Букурешт

Од Википедија — слободната енциклопедија
Букурешт
București
Главен град
Од горе, лево кон десно:
Центарот на БукурештРомански Атенеум • Стариот град • Палата на парламентот • Фонтани
Знаме на БукурештГрб на Букурешт
ДржаваРоманија
Управа
 • ГрадоначалникНикушор Дан
Површина[1][2]
 • Главен град228 км2 (88 ми2)
 • Метро1,811 км2 (0,699 ми2)
Надм. вис.{{Пб/Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „–“
 |1=Грешка во изразот: Непрепознаен интерпункциски знак „–“
}}
55,8–91,5 м
Население (попис 2011)[4]
 • Главен град1,883,425
 • проц. од (1 јули 2020)2,155,240[3]
 • Густина8,026/км2 (20,79/ми2)
 • Метро2,315,173 (Букурешт-Илфов)[3]
Часовен појасEET (UTC+02:00)
 • Лете (ЛСВ)EEST (UTC+03:00)
БДП (номинален)2021[5]
 - Вкупен€53.9 милијарди (23.7% од романскот)
 - По глава на жител€29,562[6]
ИЧР (2018)0.917[7]многу висок
Мреж. местоpmb.ro

Букурешт (романски: București) — културна, индустриска и финансиска престолнина на Романија. Воедно е и најголемиот град во Романија, сместен на југоистокот на земјата, на 44°25’57’’ северно и на 26°06’14’’ источно, и лежи на бреговите на реката Дунав. Првпат бил документиран во 1459 година. Од тогаш, тој поминал низ многу промени, и во 1862 година станал главниот град на Романија. Полека но сигурно, тој ја зацврстуваше својата позиција како романскиот центар на културата, уметностите и медиумите. Неговата еклектична архитектура е мешавина од неокласицизам, меѓувоена,комунистичка и модерна. Во периодот помеѓу двете Светски војни, елегантната архитектура на градот и софистицираноста на елитата му го донела прекарот ,,малиот Париз на Истокот” (Micul Paris). Иако многу зданија и региони во историскиот центар беа уништени во војната, заедно со бројните земјотреси и програмата на Николае Чаушеску за систематизација, многу од нив и преживеаа. Во последниве години градот доживува економски и културен бум. Според проценките од 1 јануари 2009, Букурешт има население од 1,944,367 жители. Населеното подрачје се протега и надвор од границите на Букурешт, и заедно имаат население од 2 милиони жители. Додавајќи ги и околните градови во близина на урбанизираната средина, целокупната градска популација изнесува 2.15 милиони луѓе. Спред неофицијални податоци, населението изнесува повеќе од 3 милиони жители. Букурешт е шестиот по ред најголем град во Европската Унија. Економски, Букурешт е најпросперитетниот град во Романија, и еден од главните индустриски и транспортни центри во Источна Европа. Градот поседува голем број на образовни,културни, шопинг и рекреационални установи. Вистинското административно име на градот е Општина Букурешт (Municipiul Bucureşti) и се наоѓа на исто административно ниво, како и покраина, која е поделена на шест сектори.

Етимилогија[уреди | уреди извор]

A cartoon centipede reads books and types on a laptop.
Букурешт сниман од сателит во 2005 година

Името Букур има неодредено потекло, традицијата го поврзува основањето на Букурешт со името Букур, кој бил, според различни легенди, принц,одметник, рибар, овчар, или ловец. На Романски, коренот на зборот Букур, значи радост, милост.[9] Официјалното име на градот во целина е Општина Букурешт (на Романски Municipiul București). Жителите на Букурешт се нарекуваат Букурештани (на романски bucureștean).

Историја[уреди | уреди извор]

Историјата на Букурешт поседува периоди на прогрес и регрес, од самите почетоци на Антиката па сè до неговото официјализирање како претстолнина на Романија во доцниот 19 век. Првпат е споменат во 1495година, како ,,Катедралата на Букурешт”, кога станува резиденција на Влашкиот принц Влад III Цепеш. Стариот Двор на принцот (Curtea Veche) беше изграден од Мирча Чобанул (Mircea Ciobanul), а во текот на подоцнежното негово владеење, Букурешт беше земен како летна резиденција,[10] натпреварувајќи се со Трговиште(Târgoviște), за статусот на престолнина, после зголемувањето на важноста на Јужна Мунтениа, проследено со зголемувањето на моќта на Отоманското Царство.

Во почетокот на 17 век, бил запален од Отоманците и на кратко бил запоставен од принцовите. Букурешт бил подоцна обновен, и продолжил да расте, како во големина, така и во просперитет. Центарот се наоѓал во околината на улицата ,,Uliţa Маre”, која од 1579 година е позната како Липсцан(Lipscani). Пред 18 век, Букурешт станал најважниот трговски центар на Влашка и станува постојана локација на Влашкиот двор, по 1698 година ( со започнувањето на владеењето на Константин Бранковеану).

A cartoon centipede reads books and types on a laptop.
Букурешт во 1837 година

Градот бил делумно уништуван од природни катастрофи, и реновиран неколкупати во текот на наредните 200години, бил погоден од чума во 1813-1814 година, бил отргнуван од Отоманското Царство од страна на Хабсбургшката монархија на неколку наврати (1716,1737,1789година) и од страна на Царска Русија (трипати помеѓу 1768 и 1806 година). Бил под Руска администрациона контрола, помеѓу 1828 и Кримската војна, со пауза помеѓу Влашката револуција од 1848год, која била со центар во Букурешт, и со заземањето на Букурешт од страна на Австриските гарнизони, по повлекувањето на Русите (останале во градот до март 1857). Исто така на 23 март 1847 година избувнал пожар кој уништил третина од градот, опожарувајќи околу 2.000 зданија. Социјалната разлика помеѓу сиромашните и богатите во тоа време, е опишана од страна на Фердинанд Ласал(Ferdinand Lassalle) како неред. Во 1861 година, кога Влашка и Молдавија се соединија за да се формира Кнежевството Романија. Букурешт стана новата престолнина на градот, а во 1881година, стана политички центар на новосоздаденото Романско Кралство. Во втората половина на 19 век, поради неговиот нов статус, населението драматично порасна, и нов период на урбанизација започна. Екстравагантната архитектура и космополитанската култура му го донесоа на Букурешт прекарот ,,Париз на Истокот” или ,, Мал Париз”, со Калеа Викторијеј (Calea Victoriei) како Шампс Елизе или Петтата Авенија. Помеѓу 6 декември 1916 и ноември 1918 година, беше окупиран од Германските сили, а престолнината беше преместена во Јаш (Iași). После Првата светска војна, Букурешт стана престолнина на Голема Романија. Во јануари 1941година, беше центарот на Бунтот на легионерите и Букурешкиот погром. Како романска престолнина на Силите на Оската, Букурешт претрпе големи загуби во периодот на Втората светска војна, поради бомбардирањата од страна на Сојузниците, и на 23 август 1944 година, доживеа државен удар, кој ја приближи Романија до Сојузниците, преживувајќи краток но деструктивен период на бомбардирања од страна на Луфтвафе(Luftwaffe).

