Блек сабат

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Black Sabbath)
Black Sabbath
Black Sabbath onstage in 1999
Животописни податоци
ПотеклоБирмингем, Англија
ЖанровиХеви Метал
Период на активност1968–2006; 2011-
ИздавачиVertigo, Warner Bros, Sanctuary, IRS, Reprise, Епик Рекордс
СоработнициHeaven and Hell, GZR, Dio
Мреж. местоOfficial website
Членови
Ozzy Osbourne
Tony Iommi
Geezer Butler
Bill Ward
Поранешни членови
See: List of Black Sabbath band members

Black Sabbath — англиски хеви метал бенд, формиран во Астон, Бирмингем во 1969 година од на Ози Озборн (вокал), Тони Ајоми (гитара), Geezer Butler (бас гитара), и Бил Ворд (тапани). Оттогаш бендот има искусено повеќе промени во составот, единствено Тони Ајоми остана постојан член на бендот низ годините. Вкупно 22 музичари некогаш биле членови на Black Sabbath. Првично формиран во 1968 година како хеви блуз рок бенд наречен Земја (Earth), а подоцнаво 1969 година преименуван во Блек сабат (Black Sabbath), бендот почна да спојува окултни и хорор-стихови со ниско наштимани гитари и достигна до повеќе платински плочи во 1970-тите. И покрај поврзаностa со окултни и хорор теми, Black Sabbath, исто така, напишаа песни кои се занимаваат со социјална нестабилност, политичка корупција, опасностите од злоупотреба на наркотици и често апокалиптични пророштва на ужасите од војната. Блек сабат (Black Sabbath), како и Лед Цепелин (Led Zeppelin) и Дип П'рпл (Deep Purple), се често нарекувани пионери на хеви металот. Бендот помогна да се дефинира жанрот со албуми како четирикратниот платински албум Paranoid, издаен во 1970 година. На МTV (Ем Ти Ви) беа рангирани како "најголем метал бенд" на сите времиња, и се најдоја на второ место во VH1 е "100 најголеми изведувачи на хард рок" листа, зад Лед Цепелин. "Ролинг Стоун" ја претпостави групата како "хеви метал кралеви на 70-тите години. Тие имаат продадено над 15 милиони плочи само во Соединетите Американски Држави и повеќе од 70 милиони плочи низ целиот свет. [9] Black Sabbath беа примени во "Рокенрол салата на славните" во 2006 година , а беа вклучени во списокот на 100 Најголеми изведувачи на сите времиња на Ролинг Стоун. Поради прекумерената конзумација на дрога и алкохол, вокалистот Ози Озборн беше отпуштен од бендот во април 1979, после што започна многу успешна соло кариера, продавајќи повеќе од 55 милиони албуми. Тој беше заменат со поранешниот вокалист на Рејнбоу (Rainbow) Рони Џејмс Дио. После неколку албуми во соработка со вокалите и текстовите на Дио, Блек сабат претрпи повеќе промени во составот во текот на осумдесеттите и деведесеттите години од минатиот век кога членуваа вокалистите Јан Гилан, Глен Хјуз, Реј Гилан и Тони Мартин. Во 1992 Ајоми и Батлер повторно се соединија со Дио и тапанарот Вини Апајс и го снимија Обесчовечувач (Dehumanizer). Оригиналната постава со Ози Озборн повторно се обедини во 1997 година и издаде албум во живо, Повторно соединување.Поставата од 1979–1982 и 1991–1992 година со Ајоми, Батлер, Дио и Апајс се реформира во 2006 година под иметоРај и пекол (Heaven and Hell) и опстојуваа сè до смртта на Дио на 16ти мај 2010 година. На 11ти ноември 2011, оригиналните членови на бендот изјавија дека повторно се соединуваат и снимаат нов албум. Бендот е закажан да настапува и да го предводи Даунлоуд фестивалот (Download Festival) на 10 јуни 2012 година, по што ќе следува светска турнеја.

Историја Формирање и рани денови (1968–1969) После распаѓањето на претходниот бенд, гитаристот Тони Ајоми и тапанарот Бил Ворд сакаа да формираат хеви блуз-рок бенд во Астон, Бирмингем. Тие двајцата ги регрутираја басистот Гизер Батлер и вокалистот Ози Озборн, кои свиреја заедно во бендот Редок вид(Rare Breed). Озборн имаше ставено реклама во музички шоп која гласеше “На Ози Зигму треба тезга – има свој личен помошник”. Новата група првично се нарекуваше Полка Талк блуз бенд ((The Polka Tulk Blues Band) именувана по евтин бренд на талк пудра што Озборн ја видел во спалната на мајка му) и исто така таму свиреја и слајд-гитаристот Џими Филипс и саксофонистот Алан “Ејкр” Кларк. Откако го скратија името - Полка Талк, бендот набрзо го промена во Земја ((Earth) кое Озборн го мразеше) и продолжија како четиричлен бенд без Филипс и Кларк. Додека бендот настапуваше под името Земја, сними повеќе демо снимки Бунтовникот (The Rebel), Песни за Џим (Song for Jim), and (When I Came Down), кои ги напиша Норман Хејнс. Во декември 1968 година, Ајоми отсечно ги напушти Земја за да се приклучи во Џетро тал (JethroTull). Иако имаше краткотрајна обврска во Џетро тал, Ајоми се појави со нив вотелевизското шоу Рокенрол циркусот на Ролинг стоун (The Rolling Stones Rock and RollCircus). Незадоволен од дирекцијата на Џетро тал, Ајоми се врати во Земја во јануари 1969 година. “Не беше во ред, затоа си заминав”, изјави Ајоми. “Прво мислев дека Тал се супер, но не бев водач на бендот, тоа беше улогата на Јан Андерсон. Кога се вратив од Тал, се вратив со потполно нов став. Тие ме научија дека треба напорно да работиш за да напредуваш.”

Блек Сабат (Black Sabbath)и Параноид (Paranoid) (1970–1971) Во ноември 1969 Блек сабат потпишаа договор со Филипс рекордс, и во јануари 1970 година го издадоја својот прв сингл “Злобна Жена” (Evil woman) под филијала на Филипс – Фонатана рекордс. Понатамошните албуми беа издадени од Вертиго рекордс, ново формирана прогресивна рок етикета на Филипс. Иако синглот не се пласира на топ – листите, во ноември бендот одвои два дена во студио за да го сними нивниот прв деби - албум со продуцентот Роџер Бејн. Ајоми се сеќава на снимањето во живо: “Мислевме ‘Имаме два дена за снимање и еден за миксање’. И свиревме во живо. Ози пееше истовремено, само во различна кабина и така снимавме. Поголемиот дел од материјалот го снимавме одеднаш.” Блек сабат беше издаен на петок 13ти во февруари 1970 година. Албумот се искачи на 8мо место на списокот на албуми во Британија (UK Albums Chart), и откако се пушти во продажба во САД и Канада во мај 1970 година издаен од Варнер брос рекордс, албумот достигна до 23то место на Билборд 200, каде се задржа повеќе од една година. Иако албумот доживеа комерцијален успех, беше многу критикуван. Во една рецензија во Ролинг стоун Лестер Бенгс го опиша како “нескладна импровизација со бас и гитара брзо испреплетувајќисенад други музички периметри, без никаква синхронизација”. И покрај критиките албумот се продаде во значителни бројки, изложувајќи го бендот на првите комерцијални успеси. Оттогаш албумот е сертифицирана платина и во САД од Здружение на индустријата за снимање на АмерикаRecording Industry Association of America (RIAA),и во Британија од Британската фонографска индустрија (British Phonographic Industry (BPI). За да профитираат од топ-листите во САД, бендот се врати во студио во јуни 1970 година, оп само четири месеци откако го издадоја “Блек Сабат”. Новиот албум првично требаше да се вика “Свињи на војната” (War Pigs) по песната “Свињи на војната”, која беше критична во однос на војната во Виетнам. Како и да е “Ворнер” го сменаја името во “Параноид”. Синглот со кој албумот започнува,“Параноид”, е напишан во студиото во последен момент. Бил Ворд објаснува: “Немавме доволно песни за албумот, и Тони само го отсвири рифот од “Параноид”на гитарата и тоа беше тоа. Потребни беа дваесет, дваесет и пет минути од почеток до крај на песната”. Синглот беше издаен во септември 1970 година и достигна до четвртото место на топ-листите во Велика Британија, останувајќи единствениот топ десет хит на Блек Сабат. Поттикнат од успехот на синглот “Параноид”, албумот достигна до првото место на топ-листите во Британија во октомври 1970 година. Издавањето во САД беше одложено за јануари 1971 година, а кога “Параноид” се издаде во Велика Британија, албумот “Блек Сабат”сè уште беше на топ листите. Албумот достигна број 12 во САД март 1971 година,каде и ќе се продаде во четири милиони копии практично без да се пушта на радио. Како и “Блек Сабат”, албумот е остро критикуван од на рок критичаритево тоа време, но современите критичари како Стив Хјуи од “Allmusic”го класифицираат “Параноја” како "еден од најдобрите и највлијателните хеви метал албуми на сите времиња", и албум што го "дефинира звукот и стилот на хеви металот повеќе од било кој друг албум во рок историјата ". Во 2003 година, албумот беше рангиран на 130то место на листата “500 Најдобри албуми на сите времиња” на списанието Rolling Stone. Успехот на топ-листите на “Параноја” му овозможи на бендот за првпат да оди на турнеја во САДво октомври 1970 година, што предизвика издавање на вториот сингл од албумот "Железен човек". Иако синглот не успеа да се пласира помеѓу најдобрите 40, "Железен човек" останува една од најпопуларните песни на Black Sabbath, како и највисоко пласиран сингл на бендот во САД сè до 1998 година кога го издадоја“Психо човек”.

