УЕФА Лига на шампиони

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Логото на УЕФА Лигата на шампионите

УЕФА Лигата на Шампиони, или позната како Лига на шампиони е годишно фудбалско клубско натпреварување организирано од УЕФА од 1992. Тој го замени Купот на Шампионите на Европа, или скратено Европски Куп создаден во 1955 година, додавајќи групна фаза во натпреварувањето и дозволувајќи повеќе учесници од една земја. Тоа е едно од најпрестижните турнири во светот и најпрестижното клубско натпреварување во европскиот фудбалза најдобрите фудбалски клубови во Европа. Финалето 2013 беше најгледаното финале на Лигата на Шампионите досега, исто така и најгледаниот годише спортски настан во светски рамки во 2013, привлекувајќи внимание на 360 милиони телевизиски гледачи.

Пред 1992 година, турнирот официјално се викал "Купот на Шампионите на Европа", но било познат и како "Европски Шампионски Куп". Натпреварувањето првично било само со нокаут натпревари во кое право на учество имале само клубовите шампиони на секоја земја. Во текот на деведесетите, форматот беше проширен, била воведена групна фаза и повеќе клубови. Најдобрите национални лиги во Европа давале и по четири претставници, и ќе носи и по пет претставници од сезоната 2015-16.

Со сегашниот формат, Лигата на Шампионите започнува во средината на јули со три нокаут квалификациски рунди и плејоф рунда. Десетте екипи кои ќе успеат да ги поминат овие фази им се приклучуваат на останатите 22 екипи во групната фаза. 32те екипи се извлечени во осум групи од по четири екипи и играат меѓу себе преку дома-гости систем. Осумте прво пласирани екипи во групите како и осумте второ пласирани се пласираат во нокаут фазата, која завршува со финален меч во мај. Победникот на УЕФА Лигата на Шампиони се кфалификува за УЕФА Супер Купот и ФИФА Светско клубско првенство во фудбал.

Најуспешен клуб во историјата на натпреварувањето Реал Мадрид, освојувајќи го турнирот десет пати, вклучувајќи ги првите пет сезони. Шпанските клубови имаат најмногу освоено титули (14), зад нив се Англиските и Италијанските (12). Турнирот е освоен од 21 различен клуб, од кој 12 ја имаат освоено повеќе од еденаш. Откако турнирот го смени своето име и структура во 1992 година, ниеден клуб не успеал турнирот да го освои последователно, последен што успеал да ја одбрани титулата бил Милан во сезоната 1989-90. Реал Мадрид се моменталните шампиони, победувајќи ги Атлетико Мадрид во продолженија со 4:1 во финалето на 2014 година.

Историја[уреди]

Турнирот беше инагуриран во 1955 година, на предлог од францускиот спортски новинар и уредник на Лекип Габриел Ханот, кој ја смислил идејата по добивањето на извештаите од неговите новинари за многу успешното Campeonato Sudamericano de Campeones од 1948 година. Како реакција на изјавата од страна на Британските медиуми на страна на Вулверхемптон Вондерерс нарекувајќи ги Шампионите на Светот по успешните пријателски натпревари во Европа во педесетите, Ханот конечно успеа да ја убеди УЕФА да зпочне организира турнир во континентални рамки. Натпреврувањето започнало како натпреварување за победниците на европските национални лиги, како Европскиот Куп на Шампиони, или скратено Европски Куп.

Натпреварувањето започнало во сезоната 1955-56 со формат на две нокаут рудни каде тимовите играле два меча, еден дома и еден на гости, и тимот со подобриот вкупен резултат се кфалификувал во следната рунда од натпреварувањето. До 1997 година, учеството било ограничено, и само тимовите кои го имале освоено нивното национално натпреварување имале право на учество, плус моменталниот освојвач на Европскиот Куп. Во сезоната 1992-93, форматот беше сменет,воведена беше групна фаза и турнирот беше преименуван во УЕФА Лига на шампиони. Оттогаш имаше бројни измени во условите за натпреварувањето, бројот на кфалификациски рунди и структурата на групите. Во сезоната 1997-98, условите беа проширени и ги вклучуваа вицешампионите на некои земји според ранг листата на коефициенти на УЕФА. Кфалификацискиот систем беше реструктуиран така што ниско рангираните национални првенства имаа право на учество во една или повеќе кфалификациски рунди пред групната фаза, додека вицешампионите од високо рангираните земји влегуваа во подоцнежните рунди. И до четири клуба од високо рангираните земји имаат право за настап во натпреварувањето.

