Origin e името на првиот демо албум од американската рок група Evanescence. Издаден е на 4 ноември2000 година и го издала издавачката куќа Bigwig Enterprises. Издадени се 2500 копии од овој албум, но како што се зголемувала популарноста на бендот така се појавувале и голем број на пиратски копии коишто чинеле повеќе од 300 долари. Членовите на бендот изјавиле дека е подобро нивните обожаватели да го спуштаат CD-то наместо да го купуваат.
Албумот ги содржи раните верзии на песните "My Immortal", "Whisper" и "Imaginary" коишто подоцна се повторно снимени и објавени во нивниот прв студиски албум, Fallen.