A cartoon centipede reads books and types on a laptop.
Букурешт во 1827 година

За време на вледеењето на Николае Чаушеску(1965-1989), најголемиот дел од градот беше уништен и заменет со комунистичка архитектура, особено со апартмаснки блокови. Најдобар пример за овој вид на архитектура е Цивилниот Центар(Centrul Civic), вклучувајќи ја и Палатата на Парламентот каде што цело едно историско подрачје беше срамнето со земја, за да се направи пат за мегаломанските градења на Чаушеску. На 4 март 1977година, земјотрес со центар во Вранча, околу 135 километри надвор од Букурешт, резултираше со загубата од 1500 животи и уништи многу стари градби. Без оглед на сè, некои историски региони преживеаа и до денес. Романската револуција од 1989 година, започна со масовни анти-Чаушеску протести во Темишвар(Timișoara), во декември 1989година, и продолжија во Букурешт, резултирајќи со отфрлувањето на Комунистичкиот режим. Незадоволни со пост-револуционерното владеење на Националниот Фронт за Спас, студентските групи и опозицијата организираа масовни протести кои продолжија во 1990година и беа насилно прекинати од страна на рударите од Vаlea Jiului. Други протести следеа, кои придонесоа кон промена на власта. По 2000година, поради економскот бум во Романија, градот беше модернизиран и сè до денешен ден поминува низ период на урбанизација. Претежно во северните делови се градат станбени и економски објекти, додека центарот е во фаза на реновирање.

Повелби потпишани во Букурешт[уреди | уреди извор]

  • Повелбата од 28мај, 1812, на крајот од руско-турската војна
  • Повелбата од 3март, 1886, на крајот од српско-бугарската војна
  • Повелбата од 10август, 1913, на крајот од Втората балканска војна
  • Повелбата од 4август, 1916, повелбата за алијанса помеѓу Романија и Антантата
  • Повелбата од 6мај, 1918, повелбата меѓу Романија и Централните Сили

Географија[уреди | уреди извор]

Општи информации[уреди | уреди извор]

A cartoon centipede reads books and types on a laptop.
Паркот Херастрау
A cartoon centipede reads books and types on a laptop.
Зградата на Банката

Букурешт е позициониран помеѓу бреговите на Дамбовица (Dâmbovița), која се влева во Арџеш (Argeș), и е притока на Дунав. Неколку езера,од коишто најважните се: Херастрау (Herăstrău), Флореаска(Floreasca), Теи (Tei) и Колентина (Colentina), се простираат во градот заедно со реката Колентина, притока на Дамбовица. Во средина на престолнината, дополнително има и мало вештачко езеро – Чижмиџиу(Cișmigiu)- кое е опколено со истоимените градини. Овие градини имаат долга историја и биле посетувани од познати поети и писатели. Отворени во 1847година, градините се темелат на плановите на германскиот архитект Карл Ф.В. Мејер, и во денешно време се главниот рекреативен објект во градскиот центар. Покрај Чижмиџиу, Букурешт има повеќе големи паркови и градини, вклучувајќи го паркот Херастрау и Ботаничката Градина. Херастрау е голем јавен парк, сместен во северниот дел од градот, во близина на езерото Херестрау, и Селскиот Музеј, додека пак Ботаничаката Градина во Букурешт, е најголемата во Романија и содржи преку 10.000 видови растенија, повеќето егзотични, а во текот на историјата претставуваше и рекреативен парк на кралската фамилија.

A cartoon centipede reads books and types on a laptop.
Езеро од паркот Титан
A cartoon centipede reads books and types on a laptop.
Езеро Чижмиџиу

Букурешт се наоѓа во јужно-источниот дел на Романската рамнина, во регионот кој порано бил покриен од шумата Влашиеи(Vlăsiei), која, откако била покосена, се создало место за обработлива почва. Како и многу други градови, Букурешт се смета дека е основан помеѓу седум рида, слично како седумте рида на Рим. Седумте рида на Букурешт се : Михаи Вода, Деалул Митрополијеј, Раду Вода, Котрочени, Спиреи, Вакарешт и Св. Џорџе Ноу. Градот зафаќа површина од 226 км2, висината варира од 55,8метри (кај мостот на Дамбовица во јужно-источен Букурешт) и 91,5 метри (кај црквата во Милитари). Градот има релативно кружен облик, каде што центарот е ситуиран проближно на раскрсницата помеѓу северно-јужната и источно-западната оска на Универзитетскиот Плоштад. Камен-темелникот е поставен јужно од Универзитетскиот Плоштад пред новата црква на Свети Ѓорѓија, која се наоѓа на истоимениот плоштад. Полупречникот на Букурешт од Универизтетскиот Плоштад до маргините на градот во сите насоки, варира од 10 до 12 километри. Сè до неодамна, регионите кои го опколуваат Букурешт беа претежно рурални, но по 1989 година, нови предградија започнаа да се градат околу Букурешт, во околната општината Илфов (Ilfov). Подоцнежна урбана консолидација, е планирана да се одржи во 2006година, кога ќе се формира централното букурешко подрачје кое ќе содржи повеќе општини како и градот Илфов.

Клима[уреди | уреди извор]

Букурешт има влажна континентална клима, поради неговата позиција во однос на Романската рамнина, зимите се ветровити, иако некои од ветровите се задржани од страна на околните ридови. Зимските температури често паѓаат под 0 степени,а понекогаш стигнуваат и до -20степени. Во лето, просечната температура е 23 степени (средната вредност на температурите за јули и август), без оглед на фактот дека температурите често достигаат и 35 до 40 степени во средината на летото, во градскиот центар. Иако средниот износ на врнежи и влажност за време на летото се ниски, има повремени бури. За време на пролетта и есента, просечните дневни температури варираат помеѓу 17 и 22 степени, а врнежливоста во овој период има тенденција да биде поголема од летниот, со почести но поблаги врнежливи периоди.[11][12]

Закони и Влада[уреди | уреди извор]

Администрација[уреди | уреди извор]

Букурешт има специфичен статус во Романската Администрација, бидејќи тоа е едиствената општина која не е дел од покраина. Населението е поголемо од било која друга романска покраина и од таму доаѓа моќта на Букурешкото Градско Собрание(Primăria Generală), кое ја претставува локалната власт, и има иста дури и поголема моќ од таа на романските покраински собранија. Градот го води градоначалник(Primar General), од 2010година тоа е Сорин Опреску(Sorin Oprescu). Одлуките се одобруваат и дискутираат во Генералниот Совет(Consiliu General) кој е составен од 55 избрани советници. Градот е поделен на шест административни единици, од кои секоја има совет на единицата, каде што учествуваат 27 членови, градски совет и градоначалник. Моќите на локалната власт на специфична област се поделени помеѓу букурешкото Градско Собрание и Собранијата на локалните единица без преклопувања во авторитетот. Главното правило е дека главниот градски Совет е одговорен за транспортниот систем, водоснабдувањето и главните булевари, додека пак, Собранијата на единиците го менаџираат контактот помеѓу индивидуалците и локалната власт, споредните улици,парковите, школите и комуналната хигиена.

