Мишел Платини

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Мишел Платини
Michel Platini in Wroclaw by Klearchos Kapoutsis tight crop.jpg
Лични податоци
Роден на 21 јуни 1955 (1955-06-21) (59 г.)
Роден во Жоф, Франција
Висина &100000000000001780000001,78 м
Положба полушпиц
Младинска кариера
ФК Жоф
Кариера*
Години Клуб Наст. (Гол.)
1972–1979 Нанси 181 (98)
1979–1982 Сент Етјен 104 (58)
1982–1987 Јувентус 147 (68)
Репрезентација
1976-1987 Франција 72 (41)
1988 Кувајт 1 (0)
Раководител на екипите
1988–1992 Франција
* Сениорските учества и голови се сметаат само за домашни натпревари
податоците се од 21 септември 2011.

† Учества (Голови).

‡ Учествата и головите за репрезентација се според податок од 6 септември 2011

Мишел Франсоа Платини (франц. Michel François Platini; роден на 21 јуни 1955) е поранешен француски фудбалер и тренер и моментален претседател на УЕФА. Тој бил прв играч во историјата кој успеал да ја освои наградата за Најдобар фудбалер на Европа три години по ред, а во 1999 бил избран за седми најдобар фудбалер на 20. век во изборот на IFFHS.

Во текот на својата професионална фудбалска кариера, Платини играл за три клубови Нанси, Сент Етјен и Јувентус и бил член на репрезентацијата на Франција која триумфирала на Европското првенство во фудбал 1984-тата, турнир на кој тој бил најдобар стрелец и прогласен за најдобар играч. Тој, исто така учествувал на три Светски првенства во 1978, 1982 и 1986, и стигнал до полуфиналето на последните две. Платини, Алан Жирес, Луј Фернандез и Жан Тигана заедно го сочинувале познатиот таканаречен "Магичен квадрат" (на француски:"carré magique") во средината на теренот и играчи кои го формирале срцето на францускиот национален тим во текот на 1980-тите.

Платини се смета за еден од најдобрите додавачи во историјата на фудбалот, како и за еден од најдобрите изведувачи на слободни удари и играч со феномален завршен удар. Тој го држи рекордот за најмногу постигнати голови (9) на завршницата на Европските првенства иако учествувал само на еден ваков турнир во 1984 година. И покрај тоа што важеше за играч од средниот ред, тој истотака го држел и рекордот за ннајмногу постигнати голови во националниот тим се додека напаѓачот Тјери Анри не ја надминал бројката од 41 постигнат погодок во 2007 година.

Тој бил и тренер на францускиот национален тим четири години, како и ко-организатор на Светското првенство 1998 во Франција.

Титули[уреди]

клубски[уреди]

Франција Нанси[уреди]

Франција Сент Етјен[уреди]

Италија Јувентус[уреди]

репрезентативни[уреди]

Франција Со Репрезентацијата на Франција[уреди]

Статисрика на кариерата[уреди]

Клубски перформанси Лига Куп Континентални Вкупно
Сезона Клуб Лига Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови Настапи Голови
Франција Лига Куп на Франција Европа Вкупно
1972–73 Нанси Division 1 4 2 - - 4 2
1973–74 21 2 3 0 - 24 2
1974–75 Division 2 32 17 6 13 - 38 30
1975–76 Лига 1 31 22 7 6 - 38 28
1976–77 38 25 1 0 - 39 25
1977–78 36 18 10 7 - 46 25
1978–79 19 12 5 3 - 24 15
1979–80 Сент Етјен Лига 1 33 16 7 5 7 5 47 26
1980–81 35 20 10 5 7 4 52 29
1981–82 36 22 8 5 2 0 46 27
Италија Лига Coppa Italia Европа Вкупно
1982–83 Јувентус Серија А 30 16 9 7 9 5 48 28
1983–84 28 20 7 3 8 2 43 25
1984–85 30 18 9 4 9 7 48 29
1985–86 30 12 6 1 6 3 42 16
1986–87 29 2 8 1 4 2 41 5
Вкупно Франција 285 156 57 44 16 9 358 209
Италија 147 68 39 16 36 19 222 103
Вкупно во кариерата 432 224 96 60 52 28 580 312

Надворешни линкови[уреди]