Fallen (албум)

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
„Fallen“
Студиски албум од Evanescence
Издаден Март 4, 2003
Снимен 2002-2003 Track Record Inc. & NRG Recording Studios, Ocean Studios, Conway Recording Studios.
Жанр Алтернативен метал, ну метал[1]
Траење 48:55 (најдоцна верзија)
Издавачка куќа Wind-up
Продуцент Дејв Фортман, Бен Муди
Evanescence — Хронологија
Mystary EP
(2003)
Fallen
(2006)
Anywhere but Home
(2004)
Издадени песни од Fallen
  1. "Bring Me to Life"
    Издадена: 22 април, 2003
  2. "Going Under"
    Издадена: 9 септември, 2003
  3. "My Immortal"
    Издадена: 8 декември, 2003
  4. "Everybody's Fool"
    Издадена: 7 јуни, 2004

Fallen е првиот студиски албум на американската рок група Evanescence. Албумот е издаден на 4 март 2003 година преку издавачката куќа Wind-up Records. Овој албум е најуспешен на групата со повеќе од 7 милиони продадени копии во САД и повеќе од 15 милиони продадени копии ширум светот.[2] Албумот му донел на бендот пет номинации за 46-ти Греми Награди; Албум на годината, Најдобар Рок Албум, Најдобра Рок Песна и Најдобра Хард Рок Изведба за „Bring Me to Life“, и Најдобар Нов Артист . Бендот ги освоил наградите Најдобар Нов Артист и Најдобра Хард Рок Изведба.

Снимање[уреди]

Албумот е сниман во Track Record Inc. & NRG Recording Studios (двете во Северен Холивуд), Ocean Studios (Бурбанк), Conway Recording Studios (Холивуд), сите во Калифотнија. Жичаните инструменти биле снимани во The Newman Stage, 20th Century Fox.

Продажби и критики[уреди]

Fallen поминал 104 недели на Билборд 200, а 58 недели од тие 104 во топ 20. Се искачил на #3 на 14 јуни, 2003.[3] Откако се спуштил од Билборд 200, Fallenостанал на Билборд Топ Поп Каталог табелата повеќе од 223 недели.[4] Fallen потоа повторно се вратил на Билборд 200 во неделата на 13 март, 2010 на #192. Fallen се искачил на #19 на Билборд' Најдобро од 2000-те Билборд 200 Албум листи, ранкиран според продажби на декадата.[5]

Во Обединетото Кралство, албумот поминал 33 недели на Top 20, и 60 недели на 75, искачувајќи се на #1 на табелите. Fallen повторно се вратил на ОК табелите на #35 за време на 41 недела од 2006, неделата кога The Open Door се искачил на #2.[6] Албумот се искачил на #34 наредната недела, пред повторно да ги напушти Топ 40 две недели подоцна.[7][8]

Во САД, албумот добил платинумска сертификација од RIAA во април, 2003 година (исто така имал и златна сертификација порано истиот месец), дупла платинумска во јуни, 2003, и тридупла платинумска во октомври, 2003. Албумот речиси стигнал со седум пати платинумска сертификација во јуни, 2008 година.[9]

Fallen бил осмиот најдобро-продаван албум во САД во 2004, се речиси 2.6 милиони продадени копиитаа година.[10] Од албумот се продадени повеќе од 7 милиони копии до јули, 2009[2] и повеќе од 15 милиони копии ширум светот.[11]

Теми на песните[уреди]

Ејми Ли во интервју за Australia MTV's The Lair, кажала дека таа никогаш не пишувала заедно со Бен; таа секогаш почнувала сама, а потоа му ги презентирала своите идеи на Бен и ја правеле музиката. Инспирација за повеќето од песните во албумот се чувствата на Ејми.

Песната „Going Under“ е за претходна тешка емоционална и физичка врска. Оваа песна била последната која е напишана за Fallen и ќе била прв сингл, ако „Bring Me to Life“ не требало да се стави на дискот со песни за филмот Daredevil. Сепак, „Going Under“ бил вториот сингл на бендот.[12]

„Bring Me to Life“, исто така напишана од Ејми, е инспирирана од инцидент кој настанал додека таа седела во ресторан.[13] Ејми потоа кажала дека песната била напишана за нејзиниот стар пријател, а сегашен маж, Џош Хартзлер.[14]

Сестрата на Ејми, Кери Ли, била воодушевена од поп ѕвездите како Бритни Спирс и Кристина Агилера, и била инспирација за песната „Everybody's Fool“. Ејми кажала дека кога Кери имала 8 години, почнала да се облекува како тие две ѕвезди што ја лутело Ејми.[15]