A cartoon centipede reads books and types on a laptop.
Шестте сектори на Букурешт

Шестте единици се нумерирани од 1 до 6 и се сместени во круг, така што секоја би имала дел од градскиот центар. Нумерирањето ги следи стрелките на часовникот и се понатаму поделени на маала, кои не се официјални.

Како сите други собранија во Романија, букурешкото собрание на единици, главното градско Собрание и градоначалниците се избираат на секои 4 години од страна на граѓаните. Букурешт има и префект кој се назначува од централната Влада на Романија. Префектот не смее да биде дел од ниедна политичка партија. Неговата улога е да ја претставува Владата на локално ниво, олеснувајќи ја имплементацијата на националниот план за развој, и програмите за валдеење на локално ниво. Сегашниот префект на Букурешт е Михаи Кристиан Атанасоаиеи (Mihai Cristian Atanasoaiei). Општината Букурешт заедно со Илфов, го формира буккурешкиот реон за развој, кој е еквивалент на НУТС-2, регионот на Европската Унија и се користи од страна на ЕУ и романската Влада за статистичка анализа и регионален развој. Букурешкиот регион за развој, не е дел од административните единки.

Правен систем[уреди | уреди извор]

A cartoon centipede reads books and types on a laptop.
Зградата на Министерството за Правда

Букурешкиот правен систем е сличен со тој на ромаснките покраини. Секоја од шестте единици има свој локален Суд од Прва Инстанца(judecătorie). Додека жалбите на судските пресуди и посериозните случаи се носат на букурешкиот Трибунал кој е градскиот Основен Суд. Букурешкиот Апелационен Суд донесува одлуки после подигнатите жалби на одлуките донесени од судовите во Букурешт и во петте околни покраини (Телеорман, Јаломица, Џурџу,Калараш и Илфов). Букурешт е исто така престолнина на романскиот Врховен Суд, Касациониот Суд и Уставниот Суд на Романија. Букурешт има своја општинска полиција, букурешката Полиција која е одговорна за справување со криминалот во целиот град и е поделена на неколку специјални дивизии. Седиштето на букурешката Полиција е на булеварот Штефан Чел Маре во градскиот центар и има голем број на полициски станици распространети низ целиот град. Од 2004година, па навака, Собранието на секоја единица под своја администрација има и општински полициски сили (Poliția Comunitară) кои се занимаваат со локалните општински проблеми. Букурешт исто така е престолнина на Генералниот Инспекторат на Жандармеријата и Националната Полиција.

Криминал[уреди | уреди извор]

Стапката на криминал во Букурешт е прилично ниска во споредба со другите Европски престолнини. Криминалот опадна за 51% помеѓу 2000 и 2004 година.[13] Стапката на криминал е релативно ниска, со 11 убиства и 983 други прекршоци во 2007година. Иако неодамна имаше голем број на решени случаи во однос на организирани криминални банди (Каматару кланот), организираниот криминал генерално нема некое големо влијание на јавниот живот. Како и да е ситниот криминал е чест, особено во форма на џепарење, кое најчесто се одвива во градската транспортна мрежа. Измами од доверба, беа честа глетка во 1990те години, најмногу во однос на туристите, но честотата на овие измами опадна во последните години. Нивото на криминал е повисоко во јужните делови на градот, особено во Ферентари, кој е посиромашен дел од градот. Иако присуството на деца питачи беше проблем во Букурешт во 90-тите години, нивниот број значително опадна во последните години и во денешно време тој е под просекот на другите европски престолнини.[14] Документарецот ,,Children underground” го опишува живтот на децата питачи од 2001. Истото важи и за питачи и бездомници кои најголем дел се од ромско потекло. Како и да е, сè уште има 10.000 деца по улиците на градот, кои се впуштаат во ситен криминал и питање. Постоеа шпекулации дека децата се регрутирани од мрежа на професионални криминалци од романското подземје. Од 2000 година навака, во Букурешт има зголемен број на нелегални трки со коли, кои се случуваат најчесто во вечерните часови и во индустриските региони на градот.

Кучиња скитници[уреди | уреди извор]

Кога градскиот Плоштад беше изграден, околу 40.000 фамилии и 3.000 домашни миленици беа преселени од своите домови. Поголемиот број од овие кучиња станаа скитници. Непланското размножување донесе до популација од 250.00 кучиња скитници во 2001. Градоначалникот Трајан Басеску (Traian Băsescu )имаше план да изврши евтаназија на кучињата скитници, но интернационална жалба која беше поведена од глумицата Брижид Бардо, резултираше со замена на друг вид на Програма.

Животен квалитет[уреди | уреди извор]

Како што е наведено во интернационалната анкета на Мерсер (Mercer), за животетен квалитет околу светот, Букурешт се наоѓаше на 94то место во 2001година,[15] а подоцна падна на 108то место во 2009година. Виена , во 2009година, е на првото место.[16]

Демографија[уреди | уреди извор]

Градско население според цензусот во 2002 година, е 1.926.334 жители, или 8,9 % од вкупното население во Романија. Поради неодманешниот процес на гентрификација, има повеќе од 200.000 луѓе кои го посетуваат градот секој ден, најмногу од околниот Илфов. Населението во Букурешт искуси две фази на брз пораст. Првата фаза е во доцниот 19 век, кога градот порасна во големина и во значење, и вториот за време на Комунистичкиот период, кога се започна масивна камапања за урбанизација и многу луѓе мигрираа од руралните делови во престолнината. Во ова време поради забраната на Чаушеску за абортус и контрацепција, природниот пораст на населението исто така беше значителено зголемен. Околу 96,9% од населението во Букурешт се Романци. Втората по ред етничка група се Ромите (1,4% од населението). Други значителни групи се Унгарците(0,3%), Евреите(0,1%), Турците(0,1%), Кинезите(0,1%) и Германците(0,1%). Релативно мал дел од букурештаните се од грчко, северноамериканско, француско, ерменско, липовечко и италијанско потекло. Грците и Арменците одиграле значајна улога за животот во градот, кон крајот на 19 век и почетокот на 20 век. Една од најзначајните грчки маала е Витан, каде што живеело и еврејско население кое исто така живеело и во Вакарешт и во околината на плоштадот Унири. Во поглед на религија, 96,1% од населението е православно, 1,2% е католичко, 0,5% е муслиманско, 0,4%е гркокатоличко. Без оглед на ова, 18% од населението,без оглед на религијата, посетуваат религиозни храмови, еднаш или повеќепати во неделата. Животниот распон на букурештаните од 2003 до 2005година беше 74,14 години, односно две години повеќе отколку просекот на целата држава. Женскиот просек изнесуваше 77,41 година, во споредба со мажите кај кои изнесуваше 70,57 години.