“Господар на реалноста” (Master of Reality) и “4то издание” Volume 4 (1971–1973) Во февруари 1971 година, Блек Сабат се вратија во студио и почнаа да работат на нивниот трет албум. По комерцијалниот успех на Paranoid, бендот можеше да си дозволи повеќе време во студио, како и "куфер полн со пари" за да купат дрога. "Се навлекувавме на кокаинот на големо", објаснува Ворд. "Амфетамини, седативи, се што ќе посакате. Дојде до фаза каде што смислувашидеи и ги забораваш, затоа што си премногу издрогиран." Продукцијата беше комплетирана во април 1971 година, а во јули бендот го издаде “Господар на реалноста”, само шест месеци по издавањето на “Параноja”во САД. Албумот се пласира меѓу првите десет и во САД и во Велика Британија, а за помалку од два месецина Блек сабат им беше доделена златна плоча.Во 1980 година добија сертификат за платинеста, ана почетокот на 21 векза двојно платинестаплоча. “Господар на реалноста” ги содржи првите акустични песнина Блек Сабаткако и омилените песни на обожавателите “Децата од гробот”(Children of the Grave) и “Сладок лист” (Sweet Leaf). Критиките на оваа ера се главно неповолни; Во еден амбивалентен преглед на “Господар на реалноста” за “Ролинг Стоун”, Лестер Бенгс ја опишува последната песна “Децата од гробот”(Children of the Grave) како "наивно, просто, повторувачки, апсолутно бесмислена, но во традицијата (на рокенролот) единствениот критетриум е возбудата, а неа ја има во Блек Сабат. Сепак, истото списание во 2003 година го рангира албумот на 298мо место на листата “500 Најдобри албуми на сите времиња”. После светската турнеја “Господар на реалноста” Блек Сабат ја направија првата пауза во три години. Бил Ворд појаснува: "Бендот почна да станува поисцрпен и поуморен. Бевме на турнеја нон-стоп, секоја година и постојано снимавме. Мислам дека “Господар на реалноста” беше како на крај на една ера, на првите три албуми, и после него одлучивме да работиме на наредниот албум”. Во јуни 1972 година, бендот продолжи со работа на нивниот следен албум во Лос Анџелес во “Рекорд Плант” (Record Plant). Процесот на снимање беше преплавен од проблеми, а многу од нив беа резултат од злоупотреба на супстанции. Бил Ворд беше речиси отпуштен од бендот. "Јас ги мразев песната, имаше некои шеми кои беа едноставно ... ужасни" изјави Бил. На крајот ја снимив, но потоа сите беа ладни кон мене:“Па, само оди си дома, не си повеќе корисен во моментов”.Сечувствувавкакодаја имам оплескано работата, за малку ќе ме избркаа од бендот".Првичниот наслов на албумот беше “Снежно слепило” (Snowblind)поистоимената песна, чија тематика езлоупотребанакокаин. Издавачкатакуќавопоследенмомент госменинасловотво“4то Издание на Блек Сабат” (Black Sabbath Vol. 4), а на тоа Ворд одговори “Немаше издание 1,2 и 3, и затоа тоа е навистина глупав наслов”. “4то Издание на Блек Сабат”беше издадено во септември 1972 година, и додека критичарите гледаја со презир на издавањето на албумот, тој достигна до статус златен албум за помалку од месец и беше четврт по ред албум на бендот што се продаде во милион копии во САД. Со повеќе време во студиото, во 4то издание, се гледа дека бендот почнува да експериментира со нови структури како жици, пијано, оркестрација и песни со повеќе делови.Песната "Утрешен сон"(Tomorrow’s Dream) беше издадена како сингл, првиот сингл на бендот после Paranoid, не успеа да се пласира на топ-листите.По голема турнеја на САД, бендот отпатува во Австралија и Нов Зеланд за првпат во 1973 година, а подоцна и во континентална Европа.

“Сабат крвав Сабат” (Sabbath Bloody Sabbath) и “Саботажа” (Sabotage) (1973–1976)

После светската турнеја “4то Издание” Блек Сабат се вратија во Лос Анџелес за да почнат да работат на нивниот следен албум. Задоволни со албумот “4то Издание”, бендот се обиде да ја рекреира атмосфератана снимање и се врати во студиото “Рекорд Плант” во Лос Анџелес. Со новите музички иновации од тој период, бендот се изненади што откри дека собата на “Рекорд Плант” која ја користеле претходно беше заменета од "џиновски синтисајзер". Бендот изнајми куќа во Бел Ер и почна да пишува песни во летото 1973 година, но поради злоупотреба на супстанции и замор, тие не можеа да ги завршат сите песни.“Не произлегувавме со идеи како на “4то издание” и бевме навистина незадоволни” изјави Ајоми.“Ситеседeјатамуи чекаамене да ми текне нешто. Не можев да мислам на ништо. И ако мене не ми текнеше ништо, никојнебисторилништо”.По еден месец во Лос Анџелес без никаков резултат, бендот реши да се врати во Англија, каде што го изнајми замокот Клирвел во Шумата на Дин. “Вежбавме во занданитеи тоа беше навистина морничаво но имаше некоја атмосфера, од која произлегуваа работи и повторно почнавме да смислуваме нови идеи”.Додека работеа во зандана, Ајоми тетеравеше врз главниот риф на "Сабат крвав Сабат", кој го одреди тонот за новиот материјал. Новите песни,снимениод Мајк Бучер во студијатаМорган во Лондон, и базирајќи се врз стилските промени воведени во“4то Издание”, вклучуваат синтисајзери, жици, и комплицирани аранжмани. Во ноември 1973 година, Блек Сабат го издаде "Сабат крвав Сабат", кој беше прифатен од јавноста.За првпат во својата кариера, бендот почна да добива позитивни критики во трендовските медиуми. Имено,Гордон Флечер од Ролинг Стоун го опишува албумот како "извонредно возбудлива афера" и "ништо помалку од целосен успех".Подоцна рецензентите како Едуардо Ривадавиаод Ол мјузик го оценуваат албумот како "ремек-дело, од суштинско значење за секоја хеви метал колекција", а исто така наведуваат дека прикажува"новооткриената смисла на стил и зрелост". Албумот означен како петти последователен албум на бендот кој се продаде во платински тираж во САД, се искачи до 4ѕо место на топ-листите во Велика Британија, а на 11то место во САД. Бендот започна светска турнеја во јануари 1974 година, која кулминираше со фестивалот Калифорнија Џем во Онтарио, Калифорнија на 6 април 1974 година. Привлекувајќи повеќе од 200.000 обожаватели, Black Sabbath се појави заедно со рок и поп гиганти на седумдесеттите Дип П’рпл, Иглс, Емерсон, Лејк и Палмер, Рер ‘Рт, Силс и Крофтс, Блек Оук Арканзас, и Земја, ветер и оган (Earth, wind and fire).Делови на шоуто беа емитувани на “Еј Би Си”телевизија во САД, што го изложи бендот пред пошироката американска публика. Во истата година, бендот го смена менаџерот, потпишувајќи со озлогласениот англискиот менаџер Дон Арден.Овој потег предизвика договорен спор со поранешниот менаџерна Блек Сабат, а во меѓувреме на Ози му беше врачен налог за судски процес од времетраење од две години. Во февруари 1975 година Блек Сабатпочна да работи на својот шести албум, повторно во Англија, воСтудијатаМорган во Вилзден, овој пат со одлучувачка визија да годиференцираат звукот на албумот од "Сабат крвав Сабат". "Можевме да продолжиме се така натаму, да станеме повеќе технички, со користење на оркестри и се друго што ние лично не го сакавме. Се погледнавме себеси и си рековме сакаме да направиме рок албум, што "Сабат крвав Сабат" и не беше. Саботажа беше издаден во јули 1975 година, а продуценти беа Блек Сабат и Мајк Бучер. Како и неговиот претходник, албумот доби позитивни критики, меѓу кои критиката на Ролинг Стоун:"Саботажа не е само најдобар албум наБлек Сабатпосле“Параноја”, туку можеби и најдобар досега". “Саботажа”се пласира меѓунајдобрите 20 и во САД и во Велика Британија, но беше првиот албум на бендот кој не достигнаплатински статус во САД, туку доби само сертификат за златна плоча. Иако единствениот сингл од албумот “Дали полудувам” (Am I Going Insane) не се пласира на топ-листите, “Саботажа” ја содржи песната “Дупка во небото” (Hole In The Sky) и “Симптом на универзумот” (Symptom Of The Universe), кои се омилени меѓу обожавателите. Блек Сабат отиде на турнеја со “Саботажа”, а бендот “Бакнеж” (Kiss) отвраше како предгрупа. Меѓутоа, во ноември 1975 година, беа принудени накратко да ја одложат турнејата, бидејќи Озборн пукна мускул на грбот во несреќа со мотоцикл.Во декември 1975 година, издавачките куќи на бендот објавијакомпилација “Албум со најголемите хитови” без да знае бендот, и ја именуваа “Си ги продадовме душите за Рокенрол” (We Sold Our Souls For Rock ‘N’ Roll). Албумот беше на топ-листите цела 1976година, и на крајот се продаде во два милионикопии во САД.

