување на оружје, кое според него е поголем причинител на насилство. Се појави контроверзност на 5-ти мај, 2008, кога конзервативен блогер постираше клип од Кинг на една манифестација за читањето во Библиотеката на Конгресот. Кинг, им се обрати на студентите: „Ако знаете да читате, ќе налетате на работа понатаму. Ако не знате, тогаш одите во армијата, Ирак, не знам, нешто такво.“ Коментарот беше опишан од блогерот како „уште еден во долгата низа на либералните медиуми и нивни членови кои ја силуваат армијата,“ и го спореди овој коментар со сличниот на Џон Кери од 2006. Кинг одговори подоцна истиот ден, велејќи, „Тој десничарски блог кој сака да го оспори мојот патриотизам бидејќи реков дека децата треба да научат да читаат, па со тоа да си најдат подобри работни места, е за секаков презир...Живеам во град на националната гарда, и ги поддржувам нашите трупи, но не ја поддржувам војната или политиката во образованието што ги скратуваат опциите на млладите мажи и жени за секое работно место—воено и секакво.“ Кинг повторно го одбрани својот коментар во интервју за Bangor Daily News на 8-ми мај, велејќи, „Нема да се извинам што се залагам децата да добијат поквалитетно образование во средните училишта, за да имаат повеќе опции. Оние што не се согласуваат со ова мое мислење, не планирам да ги премислам.“

Веб сајтот на Кинг вели дека тој е поддржувач на Демократската партија. За време на претседателските избори во 2008, Кинг го поддржи демократскиот кандидат Барак Обама.

Стил на пишување[уреди]

Кинг е познат по тоа што има око за детали, за континуитет и внатрешно обраќање; многу приказни што се чинат не поврзани се поврзуваат со секундарен лик, фиктивни градови, или надворешно обраќање на настани во претходни книги. Многу од дејствијата во книгите на Кинг се случуваат во Мејн, иако најчесто на фиктивни локации, посебно градот Касл Рок. (Во Касл Рок беше дејството на The Body; кога романот беше адаптиран за сценариото на Роб Рајнер, тој оформи продукциска компанија, Castle Rock Entertainment, која оттогаш има продуцирано и други адаптации на Кинг како Dolores Claiborne, Hearts in Atlantis, The Shawshank Redemption и The Green Mile.) Книгите на Кинг се полни со показатели на американската историја и култура, особено помрачната, пострашната. Овие показатели главно се вртат околу приказните на ликовите, често како објаснување на нивните стравови. Некои показатели вклучуваат криминал, војна (особено војната во Виетнам), насилство, натприродното и расизмот. Кинг е познат по своето народно, неформално раскажување, често обраќајќи се на своите фанови како „Константни читатели“ или „пријатели и соседи.“ Овој познат стил е во контраст со страшната содржина во многу од неговите приказни. Кинг има едноставна формула за убаво пишување: „Читај и пишувај четири до шест часа на ден. Ако немате време за толку, не очекувајте да станете добра писател.“ Си поставува секој ден квота од 2000 збора и не престанува да пишува додека не ја исполни. Тој има и едноставна дефиниција за талентот на пишување: „Ако напишеш нешто за кое некој ти пратил чек, ако го извадиш чекот и е вситински, и ако ја платиш сметката за струја со тие пари, јас те сметам за талентиран.“

Набрзо по неговата несреќа, Кинг ја напиша содржината на Dreamcatcher во тетратка и Waterman хемиско пенкало, кое го нарече „најдобриот произведувач на зборови во светот.“ Стилот на Кинг во неговите дела се менува минато-иднина, развојот на ликовите (како јасност на ликовите, динамика и откривање), пишување во поглавја—оставајќи на крајот т.н клифхенгер или дилема меѓу карактерите која води до некое откритие Потоа продолжува со процесот додека романот не е завршен. Кога го прашале зошто пишува, Кинг одговорил: „Одговорот на тоа е едноставен —за ништо друго не сум создаден. Јас сум создаден да пишувам приказни и сакам приказни. Затоа го правам тоа. Не можам да замислам да правам нешто друго и не можам да замислам да не го правам ова што го правам.“ Често е прашуван зошто пишува толку застрашувачки приказни и одговара со уште едно прашање „Зошто мислите дека имам избор?“ Кинг често користи автори како ликови, или спомнува фиктивни книги во неговите приказни, новели и романи, како Пол Шелдон кој е главен лик во Misery и џек Торенс во The Shining. На 21-ви септември 2009 беше најавено дека ќе почне да пишува за Fangoria.