Стопанство[уреди | уреди извор]

Букурешт е центарот на романската економија и индустрија, придонесувајќи со 14,6% од државниот бруто-домашен производ и со една четвртина од индустриското производство, додека е населено со само 9% од вкупното население на земјата.[17] Околу една третина од националниот данок се плаќа од страна на букурешките државјани и компании. Во 2007 година, судејќи според куповната моќ, Букурешт имаше бруто-домашен производ пер капита од 20.057 евра или 92,2% од просекот на Европската Унија и двојно повеќе од пресекот на Романија. Силниот економски развој ја ревитализираше инфраструктурата и доведе до развој на многу облакодери од резиденцијален и економски карактер. Во септември 2005 година, Букурешт имаше стапка на невработеност од 2,6% ,која е значително помала од националното ниво кое изнесува 5,7%.

Букурешката економија се врти околу индустријата и услугите. Услугите особено го зголемија значењето во последните 10 години. Седиштето на 186.000 фирми, вклучувајќи ги речиси сите големи романски комапании, се сместено во Букурешт.[18] Значаен извор на порастот од 2000година беше забрзаниот развој во недвижнините и градежништвото. Букурешт исто така, главниот романски центар за информациски и комуникациски технологии , е седиште на повеќе софтвер комапнии кои ги нудат своите услуги во Романија и странство. Најголемата берза во Романија, букурешката берза, која беше соединета во декември 2005 година, со електронската Rasdaq, игра голема улога во економијата на градот.

Постојат голем број на меѓународни синџири на супермаркети, како Керфур(Carrefour), Кора(Cora), и Метро(Metro). Во моментов, градот доживува бум во продажбата на мало, со голем број на супер и хипер маркети изградени секоја година. Неколку од најголемите и најмодерните шопинг центри во Букурешт се АФИ Палас Котрочени, Сан Плаза, Банеаса Шопинг Сити, Букурешкиот Мол, Плаза Романија, Градскиот Мол, Жоли Вил Галерија, Либерти Сентер и Шопинг Центар Униреа. Исто така има голем број на традиционални маркети, како тој кај Обор, зафаќа дузина блокови и голем број на продавници кои не се дел од пазарот и го доведуваат овој пазарен дистрикт, до скоро двојна големина од оригиналната.

Јавен транспорт[уреди | уреди извор]

A cartoon centipede reads books and types on a laptop.
Автобус во Букурешт

Сеопфатниот систем на јавен транспорт во Букурешт е најголемиот во Романија и еден од најголемите во Европа. Се состои од букурешкото метро, како и надземниот транспортен систем воден од РАТБ (STB-Societatea de Transport București), кои се состои од автобуси, трамваи,тролејбуси и железница. Исто така, постои и приватен минибус систем. Почнувајќи од 2007 година, има лимит од 10.000 такси лиценци[19] кој е намален од 25.000 во 1990-тите години.

Железница[уреди | уреди извор]

Букурешт е стожерот на националната романска железница, водена од Каиле Ферате Романе, главната железничка станица е Гара де Норд(Gara de Nord), која овозможува врски помеѓу сите големи градови во Романија,како и други интернационални одредишта.

A cartoon centipede reads books and types on a laptop.
линиите на метрото во Букурешт
  • Белград (Србија)
  • Будимпешта (Унгарија)
  • Софија, Варна (Бугарија)
  • Кишинау (Република Молдавија)
  • Киев (Украина)
  • Солун (Грција)
  • Виена (Австрија)
  • Истанбул (Турција)
  • Москва (Русија)

Градот, исто така, има пет други железнички станици кои се предводени од КФР, најзначајна е Басараб (во близина на северната станица), Обор, Банеаса, и Прогресу, кои во моментот се интегрираат во железнички систем кои ќе му служи на Букурешт и на околниот Лифов. Седум главни линии се шират надовр од Букурешт.

Авиотранспорт[уреди | уреди извор]

A cartoon centipede reads books and types on a laptop.
Аеродромот Хенри Коанда

Букурешт има два интернационални аеродроми.

  • Меѓународниот аеродром „Хенри Коанда“ е сместен 16,5 километри северно од букурешкиот центар, во гратчето Отопени, Илфов. Аеродромот има еден терминал кој е поделен на две заемно поврзани градби, едната за слетување, другата за полетување. Таа за полетување содржи 36 чек ин бироа, еден излез со 24 порти (14 се опремени со порти за млазни авиони),додека пак главната сала има 4 дополнителни порти. Градбата за слетување е всушност стариот терминал Отопени,додека пак новата хала за полетување,заедно со портите беше изградена и пуштена во употреба во 1997година. Во март 2001 година, беше отворена експанзија и се предвидуваат други експанзии на халите за слетување и полетување и нов терминал. Аеродромот прими околу 4.917.952 патника во 2010година.
  • Аеродромот Аурел Влаику се наоѓа само 8 километри северно од букурешкиот центар, а следниве линии водат кон него: автобусите на STB бр.131, 335, 301, трамвајската линија 5, Аиропорт Експрес 783 и такси. Во јуни 2006година, се одобри екстензија на линијата М2 на букурешкото метро до аеродромот, која ќе ја поврзува главната железничка станица и поголемиот аеродром Хенри Куанда. Во 2010година, аеродромот прими околу 2.118.150 патника.

Патишта[уреди | уреди извор]

A cartoon centipede reads books and types on a laptop.
сообраќајот во Букурешт

Букурешт е исто така главниот крстопат на националната романска мрежа на патишта. Неколку од најпрометните патишта и автопатишта, го поврзуваат Букурешт со сите други романски поголеми градови,како и со соседните земји Унгарија, Бугарија и Украина. Автопатотот А1 до Питешт, и А2 Сун Моторвеј до регионот Добруџа и Констанца, започнуваат од Букурешт. Планираните А3 и А5 автопати ќе започнуваат од Волунтари, област во северните маргини на Букурешт.

Инфраструктура[уреди | уреди извор]

Основната мрежа на патишта во Букурешт е заснована на серија од булевари кои започнуваат од градскиот центар и се движат кон маргините. Главните оски кои се наоѓаат јужносеверно, источнозападно и севернозападно-јужноисточно, исто како и еден внатрешен и надворешен периметар, го издржуваат сообраќајот. Во текот на шпицот, градските улици најчесто се преполнети со метеж, поради зголемената употреба на автомобили. Секој ден има повеќе од 1 милион возила на улиците на Букурешт, а ова резултира со повремени дупки на патиштата, најчесто на споредните улички и ова се идентификува како еден од главните инфраструктурни проблеми на Букурешт. Во последно време, има значителен напор од страна на градското Собрание за да се подобри патната инфраструктура, и во согласнот со главниот план за развој, 2000 патишта беа поправени во 2008 година.