“Техничка екстаза”(Technical Ecstasy)и “Никогаш не вели умри!” and (Never Say Die!) (1976–1979)

Во јуни 1976 годинаБлек Сабатпочнадаработинанивниотследеналбумвостудијата КритеријавоМајами, Флорида. За да ги усоврши својот звук, бендот го додаде клавијатуристот Гери Вудруф, кој исто така гостуваше на“Саботажа”.“Техничка екстаза”, кој беше издаден на 25 септември 1976 година, беше облеан со мешани критики.За првпат коментарите не се подобруваа како што одминуваше времето; Дведецениипонеговото издавањеОл мјузик мудадедвеѕвездинаалбумот, и истакнадекабендот е "разоткриендоалармантнастапка”.Албумот содржи помалку од бавниот, застрашувачки звук на претходните песни, а вклучува повеќе синтисајзери и побрзи рок песни.“Техничка екстаза”успеа да се пласира меѓу најобрите 50 во САД, и беше втор албум на бендот по ред што не постигна платинест статус, меѓутоа подоцнаво 1997 годинаму се додели златна плоча. Албумот гисодржи "Валкани жени" (Dirty Women), кој останува главна песна во живо, како и првата песна со Бил Ворд како главен вокал "Тоа е Добро”(That’s Allright). Турнејата за “Техничка екстаза” започна во ноември 1976 година во САД, каде предгрупи беа Бостон и Тед Нуџент, а заврши во Европа во април 1977 година, со Еј-Си Ди-Си (AC DC)како предгрупа. Во ноември 1977 година, додека бендот правеше проба за нивниот следен албум, само неколку дена пред да влезат во студио, Ози Озборн го напушти бендот."Последната албуми на Сабат беа едноставно премногу депресивни за мене", рече Озборн. "Јас го правев за доброто на она што може да извлечемеод издавачките куќи."На пробите во октомври 1977 година беше донесен поранешниот вокалист на Флитвуд Мек и Савој Браун, Дејв Вокер, и бендот почна да работи на нови песни. Блек Сабатизлегоја на својот прв и единствен настап со Вокер на вокали на телевизиската прграма на Би-Би-Си "Гледај! Слушај!”каде отсвирија рана верзија на песната "Очите на Јуниор” (Junior’s Eyes). Озборн, започна да формира соло-проект, каде членуваа поранешите членови на Д’рти Трикс (Dirty Tricks) Џон Фрејзер-Бини, Тери Хорбри и Енди Бим. Новиот бенд почна со проби во јануари 1978 година, но Озборн се премисли и се врати во Блек Сабат. “Три дена пред да одиме во студио, Ози реши да се врати во бендот", објаснува Ајоми". Тој не сакаше да пее ниедна од песните кои ги напишавме со другиот, па тоа ја отежна работата. Влеговме во студиото во суштина без песни. Пишувавме рано наутро за да можеме да пробуваме и да снимаме навечер. Тоа беше многу тешко, како подвижна лента, затоа што не можеш да добиеш време да размислуваш за нешто. "Дали е ова точно? Дали она работи правилно? Тоа за мене беше многу тешко, толку набрзо да ми произлезат идеи и да ги составам. Бендот за време пет месеци во Саундс Интерчејнџ Студијата (Sounds Interchange Studios) во Торонто, Канада, го напишува и сними албумот ”Никогаш не вели умри!” (Never Say Die!)."Тоа е навистина долго време", изјави Ајоми. Многу се дрогиравме, навистина многу. Ќе одевме на сесија и моравме да се завршиме пред време и да си одиме бидејќи бевме премногу издрогирани. Никој не можеше да направи ништо како што треба, бевме расфрлани насекаде, сите свиреја различно. Се враќавме дома, преспивавме и се обидувавме повторно следниот ден".Албумот е издаден во септември 1978 година.Достигна до12то место во Велика Британија, и 69то во САД. Коментарите во весниците беа негативни и не се подобрија. Две децении по издавањето на албумот, Едуардо Ривадавиа од Ол Мјузик нзјави дека“несконцентрираните песни од албумот совршено рефлектираат на личните проблеми и консумирањето дрога на членовите од бендот”.На албумот се најдоја сингловите”Никогаш не вели умри!” (Never Say Die!)и "Тежок пат" (Hard Road), и двете влегоја меѓу најдобрите 40 во Велика Британија, а бендот излезе на нивниот втор настап на “Врвот на популарните” (Top Of The Pops), каде ја отсвирија”Никогаш не вели умри!” (Never Say Die!). За речиси 20 години албумот доби сертификат за златна плоча. Во мај 1978 започна турнејата за ”Никогаш не вели умри!” (Never Say Die!) со Ван Хален (Van Halen) како предгрупа.Критичарите за изведбата рекоја дека е “уморна и неинспирирана”, целосен контраст на "младешкиот" настап на Ван Хален, коиза првпат беа на светска турнеја. Во јуни 1978 година Блек Сабат снимија еден настап на Хамерсмит Одеон, кој подоцна беше издаден на DVD под името ”Никогаш не вели умри!” (Never Say Die!).Последниот настап од турнејата, воедно и последниот настап на Озборн со бендот (до подоцнежното повторно соединување), беше во Албакрки, Ново Мексико на 11 декември. После турнејата, Блек Сабат се вратија во Лос Анџелес и повторно изнајмија куќа во Бел Ер, каде што поминаа речиси една година работјќи на материјалот за следниот албум.Во 1979 година, по притисок од издавачката куќа, и фрустрациитепоради недостатокотод идеи на Озборн, Тони донесе одлука да го отпушти Ози Озборн од бендот. "Во тоа време, Ози бешепри крај", рече Ајоми. "Сите многу се дрогиравме, многу кокаин, се по многу и Ози во тоа време премногу се пијанеше. Требаше да се проба,а ништо не се случуваше. Тоа изгледаше вака:"Ќе правиме проба денес? Не, утре ќе правиме”. Тоа се влоши премногу што не правевме апсолутно ништо. Едноставно згаснавме”. Тони го избра Тапанарот Бил Ворд, кој беше близок со Озборн, да му ја соопшти веста на пејачот. “Се надевам дека бев професионален, всушност може и да не бев. Ужасен сум кога сум пијан, дури и одбивен”вели Ворд. “Алкохолот дефинитивно беше една најштетните работи заБлек Сабат. Бендот беше отровен, многу отровен”.

“Рај и пекол”(Heaven and Hell) и“Толпата владее”(Mob Rules) (1979–1982)

Во 1979 година ШеронАрден (подоцна ШеронОзборн), ќерканаменаџерот на Блек СабатДонАрден,предложипоранешниотвокалистна “Виножито” (Rainbow),РониЏејмсДиодагозамениОзиОзборн.Дио официјално се приклучи на бендот во јуни и заедно почнаа да го пишуваат нивниот следен албум. Доаѓањето на Дио, кој имазабележителнопоразличен стил на пеење од Озборн, забележана е и промена во звукот на Блек Сабат.“Тие беа наполно различни” објаснува Ајоми. “Не само во вокалните способности туку и во стилот. Ози беше голем шоумен, но кога дојде Дио, имавме различен став, различен глас и различен музички пристап, што се однесува до вокалите.Дио ќе пееше низ рифот, а Ози ќе го следеше рифот, како во "Железен човек" (Iron Man). Рони дојде и ни даде друг аспект за пишување.”Односот Дио во Блек Сабат, исто така, го популаризира гестот "метал рогови" во хеви метал субкултурата. Овој суеверн потег зачување од "уроци",Дио првично го употребуваше како поздрав до публиката. Оттогаш, гестот го копираатобожавателите и други слични музичари ширум светот.

Во септември 1979 година Гизер Батлер привремено го напушти бендот, а го замена басистот Џеф Николас од бендот “Кварц” (Quartz).Во ноември новата постава се врати во студијата Критеријаза да започне со снимање.Во јануари 1980 годинаБатлер се вративо бендот, а Николас се префрли на клавијатури. Продуциран од Мартин Бирч, “Рај и пекол”(Heaven and Hell) беше издаден на 25 април 1980 година, и критички прифатен. По нешто повеќе од една деценија откако албумот беше издаден, Ол мјузик изјави дека “албумот е еден од најдобрите албум на Сабат досега, дека бендот звучи како прероден и дека во целост е полн со енергија”. “Рај и пекол”достигна број 9 во Велика Британија, и број 28 во САД, и беше најголем пласман на албум по“Саботажа”.Албумот се продаде во еден милион копии во САД, и бендот започна голема светска турнеја, со нивниот прв настап во живо со Дио во Германија на 17 април 1980 година.