Влијание[уреди]

Кинг го нарече Ричард Матесон „авторот кој го инспирирал највеќе за пишување.“ Двата автора понекогаш ги интегрираат мислите на ликот во раскажување во трето лице, само една од неколкуте паралели на нивните стилови на пишување. Во најновото издание на The Shrinking Man на Матесон, Кинг вели: „Хорор приказна ако некогаш постоела...голема авантура—со сигурност е една од оние што ги одбирам со полна рака и им ги давам на луѓето, завидувајќи им на првото читање.“ Кинг е фан на Х.Ф.Ловкрафт и го спомнува неколку пати во Danse Macabre. Влијанието на Ловкрафт се гледа кај Кинг во бизарното, античките богињи, раскописи и документи како наративни направи. Измислените три англиски града —Jerusalem's Lot, Castle Rock и Derry—потсетуваат Arkham, Dunwich и Innsmouth на Ловкрафт. Кратката приказна на Кинг „Crouch End“ е експлицитна почит, исто и дел од, Cthulhu Mythos циклусот на Ловкрафт. Во „Gramma“ , расказ која потоа се префрли и во филмот во 1980-те во антологиското хорор шоу The New Twilight Zone, се спомнува познатата фиктивна креација на Ловкрафт Necronomicon, исто така позајмува имиња на многу други ликови користени таму. „I Know What You Need“ од 1976 од колекцијата Night Shift и 'Salem's Lot исто имаат некои позајмени имиња. Друга почест за Ловкрафт има во расказот на Кинг „Jerusalem's Lot,“ со која почнува Night Shift. Кинг за нијанса се разликува од Ловкрафт по сконцентрирањето на обемната карактеријализација и природниот дијалог, кои ги нема во пишувањето на Ловкрафт. Во On Writing, Кинг ги критикува вештините на Ловкрафт за пишување на дијалози, користејќи пасоси од The Colour Out of Space како очигледно лоши примери. Има и неколку примери каде Кiнг ги спомнува ликовите на Ловкрафт во неговите дела, како Nyarlathotep и Yog-Sothoth.

Едгар Алан По има забележително влијание за пишувањето на Кинг. Во The Shining, фразата „И црвената смрт се наведна врз сите“ може да се слушне како "И Смрт и Гнилеж и Црвената Смрт неограничено завладеа со сите" од „The Masque of the Red Death(Маската на Црвената Смрт).“ Романот „Dolan's Cadillac“ има тема скоро идентична на „The Cask of Amontillado од По“, која користи парафраза од познатиот говор на Фортунато, „за љубовта божја, Монтресор!“ Во The Shining, Кинг го нарекува По „Големиот американски тркачки коњ“. Кинг покажува влијание и од Брам Стокер, посебно во неговиот роман 'Salem's Lot, кое тој го гледа како прераскажување на Дракула. Неговата расказ „Jerusalem's Lot“, потсетува на Стокеровата The Lair of the White Worm. Кинг исто така го има покажано своето восхитување кон, помалку славен автор: Ширли Џексон.'Salem's Lot почнува со фраза од Џексоновата The Haunting of Hill House. Тони, замислен лик од The Shining, има голема сличност со еден друг лик со исто име од Hangsaman на Џексон. Почетната сцена во Storm of the Century е базирана на Џексоновата The Lottery. Лик во Wolves of the Calla ја спомнува книгата на Џексон We Have Always Lived in the Castle. Кинг е голем фан на Џон Д. МекДоналд и го посвети својот роман "Sun Dog" нему со зборовите „Ми недостигаш, стар пријателе.“ МекДоналд напиша убав предговор за Night Shift, а неговиот познат лик, Тревис МекЏи, ја читаше Cujo во еден од неговите последни романи и Pet Sematary во последниот роман, The Lonely Silver Rain.