Вода Иако се наоѓа на бреговите на река, Букурешт никогаш не функционирал како град-пристаниште,додека пак други романски градови,како Констанца и Галаци, служеа како главни пристаништа на земјата. Како и да е, букурешкиот канал на Дунав,кој е 73километри долг, е во изградба и е завршен околу 60%. Кога ќе се заврши,каналот ќе претставува врска со Дунав и преку каналот Дунав-Црно Море, ќе може да се стигне до Црното Море. Овој коридор се смета дека ќе биде значаен компонент во транспортната инфраструктура и ќе го зголеми морскиот сообраќај во голема мера.

Културата во Романија[уреди | уреди извор]

A cartoon centipede reads books and types on a laptop.
Националната Универзитетска библиотека

Букурешт има диверзитет на културна сцена,каде што културниот живот се одразува на повеќе сегменти, вклучувајќи визуелна уметност,перформанси и ноќен живот. За разлика од другите делови од Романија,како што е брегот на Црното Море или Трансилванија, букурешката културна сцена е еклектична без дефиниран стил и употребува разни елементи од романската и интернационалната култура. Букурешт има мешавина на елементи од традиционални романски градби,до градби кои се инспирирани од француските архитекти. Поради ова француско влијание, Букурешт се нарекуваше порано ,,Мал Париз” или ,,Париз на Истокот”.

Знаменитости[уреди | уреди извор]

Букурешт има голем број на знаменитости и споменици. Најзначајната е Палатата на Парламентот изградена во 1980-тите години за време на вледеењето на комунистичкиот диктатор Николае Чаушеску. Најголемото здание во Европа,како и второто најголемо здание од овој вид во светот, е дом на романскиот Парламент,како и на Националниот Музеј на Современа Уметност. Градбата исто така е дом на еден од најголемите центри за спогодби во светот.

Уште една значајна знаменитост е Триумфалната Арка(Arcul de Triomphe) која беше изграден во 1935година, и го копира стилот на Триумфалната Арка во Париз. Нова знаменитост во градот е Меморијалниот Центар на Преродбата кој е стилизиран столб од мермер, откриен во 2005година, за да ја овековечи Романската револуција од 1989година,која го отфрли комунизмот. Апстрактниот споменик предизвика контроверзии,кога беше откриен, нарекуван со имиња како ,,маслинка на чачкалица”. Многу луѓе се противеа на обликот на споменикот кој не одговара со опкружувањето и се верува дека споменикот е заснован врз политички причини.[20]

Романскиот Атенеум, се смета дека е симбол на романската култура и од 2007година, е ставен на списокот на конзервирани Европски споменици на културата.[21]

Други културни зданија се: Националниот Музеј на Уметност, Природнонаучниот Музеј, Музејот на Романскиот Селанец, Националниот Историски Музеј и Воениот Музеј.

Визуелни Уметности[уреди | уреди извор]

Градот вдомува голем број на музеи ,кои ја вклучуваат класичната и модерната романска уметност, како и повеќе интернационални дела. Националниот Музеј на Уметностите е можеби еден од најпознатите музеи на Букурешт. Сместен е во поранешната кралска Палата и содржи огромна колекција на средновековна и модерна романска уметност,вклучувајќи дела од вајарот Константи Бранкуши ,како и значајна интернационална колекција собирана од поранешната романска кралска фамилија. Други помали музеи содржат поспецифични колекции. Замбашијан Музејот кој се наоѓа во стариот дом на арменско-романскиот колекционер на уметнички дела, Крикор Х.Замбашија, и содржи голем број на дела од романски артисти,како и од интернационали артисти како: Пол Чезане, Јужин Де ла Кроа, Хенри Матиз, Камил Писаро и Пабло Пикасо.

A cartoon centipede reads books and types on a laptop.
Националната Банка на Романија

Музејот Џорџе Татареску, содржи портрети од романските револуционери во егзил, како што се: Џорџе Магеру, Штефан Голеску, Николае Балческу, и алегорична композиција на револуционерни и патриотски теми (преродбата на Романија-1849година, основната унификација-1857година). Музејот Теодор Палади е ситуиран во една од најстарите куќи на трговци во Букурешт и вклучува голем број на дела од романскиот сликар Теодор Палади, како и голем број на европски и ориентален мебел. Музејот на збирки на уметности, содржи голем број на дела од колекционери како: Крикор Замбашија и Теодор Палади. Без оглед на големиот број на галерии за класична уметност и музеи во градот, постои сцена на модерна уметност која станува се попроминентна во последните години. Националниот Музеј на Модерна Уметност кој е ситуиран во едно крило од Палатата на Парламентот, беше отворен во 2004година, и содржи опширна колекција на романска и интернационална модерна уметност. Горенаведениот музеј е исто дом на Калиндеру Медиа Лаб,која се занимава со мултимедија и експериментална уметност. Има и голем број на помали,приватни галерии наоколу. Палатата на Националната Банка на Романија ја вдомува националната нумизматична колекција. Изложбите вклучуваат банкноти, монети, документи,фотографии,мапи, златни и сребрени шипки, златни монети, премази и модли. Зградата беше изградена помеѓу 1884 и 1890година. Ризницата содржи голем број на мермерни декорации.

Перформанси[уреди | уреди извор]

A cartoon centipede reads books and types on a laptop.
Театарот Ордеон

Перформансите се едни од главните културни елементи во Букурешт и градот вдомува бројни установи и институции кои се светски признати. Најпознатиот оркестар е Националниот Радио орекстар на Романија. Една од најзначајните градби е неокласистичкиот романски Атенуем кој бил основан во 1852година, и е дом на голем број касични музички концерти, фестивалот на Џорџе Енеску(George Enescu) и Џорџе Енеску Филхармонијата. Букурешт е исто така дома на романската Национала Опера и Театарот И.Т Карагиеле. Уште еден познат театар во Букурешт е држаниот Еврејски Театар , кој доби на значење во последните години бидејќи таму игра светски познатата романско-еврејска глумица Маја Моргенштер. Исто така има и голем број на помали театри кои одржуваат претстави од специфични жанрови како што се: Театарот на Комедијата, Театарот Нотара,Театарот Буландра, Театарот Одеон и Константин Танасе.

Музика и ноќен живот[уреди | уреди извор]

Букурешт е дом е најголемите романски издавачки куќи, и е дом на најголемиот број романски музичари. Музичката сцена е разновидна. Многу романски рок бендови од 70-тите и 80-тите, како што се Ирис и Холограф продолжуваат со нивната популарност,особено помеѓу средновековните лица, додека пак во 90-тите специфичен призвук и стил се развива во источен Букурешт и неговата хип-хоп/рап сцена. Хип-хоп групите и артистите од Букурешт како: Б.У.Г Мафија, Паразици, Вердикт, Ла Фамилија, Сису и Пуја, Бица и Зале уживаа национална и интернационална публика.