На турнејата во САД во текот на 1980та година која беше наречена “Црно и сино” (Black and Blue), настапуваа и Блу Ојстер Калт (Blue Oyster Cult). Во склоп на оваа турнеја беше и настапот во Насау Колосеумот, во Јуниондејл, Њујорк, кое беше театрално снимено и издадено под името “Црно и сино” (Black and Blue). На 26 јули 1980 година, бендот свиреше пред 75.000 обожаватели на распродадениотМемориал Колосеумот во Лос Анџелес со “Патување” (Journey), “Евтин трик” (Cheap Trick), и Моли Хачет.Следниотденбендотнастапи на ДенотнаЗеленилотовоОукландКолосеумот.Следниот ден, на бендот се појави во 1980-Ден на Зелените во Оукланд Колосеумот.Додека беа на турнејата, поранешнатаиздавачка куќа на Блек Сабат во Англија издаде албум во живо со настап на бендот стар седум години,под името “Конечно во живо”(Live at Last), без да знае никој од бендот. Албумот достигна бројот пет на британската топ-листа, а му претходеше на повторнотоиздавање на "Параноја" (Paranoid) како сингл, кој се пласира меѓу најдобрите 20. На 18 август 1980 година, после концертот во Минеаполис, Минесота, Бил Ворд беше отпуштен од бендот. “Тонев многу брзо”, подоцна изјави Ворд. “Бев неверојатен пијаница. Бев пијан 24 часа на ден. Кога отидов на бината, бината не беше толку сјајна. Се чувствував како да умирам внатрешно. Концертот во живо изгледаше толку празно, Рон беше таму некаде работејќи ја својата работа и нешто како да ме удри “Ја нема магијата“. Јас го сакав Рон, но музички, тој не беше за мене. Загрижен за влошеното здравје на Ворд, Ајоми го доведе тапанарот Вини Апајс, без да го информира Ворд. “Тие не зборуваа со мене, ме шутнаа од мојата столица и не ми кажаа за тоа. Знаев дека треба да донесат тапанар за да се спаси турнејата, но јас бев во бендот со години, уште како деца. А потоа Вини почна да свири и тоа беше како “Каква заебанција?“ Тоа болеше многу.

Бендот ја заврши светската турнеја “Рај и пекол” (Heaven and Hell)во февруари 1981, и се врати во студиото за да започне со нивниот следен албум. Вториот студиски албум на Блек Сабат продуциран од Мартин Бирч со Рони Џејмс Дио како пејач, “Толпата владее” (The Mob Rules)беше издаден во октомври 1981 година, и беше добро прифатен од обожавателите, но не доби многу добри критики. Рецензентот на Ролинг Стоун Џ.Д. Консидин му даде на албумот една звезда, изјавувајќи дека “Толпата владее” (The Mob Rules)го нарекува бендот досадно разумен и надуен како никогаш досега“. Како и кај повеќето од поранешната работа на бендот, со тек на време критиките во музичката штампа се подобрија. Една деценија после издавањето на албумот “Толпата владее” (The Mob Rules), Едуардо Ривадавиа од Allmusic го нарече “величествен албум“. Албумот доби сертификат за златна плоча и стигна на топ 20 на топ-листите во Велика Британија. Насловната песна на албумот “Толпата владее” (The Mob Rules), која што беше снимена на старата куќа на Џон Ленон во Англија, исто така е прикажана во 1981 во анимираниот филм Хеви Метал. Филмската верзија е изменета снимка, и се разликува од верзијата на албумот.

Незадоволни со квалитетот на “Конечно во живо” (Live at Last) од 1980 година, бендот сними друг албум во живо со наслов “Живо Зло” (Live Evil), во 1982, за време на светската турнеја “Толпата владее”, низ Соединетите Држави во Далас, Сан Антонио, и Сиетл,. За време на процесот на миксање за албумот, Ајоми и Батлер имаа кавга со Дио. Погрешно информирани од нивниот тогашен микс техничар, Ајоми и Батлер го обвинија Дио за ноќно прикрадување во студиото за да ја подигне јачината на вокалиме. Во прилог на тоа, Дио не беше задоволен со неговите слики на омотите. “Рони сакаше повеќе да има кажано во работите, “рече Луми. “А Гизер ќе се вознемиреше од него и тогаш сешто започнуваше. За време на “Живо Зло” сè се распадна. Рони сакаше да има повеќе од неговата сопствена работа, а техничарот кој ние го користевме во тоа време во студиото не знаеше што да прави, бидејќи Рони му кажуваше една работа а ние му кажувавме друга. На крајот од денот, ние само рековме, “Тоа е тоа, бендот е готов“. Кога доаѓа време за вокалот, никој ништо не ми кажува што да правам. Никој! Бидејќи тие не се толку добри колку мене, јас правам тоа што сакам“, рече Дио подцна. “Јас одбивам да го слушам “Живо Зло”, бидејќи таму има премногу проблеми. Доколку погледнете во заслугите, вокалите и тапаните се на страна. Отворете го албумот и видете колку многу слики има таму од Тони, а колку малку има од мене и Вини“.

Рони Џејмс Дио ги напушти Блек Сабат во ноември 1982 година за да започне со свој сопствен бенд, и го зеде тапанарот Вини Апајс со него. “Живо Зло” беше издаден во јануари 1983 година, но беше ставен во сенка од “Говорот на Ѓаволот” (Speak of the Devil) на Ози Озборн, албум во живо со платинеста продажба кој содржеше само песни на Блек Сабат, и беше издаден пет месеци порано.

“Повторно роден”(Born Again) (1983 – 1984)

Двата членови од оригиналната постава си заминаа, Тони Ајоми и Гизер Батлер, започнаа аудиција за нов пејач за следниот албум на групата. Ники Мур од Самсон и Џон Сломан од Лоун Стар доаѓаа во превдид. Бендот се задоволи со поранешниот пејач на Дип Парпл, Јан Гилан кој го замени Рони Џејмс Дио во декември 1982 година. На почетокот, проектот не требаше да се вика Блек Сабат, но притисоците од издавачката куќа ја натера групата да го задржи името. Бендот влезе во Манор Студијата во Шиптон на Червел, Оксфордшир, во јуни 1983 година со Бил Ворд на тапани кој се врати трезен. По пуштањето во продажба, “Повторно роден” беше осуден од критиката. И покрај негативниот прием на албумот, тој стигна до место број четири на листите во Велика Британија и број 39 во САД. Дури деценија после тоа Едуардо Ривадавиа од Allmusic го нарече албумот “ужасен“, наведувајќи дека “меланхоличниот стил на Гилан и хумористичните текстови на песните беа комплетно некомпатибилни со господарите на уништувањето и суморноста“.

Иако беше на албумот, тапанарот Бил Ворд не беше во можност да оди на турнеја поради притисокот и се откажа од бендот на почетокот на турнејата “Повторно роден”. Се распаднав од идејата за турнеја,“ рече Ворд подоцна. “Имав толку многу стравови од турнеите, не зборував за страво-наместо тоа пиев и тоа беше голема грешка. Ворд беше заменет од Бев Беван поранешниот тапанар на Електрик Лајт Оркестра за светската турнеја “Повторно роден” 83-84 година, (често нарекувана како симулирана Смрт на Сабат “83-84“ Светска Турнеја) која започна во Европа со “Дијамантска Глава” (Diamond Head), а подоцна во САД со “Тивок Бунт” (Quiet Riot)и “Ноќен Ренџер” (Night Ranger). Бендот се насочи кон Рединг фестивалот во 1983, додавајќи ја песната на Дип Парпл “Smoke on the Water” на нивниот список на песни.

Турнејата за поддршка на “Повторно роден” вклучи огромна сцена што го прикажуваше споменикот Stonehenge. За овај потез кој подоцна ќе биде пародиран во mockumentary Ова е пункција во кичма (This is Spinal Tap), бендот направи грешка што го порача споменикот. Гизер Батлер. подоцна објасни:

Таткото на Шерон Озборн, Дон Арден, ни беше менаџер. Негова беше идејата за да го имаме споменикот Stonehenge на сцена. Тој ги запиша димензиите и им ги даде на нашиот менаџер за турнејата. Тој ги запиша во метри но мислеше да ги запише во стапки. Луѓето што го правеа видоа петнаесет метри наместо петнаесет стапки. Тоа беше високо 45 стапки и немаше да одговара за ниту една сцена, па така ние моравме да ја оставиме во складиштето. Таа чинеше богатство да се направи но немаше зграда на Земјата во која што можеше да се смести.