Во 1987 издавачката куќа на Кинг Philtrum Press издаде роман на Дон Робертсон, The Ideal, Genuine Man. На првата страна од книгата, Кинг напиша, „Дон Робертсон еден од трите автори што ме инспирираа кога бев млад кој сака да “стане“ писател (другите двајца се Ричард Матесон и Џон Д. МекДоналд).“ Во интервју за Amazon.com, Кинг вели дека книга која би сакал да е напишана од него е Lord of the Flies на Вилијам Голдинг. Кинг некогаш ги спомнува ликовите и настаните од Хобитот и Господар на прстените на Џ.Р.Р. Толкин Книгата на Роберт А. Хајнлајн The Door into Summer се спомнува во Wolves of the Calla на Кинг. Во едно интервју на Кинг, објавено во USA Weekend во март, 2009, авторот вели, „Луѓето гледаат кон авторите како незаменлив ресурс. И јас исто. Елмор Леонард, секој ден кога се будам – не сакам да бидам морбиден или слично, иако морбиден ми е животот до одреден степен– ако не ја видам неговата посмртница во весник, си помислувам, Супер! Сигурно работи некаде. Ќе напише нова книга, а јас ќе имам уште една книга за читање.„ Зошто ако го нема него, нема никој друг.“

Соработка[уреди]

Кинг има напишано два романа со докажаниот писател Питер Строб: The Talisman и продолжението, Black House. Кинг најави дека со Строб ќе го напишат и третиот и последен дел, приказната за Џек Соер, но не даде рок за комплетирањето. Кинг напиша нефиктивна книга, Faithful со писателот и Ред Сокс фанатик Стјуарт О’нен. Во 1996 Кинг соработуваше со Мајкл Џексон да го создаде Ghosts, долг и скап музички спот. „Throttle“, роман напишан со неговиот син Џо Хил, се појавува во антологијата He Is Legend: Celebrating Richard Matheson, (Gauntlet Press, 2009). The Diary of Ellen Rimbauer: My Life at Rose Red, беше вклучена во минисеријалот напишан од Кинг Rose Red. Книгата беше издадена од анонимен автор, а беше напишана од Ридли Пирсон. Ова е редок случај кога на друг автор му е дадена дозвола да напише комерцијално дело со користење на ликови и елементи измислени од Кинг. Шпекулацијата дека Кинг ја напишал Bad Twin, дел од серијалот Lost, под псевдонимот Гери Труп е отфрлена. Теоријата се распламти бидејќи Кинг е голем фан на Lost, спомнувајќи и фалејќи се во колумните во Entertainment Weekly. Кинг има напишано музичко сценско дело со Џон Меленкамп насловено Ghost Brothers of Darkland County. Кинг свиреше гитара за бендот Rock-Bottom Remainders, од кои неколку членови од составот се автори. Другите членови се Дејв Бери, Ридли Пирсон, Скот Туроу, Ејми Тан, Џејмс МекБрајд, Мич Албом, Рој Блунт Џуниор, Мет Гренинг, Кејти Камен Голдмарк и Грег Ајлс. Сите од нив тврдат дека немаат музички талент. Кинг е фан на рок бендот ЕјСиДиСи, кои го направија саундтракот за неговиот филм од 1986, Maximum Overdrive. Исто е фан на Рамонс, кои ја напишаа песната Pet Sematary и се појави во музичкиот спот. Кинг ги спомнуваше Рамонс во неговите романи и приказни, а Рамонс го спомнаа во песната „It's Not My Place (In the 9 to 5 World)“, што е од албумот од 1981 Pleasant Dreams.Во 1988, бендот Блу Ојстер Култ сними обновена верзија на нивната песна од 1974 „Astronomy“. Синглот за радио имаше раскажувачко интро рецитирано од Кинг. На 25 октомври, 2009 DC comics Vertigo блогот објавија дека Кинг ќе се здружи со авторот на раскази Скот Снајдер и илустраторот Рафаел Албакрки за новиот стрип месечник од Vertigo во март 2010 насловен American Vampire. Кинг ќе ја пишува историјата на првиот вампир во Америка: Скинер Свит во првите пет изданија. Скот Снајдер ќе ја пишува приказната за Перл. Двете приказни ќе се спојат за да се добие една приказна.

