УЕФА Супер Куп

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

УЕФА Супер Куп

Основан/а   1972
(признаен од
УЕФА од 1973)
Регион   Европа (УЕФА)
Број на тимови   2
Моментален шампион Шпанија Атлетико
Мадрид
2 титулa
Најуспешна екипа Италија Милан 5 титули
Веб-место Официјален веб-сајт
Soccerball current event.svg УЕФА Супер Куп 2012

УЕФА Супер Купот (исто така наречен Европски Супер Куп) е годишен фудбалски натпревар помеѓу шампионите на двете клупски натпреварувања организирани од раководното тело на Европскиот фудбал, УЕФА: УЕФА Лигата на шампионите и УЕФА Европа Лигата. Натпреварот се одржува при почетокот на натпреварувачката сезона, во август, најчесто во петок. Се одржува на стадионот Луис II во Монако уште од почетокот.

Од 1972 до 1999, УЕФА Супер Купот бил одржуван помеѓу победникот во Европскиот Куп/УЕФА Лигата на Шампионите и победникот во Европскиот Куп на Победниците на Куповите. По укинувањето на Купот на Победниците на Куповите, УЕФА Супер Купот се игра помеѓу победнкот во УЕФА Лигата на шампионите и победникот во УЕФА Купот, кој бил преименуван во Лига Европа во 2009.

Моментален шампион е шпанскиот клуб Атлетико Мадрид кој го победил Челзи со 4–1 во УЕФА Супер Купот 2012. Најуспешен клуб во натпреварувањето е италијанскиот клуб Милан, кој ја освоил титулата пет пати.

Историја[уреди]

Европскиот Супер Куп бил создаден во 1971 од Антон Виткамп, новинар а потоа и спортски директор на холандскиот весник De Telegraaf. Идејата му дошла во времето кога холандскиот фудбал бил најдобар во Европа и кога холандските клубови ги живееле нивните златни ери (особено Ајакс). Виткамп бил во потрага по нешто ново за конечно да се реши кој е најдобар клуб во Европа и исто така да го тестира тимот на Ајакс, предводен од суперѕвездата Јохан Кројф. Потоа било предложено победникот од Европскиот Куп да се соочи со победникот од Купот на Победниците на Куповите.

Се било подготвено за создавање на ново натпреварување. Сепак, кога Виткамп се обидел да добие официјална подршка за натпреварувањето, претседателот на УЕФА го одбил предлогот.

Финалето на Супер Купот 1972 помеѓу холандскиот тим Ајакс и шкотскиот Глазгов Ренџерс се смета за неофицијално од страна на УЕФА,[1] откако Глазгов Ренџерс бил казнет од европските натпреварувања поради неспортското однесување на навивачите на Ренџерс за време на финалето на Купот на Победниците на Куповите во 1972. Како резултат на тоа, УЕФА одбила да го признае натпреварувањето до следната сезона.[2] Финалето се играло во два натпревари, на домашен и гостински терен и било финансиски подржано од страна на холандскиот весник De Telegraaf. Ајакс го поразил Ренџерс со вкупен резултат од 6–3 и го освоил првиот (иако неофицијален) Европски Супер Куп.

Финалето на Супер Купот 1973, во кое Ајакс го поразил Милан со вкупен резултат од 6–1, било официјално признаено и подржано од УЕФА.

Иако форматот од два натпревари бил задржан се до 1997, Супер Купот се одиграл во еден натпревар поради проблеми со распоредот или политички проблеми во 1984, 1986, и 1991. Во 1974, 1981 и 1985, Супер Купот воопшто не се одиграл.

Во сезоната 1992-93, Европскиот Куп бил преименуван во Лига на Шампиони и победниците во ова натпреварување се соочиле со победниците од Европскиот Куп на Победниците на Куповите во УЕФА Супер Купот.

Во сезоната 1994–95, Европскиот Куп на Победниците на Куповите бил преименуван во УЕФА Куп на Победниците на Куповите.