A cartoon centipede reads books and types on a laptop.
Француската улица во стариот дел на Букурешт

Електричниот поп-рок бенд Такси уживаше меѓународна почит, додека пак Спиталул Де Урџенца го доживуваше истиот успех во традиционалната романска музика. Додека многу локални клубови пуштаат манеле (кој е ориентален и ромски инспириран жанр на музика,, популарен во букурешките маала на работничките класи), градот исто така има и силна џез и блуз сцена и дури во поголема мера хаус,транс сцена и хеви метал ,панк сцена. Букурешкиот џез почнал да се издигнува во 2002 година со присуството на два локала, Грин Аорс и Арт Џез,каде што гостуваат популарни американски како и романски артисти. Ноќната сцена во градот најзначајно, неговата клупска сцена,порасна значително во 90-тите и продолжила да се развива. Не постои централно место каде што се ситуирани клубовите. Многу клубови се распространети во околината на градскиот центар. Едни од најпосетените локали се: Лаптариа Еначе, Ла Мотоаре кои се сместени на покривот на националниот Театар, како и Ел Градне Команданте и Клуб А. Повеќето клубови и барови се сместени во центарот на градот од Плоштадот на Соединивањето, до Романскиот Плоштад. Исто така, голема концентрација на рок клубови се наоѓа во Липсчани, стариот дел на градот во областа на Пиаца Унири. Областа Реџи која се наоѓа во кампусто на Политехничкиот Универзитет, вдомува голем број на клубови и барови кои се ориентирани кон студентската популација. Градот исто така ги има некој од најдобрите клубови за електронска музика во Европа,како што се: Студио Мартин и Кристал Глем Клаб. За време на летото ,Зум Бич Клаб е најпознатиот отворен клуб на брегот на езерото и има два посбни подума. Д Офис е еден од најексклузивните клубови во Букурешт и има долга традиција на клаберство. Еден од најдобрите коктел клубови во Букурешт е „Дежа ви“ кој се наоѓа на булеварот Балческу во близина на Италијанската црква. Дрги познати клубови се: Гаја, Фратели, Гламур, Типси, Котон Клаб, Пат, и Бамбу.

Традиционална култура[уреди | уреди извор]

Букурешкиот културен живо,т најзначајно во раните 90-ти станува живописен и космополитски. Традиционалната романска култура,како и да е, продолжува да извршува големо влијание на театарот,филмот и музиката. Букурешт има два интернационално познати етнографски музеи, Музејот на Романскиот Селанец, и отворениот Селски Музеј. Селскиот музеј кој се наоѓа во паркот Херастрау, содржи 272 автентични зданија и селски фарми од цела Романија. Музејот на Романскиот Селанец,беше прогласен за европски музеј на годината во 1996година, и содржи богата колекција на носии,икони, ќерамика и други артефакти од романскиот селски живот. Музејот на Романската Историја е уште еден значаен музеј во Букурешт кој содржи колекција на артефакти кои ја опишуваат романската историја и култура од праисториските времиња, Дачијанската ера, средновековните времиња и модерната ера.

Културни настани и фестивали[уреди | уреди извор]

A cartoon centipede reads books and types on a laptop.
Патријархалната Палата

Постојат голем број на културни фестивали во Букурешт во текот на целата година, во различни домени иако најголемиот број од фестивалите се одржуваат помеѓу јуни и август. Националната Опера го организира меѓународниот Опера Фестивал, кој се одржува секоја година во мај и јуни,кој вклучува ансамбли и оркестри од целиот свет. Секоја втора година,Романскиот Атенеум го вдомува фестивалот на Џорџе Енеску низ различни локации низ градот. Музејот на Романскиот Селанец и Селскиот Музеј ,во текот на годината организираат голем број на настани, прикажувајќи го романскиот фолклор и уметност.

Во првата деката на 20 век, поради зголемената кинекса популација во Букурешт, се случуваат неколку кинески културни настани.Првиот официјално организиран кинески фестивал беше Кинеската прослава на Нова година ,во февруари 2005година која се одржа во паркот Ничита Станеску и беше организиран од букурешкото градско собрание.[22] Во 2005 година, Букурешт беше првиот град во југоисточна Европа, дом на меѓународниот Коу Параде кој резултираше со десетици украсени скулптури на крави кои беа поставени на различни локации во градот.

Од 2005 година, Букурешт одржува свое сопствено Биенале за Модерна Уметност, букурешкото Биенале. Следното издание е во 2010година.

Религиозен живот[уреди | уреди извор]

Букурешт е центарот на патријаршијата на романската Православна црква, една од источноправославните цркви во заедница со Цариградскиот патријарх, исто така од нејзините субдивизии, метрополитот од Мунтенија и Добруџа и архиепископот од Букурешт . Православните верници веруваат дека Свети Димитри е заштитник-светец на градот. Букурешт исто така е центар на други религии и култови во Романија, вклучувајќи ја Романската католичка организација во Букурешт.

Архитектура[уреди | уреди извор]

A cartoon centipede reads books and types on a laptop.
Старата ЦЕЦ Палата.

Букурешката архитектура е разновидна поради многу влијанија кои ги претрпел градот низ неговата историја. Градскиот центар е мешавина од средновековно неокласично и арт нуво (art nouveau) градби како и нео романски градби кои датираат од периодот на почетокот на 20 век и извонредна колекција на модерни зданија од 20-тите и 30-тите години. Во јужните подрачја доминира архитектура од Комунистичката ера. Неодамна изградените облакодери и деловни објекти го довршуваат разновидниот пејзаж.

Исрориска Архитектура[уреди | уреди извор]

Од средновековната градска архитектура, најголемиот дел ,што преживеа до модерното време, беше уништено или од комунстичката систематизација или одбројните пожари или од воените навлегувања. Сепак некои средновековни и ренесансни градби останале неоштетени и се најчести во регионот Липсчани. Овој регион содржи некои од најзначајните градби како што се: гостилницата на Манук и рушевините на Куртеа Веќе (Curtea Veche). Во доцното средновековие, овој регион беше срцето на трговијата во Букурешт. Од 1970година па навака, подрачјето доживеа урбан пад и многу историски градби беа оштетени од забот на времето. Во 2005 година регионот Липсчиани беше комплетно отворен за пешаци и пополека но сигурно се вршат рестарвации.[23]

A cartoon centipede reads books and types on a laptop.
Ханул Манук.