Филм и Телевизија[уреди]

Многу од романите и расказите на Кинг се направени големи филмски хитови, ТВ филмови и мини серии. Несоодветно за многу автори, Кинг нема проблем што филмовите според неговите дела се одалечуваат од оригиналот. Тој го објасни контрастот на неговите дела и филмовите од нив како „јаболка и портокали; двете вкусни, ама многу различни.“ Исклучок за ова е The Shining, што Кинг го критикуваше кога беше снимен во 1980; и The Lawnmower Man (тужеше да се тргне неговото име од филмот). Почитта на за The Shining на Кјубрик Кинг со текот на годините нарасна. Кјубрик го објасни оригиналниот роман во интервју како нелитературен. Ова сигурно го налутило Кинг. Како филм, The Lawnmower Man нема сличност со расказот на Кинг. Името на Кинг беше искористено како лажен бренд. Кинг има изјавено дека омилени негови дела претворени во филм му се Stand by Me, The Shawshank Redemption, и The Mist. Првото појавување на филм на Кинг беше во филмот на Џорџ Ромеро „Knightriders“ како член на публика. Неговата прва улога беше во 'Creepshow, како Џорди Верил, селанец, откако допира паднат метеорит и се надева дека ќе го продаде, му расте трева по целото тело. Оттогаш се има појавено во неколку адаптации на негови дела. Се појави во Pet Sematary како свештеник на погреб, во Rose Red како испорачувач на пица, како репортер во The Storm of the Century, во The Stand како„Теди Визчак,“ во Shining минисеријата како член на бенд, во The Langoliers како Том Холби и во Sleepwalkers како чувар на гробиштата. Се појави и во The Golden Years, во Chappelle's Show и заедно со авторката Ејми Тан, во The Simpsons as himself. Освен со глумење, Кинг се проба и со режирање на Maximum Overdrive, во кој исто така се појавува како човек што користи банкомат пред бензиската. Кинг беше продуцент и актер во минисеријата, Kingdom Hospital, која е базирана на данската минисерија Riget од Ларс Фон Трир. Бешеко-автор на епизодата од петтата сезона на Досиејата Х season „Chinga“ со креаторот на серијата Крис Картер. Кинг е пријател со филмскиот режисер Џорџ Ромеро, на кого му ја има посветено книгата Cell, и напиша во чест на Ромеро во неговата колумна за поп култура во Entertainment Weekly, како и есеј за елитното ДВД издание за Night of the Living Dead. Кинг се има и појавено на квизот Celebrity Jeopardy! во 1995. Кинг го произведе гласот на Абрахам Линколн во аудио верзијата на книгата Assassination Vacation. Во 2009 во епизода на цртаниот филм Family Guy, насловена „Three Kings“, три од филмските адаптации на делата на Кинг, Stand By Me, Misery, и The Shawshank Redemption, беа пародирани.

Прием[уреди]

Критики[уреди]

Иако најчесто критиките за Кинг се позитивни, тој понекогаш се наоѓа во костец со академиците. Уредниците за научна фантастика Џон Клут и Питер Николс се полни со пофалби за Кинг, алудирајќи на „зајадливата проза, остриот слух за дијалог, целосно опуштен, искрен стил, заедно со неговата страсна и жестока осуда на човечката глупост и злоба (посебно кон децата) кои што го прават еден од најиастакнатите популарни писатели.“ Во анализите на неговата хорор фантастика од пост-Втората Светска Војна, The Modern Weird Tale (2001), критичарот С.Т. Џоши посветува поглавје за Кинг. Џоши расправа дека најпознатите дела на Кинг (неговите натприродни романи), се неговите најлоши, опишувајќи ги како подуени, нелогични, сентиментални и склони кон деукс екс макина крај. Покрај овие критики, Џоши расправа дека од Gerald's Game (1993), Кинг ги поправил повеќето од своите грешки, со пишување на книги поопуштени, повеќе веројатни и подобро скроени. Џоши истакнува дека и покрај неговите недостатоци, Кинг речиси сигурно пишува остроумно за маките и радостите на адолесценцијата, и има напишано неколку прекрасни приказни. Џоши ги набројува двата рани не-натприродни романи—Rage (1977) и The Running Man (1982)—како негови најдобри, со сугестија дека двата се возбудливи и добро составени напнати трилери, со веројатни ликови. Во 1996, Кинг ја доби наградата О. Хенри за неговата расказ "The Man in the Black Suit."