По сезоната 1998–99, Купот на Победниците на Куповите бил укинат од страна на УЕФА. Лацио, победникот во сезоната 1998–99 од Купот на Победниците на Куповите, го победил Манчестер Јунајтед, победникот во сезоната 1998-99 од Лигата на Шампионите со 1–0.

Од тогаш, УЕФА Супер купот се одржувал помеѓу победниците во Лигата на Шампионите и победниците во УЕФА Купот. Галатасарај, победникот во сезоната 1999-2000 од УЕФА Купот, го поразил Реал Мадрид, победникотво сезоната 1999–2000 од Лигата на Шампионите со 2–1.

Во сезоната 2009–10, УЕФА Купот бил преименуван во Лига Европа и победниците во ова натпреварување се соочиле со победниците на Лигата на Шампионите во УЕФА Супер Купот.

По петнаесет последователни Супер купови на стадионот Луис II во Монако меѓу 1998 и 2012, од 2013 Супер Купот ќе се одигрува на различни стадиони (слично како финалните натпревари во Лигата на Шампионите и Европа Лигата). УЕФА Супер Купот 2013 ќе се одигра на Еден Арената во Прага, Чешка.[3]

Место[уреди]

Натпреварувањето првично се играло во два натпревари, на домашен и гостински терен, освен во посебни случаи; како на пример во 1991 кога на Црвена Ѕвезда не и било дозволено својот натпревар на домашен терен да го одигра во Југославија поради граѓанската војна која се случувала во тоа време. Меѓу 1998 и 2012, финалето се играло во еден натпревар, одигран на стадионот Луис II во Монако.[4] Од 2013 па натака, различни стадиони ќе бидат домаќини на Супер Купот. Ова се наредните домаќини на УЕФА Супер Купот:

Трофеј[уреди]

Податотека:UEFA Supercup 20-03-2009.jpg
Трофејот во Супер Купот во 2002

Оригиналниот трофеј од УЕФА Супер Купот го задржува УЕФА. На победничкиот тим му се доделува копија од трофејот во иста големина. Триесет златни медали му се доделуваат на победничкиот тим и триесет сребрени медали на поразениот во финалето.[7]

Во својата историја трофејот во УЕФА Супер Купот претрпел неколку измени. Првиот трофеј кој бил презентиран на Ајакс во 1973 и 1974 бил екстремно голем; фактички, бил поголем од трофејот во Европскиот Куп. Овој трофеј бил заменет со плакета со златен УЕФА амблем. Следниот трофеј бил најмал и најсветол од сите останати трофеи, тежејќи 5 кг со обем од 42.5 цм во висина. Новиот модел тежи 12.2 кг со обем од 58 цм во висина.[8]

Тимот кој ке го освои УЕФА Супер Купот три пати последователно или вкупно пет пати, добива оригинална копија од трофејот и посебен белег на преознавање. Само Милан го постигнал овој успех досега, освојувајќи го купот вкупно пет пати, од кои сите пет пати како победник во Лигата на Шампионите.[9]

Правила[уреди]

Моментално, правилата во УЕФА Супер Купот се исти како и кај другите УЕФА клупски натпреварувања. Финалето се состои од еден натпревар кој се игра на неутрален стадион. Натпреварот се состои од две полувремиња од по 45 минути. Доколку резултатот е изедначен по крајот на 90-та минута, се играат две продолженија од по 15 минути. Доколку повторно победникот не е добиен по крајот на второто продолжение, изведувањето на пеналите го решаваат победникот на УЕФА Супер Купот (до денес, ниту еден Супер Куп не бил решен со изведување на пенали).[4] Секој тим се состои од 18 играчи, од кои 11 го започуваат натпреварот. Од останатите 7 играчи, може во игра да влезат само 3 замени. Доколку некој клуб одбие да игра или нема право на настап, тогаш тој клуб е заменет со вториот финалист од натпреварувањето преку кое е квалификуван. Доколку теренот не е подготвен за игра поради лоши временски услови, натпреварот мора да биде одигран следниот ден.[7]

