Рокенрол
Од Википедија
Рокенрол, (англ. rock and roll = нишкање и свивање) исто така наречен рок, е форма на популарна музика, обично со вокали (често со вокална хармонија), електрични гитари и силен ритам; други инструменти како саксофон се чести во некои стилови. Рокенролот потекнува од мешавина на повеќе мултикултурни жанрови, како блуз, џез, госпел и кантри.
Како културен феномен, општественото влијание на рокот низ светот е без паралела меѓу видовите на музика. Неговата прифатливост произлегува и од неговата мултикултурна основа. За рокенролот се смета дека завршувал војни и ширел мир и толеранција, како и дека ги расипувал невините и ширел морален гнилеж. Рокот, роден во САД во 1940-тите, има станато популарен по целиот глобус и има еволуирано во повеќе различни стилови. Во рамките на рокенролот спаѓаат и голем број на под-правци како хеви метал, хард рок, панк, итн.
[уреди] Видете исто така
[уреди] Надворешни врски
- Се работи за рок - Најголемит рок песни, бендови и албуми на сите времиња
- Рокенрол вести
- Класични рок текстови
- Влијанието на електронската музика во рок музиката, 1967-76; Кит Емерсон, Џими Хендрикс, Pink Floyd и други
- Бирмингем звукот
- Рок музика како уметничка форма
- Рок форуми