My Immortal“ е напишана од формер гитаристот на Evanescence, Бен Муди, а Ејми Ли го додала крајниот дел пред рефренот. Како и сите други песни кои ги напишал Муди, текстот е базиран на приказна која ја напишал претходно. Според Муди, песната е за дух кој останува со тебе и после неговата смрт и те прогонува, сè додека не посакаш да го снема духот бидејќи не те остава сам. Бен исто така кажал дека ја посветил песната на неговиот дедо, Бил Холкомб.[16]

„Haunted“ е базирана на приказна која претходно ја напишал Бен Муди и служела како инспирација за Ејми Ли да го напише текстот на песната. Приказната е за мало девојче кое е заробено во дворец кој целосно се распаѓа. Приказната е пратена од Муди на EvBoard.com.[17]

„Hello“ е песна напишана за мртвата сестра на Ејми Ли, исто како и песната „Like You“ од албумот The Open Door. Од ноември 2008, ниедна од песните не е изведувана на настапите во живо на бендот.

„Tourniquet“ е шестата песна од Fallen. Песната е оригинално напишана како „My Tourniquet“ за албумот For the Incomplete на христијанскиот дед метал бенд Soul Embraced во кој гитарист бил тапанарот од Evanescence, Роки Греј. Koга Греј се приклучил на групата Evanescence тие направиле своја верзија на песната која ја нарекле „Tourniquet“. Во интервју за VH1, Ејми Ли рекла,

Повеќето од нашите песни се напишани на начин да имаат повеќе значења. Песнава е напишана од нашиот тапанар Роки Греј, кој учествувал во христијански дед метал бенд пред да ни се приклучи нас. Тој ми кажа дека од христијански поглед се работи за самоубиство. Во песната се работи за некој кој извршил самоубиство и за контроверзијата во христијанството, дали ако се самоубиеш ќе одиш во пеколот или во рајот?

— Ејми Ли, VH1 Вести[18]

Две демо верзии на песната се снимани пред сесиите на Fallen и двете содржат изменет звук. Во филмот Ромео и Јулија во една сцена јасно се слуша реченицата "I want to die!",(сакам да умрам!) а во песната „Tourniquet“ се слуша истата реченица која е земена од филмот, што Ејми го потврдила за време на интервју. Tourniquet исто така значи и црвст завој кој го спречува крварењето. Него го користат мазохистите.

Список на песни[уреди]

бр. Наслов Автор Траење
1. Going Under“   Ејми Ли, Бен Муди, Дејвид Хоџес 3:35
2. Bring Me to Life(со Паул Мекој од 12 Stones) Ли, Муди, Хоџес 3:58
3. Everybody's Fool“   Ли, Муди, Хоџес 3:16
4. My Immortal“   Ли, Муди 4:24
5. „Haunted“   Ли, Муди, Хоџес 3:06
6. „Tourniquet“ (песна од Soul Embraced, препеана од Evanescence) Ли, Муди, Хоџес, Греј 4:38
7. „Imaginary“   Ли, Муди 4:17
8. „Taking Over Me“   Ли, Муди, Хоџес, Лекомп 3:50
9. „Hello“   Ли, Муди, Хоџес 3:40
10. „My Last Breath“   Ли, Муди, Хоџес 4:08
11. „Whisper“   Ли, Муди 5:27
12. „My Immortal“ (Бенд верзија; бонус песна на подоцните копии) Ли, Муди, Хоџес 4:33

Табели[уреди]

Табела Доделувач(и) Позиција Сертификација Продажби
Аргентински Албум Табели CAPIF 2x Платинум[19] 80,000+
Австраслиска Албум Табела ARIA 1 6x Платинум[20] 420,000+
Австриска Албум Табела Media Control Europe 1 Платинум[21] 30,000+
Бразилска Албум Табела ABPD 2x Платинум[22] 250,000+
Канадска Албум Табела[23] Nielsen SoundScan 1 7x Платинум[24] 700,000+
Данска Албум Табела IFPI/Nielsen 1
Холандска Албум Табела NVPI/Megacharts 2 Платинум[25] 50,000+[26]
Европска Албум Табела[27] IFPI 1 3x Платинум[28] 3,000,000+
Финска Албум Табела[29] IFPI 1 Платинум[30] 56,679
Француска Албум Табела[31] SNEP/IFOP 2 2x Платинум[31] 685,000[31]
Германска Албум Табела Media Control 2 5x Злато[32] 500,000+[26]
Грчка Интернационална Албум Табела IFPI 1 2x Платинум 40,000+
Италијанска Албум Табела FIMI 3 4x Платинум 350,000+
Јапонска Албум Табела Oricon/RIAJ 7[33] Платинум[34] 500,000+
Мексиканска Албум Табела AMPROFON 1 Платинум[35] 150,000+
Нов Зеланд Албум Табела[36] RIANZ 2 5x Платинум[36] 75,000+
Норвешка Албум Табела VG Nett 3 Платинум[37] 40,000+
Руска Албум Табела[38] NFPF 1 Платинум 75.000+
Шпанска Албум Табела PROMUSICAE 5 Платинум 100.000+
Шведска Албум Табела GLF 3 Платинум[39] 60,000+
Швајцарска Албум Табела Media Control 2 2x Платинум[40] 80,000+
ОК Албум Табела[41] BPI/The Official UK Charts Company 1 3x Платинум[42] 1,100,000+
САД Билборд 200[23] Billboard/RIAA 3 7x Платинум[9] 7,269,000+[2]
САД Билборд Топ Интернет Албуми[23]