Градскиот центар ја има задржано архитектурата од доцниот 19 и раниот 20 век ,особено од интербелум периодот кој е познат како Златната ера на букурешката архитектура. За време на овој период градот значително порасна во големина и богатство, со што можеше да се рекреира архитектурата на другите големи европски градови, како што е Париз. Најголем дел од архитектурата од овој период е модернистичка (рационалистичка), водена од архитектите Хорија Креанџа и Марсел Јанку кои успеале буквално да го сменат изгледот на овој град. Две значајни градби од овој период се: Палатата Кретулеску која моментално вдомува културни институции, вклучувајќи го и Европски Центар за високо образование на УНЕСКО и Палатата Котрочени, моменталното седиште на романскиот претседател. Многу зданија како што се Гара Де Норд, најпрометната железничка станица во градот, седиштето на Националаната Банка на Романија и телефонската Палата, датираат од овој период. Во првата декада на 21 век, широк опсег на историски зданија беа подложени на рестарвација, во некои станбени подрачја на градот, најзначително во богатите северни подрачја беа реставрирани вили кои беа изградени при крајот на 19 век.

Комунистичка архитектура[уреди | уреди извор]

Поголем дел од букурешката архитектура е составена од градби изградени за време на комунистичката ера, која ја заменила историската архитектура со пренаселени апартмански блокови. Значителен дел од историскиот центар на Букурешт, беше демолиран за да се изгради една од најголемите згради во светот, Палатата на Парламентот (Casa Poporului). Во проектот на Николае Чаушеску за систематизација, многу нови градби се изградија во претходни историски подрачја, кои беа срамнети со земја и повторно изградени.

A cartoon centipede reads books and types on a laptop.
Поглед од Палатата на Парламентот на Романија

Еден од најдобрите примери за овој вид на архитектура е Чентру Сивик (Centrul Civic), развој кој го замени поглемиот дел од букурешкиот историски центар со огромни комунистички зданија, најчесто обложени со мермерни или плочки од травентин инспирирани од севернокорејската архитектура. Комунистичката архитектура, може да се најде и во станбените подрачја на Букурешт,во вид на Блокури кои се густо населени апартмански блокови, во кои е населено мнозинството население.

Модерна архитектура[уреди | уреди извор]

Со падот на комунизмот во 1989година неколку зданија од овој период беа преуредени, модернизирани и искористени за други потреби. Можеби најдобриот пример за ова е преуредбата на неколку непотребни продажни комплекси во трговски центри или економски центри. Овие огромни кружни хали, кои беа нарекувани ,,Хали на Гладот”, поради недостатокот на харана во 1980-тите, беа конструирани во времето на Чаушеску како обид да се произведат маркети и стоваришта . Многу од нив беа оставени недовршени во времето на револуцијата. Модерни шопинг молови како Униреа шопинг центарот, Букурешкиот Мол, Плаза Романија, и градскиот Мол (City Mall) се појавија во веќе постечки структури на овие ,,Хали на Гладот”. Друг пример е модернизацијата и промената на големата комунистичка градба на градскиот плоштад во хотелот Мериот (Marriott Hotel). Овој процес беше забрзан по 2000година кога градот доживеа бум на недвижнини и многу градби од комунистичката ера во центарот на градот станаа главни недвижнини поради нивната локација. Во последно време, многу апартмански блокови од комуистичката ера беа преуредени за да се подобри урбаноста и изгледот. Најнов придонес за букурешката архитектура се случи после падот на комунизмот, најмногу по 2000година, кога градот искуси период на урбана реновација и архитектурална ревитализација ,поддржана од романскиот брз економски пораст. Зградите од овој период се најчесто изградени од стакло и челик и имаат повеќе од 10 ката. Примери се шопинг моловите(букурешкиот мол,кој е промена и екстензија на напуштена зграда), деловни објекти, седишта на баки, букурешкиот светски трговски центар и економската комора која лежи на бреговите Дамбовица. Од 2005година има огромен број на деловни објекти во изградба,особено северните и јужните делови на градот. Исто така, постои и тренд во послендите години, да се додаваат крила и фасади на историските зданија. Најзначаен пример за ова е Букурешкиот Клуб на Архитекти, кое е модерно здание од челик и стакло ,изградено во внатрешноста на камена фасада. Покрај градби кои се користат за бизни и институции, некои нови станбени проекти се во изградба и мнгоу од нив се всушност облакодери, со стаклен екстериер, опкружени од станбени објекти во американски стил. Овие проекти најчесто можат да се забележат во северните предградија на Букурешт ,кои не се толку густо населени и кои се дом на значителен број на букурештани од средна и висока класа.

Медиуми[уреди | уреди извор]

A cartoon centipede reads books and types on a laptop.
Каса Пресеи Либере во далечина.

Букурешт е најважниот центар за романските медиуми бидејќи е седиштето на сите национални телевизии,како и весници и радио станици. Најголемите дневници во Букурешт се Евениментул Зилеи (Evenimentul Zilei), Журналул Национал(Jurnalul Național), Котидианул(Cotidianul), Романија Либера(România Liberă), Адеварул( Adevărul), Гардианул(Gardianul) и Гандул(Gândul). За време на метежот таблоидите како Клик!, Либертатеа и Зиарул се популарни . Значителен број на весници и други пишани медиуми се засновани на Каса Пресеи Либере (Дом на Слободниот Печат),која е знаменитост на северен Букурешт, првично именувано како Каса Скантеиј, по официјалниот комунистички весник Скантеиа. Домот на слободниот печат не е единствената букурешка знаменитост која била изведена од комуникациската и медиумската индустрија. Палатул Телефоанерол(Телефонската Палата) беше првата поголема модернистичка зграда на Калеа Викториеи во градскиот центар, а и масивниот незавршен проект од комунистичката ера, Каса Радио е сместен само еден блок подолу од Операта. Во 1930-тите и повторно во 1990-тите години, пишани медиуми на англиски јазик првпат се појавиле и станале значително присутни од тогаш. Има два дневника на англиски јазик, Букурешт Дејли Њуз(Bucharest Daily News) и Најн Оклок(Nine O'clock),како и и голем број на други списанија. Голем број на публикации од други јазици се достапни како што е унгарскито дневник Уј Маџар Шо. „Културен набљудувач“ (Observator Cultural) ја покрива уметноста во градот, и бесплатните неделни весници Шапте Сери и Б24 Фан ги набројуваат сите видови на културни и забавни настани. Градот е, исто така, дом на интелектуалното списание Дилема, сатиричното Академија Кацавенку, како и голем број на економски списанија. Букурешт беше градот домаќин на четвртото издание на младинската Еврозизија во 2006 година.

Образование[уреди | уреди извор]

A cartoon centipede reads books and types on a laptop.
Зграда.

