Гинисови рекорди

Од Википедија — слободната енциклопедија
Гинисови рекорди
The Guinness World Records 2009 edition
Авторнема
Преведувачнема
ИлустраторIan Bull, Trudi Webb
Изработувач на
корицата
Yeung Poon
ЗемјаИрска
Јазиканглиски, арапски, бразилски, португалски, кинески, хрватски, чешки, дански, холандски, естонски, фински, француски, германски, грчки, хебрејски, унгарски, исландски, италијански, јапонски, латвиски, норвешки, руски, словенечки, словачки, шпански, шведски и турски
СеријалGuinness World Records
Предмет(и)светски рекорди
Жанринформации
ИздавачJim Pattison Group
Издадена
1955-до денес
Страници288 (2006)
287 (2007)
289 (2008)
288 (2009)

Гинисови светски рекорди, од 2000 година познати под името „Гинисовата Книга на Рекорди“ (и претходно во изданијата во САД како Гинисовата Книга на Светски Рекорди) е референцијална книга која се објавува секоја година, и ги содржи меѓународно познатите колекции на светски рекорди во кои се вклучуваат сите човечки достигнувања, како и екстремите на живиот свет. Книгата самата по себе држи светски рекорд, како најпродаваната книга со авторско право на сите времиња.[1]

Историја[уреди | уреди извор]

На 4 мај 1951 година, Сер Хју Бивер, тогашен генерален директор на Гинисовата Пиварница, отишол на лов во Северен Слоб, до реката Слени во селото Вексфорд, Ирска. Тој бил вклучен во дебатата за тоа која била најбрзата птица во Европа, дали златната барска птица или пак тетребот. Тоа пладне во Кеслбриџ Хаус тој сфатил дека било невозможно да се потврди од прирачниците дали златната барска птица е најбрзата птица во Европа. Бивер помислил дека сигурно мора да има голем број на други прашања кои биле дебатирани насекаде низ крчмите (пабовите) во Британија и Ирска. Тој исто така заклучил дека за жал сѐ уште не постоела книга во која сите тие прашања би можеле да го добијат својот одговор. Најпосле, му паднало на памет дека книга во која би имало голем број на одговори на какви било прашања би можела да биде доста популарна.

Идејата на Бивер се остварила кога Кристофер Чатавеј, работник во Гинисовата компанија, му ги препорачал студентите - близнаци, Норис и Рос МекВиртер, кои направиле агенција која „ловела“ факти во главниот град на Британија, Лондон. Браќата биле овластени да направат компилација на факти, со што подоцна ја составиле Гинисовата Книга на Рекорди во август 1954 година. Биле испечатени и продадени илјада копии.[2]

По основањето на Гинисовата Книга на Рекорди, првото издание со 197 страници било издадено на 27 август 1955, набрзо станувајќи најпродаваниот бестселер во Британија до Божиќ. „Не очекувавме дека оваа книга ќе стане творец на пари,“ изјавил Бивер. Следната година книгата за првпат била издадена и во Соединетите Американски Држави каде што биле продадени околу 70.000 копии. Откако книгата станала изненадувачки хит, многу од следните изданија биле испринтани, најпосле исплатувајќи ги примероците еднаш в година, кои секогаш биле издавани во октомври за да коинцидираат со Божиќните распродажби. МекВиртери продолжиле да ја издаваат книгата и другите поврзани книги со истата, па оваа традиција трае и ден денеска. И двајцата браќа имале енциклопедиска меморија - на ТВ емисијата „Рекордери“, која била заснована на самата книга, тие честопати знаеле да одговорат на прашањата поставени од било кој од публиката, при што одговорите кои ги давале - најчесто биле точни! Рос МекВиртер била убиена од заседа од страна на Привремената Ирска Републиканска Армија во 1975 година. По нејзината смрт, шоуто било преименувано во „Норис на место“.

Гинисовата Книга на Светски Рекорди Друштвото со ограничена одговорност било формирано во 1954 година за да се публикува првата книга. Групата била поседувана од Пиварницата Гинис, а подоцна од Диагео до 2001 година, кога била купена од страна на Gullane Entertainment. Компанијата Гуланe пак била купена од страна на HiT Entertainment во 2002 година, а во 2006 година, Апакс Партнерите ја купиле ХиТ, кои пак подоцна ја продале Гинисовата Книга на Рекорди во почетокот на 2008 година на Џим Патисон Групацијата, компанија која е поседувана од Ripley (Рипли) Entertainment, Inc…

Еволуција[уреди | уреди извор]

Некои светски рекорди се почудни од некои други: Суреш Јоаким, на неколку минути од кршењето на рекордот за пеглање алишта од 55 часа и 5 минути.