“Пукнатина” (Hiatus) и “Седмата ѕвезда” (Seventh Star)(1984 -1986)

По завршувањето на турнејата “Повторно роден” во март 1984 година, пејачот Јан Гилан ги напушти Блек Сабат за повторно да се придржи на Дип Парпл, кои се реформираа после долг јаз. Беван си отиде во истото време, а Гилан забележа дека тој и Беван беа направени да се чувствуваат “изнајмена помош“ од Ајоми. Бендот потоа регрутираше еден непознат пејач од Лос Анџелес по име Дејвид Донато. Новата постава пишуваше и вежбаше низ целата 1984 година, и на крај сними демо снимка со продуцентот Боб Езрин во октомври. Несреќни од резултатите, бендот се збогува Донато нешто подоцна. Разочаран со променливоста на поставата басистот Гизер Батлер ги напушти Блек Сабат во ноември 1984 година и формира соло бенд. “Кога Јан Гилан го дојде тоа беше крај за мене“, рече Батлер подоцна. “Јас мислев дека тоа е само шега и јас тотално си отидов. Кога се состанавме со Гилан, тоа не требаше да биде албум на Блек Сабат. Откако го направивме албумот му го дадовме на Варнер Брос, тие рекоа дека ќе го пуштат во продажба како албум на Блек Сабат а ние немавме глас. Јас бев навистина разочаран од него а Гилан многу се налути. Тоа траеше еден албум и една турнеја и тоа беше тоа.“

Откако Батлер си замина, единствениот преостанат првобитен член Тони Ајоми ја постави Блек Сабата на јаз, и започна работа на соло албум со клавијатуристот Џеф Николс, кој беше долго време во Блек Сабат. Додека оригиналната постава на Блек Сабат работеше на нов материјал, им беше понуден спот во хуманитарниот концерт Live Aid на Боб Гелдоф; бендот се согласи, и имаше настап во Филаделфија, на 13 јули 1985 година. На тој настап првобитната постава за првпат се појави на сцената после 1978 година, заедно со повторни соедитите Ху и Лед Цепелин. Враќајќи се на својата соло работа Ајоми го ангажира басистот Дејв Шпиц и тапанарот Ерик Сингер, и првобитно имаше намера да користи повеќе пејачи, вкључувајќи го и Роб Халфорд од Џудас Прист, поранешниот пејач на Дип Парпл и Трапез, Глен Хјуз, и поранешниот пејач на Блек сабат, Рони Џејмс Дио, но овај план не излезе како што предвидуваше тој. “Сакавме да користиме различни пејачи на албумот, пејачи гости, но беше толку тешко да се соберат и да се издадат од нивните издавачки куќи. Глен Хјуз дојде да пее на една песна и одлучивме да го користиме на цекиот албум.“

Бендот го помина преостанатиот дел од годината во студио, снимајќи го “Седмата ѕвезда”. Ворнер Брос, одби да го издаде албумот како соло издание на Тони Ајоми, наместо тоа инсистираше да се издаде под името Блек Сабат. Под притисок на менаџерот на бендот, Дон Арден, двајцата најдоа компромис и го издадоа албумот како “Блек Сабат со Тони Ајоми“ во јануари 1986 година. “Тоа навистина отвори цела конзерва со црвја“, објасни Ајоми, “бидејќи јас мислам ако го направевме како соло албум, тој ќе беше многу повеќе прифатен“. Седмата ѕвезда, која што малку звучеше како албум на Блек Сабат, содржеше повеќе хард рок елементи популаризирани со хард рок сцена на Sunset strip од 1980те, и беше критикувана тогаш, иако подоцна рецензентите, како на пример Allmusic му дадоа поволни рецензии на албумот, нарекувајќи го “често несфатен и потценет“.

Новата постава вежбаше шест месеци, припремајќи се за светска тура, иако бендот на крај беше присилен да го користи името Блек Сабат. “Јас бев во проектот на Тони Ајоми, а не во Блек Сабат,“ рече Хјуз. “Идејата да се биде во Блек Сабат некако не ми се допадна. Глен Хјуз да пее во Блек сабат е како Џејмс Браун да пее во Металика. Тоа нема да функционира. Само четири дена пред почетокот на турнејата, пејачот Глен Хјуз се степал со продукцискиот менаџер на бендот, Џон Даунинг, кој му ја скршил аркадната коска на пејачот. Со таа повреда Хјуз не можеше да пее, и бендот го доведе пејачот Реј Гилен да ја продолжи турнејата со W.A.S.P. и Anthrax, иако скоро половина од концертите во САД се откажаа заради слабата продажба на карти.

Еден пејач чиј статус е оспоруван, и внатре и надвор од Блек Сабат, е Христијански евангелиста и претходен фронтмен на Џошуа, Џеф Фенхолт. Фенхолт инсистирал дека тој бил пејач во Блек Сабат од јануари и мај 1985 година. Тони Ајоми никогаш не го потврдил ова, бидејќи тој работел на соло издание кое подоцна било именувано како албум на Сабат. Фенхолт дава деталенизвештај за неговото време со Ајоми и Сабат во книгата на Гари Шарп Јанг, Сабат Крвав Сабат: Битката за Блек Сабат.

“Вечниот Идол” (The Eternal Idol), “Безглавен Крст” (Headless Cross) и “ТИР” (ТYR) (1986 – 1990)

Блек Сабат почна да работи на нов материјал во октомври 1986 година во Еар студијата во Монтсерат со продуцентот Џеф Гликсман. Снимањето беше проследено со проблеми од почетокот, бидејќи Гликсман си замина после почетните сесии, и беше заменет со продуцентот Вик Коперсмит – Хевн. Басистот Дејв Шпиц си замина заради “лични проблеми“, а поранешниот басист на Рејнбоу, Боб Дејсли ги пресними сите бас траки, и текстовите на песните на албумот, но пред албумот да биде завршен, тој го напушти бендот за да му се придружи на придружниот бенд на Гери Мур, и земајќи го со него и тапанарот Ерик Сингер. После проблемите со вториот продуцент Коперсмит-Хевн, бендот се вратил во Морган студијата во Англија во јануари 1987 година за да работи со новиот продуцент Крис Цангаридес. Додека работеле во Велика Британија, новиот пејач Реј Гилен изненадно ги напуштил Блек Сабат за да го формира бендот Blue Murder со Џон Сајкс. Бендот го ангажирал поранешниот пејач на Alliance, Тони Мартин, за да ги пресними песните на Гилен и поранешниот тапанар на Electric Light Orchestra, Бев Беван, за да се завршат неколку дуплирања на перкусиите. Пред издавањео на новиот албум, Блек Сабат прифати понуда да настапат на шест концерти во Сан Сити, Јужна Африка за време на ерата на апартхејдот. Бендот ја навлече критиката од активистите и артистите вклучени во “Обединети уметници против Апартхејдот” (Artists United Against Apartheid), кои ја бојкотираа Јужна Африка уште од 1985 година. Тапанарот Бев Беван одби да свири, и го замени Тери Чајмс од Клеш.

После скоро една година продукција, “Вечниот идол” беше пуштен во продажба на 8 декември 1987 година и беше игнориран од современите рецензенти. Директните ревизии на интернет ерата беа измешани. Allmusic рекоа дека “силниот глас на Мартин додал нов оган на бендот“, а албумот содржел “некои од најтешките рифови на Ајоми.“ Блендер му даде на албумот две звезди, изјавувајќи дека албумот бил “Блек сабат само на име“. Албумот достигна на број 66 во Велика Британија, а на 168 место во САД. Бендот имаше турнеја за поддршка на “Вечниот идол” во Германија, Италија и за првпат во Грција. За несреќа, делумно поради силната реакција на промотерите за инцидентот во Јужна Африка, другите Европски концерти беа откажани. Басистот Дејв Спиц го напушти бендот пред турнејата, и го замени Џо Барт од Вирџинија Вулф.

После слабиот комерцијален успех на “Вечниот идол”, Блек Сабат беа напуштени од Вертиго Рекордс и Ворнер Брос Рекордс, а потпишаа со И.Р.С. Рекордс. Бендот зеде одмор во 1988 година, а се врати во август за да започне со работа на нивниот следен албум. Како резултат на проблемите со снимањето на “Вечниот идол”, Тони Ајоми се одлучи самиот да го продуцира следниот албум на бендот. “Тоа беше комплетно нов почеток“ рекол Ајоми. “Јас морав повторно да размислам за целата работа, и одлучив дека нам ни е потребно повторно да изградиме извесен кредибилитет“. Ајоми го ангажирал поранешниот тапанар на Реинбоу, Кози Пауел, клавијатурист Николс и басистот Лоренс Котл, и изнајмил “многу евтино студио во Англија“.

Блек сабат го издаде “Обезглавен крст” (Headless Cross)во април 1989 година и повторно беа игнорирани од современите рецензенти. На крај Allmusic му даде на албумот четири звезди, нарекувајќи го “Обезглавен крст” (Headless Cross) “најфиниот албум на Блек Сабат без Ози или Дио“. Закотвен на 62 место, албумот “Обезглавен крст” (Headless Cross) достигна до број 31 на листите во Велика Британија, и број 115 во САД. Гитаристот на Квин Брајан Меј, добар пријател на Ајоми, свиреше како соло гостин на песната “Кога Смртта Повикува“ (When Death Calls). По издавањето на албумот, бендот го придодаде турнејскиот басист Нил Мареј, кој порано членувал во Вајтснејк, следечкиот бенд на Гери Мур, и Вау Уау.

Турнејата за “Обезглавен крст” (Headless Cross), со лоша судбина, започна во мај 1989 година со Kingdome Come и Silent Rage како предгрупи, но поради слабата продажба на карти турнејата беше откажана после само осум концерти. Европскиот дел од турнејата започнал во септември, каде бендот доживеа повторен успехот на топ-листите. После низа на концерти во Јапонија, бендот тргна на 23 дневна Руска турнеја со Girlschool. Блек Сабат беше еден од првите бендови кои имале турнеи во Русија, откако во 1989 Михаил Горбачов ја отвори земјата кон западните акти за првпат. Бендот се врати во студио во февруари 1990 година за да го сними продолжетокот на “Обезглавен крст”. Иако технички не беше концептуален албум, некои од темите во текстовите на песните од албумот се засновани на Нордиската митологија. “ТИР” (TYR) беше издаден на 6 август 1990година и достигна место број 24 на списокот на албуми во Велика Британија, но беше првото издание на Блек Сабат кое не влегло меѓу најдобрите 200 во САД. Албумот ќе се здобие со мешани рецензии на интернет, како забелешката на Allmusic дека бендот “меша мит со метал во едно тешко изложување на музичката синтеза“, додека Блендер му даде на албумот само една звезда, изјавувајќи дека Ајоми продолжува да го валка името на Блек Сабат со оваа незабележителна колекција“. Бендот направи турнеја за поддршка на TYR со Circus of Power во Европа, но последните седум концерти биле откажани заради слабата продажба на карти. За првпат во нивната кариера, турнејата не вклучуваше концерти во САД.