Помеѓу 1960 и 2004 година, победникот на турнирот се кфалификува на сега непостоечкиот Интерконтинентален Куп против победникот на Копа Либертадорес на Јужна Америка. Оттогаш, победникот автоматски се кфалификува за Светскиот Клубски Куп огранизиран од ФИФА заедно со другите победници на континенталните клубски шампионати.

Химна[уреди]

Химната на УЕФА Лигата на Шампиони, официјално насловена како Шампионска Лига, е адаптација на Тони Бритен од Задок свештеникот на Џорџ Фредерик Хандел од Крунисаните Химни. УЕФА го овласти Бритен( англиски композитор) во 1992 година, да ја аранжира нивната химна, и делото беше изведено од Оркестарот на Кралската Филхармонија и испеана од страна на академијата свети Мартин во полето на рефренот на трите официјални јазици користени од УЕФА: англиски, германски и француски. Рефренот на химната се пушта пред секој натпревар на УЕФА Лига на шампиони, како и на почетокот и крајот на телевизискиот пренос од натпреварите. Комплетната химна е долга околу три минути, и има два кратки стихови на рефренот.Химната никогаш не беше пуштена комерцјално во својата оригинална верзија.

Формат[уреди]

Квалификување[уреди]

Мапа на УЕФА земјите чии тимови стигнале до групната фаза на УЕФА Лигата на Шампиони
   УЕФА земја членка што била претставувана во групната фаза
   УЕФА земја членка што не била претставувана во групната фаза
   Земја што не е членка на УЕФА

Почнувајќи од 2009 година, УЕФА Лигата на Шампиони започна со разигрување по групи со 32 екипи, на што му претходат два квалификациски натпревари за тимовите што не се пласирале директно за турнирот. Двата натпревари се поделени помеѓу тимови квалификувани врз основа на освоено домашно првенство, и тие што се кфалификувани врз основа на тоа што завршиле од второто до четвротот место на нивното национално првенство.

Бројот на тимови што учествуваат од една асоцијација во УЕФА Лигата на Шампиони се базира врз УЕФА коефициентите на членовите на асоцијацијата. Овие коефициенти се добиваат врз основа на постигнатите резултатите на клубовите што ја претставуваат секоја асоцијација во текот на последните пет УЕФА Лига на шампиони и УЕФА Европа лига/УЕФА Куп сезони. Колку поголем коефициент има асоцијацијата, толку повеќе тимови ќе ја претставуваат асоцијацијата во Шампионската Лига, и во помалку квалификациски рунди тимовите на асоцијацијата ќе треба за учествуваат.

5 од останатите десет квалификациски места се доделуваат на победниците на турнирот од четири квалификациски рунди помеѓу останатите 39 или 38 шампиони, во кој тие шампиони од асоцијациите со поголеми коефициенти добиваат место во подоцнежните рунди. Останатите 5 се доделени на победниците од турнир со две кфалификациски рунди помеѓу петнаесетте клубови од асоцијациите рангирани од првото до петнаесетото место, што се квалификувале врз основа на нивното завршување од второто до четвртото место на нивните национални лиги.

Во поглед на спортските критериуми , секој клуб мора да има лиценца од својата асоцијација за да учествува во Шампионската Лига . За да добие лиценца, клубот мора да исполни одредени барања за стадионот, инфраструктурата и финансиите.

Во сезоната 2005-06, Ливерпул и Артмедиа Братислава од Словачка станаа првите тимови кои стигнале до групната фаза на Лигата на Шампиони играјќи во сите три квалификациски рунди. Во сезоната 2009-10, и БАТЕ и Анортозис Фамагуста успеаа да го постигнат истото достигнување. Барселона, Манчестер Јунајтед и Порто се тимовите кои најчесто ги има во групната фаза: четиринаесет тимови посебно. Само ФК Порто го има освоено турнирот еднаш од основањето на групната фаза (2004), Манчестер Јунајтед два пати (1999 и 2008) и Барселона три пати (1992, 2006 и 2009).

