Тери Балсамо

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Тери Балсамо

Terry Balsamo свири на гитара на концерт од Evanescence, Април 2007
Биографски податоци
Роден(а) октомври 8 1972 (1972-10-08) (42 г.)
Тампа, Флорида
Жанрови Алтернативен метал, пост-гранџ
Занимања Музичар, текстописец
Инструменти Гитара
Период на активност 1994 - Present
Соработници Evanescence
Cold
Limp Bizkit
Мреж. место Evanescence.com

Теренс Патрик Дејвид Балсамо (анг.Terence Patrick David Balsamo роден 8 октомври 1972 во Тампа, Флорида) е американски гитарист. Тој е еден од оние кои го формирале бендот Cold, a е сегашен гитарист на рок групата Evanescence.

Биографија[уреди]

Рани проекти[уреди]

Тери Балсамо влегол во светот на музиката како член на групата Limp Bizkit. Откако заминал од тој бенд станал член на групата Cold во 1999 година.

Evanescence[уреди]

Откако Бен Муди заминал од Evanescence за време на Европската турнеја, Тери привремено ѝ се приклучил на групата, а кога иднината на Cold не била сигурна, тој станал траен член на бендот. Тој станал и текстописец на бендот заедно со Ејми Ли.

Тери може да биде виден и слушнат на албумот во живо од Evanescence, Anywhere but Home (2004), а исто така и на вториот студиски албум, The Open Door (2006). Тој станал главен соработник на Ејми Ли, и помогнал во пишувањето на поголем број песни од албумот The Open Door, вклучувајќи ги и првиот сингл од албумот "Call Me When You're Sober", и третиот сингл "Sweet Sacrifice". Тој исто така учествува во снимањето на тртиот студиски албум кој треба да биде издаден во текот на оваа година.

Проблеми со здравјето[уреди]

Во Ноември, 2005 Тери претрпел мозочен удар, Докторите го информирале дека тоа е бидејќи многу ја нишал главата за време на настапите во живо[1]. Тери оттогаш заздравил и повторно изведува на настапите во живо.

Дискографија[уреди]

Cold[уреди]

Evanescence[уреди]

Наводи[уреди]