“Обесчовечувач” (Dehumanizer) (1990 – 1992)

Додека беше на неговата турнеја Lock Up The Wolves САД во август 1990 година , на поранешниот пејач на Блек Сабат Рони Џејмс Дио на бината во Минеаполис Форум му се придружи поранешниот басист на Блек Сабат Гизер Батлер за да ја изведат “Неонски витези“ (Neon Knights). После шоуто, двата покажале интерес за повторно обединување на Блек Сабат. Батлер го убедил Ајоми, кој за возврат ја распушти тековната постава, отпуштајќи го пејачот Тони Мартин и басистот Нил Мареј “Жалам за тоа на многу начини“ рекол Ајоми. “Ние тогаш бевме на добро место. Навистина не знам зошто, но одлучивме повторно да се обединиме со Дио. Имаше финансиски причини, но тоа не беше тоа. Изгледа мислев дека ние можеме повторно да го имаме она што го имавме“.

Рони Џејмс Дио и Гизер Батлер му се придружија на Тони Ајоми и Кози Пауел во есента 1990 година за да почнат да работат на следното издание на Блек Сабат. Додека вежбале во ноември, Пауел претрпел кршење на колкот кога неговиот коњ умрел, паѓајќи на нозете на тапанарот. Неспособен да го заврши албумот, Пауел бил заменет од поранешниот тапанар Вини Апајс, повторно обединувајќи ја поставата од времето на “Толпата владее” и бендот влегол во студио со продуцентот Реинхолд Мак. Процесот на снимање кој траел една година се соочил со проблеми, главно со тензијата помеѓу Ајоми и Дио за пишувањето на песните, и некои песни беа препишувани повеќепати. “На “Обесчовечувач” му требаше долго време, тој едноставно беше тешка работа“ рече Луми. “Ни одзеде премногу време, не кошташе милион долари, а тоа е проклето смешно“. Дио подоцна го нарече албумот тежок, но вреден за напорите. “Тоа беше нешто што ние моравме да го исцедиме од нас самите, но јас мислам затоа тој успеа“ рече тој. “Понекогаш ви треба таков вид на тензија, затоа што ќе направите Божиќен албум“. Албумот “Обесчовечувач” беше издаден на 22 јуни 1992 година, а во САД на 30 јуни 1992 година од Reprise Records, бидејќи Рони Џејмс Дио и истоимениот бенд беа сè уште под таа издавачка куќа. Додека албумот прими мешани рецензии, тоа беше најголемиот комерцијален успех на бендот во последната деценија. Усидрен на топ 40 рок радио со синглот “ТВ Крајмс“, најдобриот пласман на албумот беше 44 место на Билборд 200. Албумот исто така ја содржи песната “Временска машина“(Time Machine), од која беше снимена верзија за филмот “Светот на Вејн” во 1992 година. Додатно, перцепцијата на многу обожаватели за сличноста со “вистинската“ Блек Сабат му го обезбеди на бендот потребниот импулс, кој му беше многу потребен.

Блек Сабат почна со турнеја за поддршка на “Обесчовечувач” во јули 1992 година со Testament, Danzig, Prong, и Exodus. Додека беа на турнеја, претходниот пејач Ози Озборн го објави своето прво пензионирање, и ги покани Блек Сабат да бидат предгрупа за неговиот соло бенд на последните два концерти на неговата турнеја No More Tours во Costa Mesa, Калифорнија. Бендот се согласил, освен пејачот Рони Џејмс Дио, кој рече:

“Мене ми беше речено на средината од турнејата дека ние ќе бидеме предгрупа за Ози Озборн во Лос Анџелес. И јас реков, “Не извинете, Јас имам повеќе гордост од тоа“. Многу лоши работи беа речени од камп до камп, и тоа го создаде оваа ужасна разединетост. Така да со согласувањето [бендот] да свири на концертите во Л.А. со Ози, тоа, за мене, го отфрли повторното обединување. И тоа очигледно значеше пропаст на тој особен проект.

Дио ја напушти Блек Сабат после концертот во Оукленд, Калифорнија на 13 ноември 1992 година, една ноќ пред бендот да биде ангажиран да се појави на настапот за пензионирање на Озборн. Во последен момент им се приклучи Роб Халфорд, пејачот на Џудас Прист, настапувајќи два вечери со бендот. Ајоми и Батлер исто така му се придружија на Озборн и поранешниот тапанар Бил Ворд на бината за првпат после концертот Live Aid во 1985 година, изведувајќи краток сет од песните на Блек Сабат.

“Цели на крстот”(The Cross Purposes) и “Забрането”(Forbidden)(1993 – 1996)

Тапанарот Вини Апајс го напушти составот по настапот за повторно обединување и му се придружија на соло бендот на Рони Џејмс Дио, подоцна појавувајќи се во Strange Highwaysи Angry Machines на Дио. Ајоми и Батлер го ангажираа поранешниот тапанар на Реинбоу Боби Рондинели и поранешниот пејач Тони Мартин. Бендот се врати во студио за да работи на новиот материјал. Иако проектот не требаше да биде издаден под името Блек Сабат. Гизер Батлер објаснува:

Тоа дури не ни требаше да биде албум на Сабат; јас немаше ниту да го направам под изговор на Сабат. Тоа беше времето кога оригиналниот бенд зборуваше за враќање повторно на турнеја за повторно обединување. Тони и јас само што влеговме внатре со неколку луѓе, направивме албум само за да имаме, додека се одвиваше (под претпоставка) турнејата за повторно обединување. Тоа беше како проект албум на Ајоми/Батлер.

Под притисок на нивната издавачка куќа, бендот го издаде нивниот седумнаесетти студиски албум, “Цели на крстот” (The Cross Purposes), на 8 јануари 1994 година, под името Блек Сабат. Албумот доби мешани рецензии, од кои една беше од Блендер, кој му даде две звезди на албумот и изјави дека албумот на Soundgarden од 1994 година, Superunknown, е многу подобар албум на Сабат отколку овој, кој е направен само за пари. Бредли Тореано од Allmusic го нарече “Цели на крстот” (The Cross Purposes) “првиот албум после “Повторно роден” кој реално звучи како вистински албум на Сабат“. Албумот за малку не стигна на Топ 40 во Велика Британија, стигнувајќи само до 41 место, и исто така стигна на 122 на Билбордот 200 во САД. “Цели на крстот” ја содржеше песната “Зло Око“ (Evil Eye), која што беше напишана во соработка со гитаристот од Ван Хален, Еди Ван Хален, иако не доби заслуга поради рестрикциите на издавачката куќа. Турнејата за поддршка на “Цели на крстот” започна во февруари со “Морбиден Ангел” (Morbid Angel) и Моторхед во САД. Бендот сними видео запис во Хамерсмит Аполо на 13 април 1994 година, која што беше издадена на VHS проследен со CD, со наслов “Цели на крстот”. После европската турнеја со Cathedrall и Godspeed во јуни 1994 година, тапанарот Боби Рондинели го напушти бендот и беше заменет со оригиналниот тапанар на Блек Сабат, Бил Ворд за пет настапи во Јужна Африка.

После турнејата за “Цели на крстот”, басистот Гизер Батлер го напушта бендот за вторпат. “Јас конечно тотално се разочарав со последниот албум на Сабат, и јас повеќе ги претпочитувам работите кои ги пишував отколку работите кои Сабат ги правеа“. Батлер формираше соло проект наречен GZR, и го издаде “Пластична Планета” (Plastic Planet) во 1995 година. Албумот ја содржеше песната “Giving Up the Ghost”, којашто беше критика за Тони Ајоми за продолжувањето со името на Блек Сабат, со текст: Ти правиш плагијат и пародија/ од магијата на нашето значење/ легенда во твојот сопствен ум/ ги остави зад себесите твои пријатели/ не можеш да си признаеш дека грешиш/ духот е мртов и заминат.

Откако Батлер си замина, нововратениот тапанар Бил Ворд уште еднаш го напушти бендот. Ајоми повторно ги ангажира поранешните членови Нил Мареј на бас и Кози Пауел на тапани, делотворно повторно обединувајќи ја поставата на “ТИР”. Бендот го ангажираше гитаристот на Бади Каунт, Ерни.Ц за да го направат новиот албум, кој беше снимен во Лондон во есента 1994 година. Вокал гостин на песната “Илузии за Моќ“ беше Ајс Ти пејачот на Боди Каунт. Тоа беше албумот “Забрането”, кој е издаден на 8 јуни 1995 година, но не успеа да се пласира на листите во САД или Велика Британија. Албумот беше осудуван од критиката. Бредли Тореано од Allmusic рече “со досадни песни, ужасна продукција, и неинспирирана изведба, ова е лесно да се избегне за сите освен за најентузијастичните обожаватели“, додека списанието Блендер, “Забрането” го нарече “срамота... најлошиот албум на бендот“.