Помеѓу 2003 и 2008 година, никаква разлика не се правеше помеѓу шампиони и не-шампиони во квалификациите. Шеснаесете најдобро рангирани екипи низ најголемите домашни лиги директно се квалификуваа во групната фаза од турнирот. Претходно, три прелиминарни кфалификациски рунди ги намалуваат останатите тимови, со тоа што различни тимови стартуваа во различни рунди.

Турнир[уреди]

Турнирот соодветно започнува со групна фаза од 32 екипи, поделени во 8 групи. Носител на групата се користи додека се врши извлекувањето на оваа фаза, додека тимовите од иста земја може да не се паднат во групата заедно. Секој тим се среќава со другите тимови од неговата група дома и на гости во формат на разигрување. Најдобрите две екипи од секоја група се пласираат во осмина-финалето, со што започнува нокаут фазата од турнирот. Трето пласираната екипа обезбедува учество во УЕФА Европа Лигата.

Во оваа фаза, еден победник на групата игра против вицешампион на друга група, и екипите од истата земја не може да не се паднат да игаат еден против друг. Од четврт финалето па натаму, извлекувањето се врши по случаен избор, со што заштитата на екипи од иста земја не е повеќе во сила.

Натпреварите од групната фаза се играат во текот на есента, додека нокаут фазата започнува една недела по зимската пауза.Во нокаут фазата се играат два натпревари, со исклучок на финалето. Ова традиционално се игра во последните две недели од мај.

Судија[уреди]

Рангирање[уреди]

Судискиот оддел на УЕФА е поделен на пет категории врз основа на искуството во кој судијата е рангиран; ( од највисок до најнизок ранг) Елитна Категорија, Премиерна Категорија, Категорија 2, Категорија 3, и Категорија 4. После сертификацијата, интернационалниот судија е пласиран во Категорија 4 со исклучок на судиите од Франција , Германија, Англија, Италија или Шпанија. Судиите од овие пет фудбалски гиганти имаат доволно врвни професионални натпревари и затоа директно се пласираат во Категоријата 3. Секој натпревар суден од судијата е надгледуван и оценуван и два пати во сезона неговата или нејзинината Категорија може да биде подобрена. Еден судија не може директно да премине од Категорија 2 во Елитна Категорија.

Назначување[уреди]

Во соработка со Судискиот оддел на УЕФА, УЕФА Комитетот на судии е одговорен за назначувањето на судиите за натпреварите. Судиите се назначуваат врз основа на претходните натпревари, забелешките, изведбата и нивото на физичка подготвеност. За да се обесхрабри присртрасноста, Шампионската Лига го зема во предвид и државјанството. Ниеден судија не може да има исто потекло како и никој клуб во неговите или нејзините респективни групи. Судиското назначувања, предложени од Судискиот оддел на УЕФА, се испратени до Судискиот Комитет на УЕФА за да бидат дискутирани и/или променети. Откако ќе се постигне општа согласност, името на на назначениот судија останува тајна се до два дена пред натпреварот со цел да се минимизира влијането од јавноста.

Ограничувања[уреди]

Од 1990 година, интернационален судија на УЕФА не смее да има повеќе од 45 години. Откако ќе наполни 45 години, судијата мора да се повлече на крајот од неговата/нејзиата сезона. Старосната граница беше воспоставена за да се осигура врвно ниво на физичка подготвеност. Денеска судиите на УЕФА Лигата на Шампиони треба да го поминат тестот на физичка подготвеност пред да размислуваат на интернационално ниво.

Парична награда[уреди]

Од 2010-11, УЕФА го наградува секој тим што игра во плеј оф рундите со 2,1 милион евра. За тие што ќе стигнат до групната фаза УЕФА доделува 3,9 милиони евра, плус 550.000 евра за секој одигран меч во групата. За победа во групната фаза УЕФА доделува 800.000 евра а нерешениот резултат е вреден 400.000 евра. Покрај тоа, УЕФА им плаќа на тимовите што ќе стигнат до првата нокаут фаза со по 3 милиони евра, секој четврт финалист добива 3,3 милиони евра, 4,2 милиони за секој полуфиналист, 5,2 милиони евра за вицешампионите и 9 милиони евра за победниците. Голем дел од дистрибуираниот приход од Лигата на Шампионите е поврзан со маркетиншкиот фонд, распределбата со која се определува вредноста на телевизискиот пазар во секоја земја. За сезоната 2008-09, и Манчестер Јунајтед и Баерн Минхен, кои стигнаа до финалето и четврт финалето, заработија повеќе од Барселона, која го освои турнирот.