Постојат 16 јавни универзитети на Букурешт, најголеми од нив се Букурешкиот Универзитет , букурешката Економска Академија, Медцинскиот и Фармацевскиот Универзитет Карол Давила и Политехничкиот Универзитет на Букурешт. Овие се надополнуваат со 19 приватни универзитети како што се: Романско-Американскиот Универзитет и Универзитетот Спиру Харет . Во целост има 159 објекти и 34 универзитети. Има поделени мислења за приватните универзитети,поради нерегуларноста во едукациониот процес како и корупцијата. Како и во другите делови на Романија, универзитетите во Букурешт се слабо рангирани во однос на американските и заедноевропските универзитети. Како и да е во последните години во градот, има сè поголем број на странски студенти,најчесто од Азија кои доаѓаат за да студираат. Првата модерна образовна установа беше принцовата Академија на Букурешт, основана во 1694година и поделена во 1864година, формирајќи ги денешниот Универзитет на Букурешт и Националниот Колеџ Свети Сава. Двете се едни од најпрестижните образовни институции во Романија. Има околу 450 основни и средни училишта во градот и сите се водени од букурешкиот образовен инспекторат. Секој сектор има свој посебен образовен иснпекторат воден од главниот.

Спорт[уреди | уреди извор]

A cartoon centipede reads books and types on a laptop.
Букурешт.

Фудбалот е најразвиениот спорт во Букурешт. Самиот град има голем број на фудбалски клубови а некои од нив се познати низ цел Европа. Четири букурешки фудбалски клубови учествуваат во лига 1, првата романска дивизија,а тоа се: Стеауа, Динамо, Рапид и Спортул Студентеск. Стадионот „Лија Маноли“ е националниот стадион и е најголемиот стадион во Романија. Тој е демолиран за да се изгради новиот стадион кој ќе биде домаќин на финалето на лига Европа, во 2012година. Исто така, има и голем број на спортски клубови за хокеј, рагби, кошарка, ракомет, ватерполо и одбојка. Главнината на романските атлетичари,боксери и гимнастичари е поврзани со клубови во Букурешт. Атлетичарските и гимнастичарските национални првенства се одржуваат во Букурешт. Најголемата хала во Букурешт е Сала Поливалента и има капацитет од 60.000 посетители, често се користи за концерти и спортови од затворен карактер како одбојка, егзибиции и претстави. Започнувајќи од 2007година, Букурешт беше домаќин на годишните трки, стазата беше создадена околу Палатата на Парламентот и е наречена ,, Букурешки прстен”. Натпреварувањето се нареква Букурешт Сити Челенџ и бил домаќин на ФИА ГТ (FIA GT), ФИА ГТ 3 (FIA GT3), Бритиш Ф3 и Логан куп трките во 2007 и 2008година. Трките во 2009година и 2010 не се одржаа поради судкса парница. Букурешкото Гранд При, кое што беше водено од контроверзниот стопанственик Николае Шербу , ја доби парницата и тој самиот изјави дека ќе почне повторно да ги одржува трките околу Парламентот од 2011 година, започнувајќи со Ауто ГП. Секоја есен Букурешт е домаќин на БЦР Опен Романија, меѓународниот тениски турнир кој е вклучен во АТП турата. Домаќин на турниот од отворен вид е тенискиот комплекс БНР Аренас. Мечевите за хокеј на мраз се одржуваат во арената Михаи Фламаропол која има капацитет 8.000 посеситетли. Рагби мечевите се одржуваат на различни локации, но најмодерниот стадион е Арку Де Триумф стадионот,каде што игра романскиот национален рагби тим.

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Грешка во наводот: Погрешна ознака <ref>; нема зададено текст за наводите по име bucharest_pop_censuses.
  2. „Demographia World Urban Areas & Population Projections“ (PDF). Архивирано (PDF) од изворникот 3 May 2018. Посетено на 14 April 2011.
  3. 3,0 3,1 „INS - Direcţia Regională de Statistică a Municipiului BUCUREȘTI“ (романски). INSSE. Архивирано од изворникот 20 April 2021. Посетено на 7 April 2021.
  4. „Official data for 2011 census“ (PDF) (романски). INSSE. 4 July 2013. Архивирано од изворникот (PDF) на 31 October 2017. Посетено на 4 July 2013.
  5. „1.1 Valoarea produsului intern brut pe judeţe şi regiuni“ (PDF). CNP.ro. Посетено на 29 June 2021.
  6. „1.2 Produsul intern brut pe locuitor, pe judeţe şi regiuni“ (PDF). CNP.ro. Посетено на 29 June 2021.
  7. „Sub-national HDI – Subnational HDI – Global Data Lab“. Архивирано од изворникот 23 September 2018. Посетено на 1 November 2018.
  8. „Paris of the east“. The Irish Times. 5 May 2009. Архивирано од изворникот 4 June 2012. Посетено на 14 April 2011.
  9. Rosetti, II. p.110
  10. Giurescu, C.C., 1976, History of Bucharest, Bucharest: The Publishing House for Sports and Tourism
  11. Сфетцу, Николае (14 ноември 2015). Bucharest Tourist Guide (Ghid turistic București): Pocket Edition (Ediția de buzunar) (англиски). Nicolae Sfetcu.
  12. „Bucharest, Romania Köppen Climate Classification (Weatherbase)“. Weatherbase. Посетено на 28 јануари 2021.
  13. Bucharest Crime Statistics 2000–2004 Архивирано на 16 јули 2011 г., Bucharest Directorate-General of Police
  14. „Worldwide Street Children statistics“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 8 декември 2011. (20.5 KB), Conrad N. Hilton Humanitarian Prize/Council of Europe
  15. „Worldwide Quality of Living Survey“. Expat.or.id. 11 March 2002. Архивирано од изворникот 15 April 2011. Посетено на 14 April 2011.
  16. „Bucharest keeps 108 in the Mercer top dedicated to life quality“. Actmedia.eu. 30 April 2009. Архивирано од изворникот на 6 October 2010. Посетено на 14 April 2011.
  17. „Joint Inclusion Memorandum of Romania“. Архивирано од изворникот на 1 November 2013. Посетено на 14 April 2011.
  18. „Toti bucureștenii vor avea dosar fiscal din 2006“. Посетено на 1 June 2016.[мртва врска], Averea, 15 December 2005
  19. „Săptămâna Financiară | Anchete | Atacul clonelor în taximetria bucureșteană“. Sfin.ro. Архивирано од изворникот на 16 February 2009. Посетено на 7 July 2009.
  20. "Memorialul Renasterii", ce oribilitate! Архивирано на 17 февруари 2006 г. ("The Monument of Rebirth – how horrible!"), Săptămâna Financiară, August 2005 (романски)
  21. Romanian Athenaeum awarded Label of European Heritage Архивирано на 15 април 2008 г., Romania's Permanent Delegation to NATO
  22. Chinese New Year's Eve celebrated in Bucharest Архивирано на 19 февруари 2006 г., Bucharest Daily News, 7 February 2005
  23. „Lipscani, zonă protejată“ (PDF). Архивирано од изворникот (PDF) на 31 August 2015.