Блек Сабат започнаа светска турнеја во јули 1995 година со воведни бендови Моторхед и Тиамат, но после два месеци тапанарот Кози Пауел го напушти бендот од здравствени причини и беше заменет од поранешниот тапанар Боби Рондинели. По завршувањето на концертите во Азија, во декември 1995 година, Тони Ајоми го стави бендот на пауза, и почна работа на соло албумот со поранешниот пејач на Блек Сабат, Глен Хјуз, и поранешниот член на Џудас Прист, тапанарот Дејв Холанд. Откако се заврши, албумот не беше официјално издаден, иако добро познатата песна “Осмата Звезда” излезе набрзо. Албумот беше официјално пуштен во продажба во 2004 година под името “ДЕП сесиите од 1996 година”, а тапаните беа преснимени од тапанарот Џими Копли.

Во 1997 година, Тони Ајоми ја распушти тековната постава на бендот за официјално повторно да се обединат со Ози Озборн и оригиналната постава на Блек Сабат. Пејачот Тони Мартин изјави преговори за обединување на оригиналната постава имало уште од краткотрајното обединување на бендот на настапот на Ози Озборн во Коста Меса во 1992 година, и дека бендот ги издал наредните неколку албуми само за да го исполни нивниот договор за снимање со I.R.S. records. Мартин изјави дека “Забрането” беше еден од тие албуми за исполнување на договорот. “Сепак, во тоа време јас не ја знаев таа информација. ”I.R.S. records издаде компилациски албум во 1996 за да го исполни договорот на бендот, со наслов “Камењата на Сабат” (The Sabbath Stones), во кој се најдоја песни од “Повторно роден” и “Забрането”.

“Повторното обединување со Ози Озборн”(Osbourne Reunion) (1997 – 2006)

Во летото 1997 година, Тони Ајоми, Гизер Батлер, и Ози Озборн официјално повторно се обединија за заедно да го предводат фестивалот Озфест заедно со соло бендот на Озборн. Во поставата беа тапанарот на Озборн, Мајк Бордин, замена за Бил Ворд, кој не беше во можност да учествува заради претходните обврски во својот соло проект, Бендот на Бил Ворд. Во декември 1997 година, на групата му се придружи Ворд, правејќи го првото обединување со четворицата оригинални членови после шоуто за пензионирање на Озборн во 1922 година. Оригиналната постава сними два настапи на Birmingham NEC, коишто беа издадени како дупли албум во живо “Повторно Обединување” на 20 октомври 1998 година. “Повторно Обединување достигна” на број единаесет на Билбордот 200, и доби платинеста плоча во САД. Албумот го исфрли синглот “Железен Човек“, којшто ја доби првата и единствена Греми награда на Блек Сабат во 2000 за Најдобра Метал Изведба, 30 години откако песната беше првобитно издадена. “Повторното Обединување” исто така содржи две нови студиски песни, “Психо Мен“ и “Продавање на Мојата Душа“. И двете се пробија на топ 20 на листата Билборд Меинстрим Рок.

Пред бендот да тргне на Европска турнеја во летото 1998 година, тапанарот Бил Ворд претрпе срцев удар и беше привремено заменет со поранешниот тапанар Вини Апајс. Ворд се врати на време за турнејата во САД со воведниот бенд Пантера, кој ја започна својата турнеја во јануари 1999 и продолжи низ летото предводејќи ја годишната Озфест турнеја. После настапите на Озфест, бендот паузираше додека членовите работеа на соло материјали. Тони Ајоми го издаде неговиот официјален прв соло албум, Ајоми, во 2000 година, додека Озборн ја продолжи работата на неговото следно соло издание, “Реалистичен” (Down to Earth).

Блек Сабат се врати во студио за да работи на нов материјал со сите четири оригинални членови и продуцентот Рик Рубин во пролетта 2001 година, но сесиите беа запрени кога Озборн беше повикан да ги заврши песните за неговиот соло албум во летото 2001 година. “Тоа едноставно дојде до крајот“, рече Ајоми. “Не отидовме понатаму, и тоа навистина е штета бидејќи [песните] беа навистина добри“. Ајоми коментираше за тешкотијата за да се соберат заедно сите членови на бендот за да работат на материјалот:

Сосема е поинаку да се снима сега. Ние сите направивме толку многу во меѓувреме. Порано немаше звонење на мобилни телефони на секои пет секунди. Кога почнавме, ние немавме ништо. Сите работевме за истата работа. Сега секој има направено толку многу други работи. Многу е забавно и сите си имаме добар муабет, но различно е да се направи албум.

Во Март 2002, реалното шоуто “Озборнови” на Ози Озборн кое доби Еми, дебитираше на МТВ, и набрзина стана светски хит. Шоуто го претставуваше Озборн на пошироката публика и за да ја искористи издавачката куќа на претходниот каталог на бендот, Sanctuary Records издаде двоен албум во живо Past Lives, кој истакнуваше концертен материјал снимен во 70те години, кој го вклучуваше и претходно неофицијалниот албум Live at Last. Бендот остана во празнина (празен период) сè до летото 2004 година, кога тие се вратија и го предводеа Озфест 2004 и 2005 година. Во ноември 2005 година, Блек Сабат беа внесени во Музичката Сала на Славните на Велика Британија, а во 2006 година, после единаесет години на квалификации, бендот беше внесен во Рок енд Рол Салата на Славните во САД. На церемонијата Металика отсвири две песни на Блек Сабат, “Дупка во Небото“ и “Железен Човек“ како признание за бендот.


“Годините со Дио”(The Dio Years) и “Рај и Пекол” (Heaven And Hell) (2006 – 2010)

Додека Ози Озборн работеше на материјалот на новиот соло албум во 2006, Рино рекордс го издаде “Блек Сабат: Годините со Дио”, компилација на песни одбрани од четирите изданија на Блек Сабат со Рони Џејмс Дио. За издавањето, Ајоми Батлер, Дио и Апајс повторно се обединија за да напишат и снимат три нови песни под името Блек Сабат. “Годините со Дио” беше издаден на 3 април 2007 година, достигнувајќи на број 54 на Билбордот 200, додека синглот “Ѓаволот Плачеше“ достигна до број 37 на списокот на Меинстрим Рок Трекс. Задоволни од резултатите, Ајоми и Дио одлучија повторно да ја обединат поставата од времето на “Рај и пекол” за светска турнеја. Додека поставата со Озборн, Батлер, Ајоми и Ворд сè уште официјално беа нарекувани Блек Сабат, новата постава одлучи да работи под името “Рај и пекол, по албумот со истото име, за да се избегнува забуна. Тапанарот Бил Ворд првобитно требаше да учествува, но беше изоставен пред да започне турнејата заради музичките разлики со “неколку членови од бендот“. Тој беше заменет со поранешниот тапанар Вини Апајс, и делотворно повторно ја обедини поставата која што беше на албумите “Толпата владее” и “Обесчовечувач”.

“Рај и пекол” имаше турнеја во САД со Megadeth и Machine Head како воведни бендови, и снимија албум во живо и ДВД во Њујорк на 30 март 2007 година, под името “Во живо од Радио Сити Мјузик Хол”. Во ноември 2007 година, Дио потврди дека бендот планира да сними нов студиски албум, кој беше снимен следната година. Во април 2008 година, бендот ги објави следното издание и учеството на турнејата Метал Мастерс, заедно со Џудас Прист, Моторхед и Тестамент. Комплетот од албуми, “Правилата на Пеколот” (The Rules of Hell), кој ги содржеше преработените верзии на сите албуми на Блек Сабат со Дио како фронтмен, беше поддржан од турнејата Метал Мастерс. Во 2009 година, бендот го објави името на нивниот деби студиски албум, “Ѓаволот кој го Познаваш” (The Devil You Know), издаден на 28 април.

Во март 2010година, Блек Сабат објави дека заедно со Металика ќе издадат ограничено издание за да го прослават Record Store Day. Тој беше издаден на 17 април 2010 година.

На 26 мај 2009 година, Озборн поднесе тужба до федералниот суд во Њујорк против Ајоми тврдејќи дека тој илегално го барал името на бендот, Ајоми изјави дека тој е единствениот член на бендот сите четириесет и една година и дека неговите другари од бендот се одрекле од нивните права за името во 1980те, и според тоа тој има повеќе право за името на бендот. Иако, во процесот, Озборн бара 50% сопственост од името, тој рекол дека се надева дека сослушувањето ќе доведе до еднаква сопственост помеѓу четририте оригинални членови.

На 16 мај 2010 година, Рони Џејмс Дио почина после борба со рак на стомакот. Во јуни 2010 година, правната битка помеѓу Ози Озборн и Тони Ајоми за сопственоста на името Блек Сабат заврши, но резултатите не биле откриени.

