Глам метал
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
| Глам метал | |
|---|---|
| Стилско потекло: | Хеви метал, Поп рок, хард рок |
| Културно потекло: | Рани 80-ти во Sunset strip, Лос ангелес, Калифорнија, САД |
| Типични инструменти: | Електрична гитара - Бас - Тапани - Клавијатури |
| Мејнстрим популарност: | 1983-1992 во САД; светска популарност 1986-1992 |
| Регионални сцени | |
| Лос Ангелес - Њу Јорк - Велика Британија - Скандинавија | |
| Други теми | |
| Историја - Групи | |
Глам метал (познат и како Хер метал, англиски: hair metal) е под-жанр на хеви метал музиката кој настанал во доцните 70-ти и раните 80-ти години во САД. Глам металот бил доминантен жанр во рок музиката во 80-тите години и за момент во 90-тите.
Глам металот исто така е нарекуван и Хаир метал изведуван од таканаречените Hair Bands. Овој поим бил популаризиран од страна на MTV во 90-тите и доаѓа од чудниот изглед на изведувачите кој имале долги виткани коси и носеле тесни и стегнати панталони.
[уреди] Карактеристики
Песните во глам металот најчесто се следени со дисторзирани гитарски рифови кој се базираат на таканаречените power chords. Повеќето од песните содржат виртуозно shred guitar соло. Звукот е покомерциален и повеќе студиски за разлика од раните стилови на металот. Пејачите најчесто при пеењето вадат чист тон за разлика од другите видови на метал каде што се користи потежок пеачки стил.
[уреди] Потекло - доцните 70-ти
Жанрот има големо влијание од глам рокот од 70-тите и од многуте хеви метал бендови.Според некои тврдења првиот глам метал бенд од 80-тите бил финскиот бенд Hanoi Rocks.Но во САД многу фанови тврдат дека движењето на Sunset Strip започнало од страна на Motley crue и претходниот бенд на Nikki Sixx - London. Други тврдат дека глам металот бил започнат со Metal Health - албумот на Quiet Riot кој стигнал дури и на првото место на ранг листите во раните 80-ти.