Во 2003, Кинг беше почестен од Националните Литературни Награди со награда за животно дело, Медал за докажан придонес во американската литература, а неговата работа е опишана како: Пишувањето на Стивен Кинг е во целост вкоренето во американската традиција што го слави духот на ова место и почитта на моќта на раскажувањето. Тој твори стилски, умосвиткувачки листачи на страници што содржат морални вистини–некои убави, некои страшни–за нашите внатрешни животи. Оваа награда го прославува докажаното место на Г-н. Кинг во светот на читатели и љубители на книги од сите возрасти. Некои од литературната заедница изразија несогласување: Ричард Снајдер, поранешен извршен директор на Simon & Schuster, ги опиша делата на Кинг како „нелитературни“, а критичарот Харолд Блум го осуди изборот: Одлуката да се даде годишната награда на Националните Литературни награди за„докажан придонес“ на Стивен Кинге неверојатна, уште еден удар на шокантниот процес на глупавеење на нашиот културен живот. Го опишав Кинг во минатото како писател на неделни романчиња, но и тоа е премногу. Тој нема ништо заедничко со Едгар Алан По.Тој е само еден неизмерно не адекватен писател по основа на реченица по реченица, параграф по параграф, книга по книга. Меѓутоа, некои го одбранија Кинг, како писателот Орсон Скот Кард, кој одговори: Дозволете да ве уверам дека делата на Кинг се и те како литература, бидејќи е напишано да се објави и е читано со восхит. Снајдер всушност сака да каже дека не е литература преферирана за литературната академска елита. Во рецензијата на Роџер Еберт за филмот од 2004 Secret Window(Тајниот Прозорец), тој вели „Многу луѓе се налутија зошто Кинг беше крунисан на Националните Литературни Награди, како популарен автор што не може да се сфати сериозно. Но откако открив дека неговата книга On Writing има многу поучни и внимателни работи кажани за занаетот повеќе од која и да било книга од The Elements of Style, на Странк и Вајт, го пребродев мојот снобизам.“ Во 2008, Книгата на Кинг On Writing беше одбрана од Entertainment Weekly како една од “Новите класици: 100-те најдобри книги од 1983 до 2008. On Writing беше рангирана 21-ва.

Влијание врз поп културата[уреди]

Од објавувањето на Carrie, јавната свест за Кинг и неговите дела се искачи на високо ниво, а неговите дела станаа популарни како „Зоната на Самракот“ и филмовите на Алфред Хичкок. Како еден од најпродаваните писатели во светот и најфинансиски успешниот хорор писател во историјата, Кинг е американска хорор икона од највисок ред. Книгите и ликовите на Кинг опфаќаат основни стравови на толку уникатен начин што неговите дела станаа синоними за некои клучни идеи за жанрот.

Награди[уреди]

Алекс Награди 2009: „Just After Sunset“

Американска Библиотекарска Асоцијација најдобра книга за млада публика

o 1978: „'Salem's Lot“

o 1981: „Firestarter“

Барлог Награди 1980: „Night Shift“

Црно Перо Награди 2009: „Duma Key“

Брам Стокер Награди

o 1987: Misery

o 1990: Four Past Midnight

o 1995: Lunch at the Gotham Café

o 1996: The Green Mile

o 1998: Bag of Bones

o 2002: „Награда за животно дело“

o 2006: Lisey's Story

o 2009: Duma Key

o 2009: „Just After Sunset“

Британски награди за фантастика

o 1981: За неверојатниот придонес кон жансрот

o 1987: „It“

o 1992: „Cujo“

o 1999: „Bag of Bones“

o 2005: „The Dark Tower VII: The Dark Tower“

Германски Награди за фантастика

o 2000: „Hearts in Atlantis“

o 2001: „The Green Mile“

o 2003: „Black House“

o 2004: Меѓународен автор на годината

o 2005: „The Dark Tower VII: The Dark Tower“

Хорор Собир

o 1997: „Desperation“

o 2001: „Riding the Bullet“

o 2001: „On Writing“

o 2002: „Black House“

o 2003: „From a Buick 8“

o 2003: „Everything's Eventual“

Хуго Награда 1982: Danse Macabre

Меѓународен Хорор Собир Награда 1999: "Storm of the Century"

Локус Награди

o 1982: „Danse Macabre“

o 1986: „Skeleton Crew“

o 1997: „Desperation“

o 1999: „Bag of Bones“

o 2001: „On Writing“

Писатели на Мистерија 2007: „Главна Награда“

Национални литературни награди 2003: „Медал за придонес во американската литература“