Новите едиции се фокусирани на рекордите кои се поставени од човечките натпреварувачи. Натпреварувањата одат од крајност во крајност, како на пример: има некои кои вклучуваат кревачи на товар, има некои кои ги вклучуваат најдолгите фрлачи на јајца, во други пак се наоѓаат луѓето кои најмногу потрошиле време на играње на Grand Theft Auto IV и така натаму.

Покрај овој вид на рекорди, во книгата можат да се најдат и рекорди кои го вклучуваат најтешкиот вид на тумор, најотровното растение, најкратката река (Роу реката), најмногу изведуваната драма („Водејќи го светлото“), светскиот најдобар продавач (Џоу Џирард), најуспешната реална телевизиско музичка група (Girls Aloud) и единствените брат и сестра кои успеале да имаат број еден песни како соло во историјата на топ 40 списокот на песни во Велика Британија (Даниел и Наташа Бедингфилд). Многу од рекордите се фокусирани и на младите личности кои успеале да направат нешто, како што е примерот со најмладиот човек кој ги посетил сите нации во светот – Маурицио Гилиано.[3]

Сите изданија содржеле селекција од голем број на рекорди во Гинисовата база на податоци и критериумот за нив не е променет со години. Сите најнови рекорди се додаваат, но и рекордите кои не се нови остануваат исто така. Истерувањето на Норис МекВиртер од неговата консултирачка улога во 1995 година, како и подоцнежната одлука од Диагео компанијата да го продаде брендот на Гинисовата Книга на Светски Рекорди ја претвориле книгата од текстуално ориентирана референцијална книга во илустриран продукт. Оваа промена значела дека поголемиот број на светски рекорди не биле веднаш поставувани во книгата (или на мрежното место) туку чекале да добијат потврда дека успеале да го „скршат“ рекордот.

Критичарите (вклучувајќи го и МекВиртер) укажувале дека по отпуштањето на Норис МекВиртер, книгата станала склона кон создавање на категории на рекорди само колку за да се спомнат што повеќе ѕвезди со цел книгата да биде попродавана. Еден злогласен пример за ова е настанувањето на „Најпознатата Виртуелна Група“ категоријата во 2001 година, во која секако победила групата Горилаз, од едноставна причина што тие биле единствената виртуелна група (заедно со Алвин и Вервериците) која постоела. Токму поради ова, овој „рекорд“ многу од критичарите воопшто не го ни сметаат за валиден.

Гинисовата Книга на Рекорди е светски најкупуваната книга со авторско право, со што на тој начин таа самата се награди себеси. Голем број на спин-оф (со иста/слична тематика) книги и телевизиски серии биле направени. Во секој случај акцентот на овие шоуа бил ставен повеќе на спектакуларните, забавните акробации, отколку на каква било аспирација за информирање или подучување. Во Гинисовата Книга на Рекорди не може да се сретне категоријата „Човек со најмногу рекорди“, бидејќи ова се менува премногу, а рекордите кои еднаш постојат не смеат да се избришат, па токму поради тоа оваа категорија не би била ферска. Во 2005, Гинис го одредил 9 ноември, како Интернационален ден на светските рекорди со цел да се охрабри поставувањето на светските рекорди; нешто кое било опишано како „феноменално успешен“ проект. Верзијата која била издадена во 2006 година претставувала „најголем светски меѓународен настан за таа година“, кој привлекол околу 100.000 луѓе кои учествувале во над 10 држави. Промоцијата на Гинис му донела цели 2.244 нови валидни рекорди во наредните 12 месеци, што било за 173% повеќе во споредба со минатата година.[4] Во февруари 2008 година, телевизиската мрежа NBC‏‎ ја прикажала списокот на топ 100 Гинисови Светски Рекорди на сите времиња, листата која може да се пронајде на официјалното мрежно место на Гинисовите Светски Рекорди.[5]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Watson, Bruce. (August 2005). "World's Unlikeliest Bestseller". Smithsonian, pp. 76–81.
  2. „History of Guinness Book of Records“. Архивирано од изворникот на 2006-05-13. Посетено на 2007-04-29.
  3. Guinness Book of World Records 2006, page 126 of UK edition.
  4. „Records Shatter Across the Globe in Honor of Guinness World Records Day 2006“. Архивирано од изворникот на 2012-07-18. Посетено на 2007-04-29.
  5. Guinness World Records Live: Top 100. Guinness World Records. Посетено на 6 ноември 2008.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]