“Повторното обединување” (Reunion)(2010 – денес)

Во јануари 2010 година, во едно интервју кое ја промовираше неговата биографија, “Јас сум Ози”, Озборн изјавил дека иако тој не ја отфрла можноста за повторно обединување, тој се сомнева дека ќе има повторно обединување со сите оригинални членови. Озборн изјавил, “Јас нема да речам дека јас напишав [Повторно обединување] засекогаш, но токму сега не мислам дека има некаква шанса за тоа. Но којзнае што иднината ќе ми донесе? Ако тоа ми е судбина, во ред“. Озборн го споредува тоа со враќањето кај поранешна девојка, и вели: “Имав девојки кога бев помлад и ќе си речев, ’Ох, јас навистина би сакал да и се вратам на Ширли’, и тогаш го правиш тоа и се прашуваш самиот себеси, “Што мислев јас, по ѓаволите?“ Според Гизер Батлер, немаше да има повторно обединување на Блек Сабат со Озборн во 2011 година, бидејќи Озборн требаше да биде на турнеја со неговиот соло бенд.

На 15 ти август 2011 година, една статија на музичкото мрежно место Метал Ток изгледаше како да го потврдува повторното обединување на поставата на Блек Сабат, велејќи дека Озборн, Ајоми, Батлер и Ворд одлучиле повторно да се обединат на 1 ви август а на 15 ти август “се собрале во нивното тајно студио да вежбаат, и започнал процесот на повторно враќање на сцената”, со шанси на “нов албум“. Сепак, два дена после тоа, Тони Ајоми на неговата официјално мрежно место напишал дека новинарот од Бирмингам, со кого тој разговарал за повторното обединување, ја преувеличувал вистината. Ајоми само шпекулирал, а актуелни планови за повторно обединување не постоеле.

Блек Сабат беа домаќини на приватна церемонија на 11 ноември 2011 година во Whisky a Go Go во Холивуд, Калифорнија. Домаќин бил поранешниот пејач на Блек Флег, Хенри Ролинс, а настанот настапија сите четири оригинални членови на бендот Блек Сабат. После долготрајните гласини, на овој настан, Блек Сабат објавиле дека тие официјално ќе се обединат повторно. Повторното обединување требаше да биде проследено со настап на Фестивалот Даунлоуд во 2012 година, и ново сниманиот студиски албум од продуцентот Рик Рубин кој се очекува да биде издаден кон крајот на 2012 година. Кога Ролинс го прашал бендот зошто сега избрале да се обединат повторно, Ајоми одговорил “Тоа ќе биде сега или никогаш. Одлично се сложуваме. Се е навистина добро“. Батлер исто така коментирал дека новиот материјал звучи како стариот стил и звук на Сабат“. На 18ти ноември бендот објавил низа на концерти од Европската турнеја што треба да се одржат во мај и јуни 2012 година.

Музички стил

Иако Блек Сабат имаше многу различни постави и стилски промени, нивниот оригинален звук се фокусираше на злослутни текстови на песните и деструктивна музика, често користејќи го музичкиот tritone, исто така наречен “ѓаволскиот интервал“. Одржувајќи се во потполн контраст на популарната музика од раните 1970-ти, мрачниот звук на Блек Сабат беш отфрлена од рок критичаите во тоа време. Исто како и многу современици од нивниот ран хеви метал, бендот практично не бил пуштан во живо на рок радијата.

Првобитниот пишувач на песни за бендот, Тони Ајоми го напишал поголемиот дел на музиката за Блек Сабат, додека Озборн ги пишувал вокалните мелодии, а басистот Гизер Батлер ги пишувал текстовите на песните. Процесот понекогаш бил фрустрирачки за Ајоми, кој често се чувствувал под притисок да пишува нов материјал. “Ако мене не ми текнеше нешто, никој не правеше ништо.“ За влијанието на Ајоми Озборн подоцна ќе рече:

“Блек Сабат никогаш немаше обичај да напише структурна песна. Имаше долг вовед кој преминуваше во џез дел, потоа сето одеше во фолк ... и сето тоа успеваше. Тони Ајоми – и јас го кажавме ова зилион пати - треба да се биде таму горе со големите работи. Тој можеше да земе гитара, да отсвири риф, и вие ќе речевте, ’Тој мора да престане сега, тој не може да се искачи на врвот со тоа’. Потоа вие се враќавте, и јас би се обложил со вас во милјарда долари, тој ќе се појавеше со риф кој ќе ве воодушеви.

Раните албуми на Блек Сабат истакнуваа расштимани гитари, кои придонесуваа за мрачното чувство на музиката. Во 1966 година, пред да ја формира Блек Сабат, гитаристот Тони Ајоми претрпел незгода додека работел во фабрика за метални лимови, губејќи ги врвовите на два прсти на неговата десна рака. Ајоми за малку ќе се откажал од музиката, но директорот на фабриката го натерал да го слушне Џанго Рајнхарт, џез гитарист, кој го изгубил осетот на два прсти. Инспириран од Рајнхарт,, Ајоми направил два напрстоци од пластика и кожа за врвовите на неговите два прста на што му недостасуваа. Гитаристот почна да користи полесни жици, и ја расштимувал неговата гитара, за полесно да ги фаќа жиците со неговите протези, со што музиката добивала помрачно чувство. Рано во историјата на бендот, Ајоми експериментирал со различни штимови, вклучувајќи го и C# штим, или 3 полутонови подолу, пред да почне да свири во Еb/D# штим, или полустепен надолу од стандардниот штим.

Влијание

Блек Сабат аргументирано се еден од хеви метал бендовите со најголемо влијание на сите времиња. Бендот помогна да се создаде жанрот со истакнати албуми како што е “Параноја”, албум за кој списанието Ролинг Стоун рече “ја промени музиката засекогаш“, и го нарече бендот “Битлси на хеви металот“. Списанието “Тајм” го нарече “Параноја” “местото на раѓање на хеви металот“, поставувајќи го него на нивниот список на Топ 100 Албуми на Сите Времиња. Ем Ти Ви гi постави Блек сабат на број еден од нивните Топ Десет Хеви Метал Бендови а Ви Ејч 1 (VH1) ги постави на второ место на нивната листа од 100 Најголеми уметници на Хард Рок. Ви Ејч 1 (VH1) ја рангираше “Железен човек“ за песна број еден на нивната топ-список на 40 Најдобри метал песни. Вилијам Рулман од Allmusic рекол:

Блек Сабат биле толку влијателни во развитокот на хеви метал и рок-музиката за да бидат дефинирачка сила во стилот. Групата го земала блуз-рок звукот од касните 60-ти години, делата како Cream, Blue Cheer и Vanila Fudge,го успорувала темпото, истакнувајќи го басот, и нагласувајќи ги пискавите соло гитари и урлачките вокали полни со текстови на песните кои го изразувале душевното патење и грозни фантазии. Ако нивните претходници јасно се појавиле со една електризирана блуз традиција, Блек сабат ја доведе таа традиција во еден нов правец, и правејќи го тоа помогна да се роди музички стил кој продолжи да привлекува милиони обожаватели, децении подоцна.

Влијание и иновација

Ларс Улрих од Металика, кој, заедно со другарот од бендот Џејмс Хетфилд го воведоа Блек Сабат во Салата на Славата на Рок енд Ролот во 2006, рече “Блек Сабат е, и секогаш ќе биде синоним за хеви металот“, додека Хетфилд рече “Сабат ме направи да започнам со сите тие гомна кои звучат зло, и сето тоа заглави во мене. Тони Ајоми е кралот на хеви риф“. Поранешниот гитарист на Ганс енд Роузис, Слеш за “Параноја” рече “Едноставно има нешто во целиот албум што, кога сте дете, се возбудувате со тоа, тоа е како цел различен свет. Тоа едноставно ви го отвора умот кон друга димензија... “Параноја” е целото искуство на Сабат, многу индикативно за она што Сабат го мислеше во тоа време. Стилот на свирење на Тони – нема разлика дали е вон ’Параноид’ или вон ’Небо и Пекол’ – тоа е многу дистинктивно.“ Скот Јан гитаристот на Антракс рече “Во секое интервју ме прашуваат. ’Кои се вашите топ пет метал албуми?’ Јас си го олеснувам тоа на самиот себеси и секогаш велам првите пет албуми на Сабат. “Крис Адлер од “Јагнето на Господ” (Lamb of God) рече “Доколку некој кој свири хеви метал вели дека не е под влијание на музиката од Блек Сабат, тогаш мислам дека тој ве лаже. Јас мислам дека целата хеви метал музика, на некој начин, е под влијание на она што го направи Блек Сабат.

Во прилог на тоа што беа пионери на хеви металот, тие исто така имаа заслуги за поставувањето на темелите за под-жанровите на хеви метал, stoner rock, sludge metal, black metal, и doom metal. Сабат исто така беа едни од првите кои Готската музика ја направија во жанр.

Културно, Блек Сабат извршија огромно влијание и на телевизијата и на литературата и во многу прилики се наречени синоним со хеви металот. Во филмот Скоро Славни, Лестер Бенгс му дава на протагонистот една задача да го опфати бендот (заплет број еден) со реченицата: ’Дајте ми 500 зборови за Блек сабат’. Современата списание за музика и уметности, Trebuchet Magazine го практикува ова со тоа што на сите нови писатели им дава задача да напишат кратко дело (500 зборови) за Блек Сабат со цел да ја докажат нивната креативност и гласот на добро документиран предмет.

Дискографија[уреди | уреди извор]