Њујоршка Библиотека за тинејџери 1982: „Firestarter“

О.Хенри награда 1996: The Man in the Black Suit

Перо награда 2005: „Faithful“

Спокејнска Библиотека Златно Перо 1986: Награда Златно Перо

• 'Универзитет на Мејн 1980: Награда за поранешен ученик

Us Магазин 1982: Најдобар писател на фантастика на годината

Светски Награди по Фантастика

o 1980: „Конвенцијална Награда“

o 1982: „The Reach“

o 1995: The Man in the Black Suit

o 2004: „Награда за животно дело“

Светска Хорор Конвенција 1992: Светски Мајстор по Хорор

Библиографија[уреди]

• 1974 (Carrie)

• 1975 (Salem's Lot)

• 1977 (Rage) (како Ричард Бахман)

• 1977 (The Shining)

• 1978 (Night Shift) (приказни)

• 1978 (The Stand)

• 1979 (The Dead Zone)

• 1979 (The Long Walk) (како Ричард Бахман)

• 1980 (Firestarter)

• 1981 (Cujo)

• 1981 (Danse Macabre) (автобиографска, за историјата на ужасот)

• 1981 (Road Work) (како Ричард Бахман)

• 1982 (Creepshow) (стрип)

• 1982 (The Dark Tower I: The Gunslinger)

• 1982 (Different Seasons) (четири приказни)

• 1982 (The Running Man) (како Ричард Бахман)

• 1983 (Christine)

• 1983 (Cycle of the Werewolf)

• 1983 (Pet Ѕemаtаry)

• 1984 (The Talisman) (напишана со Питер Строб)

• 1984 (Thinner) (како Ричард Бахман)

• 1985 (Skeleton Crew) (раскази)

• 1985 (The Bachman Books)

• 1986 (It)

• 1987 (The Eyes of the Dragon)

• 1987 (Misery)

• 1987 (The Dark Tower II: The Drawing of the Three)

• 1988 (The Tommyknockers)

• 1988 Nightmares in the Sky

• 1989 (The Dark Half)

• 1989 (Dolan's Cadillac) (ограничен тираж)

• 1989 My Pretty Pony (ограничен тираж)

• 1990 (The Stand: The Complete & Uncut Edition)

• 1990 (Four Past Midnight)

• 1991 (Needful Things)

• 1991 (The Dark Tower III: The Waste Lands)

• 1992 (Gerald's Game)

• 1993 (Dolores Claiborne)

• 1993 (Nightmares & Dreamscapes) (раскази)

• 1994 (Insomnia)

• 1995 (Rose Madder)

• 1995 (Umney's Last Case) (долг расказ)

• 1996 (The Green Mile) (првично објавена во 6 дела: (The Two Dead Girls), (Mouse on the Mile), ( Coffey's Hands), (The Bad Death of Eduard Delacroix), (Night Journey) и (Coffey on the Mile))

• 1996 (Desperation)

• 1996 (The Regulators) (како Ричард Бахман)

• 1997 (Six Stories) (раскази)

• 1997 (The Dark Tower IV: Wizard and Glass)

• 1998 (Bag of Bones)

• 1999 (Storm of the Century)

• 1999 (The Girl Who Loved Tom Gordon)

• 1999 The New Lieutenant's Rap (ограничен тираж)

• 1999 (Hearts in Atlantis)

• 1999 (Blood and Smoke) (аудио книга)

• 2000 (Riding the Bullet) (електронски објавен роман)

• 2000 (The Plant) (електронски објавен)

• 2000 (Secret Windows)

• 2000 (On Writing: A Memoir of the Craft) (автобиографска)

• 2001 (Dreamcatcher)

• 2001 (Black House) (напишана со Питер Строб)

• 2002 (From a Buick 8)

• 2002 (Everything's Eventual: 14 Dark Tales) (раскази)

• 2003 (The Dark Tower V: Wolves of the Calla)

• 2004 (The Dark Tower VI: Song of Susannah)

• 2004 (The Dark Tower VII: The Dark Tower)

• 2005 (Colorado Kid)

• 2006 (Cell)

• 2006 (Lisey's Story)

• 2007 (Blaze)

• 2008 (Duma Key)

• 2009 (Just After Sunset) (кратки приказни)

• 2009 (Under The Dome)