Спонзорирање[уреди]

Како ФИФА Светското Првенство, УЕФА Лигата на Шампионите е група на мултинационални корпораации, за разлика од единствениот главен спонзор на Премиер Лигата, Лига 1 или Серија А. Кога Лигата на Шампионите беше основана во 1992 година, беше решено дека максумум на осум компании треба да му биде дозволено да го спонзорираат натпреварувањето, со тоа што секоја корпорација ќе има распоредено четири билборди околу периметарот на стадионот, исто така ставање на логото пред и после интервјуа и на одреден број на карти за секој натпревар. Ова, комбинирано со договор за да се осигура спонзорството на турнирот и им се дава приоритет на нивните реклами во текот на натпреварите, со гаранција дека на секој главен спозор на турнирот му е дадено максимално изложување.

Билбордите се извор на критики, заради нивната големина што е многу поголема за разлика од оние на од другите лиги како Премиер Лигата. Нивната големина значи дека, на некои терени, како Селтик Парк, Олд Трафорд, Енфилд и Стемфорд Бриџ, предните редови од трибините не можат да се користат за гледање теренот е блокиран од екстремно големите билборди; затоа, на тие што имаат сезонски карти не им се карантирани билетите за натпреварите и мораат да седат на седишта различни од вообичаените за натпреварите. Исто така, на некои стадиони рамната површини на предните редови која се користи за сместување на лица во инвалидски колички и хендикепирани лица е користена за билбордите, па така тие драстично го намалуваат капацитетот на делот наменет за хендикепирани лица.

Моменталните главни спонзори на турнирот се:

  • Форд
  • Хајнекен (вклучувајќи ги Норвешка, Шпанија, Франција, Швајцарија и Русија како земји во кои рекламирањето на алкохол е забрането. Во Норвешка билбордот на Хајникен е заменет со билборд со слика изработена од креда. Во Шпанија, Франција и Швајцарија билбордот на Хајникен е заменет со билборд на „Стар Експириенс“ и во Русија билбордот на Хајникен е заменет со „Не за Расизмот“ билборд)
  • Мастер Кард
  • Сони Европа
    • БРАВИА е брендот што се рекламира
  • Сони Компјутер Ентертејмент Европа
  • Уни Кредит

Адидас е секундарниот спонзор кој го снабдува турнирот со официјалната топка за натпреварите, истото го прават и за сите УЕФА натпреварувања. Про еволушн Сокер (Pro Evolution Soccer) на Конами (Konami) е истотака секундарен спонзор како официјална видео игра на Лигата на Шампиони. Индивидуални клбови можат да носат дресови со реклами, дури и ако таквите спонзори се во спротивни на оние на Лигата на Шампиони. Сепак, само еден спонзор е дозволено на дресот (плус оној на произведувачот на дресот), и ако клубови играат натпревар во земја каде што соодветната спонзорска категорија е забранета (како случајот во Франција, алкохолот и обложувањето) тие мора да го отстранат логото од нивните дресови.

Алкохол и вебсајтови за обложување како спонзори[уреди]

Тимовите може да бидат приморани да го остранат логото со кое се рекламира алкохол и вебсајтови за обложување од нивната опрема ако патуваат во земја каде што е забрането таквото рекламирање. На пример, кога Ливерпул играше на гостински терен со Лион, Ливерпул беше приморан да го отстранат Карлсберг од нивната опрема, бидејќи Франција, вклучувајќи ги и државните спонзори, забранува такво спонзорство. Други случаи се случувале во Швајцарија; кога Милан и Реал Мадрид играа на гости со Цирих, двата тима мораа да го отстранат bwin.com од нивната опрема. Вакви слични рестрикции има и во Норвешка и Холандија.

Медиумска покриеност[уреди]

Натпреварувањето привлекува голем број на телевизиска публика, не само во Европа, но и насекаде во светот. Натпреварите се пренесуваат во преку 70 земји со коментари на повеќе од 40 јазици секоја година. Со проценети 109 милиони гледачи, финалето на Лигата на Шампиони во 2009 година го помина Супер Болот таа година ( 106 милиони гледачи) за прв пат како најгледан единствен годишен спортски настан во годината.

