21 јуни
Од Википедија, слободната енциклопедија
| << | јуни | >> | ||||
| Н | П | В | С | Ч | П | С |
| 1 | ||||||
| 2 | 3 | 4 | 5 | 6 | 7 | 8 |
| 9 | 10 | 11 | 12 | 13 | 14 | 15 |
| 16 | 17 | 18 | 19 | 20 | 21 | 22 |
| 23 | 24 | 25 | 26 | 27 | 28 | 29 |
| 30 | ||||||
21 јуни е 172-риот ден во годината според григоријанскиот календар (173-ти во престапна година). Остануваат 193 дена до крајот на годината. Исто така е најдолг ден во годината на северната хемисвера, односно најкраток на јужната. И започнува летото, односно зимата.
Во астрономијата - вообичаената дата на која настапува сончева пресвртница, односно денот на кој сонцето изгледа како да седи во место.
Во астрологијата - првиот цел ден на хороскопскиот знак рак.
Настани:
| 1818 | Рене Лаенек, француски научник, во Париз, пред околу 30 лекари го прикажа својот пронајдок: првата слушалка за поставување дијагноза кога се во прашање срцеви и белодробни болести - стетоскопот. |
| 1935 | Во Париз (од 21 јуни до 25 јуни) е одржан Првиот меѓународен конгрес на писателите, на кој е решено да се основа Меѓународно здружение на писателите за одбрана на културата. |
| 1963 | Франција ги повлече поморските сили од НАТО. |
| 1990 | Во Унгарија повторно е отворена берзата, по 42 години откако беше затворена со одлука на комунистичката влада која ја презеде власта по Втората светска војна. |
| 1994 | Република Македонија и Република Киргистан воспоставија дипломатски односи на ниво на амбасади. |
| 1994 | Почна пописот на населението, домакинствата и на земјоделските стопанства во Република Македонија. |
| 1996 | Република Македонија и Туркменистан воспоставија дипломатски односи на амбасадорско ниво. |
Родени:
| 1002 | Папа Лав IX, римски папа. |
| 1905 | Жан Пол Сартр, француски филозоф и писател. |
| 1954 | Бранко Цветкоски, македонски поет. |
| 1961 | Ману Чао, француски пејач. |
| 1982 | Вилијам, војвода од Кембриџ. |
Починале:
| 1377 | Едвард III, англиски крал. |
| 1874 | Јонас Ангстрем, шведски физичар и астроном. |
| 1949 | Јохан Фридрих Хегер, германски архитект. |
| 2003 | Данка Сирфова, македонска оперска пејачка. |
| јануари | февруари | март | април | мај | јуни | јули | август | септември | октомври | ноември | декември |