Саксофон

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Саксофон
алт саксофон во E♭

алт саксофон во E♭
Класификација
Скала
Sax range.svg
Сродни инструменти

Саксофонот, скратено Sax., е дрвен дувачки инструмент, иако како и флаутата, е направен од метал, но според изведувачката техника и градба припаѓа на оваа фамилија, на која и се придружил дури во половината на 19. век. Наречен е според својот градител Адолф Сакс (Adolphe Sax). Тој ги комбинирал искуствата од дотагашните инструменти, па саксофонот има усник како и кларинетот – со просто јазиче од трска, механизмот и техниката на прстите му се најслични на обоата, а звукот на фаготот (чиј висок регистар и се нарекува ”саксофонски”).

Саксофонот се гради во цела низа регистри, од најдлабока до највисока звучност, но најчести се алт-, тенор-, а донекаде може да се каже и сопран- и баритон-саксофон. Повеќето варијанти имаат права цевка, па личат на лимената обоа или кларинетот. Кај другите цевката е карактеристично свиткана во почетокот и завршетокот, со издолжена инка подигната нагоре. Саксофонот е конструиран за потребите на воената музика и во некои западноевропски земји таа функција ја има и денес. Во симфониските оркестри и во уметничката музика се користи сразмерно ретко (Морис Равел - Болеро (сопран in B и тенор in B), Модест Петрович Мусоргски - Слики од изложбата - во оркестрација на Морис Равел (алт in E♭), Бенџамин Бритен - Simfonia da Requiem (алт in E♭), Микис Теодоракис - Гркот Зорба (алт in B) и други), но во ансамблите за забавна музика, посебно во џезот, многу е истакнат, со цела низа значајни солисти-виртуози.


Надворешни врски[уреди]