Постава на бендот[уреди]

Evanescence
Останати музичари
Продукција

Наводи[уреди]

  1. Loftus, Johnny. „Fallen: Review“. „AllMusic“. http://www.allmusic.com/album/r627641. конс. 2 јули 2010. 
  2. 2,0 2,1 2,2 Grein, Paul (22 јули 2009). „Chart Watch Extra: The Top 20 New Acts Of The 2000s“. „Chart Watch“. Yahoo.com. http://new.music.yahoo.com/blogs/chart_watch/39906/chart-watch-extra-the-top-20-new-acts-of-the-2000s/. конс. 22 јули 2009. 
  3. „Fallen - Evanescence“. „Billboard.com“. http://www.billboard.com/#/album/evanescence/fallen/570069. конс. 30 декември 2009. 
  4. „Top Pop Catalog“. „Billboard.com“. http://www.webcitation.org/5XAxnhhod. конс. 18 април 2008. 
  5. „Best of the 2000s: Billboard 200 Albums“. „Billboard.com“. 2009. http://www.billboard.com/features/best-of-the-2000s-1004051233.story#/charts-decade-end/billboard-200-albums?year=2009. конс. 30 декември 2009. 
  6. „Top 40 Albums Archive :: Week 41 : 08/10/2006 - 14/10/2006“. „The Official UK Charts Company“. http://www.theofficialcharts.com/top40_albums_last.php?week=9&end=08/10/2006%20-%2014/10/2006. конс. 12 декември 2006. [мртва врска]
  7. „Top 40 Albums Archive :: Week 42 : 15/10/2006 - 21/10/2006“. „The Official UK Charts Company“. http://www.theofficialcharts.com/top40_albums_last.php?week=8&end=15/10/2006%20-%2021/10/2006. конс. 12 декември 2006. [мртва врска]
  8. „Top 40 Albums Archive :: Week 43 : 22/10/2006 - 28/10/2006“. „The Official UK Charts Company“. http://www.theofficialcharts.com/top40_albums_last.php?week=7&end=22/10/2006%20-%2028/10/2006. конс. 12 декември 2006. [мртва врска]
  9. 9,0 9,1 „Gold & Platinum: Search Results“. „RIAA.org“. http://www.webcitation.org/5ZghLkowD. конс. 29 јули 2008. 
  10. Jenison, David. „Usher No. 1 in 2004? Yeah!“, „E! Online“, 5 јануари 2005 (конс. 3 декември 2006).
  11. Second Cup Cafe: Amy Lee Of Evanescence“, „CBS News“, 10 ноември 2007 (конс. 21 ноември 2007).
  12. D'Angelo, Joe. „Evanescence Singer Pairs Metal Chains, Fairies For Upcoming Video“, „MTV News via MTV.com“, 4 јуни 2003 (конс. 12 февруари 2007).
  13. Carioli, Carly. „The awakening: Amy Lee on bringing Evanescence's 'Bring Me to Life' to life“, „The Boston Phoenix“, 12 септември 2003 (конс. 4 декември 2008).
  14. Eelss, Josh. „Amy Lee: Back In Black“. http://www.blender.com/guide/articles.aspx?id=2076. конс. 27 февруари 2007. 
  15. Moss, Corey. „Evanescence's Amy Lee Hopes To Get Into Film, Rages Against Cheesy Female Idols“, „MTV News via VH1.com“, 10 јуни 2004 (конс. 7 ноември 2006).
  16. „Fallen booklet“. Wind-up Records. 2003. 
  17. Moody, Ben (17 февруари 2003). „WHAT "HAUNTED" IS ABOUT“. http://www.evboard.com/showthread.php?p=43068. конс. 27 февруари 2007. 
  18. Kaufman, Gil (9 мај 2003). „Evanescence – Fallen To The Top“. http://www.vh1.com/artists/interview/1472058/20030523/evanescence.jhtml. конс. 10 март 2007. 
  19. A .Chart
  20. „Australian Certification (ARIA)“. „Australian Recording Industry Association. http://www.aria.com.au/pages/aria-charts-accreditations-albums-2004.htm. конс. 15 мај 2007. 
  21. „Austrian Certification (IFPI)“. „International Federation of the Phonographic Industry. http://www.ifpi.at/. конс. 15 мај 2007. 
  22. „Brazilian Certification (ABPD)“. „Associação Brasileira dos Produtores de Discos“. http://www.abpd.org.br/certificados_interna.asp. конс. 15 мај 2007. 
  23. 23,0 23,1 23,2 Fallen: Charts & Awards“. „Billboard magazine. http://www.allmusic.com/album/r627641. конс. 15 мај 2007. 