Рекорди и Статистики[уреди]

Титули по клуб[уреди]

Клуб Победник Вицешампион Години Шампион Години Вицешампион
Шпанија Реал Мадрид 10 3 1956, 1957, 1958, 1959, 1960, 1966, 1998, 2000, 2002, 2014 1962, 1964, 1981
Италија Милан 7 4 1963, 1969, 1989, 1990, 1994, 2003, 2007 1958, 1993, 1995, 2005
Германија Баерн Минхен 5 5 1974, 1975, 1976, 2001, 2013 1982, 1987, 1999, 2010, 2012
Англија Ливерпул 5 2 1977, 1978, 1981, 1984, 2005 1985, 2007
Шпанија Барселона 4 3 1992, 2006, 2009, 2011 1961, 1986, 1994
Холандија Ајакс 4 2 1971, 1972, 1973, 1995 1969, 1996
Италија Интер Милано 3 2 1964, 1965, 2010 1967, 1972
Англија Манчестер Јунајтед 3 2 1968, 1999, 2008 2009, 2011
Италија Јувентус 2 5 1985, 1996 1973, 1983, 1997, 1998, 2003
Португалија Бенфика 2 5 1961, 1962 1963, 1965, 1968, 1988, 1990
Португалија Порто 2 0 1987, 2004
Англија Нотингем Форест 2 0 1979, 1980
Англија Челси 1 1 2012 2008
Германија Борусија Дортмунд 1 1 1997 2013
Франција Олимпик Марсеј 1 1 1993 1991
Романија Стеауа Букурешт 1 1 1986 1989
Германија Хамбургер 1 1 1983 1980
Шкотска Селтик 1 1 1967 1970
Социјалистичка Федеративна Република Југославија Црвена Ѕвезда 1 0 1991
Холандија ПСВ Ајндховен 1 0 1988
Англија Астон Вила 1 0 1982
Холандија Фејенорд 1 0 1970
Шпанија Атлетико Мадрид 0 2 1974, 2014
Шпанија Валенсија 0 2 2000, 2001
Франција Ремс 0 2 1956, 1959
Англија Арсенал 0 1 2006
Франција Монако 0 1 2004
Германија Бајер Леверкузен 0 1 2002
Италија Сампдорија 0 1 1992
Италија Рома 0 1 1984
Шведска Малме 0 1 1979
Белгија Клуб Бриж 0 1 1978
Германија Борусија Минхенгладбах 0 1 1977
Франција Сент Етјен 0 1 1976
Англија Лидс Јунајтед 0 1 1975
Грција Панатинајкос 0 1 1971
Социјалистичка Федеративна Република Југославија Партизан 0 1 1966
Германија Ајнтрахт Франкфурт 0 1 1960
Италија Фјорентина 0 1 1957

Најуспешни стрелци на сите времиња (Куп на Шампиони и Лига на Шампиони)[уреди]

Вклучувајќи квалификации

Место Играч Нација Голови Голови во нокаут фаза Голови во групна фаза Голови во квалификации Гол однос Натпревари Години Клубови
1 Раул Шпанија 71 20 51 0 0.49 144 1995–2011 Реал Мадрид (66), Шалке 04 (5)
2 Кристијано Роналдо Португалија 68 [1] 35 33 1 0.66 103 2003 – Манчестер Јунајтед (16), Реал Мадрид (52)
3 Лионел Меси Аргентина 67 31 36 0 0.78 86 2004 – Барселона (67)
4 Руд ван Нистелрој Холандија 60 6 50 4 0.74 81 1998–2009 ПСВ (9), Манчестер Јунајтед (38), Реал Мадрид (13)
5 Андриј Шевченко Украина 59 18 30 11 0.51 116 1994–2011 Динамо Киев (23), Милан (32), Челси (4)
6 Тиери Анри Франција 51 12 38 1 0.44 115 1997–2010 Монако (7), Арсенал (35), Барселона (9)
7 Филипо Инзаги Италија 50 16 30 4 0.59 85 1997–2010 Јувентус (17), Милан (33)
8 Алфредо Ди Стефано Аргентина 49 0.84 58 1955–1964 Реал Мадрид (49)
9 Еузебио Португалија 47 0.73 64 1961–1974 Бенфика (47)
10 Алесандро Дел Пјеро Италија 43 9 32 2 0.47 92 1995–2008 Јувентус (43)

Наводи[уреди]