Билети[уреди]

60% од капацитетот на стадионот на Монако е резервиран за гостинските клубови. Стадионот исто така има и ВИП седишта. Останатите седишта се продаваат од страна на УЕФА преку интернет аукција При аукцијата секој апликант може да аплицира за билет неограничен број пати. За секоја испратена апликација се плаќа административен трошок од 5 евра.[10]

Рекорди и статистика[уреди]

Освојувачи[уреди]

Клуб Победник Финалист Победник - година Финалист - година
Италија Милан 5 2 1989, 1990, 1994, 2003, 2007 1973, 1993
Шпанија Барселона 4 4 1992, 1997, 2009, 2011 1979, 1982, 1989, 2006
Англија Ливерпул 3 2 1977, 2001, 2005 1978, 1984
Холандија Ајакс 3 1 1972, 1973, 1995 1987
Белгија Андерлехт 2 0 1976, 1978
Италија Јувентус 2 0 1984, 1996
Шпанија Валенсија 2 0 1980, 2004
Шпанија Атлетико Мадрид 2 0 2010, 2012
Португалија Порто 1 3 1987 2003, 2004, 2011
Англија Манчестер Јунајтед 1 2 1991 1999, 2008
Шпанија Реал Мадрид 1 2 2002 1998, 2000
Украина Динамо Киев 1 1 1975 1986
Англија Нотингем Форест 1 1 1979 1980
Шпанија Севиља 1 1 2006 2007
Англија Челзи 1 1 1998 2012
Англија Астон Вила 1 0 1982
Шкотска Абердин 1 0 1983
Романија Стеауа Букурешт 1 0 1986
Белгија Мехелен 1 0 1988
Италија Парма 1 0 1993
Италија Лацио 1 0 1999
Турција Галатасарај 1 0 2000
Русија Зенит Ст. Петерсбург 1 0 2008

Белешки[уреди]

  • a  Финалето во 1972-та не е признаено од страна на УЕФА како официјална титула.[1]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 „UEFA Super Cup - History“. УЕФА. 13 јули 2005. http://www.uefa.com/competitions/supercup/history/index.html. конс. 11 март 2008. 
  2. „Dynamo bring happy memories“. ББС Спорт. 16 октомври 2001. http://news.bbc.co.uk/sport1/hi/scotland/1603449.stm. конс. 11 март 2008. 
  3. Prague celebrates 2013 Super Cup honour
  4. 4,0 4,1 „UEFA Super Cup: Competition format“. УЕФА. 31 август 2007. http://www.uefa.com/competitions/supercup/format/newsid=316985.html. конс. 8 декември 2008. 
  5. „Wembley, Amsterdam ArenA, Prague get 2013 finals“. UEFA.com. 16 јуни 2011. http://www.uefa.com/uefa/aboutuefa/organisation/executivecommittee/news/newsid=1644074.html. 
  6. 6,0 6,1 „UEFA EURO 2020, UEFA Super Cup decisions“. UEFA.com. 30 јуни 2012. http://www.uefa.com/uefa/aboutuefa/organisation/executivecommittee/news/newsid=1836837.html. 
  7. 7,0 7,1 „Regulations of the UEFA Super Cup“. УЕФА. Март 2008. http://www.uefa.com/multimediafiles/download/regulations/uefa/others/70/22/77/702277_download.pdf. конс. 12 декември 2008. 
  8. „The trophy“. УЕФА. http://www.uefa.com/competitions/supercup/news/kind=128/newsid=445803.html. конс. 2 август 2009. 
  9. „Regulations of the UEFA Super Cup 2009, Page 3, III Trophies and Medals, Article 4, Trophy“. УЕФА. http://www.uefa.com/multimediafiles/download/regulations/uefa/others/82/68/83/826883_download.pdf. конс. 2 август 2009. 
  10. url=http://www.uefa.com/MultimediaFiles/Download/Competitions/SuperCup_/83/96/59/839659_DOWNLOAD.pdf

Надворешни врски[уреди]