  24. „Canadian Certification (CRIA)“. „Canadian Recording Industry Association. http://www.cria.ca/cert_db_search.php. 
  25. „Dutch Certification (IFPI)“. „IFPI. http://www.nvpi.nl/nvpi/pagina.asp?pagkey=61112&documentid=1235749&zoekform=60463&formposted=yes. конс. 15 мај 2007. 
  26. 26,0 26,1 „Certification Award Levels“ (pdf). http://www.ifpi.org/content/library/Certification%20Awards%20Full%20List%20-%20OCTOBER%2007.pdf. 
  27. „European Albums Chart“. „Music.AllOfMp3.com“. http://music.allofmp3.com/ratings/charts.shtml?chartlist=966. конс. 15 мај 2007. 
  28. „European Certification (IFPI)“. „International Federation of the Phonographic Industry. http://www.ifpi.org/content/section_news/plat2004.html. конс. 15 мај 2007. 
  29. Finnish Charts
  30. Kulta- ja platinalevyt IFPI.fi
  31. 31,0 31,1 31,2 „French Chart, Sales & Certification“. „FanOfMusic.Free.fr“. http://fanofmusic.free.fr/ParcoursAlbum-E.php. конс. 15 мај 2007. 
  32. „German Certification (IFPI)“. „International Federation of the Phonographic Industry. http://www.ifpi.de/wirtschaft/gpergebnis.php?txtSuche=Evanescence&strAktion=suche. конс. 15 мај 2007. 
  33. „フォールン - エヴァネッセンス/ オリコンランキング情報サービス「you大樹」“ (на Japanese). Oricon. http://ranking.oricon.co.jp/free_contents/search/detail.asp?itemcd=510644&samecd=1. конс. 13 ноември 2010. 
  34. „ゴールド等認定作品一覧 2003年12月“ (на Japanese). „RIAJ“. 10 јануари 2004. http://www.riaj.or.jp/data/others/gold/200312.html. конс. 13 ноември 2010. 
  35. „Mexican Certification (AMPROFON)“. „Asociación Mexicana de Productores de Fonogramas y Videogramas, A.C.“. 12 февруари 2004. http://www.amprofon.com.mx/certificaciones.php?artista=&titulo=Fallen&disquera=&certificacion=todas&anio=todos&categoria=todas&Submitted=Buscar&item=menuCert&contenido=buscar. конс. 15 мај 2007. 
  36. 36,0 36,1 „New Zealand Certification (RIANZ)“. „Recording Industry Association of New Zealand. http://www.rianz.org.nz/rianz/chart.asp. конс. 15 мај 2007. 
  37. „Norwegian Certification (IFPI)“. „International Federation of the Phonographic Industry. http://www.ifpi.no/sok/index_trofe.htm. конс. 15 мај 2007. 
  38. „Russia Album Chart“. „nfpf.org“. http://nfpf.org/priz/index.php. конс. 18 јуни 2007. 
  39. „Swedish Certification (GLF)“. „GLF“. архивирано од оригиналот на 24 април 2007. http://web.archive.org/web/20070424200858/http://www.ifpi.se/goldplatinum.aspx. конс. 15 мај 2007. 
  40. „Swiss Certification (IFPI)“. „IFPI. http://www.hitparade.ch/awards.asp?year=2004. конс. 15 мај 2007. 
  41. „UK Albums Chart (Search)“. „Everyhit.com“. http://www.everyhit.com/. конс. 15 мај 2007. 
  42. „UK Certification (BPI)“. „British Phonographic Industry“. архивирано од оригиналот на 11 март 2007. http://web.archive.org/web/20070311010631/http://www.bpi.co.uk/index.asp?Page=stats/content_file_118.shtml. конс. 15 мај 2007. 

Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „www.rollingstone.com“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „www.ew.com“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „www.blender.com“ определена во <references> не се користи во претходен текст..

Грешка во наводот: Ознаката <ref> со име „ref1“ определена во <references> не се користи во претходен текст..
Претходник
Hail to the Thief од Radiohead
ОК број еден албум
28 јуни, 2003 – 4 јули, 2003
Наследник
Dangerously in Love од Бијонсе
Претходник
Just As I Am од Гај Себастијан
Австралиски ARIA Албум Табели број-еден албум
26 јануари, 2004 – 15 фебруари, 2004
Наследник
That's What I'm Talking About од Шенон Нол