Дет метал

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Дет метал
Стилско потекло: Треш метал
Културно потекло: Рана средина на 80-тите во САД, Англија и Шведска
Типични инструменти: Гитара - Бас - Тапани
Мејнстрим популарност: Андерграунд во раните 80-ти, средна во доцните 80-ти и раните 90-ти, зголемена популарност во последните години.
Поджанрови
Мелодичен дет метал - Технички дет метал
Фузиски жанрови
Блек дет метал - Детграјнд - Дет дум - Дет треш - Деткор - Мелодичен деткор
Регионални сцени
Флорида - Тексас - Њујорк - Скандинавија
Други теми
Екстремен метал - Бласт-бит

Дет метал (англиски: death metal) е поджанр на метал музиката, создаден во раните осумдесетти од треш металот. Ова е еден од најагресивните жанрови на металот и најчесто се врти околу теми за смртта и темната страна од животот, иако ова не е секогаш случајот. Структурата на песната е раскажувачка, и не постои еден циклус на повторување, туку песната се развива како цела процесија на теми и мотиви. Дет металот се карактеризира со ненадејни промени во темпото, насилни и брутални гитарски рифови, тапани кои се брзи и динамични, и низок вокал кој најчесто се пее во вид на чудовишно врискање, познат во музиката како death grunt.[1][2]

Развој[уреди]

Дет металот почнал да се развива во првата половина на осумдесеттите од треш метал музиката. Околу 1983, почнале да се создаваат првите дет метал бендови, кои ги поставиле темелите на кои подоцна се развил и проширил дет металот како сопствен жанр. Овие темели биле поставени од Американските бендови Possessed со нивниот албум Seven Churches и Death со Scream Bloody Gore. Но, многу луѓе ги класифицираат овие бендови како пост-треш бидејќи, иако одговарале на дет метал особините, не создале ништо ново, туку еден вид на поагресивен треш метал. Но, сепак овие бендови не можат да се отфрлат како неважни, бидејќи тие почнуваат нешто што постепено ќе се одвои од другите жанрови на металот.

Првите вистински дет метал бендови се појавиле во 1989 и 1990. Овие бендови ги вклучуваат Terrorizer, Morbid Angel, и доцниот период на Napalm Death, кои споиле елементи од треш металот и хардкор панк музиката. Во 1991, Death го издаваат албумот Human, кој содржи чисти докази за модерен дет метал и така раниот развој на дет металот е завршен.[3]

Поделба и под-жанрови[уреди]

Во деведесеттите, дет металот почнува да се развива во многу правци. Главна поделба на под-жанрови на дет металот е оваа:

  • Мелодиски дет метал е жанр кој ги спојува агресивноста на дет металот со мелодии и хармонии. Во овој жанр може понекогаш да се најде и чисто пеење, како и акустични гитари. Овој жанр е главно присутен во Скандинавија, особено во Финска и Шведска, каде што се развива Гетебург стилот. Главни носители на мелодичниот дет метал се At The Gates, In flames, Arch Enemy, Opeth, Children Of Bodom, Therion во раните години и други слични бендови.
  • Брутален дет метал е вториот поджанр на дет металот. Овој жанр е екстремен, брутален и агресивен и се карактеризира со премногу брзи рифови и тапани и пеење ексклузивно во стилот на death grunt. Главни бендови од ова движење се Cannibal Corpse, Disgorge, Devourment и Wormed
  • Технички дет метал е жанр кој се карактеризира со брзи, комплицирани и темни рифови кои се придружувани од долги и темни врисоци кои тешко се разбираат.Обично во овој жанр се пее за митологија и темната страна,а во некои бендови како Ниле (Америка, Калифорниа) се пее за темната страна на Египетската митологија.

Исто така, постојат и многу фузиски жанрови на дет металот како:

  • Дет дум метал, кој е дет метал со поспора меланхолична природа, инспириран од дум металот, а главни бендови на овој стил се My Dying Bride и Paradise Lost
  • Блек дет метал, или дет метал со карактеристики од жанрот на блек металот, најчесто во вокалот или структурата на гитарските рифови. Бендови од овој правец се Emperor и Zyklon.
  • Дет треш е треш метал со брзината, агресивноста и други елементи од дет металот. Дет треш бендови се Benediction, Epidemic, а и некои албуми од Sepultura припаѓаат на овој жанр.

Исто така, дет метал жанрот често се спојува со одредени под-жанрови од правецот на фолк металот, особено ведик и викиншки метал.

Изведувачи и албуми типични за дет металот[уреди]

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]