Бен Муди

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бен Муди

Муди изведува во Барселона на 29 мај, 2003.
Биографски податоци
Родено име Бен Роберт Муди
Роден(а) јануари 22 1981 (1981-01-22) (33 г.)
Литл Рок, Арканзас САД
Жанрови Алтернативен метал
Занимања Музичар, пејач, текстописец продуцент, актер
Инструменти Гитара, вокал, бас, клавир, тапан
Период на активност 1995–сега
Издавачи FNR, Wind-up, Bigwig Enterprises, Universal Republic
Соработници Evanescence, Hana Pestle, We Are the Fallen
Мреж. место BenMoody.com

Бен Роберт Муди (англиски: Ben Moody, Литл Рок, Арканзас, САД 22 јануари 1981) е америкаснк пејач, текстописец, мулти-инструменталист, продуцент, и актер. Тој е најпознат по тоа што е еден од основачите на рок бендот што има освоено голем број на Греми награди, Evanescence и е негов член од 1995 до октомври 2003.Откако го напуштил Evanescence тој има соработувано со голем број на изведувачи, како вокал, текстописец и како инструменталист.

Кариера[уреди]

Evanescence[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Evanescence.

Муди се сретнал со Ејми Ли во кампот за млади и тие двајца бргу се спријателиле. Подоцна почнале да ги изведуваат своите први настапи по различни барови. За неколу години тие двајца ги издале своите први E.P албуми и демо CD-ја, а ги открила Wind-up Records, која е издавачка куќа на нивниот прв студиски албум Fallen. Бен Муди го напуштил бендот во октомври 2003 година за време на европската турнеја поради „креативните разлики“[1]

Соло кариера[уреди]

Од 2004 Муди почнал да соработува со голем број на музичари, во различни дисциплини. Истата година тој помогнал во пишувањето на песната "Nobody's Home" од Аврил Лавињ за нејзиниот втор албум Under My Skin.

We Are The Fallen[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „We Are the Fallen.

За кратко време откако ја издал песната „All for This“, било изјавено дека Муди има основано нов рок бенд наречен We Are The Fallen. Членови на бендот биле финалистката на American Idol 7, Карли Смитсон како главен вокал, поранешните членови на Evanescence, Џон Лекомп и Марти О'Бриен. We Are the Fallen за првпат јавно се појавиле во Лос Анџелес на 22 јуни 2009 година. Бендот извел две песни вклучувајќи го нивниот прв сингл "Bury Me Alive" и песната "Going Under" која е оригинално изведувана од Evanescence.

Глумење[уреди]

Освен со музиката, Муди работи за компанијата за продукција на филмови наречена Makeshift Films. Тој исто така глумел и во филмови. Се појавува накратко како зомби во филмот Resident Evil: Apocalypse. Тој може да биде виден во нискобуџетниот филм од 2007 Dead and Gone.

Дискографија[уреди]

Evanescence[уреди]

Crystal Clear app xmag.svg Главна статија: „Дискографија на Evanescence.

Соло[уреди]

We Are the Fallen[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Finn, Natalie. „Evanescence Brings Tour to Life“, „E! Online via Yahoo News“, 11 август 2006 (конс. 24 јули 2007).

Надворешни врски[уреди]

Wikiquote-logo.svg
Викицитат има збирка цитати поврзани со: