ФК Рома

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Рома
Целосно име Фудбаслки клуб Рома
Прекар(и) i Giallorossi
Основан 22 Јули 1927
Терен Стадион Олимпико, Италија
(Капацитет: 72,698)
Претседател Џејмс Палота
Менаџер Зденек Земан
Лига Серија А
2011–12 Серија А, 7 место
Kit left arm asroma1011h.png
Team colours
Kit body asroma1011h.png
Team colours
Kit right arm asroma1011h.png
Team colours
Team colours
Team colours
Домашни бои
Kit left arm asroma1011a.png
Team colours
Kit body asroma1011a.png
Team colours
Kit right arm asroma1011a.png
Team colours
Team colours
Team colours
Гостински бои
Kit left arm asroma1011t.png
Team colours
Kit body asroma1011t.png
Team colours
Kit right arm asroma1011t.png
Team colours
Team colours
Team colours
Резервни бои
Soccerball current event.svg Тековна сезона

АС Рома (итал. "Associazione Sportiva Roma-A.SRoma"), или едноставно кажано Рома, е професионален Италијански фудбалски клуб од Рим. Формиранa со спојување во 1927-та година, Рома има земано учество во топ-нивото на италијанскиот фудбал од нејзиното постоење, па се до ден денес, освен во сезоната на раните 50-ти (1951-52 ). За нејзините 59 сезони на теренот (вкупно 78), таа зема учество и во сезоната 2010-2011 во Серија А.

Рома ја има освоено титулата во Серија А три пати, прпат во сезоната 1941-42, потоа во 1982-83 и накрај во 2000-2001, а исто така девет пати го има освоено Купот на Италија, и три пати Купот на Италија. На Европската сцена, Рома во 1961-62 година го освои Интернационалниот Куп на саемски градови, доагајќи поблиску до освојувањето на Европскиот куп во 1984-85година (со еднократен пораз на домашен терен од Ливерпул по шутирање на пенали) и заврши како втора во Купот на УЕФА во 1990-91 година ( двократен пораз од Интер ) .

Домашните натпревари се играат на стадионот Олимпико, место коешто го делат со нивниот домашен ривал, Лацио. Со капацитет од над 72.000 места, тој е втор по големина стадион во Италија, по Сан Сиро, којшто собира повеќе. Во септември 2009 година клубот ги обелодени своите планови за изградба на нов стадион со капацитет од 55.000 места во западните предградија на Рим. Неговиот дизајн беше според моделот на англиските стадиони, се со цел на фановите да им се даде близок поглед на теренот [1]

Историја[уреди]

ФК Рома е формиран летото 1927година од Итало Фосчи [2] , кој бил главниот иницијатор за спојување на трите постари клуба од италијанската фудбалска лига : ФК Роман, СС Алба-Аудаче и Фортитудо-Про Рома. Предлогот за спојување беше да се даде силен клуб на Вечниот град кој ке може да парира на векепостоечките доминантни клубови во Северна Италија. Лацио беше единствениот поголем клуб од Рим кој не се приклучи поради интервенирањето на генералот на фашистичката полиција, Вакарио, член на клубот и главен на Фудбалската федерација на Италија во тоа време. Клубот своите први сезони ги играше на стадионот Мотовелодромо Апио [3] , пред да ги заседната улиците на работничките класи во Тестачо, каде беше изграден стадионот Тестачо,и истиот беше отворен во ноември 1929година [4]. За време на шампионатот во 1930-31година, Рома направи големи достигнувања, заземајќи ја втората позиција во лигата, позади Јувентус. Капитенот Атилио Ферарис заедно со Гидо Масети, Фулвио Бернарди и Родолфо Волк беа најважните играчи во текот на овој период [5].

Прва титула, победа и пад[уреди]

По падот кој го доживеа во лигата и заминувањето на клучните играчи, Рома го обнови тимот со купување на напаѓачи, како аргентинецот Енрике Гаита [7]. Наогајќи се под менаџерската палка на Луиџи Барнесино, римскиот клуб дојде многу блиску до првата титула во сезоната 1935-36 година, но за еден поен заврши на второто место во лигата, веднаш зад Болоња[8]. Рома се врати во форма по завршувањето на несогласувањата во доцните 1930 –ти. За прв пат во сезоната 1941-42 со неотчекуван триумф , Рома ја освои својата прва титула , "scudetto". Со 18 постигнати гола Амедео Амедеи беше клучниот играч во оваа сезона за освојувањето на титулата која беше од суштинско значење за тренерот на Рома, Алфред Шафер . Во тој период Италија учествуваше во Втората Светска војна и Рома играше на Стадионот на националфашистичката партија (итал."Stadio del Partito Nazionale Fascista"[ http://www.asromaultras.org/soprannomi.html]. Во периодот после војната , Рома не успеа да ја поврати формата од раните 1940-ти, па во следните пет сезони ги заземаше последните места во табелата, за на крај да подлегне и кон крајот на сезоната 1950-51[9] да испадне и да се најде во Серија Б, каде ќе остане една деценија по освојувањето на титулата. Рома сe врати во форма кога на чело на тимот дојде идниот тренер на националниот тим, Џузепе Виани[10]. По вракањето во Серија А, Рома успеа да се стабилизира и повторно да се врати во средината на табелата со играчи како што се Егисто Пандолфини, Дино да Коста и Дан Хелге Боне. Најголем успех од одвој период забележа додека беше под раководство на Англичанцот Џеси Карвер, кога во 1954-55 година заврши на трето место, позади Удинезе, кој подоцна беше осуден за корупција со што Рома го зазема второто место. Мегутоа Рома не беше способна да се пробие во првите четири додека траеше оваа деценија, тие требаше да превземат некои мерки за да постигнат успех во купот. Во 1960-61 година Рома за прв пат ја имаше честа да игра надвор од Италија, да учествува во Интернационалниот Куп на саемски градови којшто и го освои, победувајки го Бирмингем Сити во финалето со 4-2[11]. Неколку години подоцна Рома го освои својот прв Куп на Италија во 1963-64 година, забележувајќи победа над Торино со 1-0. Во сезоната 1964-65 Рома го доживеа падот кога менаџерот Хуан Карлос Лоренцо изјави дека клубот неможе да ги исплати своите играчи и беше веројатно дека нема да можат да отпатуваат за Венеција за да го одиграат нивниот натпревар. .Поддржувачите се грижеа за клубот со тоа што почнаа да собират средства во Систинскиот театар и стечајот беше спречен со избирање на новиот претседател на клубот, Франко Евангелисти. Во 1968-69 година Рома го освои својот втор Куп на Италија кога се натпреваруваше во мала лига како систем. За време на 1969 година, Џакомо Лоси постави нов рекорд за Рома и тоа 450 настапи во сите натпреварувања. Овој рекорд што тој го постави траеше 38 години.

Период на различна среќа[уреди]

Во 1971година Рома освои уште еден куп и го додаде во својата колекција, со победа од 3-1 над Блекпул во Англо-италијанскиот Куп. Поголем период од 1970-те, појавувањето на Рома во најдобрата половина од Серија А беше најизменично. Најдобрата позиција на табелата која ја достигна овој клуб за време на деценијата беше третата, во сезоната 1974-75. Во овој период од клубот излегоа значајни играчи мегу кои и играчи од средниот ред вклучувајќи ги Џанкарло де Систи и Франческо Рока. Со освојувањето на уште еден Куп на Италија во 1979-80 година, победа над Торино во пенали, се осветли една нова успешна ера во историјата на фудбалот на Рома. Рома ќе го достигне врвот во лигата, којшто го немаше допрено од 1940-тата година, тесно и контроверзно завршувајќи на второто место по Јувентус во 1980-81 година[12]. Во тоа време, поранешниот фудбалер на Милан, Нил Ледхолм, беше менаџер, со истскнатите играчи како Бруно Конти, Агустино ди Бартоломеј, Роберто Прузо и Фалкао. Второто "scudetto" не и избега за многу на Рома. Во 1982-83 година Римскиот клуб ја освои титулата после цели 41 година, со што следеше голема веселба во центарот на главниот град. Во сезоните кои што следуваа Рома го заземаше второто место во Италија и ја собра титулата на Купот на Италија, а исто така заврши на второто место во финалето на Европскиот Куп во 1984 година[13]. Финалето на Европскиот Куп со Ливерпул заврши 1-1, резултат изедначен од Пруцо, но Рома го изгуби во шутирање на пенали. Успешната серија на Рома во 1980-тите ќе ја доведе до второто место во сезоната 1984-85 и освојување на Купот на Италија, со победа над Сампдорија со 3-2. После тоа започна компаративен пад во лигата, еден од неколкуте издигнувања во лигата беше и освојувањето на третото место во 1987-88 година. Во почетокот на 1990-тите, Рома беше дел од италијанското финале во Купот на УЕФА, каде што изгуби од Интер со 2-1 во 1991 година[14]. Истата сезона клубот го освои седмиот Куп на Италија и беше втора по Сампдорија во Суперкупот на Италија. И покрај тоа што се најде на втората позиција по Торино во финалето на Купот на Италија , остатокот од деценијата беше најдолгиот период од историјата на Рома, особено во лигата каде успеа само да го достигне четвртото место во 1997-98 година. Во раните 1990-ти Рома виде потреба од домашниот напаѓач Франческо Тоти кој цели кон тоа да биде еден од битните членови во клубот и клубска икона, капитен.

Во новиот милениум[уреди]

Деценија на слава[уреди]

17 Јуни 2001 година Рома-Парма 3-1 ФК Рома го освои третото скудето во Италија

Рома се врати во форма во 2000-те, започнувајки ја деценијата во одличен стил со освојување на третата титула на Серија А во сезоната 2000-01. "Scudetto" го освоија последниот ден од сезоната со победа над Парма од 3-1, бегајќи му на Јувентус со 2 поени. Клубскиот капитен, Франческо Тоти беше една од причините за освојувањето на титулата и стана еден од битните личности во историјата на клубот, освојувајки неколку клубски рекорди[15]. Освен Тоти други познати клубски играчи во тој период беа и Алдаир, Кафу, Габриел Батистута и Винченцо Монтела[16]. Клубот се обиде да ја одбрани титулата и во наредната сезона, но остана на второто место со еден бод помалку од шампионот, Јувентус. Тоа беше почетокот на Рома кога таа завршуваше на второто место повеќе пати во Серија А и во Купот на Италија во текот на 2000-те. Во 2003 година[17] изгуби во финалето во Купот на Италија од Милан со 4-2, а исто така во сезоната 2003-04 беше поразена од Милан со што повторно се најде на втората позиција во Серија А.

Франческо Тоти сегашниот капитен на ФК Рома.

Скандалот со кој беше поврзана Серија А беше откриен за време на 2006 година и Рома беше една од екипите коишто не беа вмешани. По казнувањата беа откриени, а Рома беше преквалификувана како втора во 2005-06 година[18], сезона кога во финалето на Купот на Италија изгуби од Интер и се најде на второто место. Во наредните две сезони, Рома завршуваше како втора во Серија А, што значи дека во 2000-те Рома се наогаше на првите две позиции многу повеќе од која и да било друга деценија во нејзината историја[19]. Во меѓувреме во Лигата на шампиони во текот на двете сезони, Рома стигна до четврт финале, пред да биде исфрлена од Манчестер Јунајтед. И покрај слабиот почеток во Лигата на шампиони|шампионите 2008-09 година, Рома стигна до нокаут фазата пред Челзи, и за прв пат во нејзината историја го зазема првото место во групата. Како и да е , "Giallorossi" во нокаут фазата изгубија од Арсенал на пенали, со што заврши нејзиното понатамошно натпреварување. По разочарувачкиот почеток во сезоната 2009-10, на местото на Лучијано Спалети како тренер дојде Клаудио Раниери. За време на прекинот, Рома се најде на дното од табелата, откако изгуби од Јувентус и Џенова. И покрај овој неуспех, Рома ке забележи 24 последователни победи во лигата, каде што во последниот од 24-те натпревари со 2-1 ќе го совлада домашниот ривал Лацио, при што Рома ќе води во полувремето со 1-0 и беше на пловина пат да го победи домашниот ривал, па Раниери гордо и во исто време направи замена вадејќи ги Тоти и де Роси од теренот[20]. "Giallorossi" беа на еден бод од врвот на табелата, пред да го изгубат натпреварот од Сампдорија. Рома повторно и во оваа сезона ќе заврши на второто место, како во Серија А, така и во Купот на Италија. Ова ја заокружи успешната деценија во историјата на Рома, коишто следеа по неколкуте просечни резултати во 1990-те. За време на 2000-те Рома успеа да го освои Scudetto, два трофеја од Купот на Италија и нејзините две први титули во италијанскиот Супер Куп. Други успеси коишто се вбројуваат во историјата на фудбалот на Рома се и враќањето во четвртинафиналиња во Лигата на шампионите на УЕФА ( во сезоните 2007-08 и 2008-09 ) од 1984, шест второпласирани позиции во лигата, учество во четири финални натпревари во Купот на Италија и три финални натпревари во италијанскиот Супер Куп, правејки ја деценијата најуспешна во историјата на Рома.


Историја на претседатели[уреди]

Во историјата на Рома се спомнуваат многубројни претседатели кои биле на чело на овој клуб, некој од нив биле сопственици, а некој почесни претседатели. Франко Сенси беше претседател се до неговата смрт во 2008-та година, со неговата ќерка Росела Сенси која беше почесен претседател на клубот. Еве ја комплетната листа на претседатели на Рома од 1927 година па се до ден денес[21].

 
Име Години
Итало Фосчи 1927–28
Ренато Сакердоти 1928–34
Виторио Сиалоха 1934–36
Игино Бетини 1936–41
Едгардо Базини 1941–43
Пиетро Балдасаре 1943–49
Пјер Карло Рестањо 1949–52
Ромоло Васели 1952
Пјер Карло Рестањо и Ренато Сакердоти 1952–53
Ренато Сакердоти 1953–58
Анаклето Џани 1958–62
 
Име Години
Франческо Марини Детина 1962–65
Франко Евангелисти 1965–68
Франческо Ранучи 1968–69
Алваро Марчини 1969–71
Гаетано Анзалоне 1971–79
Дино Виола 1979–91
Флора Виола 1991
Џузепе Киарапико 1991–93
Чиро ди Мартино 1993
Франко Сенси 1993–08
Росела Сенси 2008–

Историја на менаџери[уреди]

Голем број на менаџери и тренери поминале низ историјата на Рома, еве ја хронолошката листа од 1927 година па наваму:

 
Име Националност Години
Вилијам Гарбут  Англија 1927–29
Гвидо Бакани  Италија 1929–30
Херберт Берџес  Англија 1930–32
Ласло Бар  Унгарија 1932–33
Лајош Ковач  Унгарија 1933–34
Луиџи Барбезино  Италија 1934–38
Гвидо Ара  Италија 1938–39
Алфред Шафер  Унгарија 1939–42
Геза Кертес  Унгарија 1942–43
Гвидо Масети  Италија 1943–45
Џовани Дењи  Италија 1945–47
Имре Шенкеј  Унгарија 1947–48
Луиџи Брунела  Италија 1948–49
Флувио Бернарди  Италија 1949–50
Адолфо Балончери  Италија 1950
Пјетро Сератони  Италија 1950
Гвидо Масети  Италија 1950–51
Џузепе Вијани  Италија 1951–53
Марио Варљен  Италија 1953–54
Џеси Карвер  Англија 1954–56
Џерџ Шароши  Унгарија 1956
Гвидо Масети  Италија 1956–57
Алек Сток  Англија 1957–58
Гунар Нордал  Шведска 1958–59
Џерџ Шароши  Италија 1959–60
Алфред Фони  Италија 1960–61
Луис Карниља  Аргентина 1961–63
Наим Кријезију  Албанија 1963
Алфредо Фони  Италија 1963–64
Луис Миро  Шпанија 1964–65
 
Име Националност Години
Хуан Карлос Лоренцо  Аргентина 1965–66
Оронцо Пуљезе  Италија 1966–68
Еленио Ерера  Аргентина 1968–70
Лучано Тесари  Италија 1970
Еленио Ерера  Аргентина 1971–72
Тонино Требичани  Италија 1972–73
Нилс Лајдхом  Шведска 1974–77
Густаво Џањони  Италија 1978–79
Феруџо Вагареџи  Италија 1979–80
Нилс Лајдхолм  Шведска 1980–84
Свен Горан Ериксон  Шведска 1984–86
Анџело Зомани  Италија 1986–88
Нилс Лајдхолм  Шведска 1988
Лучано Спинози  Италија 1988–89
Џиџи Радиче  Италија 1989–90
Отавио Бјанки  Италија 1990–92
Вујадин Бошков  Сојузна Република Југославија 1992–93
Карло Мацоне  Италија 1993–96
Карлос Бјанки  Аргентина 1996
Нилс Лајдхолм  Шведска 1996
Ецио Села  Италија 1996
Здењек Земан  Чешка 1997–99
Фабио Капело  Италија 1999–04
Чезаре Прандели  Италија 2004
Руди Фелер  Германија 2004
Лујџи Дел Нери  Италија 2004–05
Бруно Конти  Италија 2005
Лучијано Спалети  Италија 2005–09
Клаудио Раниери  Италија 2009–

Играчи[уреди]

Моментален состав на тимот[уреди]

31 јануари 2014 година [6]

Забелешка:Знамето го покажува државниот тим одреден според правилата на ФИФА.Играчите може да имаат повеке од една националност која не е одредена од ФИФА

Бр. Нац. Позиција Играч
1 Романија ГМ Богдан Лобонт
2 Бразил ОД Толои
3 Бразил ОД Додо
5 Бразил ОД Леандро Кастан
6 Холандија СР Стротман
8 Аргентина НП Адем Љајиќ
10 Италија НП Франческо Тоти (капитен)
11 Бразил СР Тадеи
13 Бразил ОД Мајкон
15 Босна и Херцеговина СР Миралем Пјаниќ
16 Италија СР Даниеле Де Роси (заменик капитен)
17 Мароко ОД Мехди Бенатија
Бр. Нац. Позиција Играч
20 Италија СР Мишел Бастос
22 Италија НП Матија Дестро
24 Италија СР Алесандро Флоренци
26 Италија ГМ Морган Де Санктис
27 Брег на Слоновата Коска НП Жервињо
28 Полска ГМ Лукаш Скорупски
33 Хрватска ОД Тин Једвај
35 Грција СР Василис Торосидис
42 Италија ОД Федерико Балцарети
44 Белгија СР Раџа Наинголан
46 Италија ОД Алесио Ромањоли
94 Италија СР Федерико Ричи

Службени Лица[уреди]

 
Позиција Персонал
Тренер  Чешка Зденек Земан
Помошен тренер  Франција [[]]
Тренер на голмани  Италија
Асистент за техника  Италија
Тренер за физичка кондиција  Италија Вито Скала
Тренер за физичка кондиција  Италија
Тренер за физичка кондиција  Италија Р
Раководител на здравствен персонал  Италија
Масер  Италија
Директор на судии  Италија
Менаџер на тимот  Италија С

Повлечени броеви[уреди]

Главна статија: повлечени броеви во фудбалот 6- Алдаир, центар, 1990-03

Играчи[уреди]

Главна статија: Листа на фудбалери на ФК Рома За листа на сите поранешни и сегашни фудбалери на Рома на Wikipedia делот, категорија : фудбалери на ФК Рома. Исто така види ФК Рома и Национален фудбалски тим на Италија.

Статистики на клубот и рекорди[уреди]

Историски позиции на ФК Рома во Серија А.

Франческо Тоти го држи официалниот рекорд на Рома со 496 изиграни натпревари ( до Март 2008) во сите натпреварувања, во текот на 15 сезони од 1992 година па се до ден денес[22]. Тој, исто така, го држи и рекордот во Серија А со 388 одиграни натпревари, со тоа што на 1 март 1998 година го надмина рекордот на Џакомо Лоси за време на натпреварот со Парма, одигран на домашен терен. Вклучувајки ги сите натпреварувања, Франческо Тоти е најдобриот голгетер на Рома со деадени 195 голови, од кои 159 ги има постигнато во Серија А ( што е уште еден рекорд за Рома ). Роберто Прузо го држеше рекордот се до 1988 година со 136 постигнати голови во сите натпреварувања. Во сезоната 1930-31 Родолфо Волк постигна 29 гола во текот на оваа сезона, и не само што постави свој сопствен рекорд , тој го постави и рекордот на Рома со најмногу дадени голови во една сезона , рекорд кој што не е срушен до ден денес. Најбитните создавачи на Рома, Фортитудо и Алба беа пренесени во крајот на кампањата 1926-27, и нововформираната Рома требаше да земе учество во шампионатот на јужната прва девизија ( Серија Б ), за нејзината инаугуративна сезона. Сепак ФИГЦ одлучи специјално да ја прошири првата лига признавајки ја повторно ФК Рома како ССЦ Наполи. Првото официјално учетво на Рома беше во Националната девизија , претходникот на Серија А, во сезоната 1927-28, против Ливорно и издвои победа со резултат 2-0. Најголемата победа на Рома е против Кремонезе со 9-0 во сезоната 1929-30 на Серија А, а најголемиот пораз што го има претрпено е 7-0, и тоа трипати: еданш од Јувентус во сезоната 1931-32, потоа од Торино во 1947-48 и против Манчестер Јунајтед во 2006-07.

Бои, амблем и прекари[уреди]

Боите на Рома, темно црвена и златножолта, се традиционалните бои на вечниот град Рим, официалниот печат на Општината Рим се карактеризира со истите бои[23]. Златната боја го симболизира Бог во католицизмот, додека пак темно-црвената боја го претставува царското достоинство. Како по обичај, белиот шорц и црните чорапи ги комбинираат со темноцрвени дресови, мегутоа , особено во битните натпревари, шорцот и чорапите се во иста боја со домашниот дрес. Самиот комплет беше носен од оригиналниот римски фудбалски клуб, кој беше еден од трите клуба кои се споија во 1927 година за да ја формират денешната Рома. Поради боите што ги носат на себе, играчите на Рома се наречени Giallorossi , што значи жолто-црвени. Далеку од тоа дека белите комплети се традиционални, но тие се едната третина од комплетите што ги менуваат играчите од време на време. Можеби поради модерниот спортси маркетинг златниот трим и некои детали, во текот на годините се заменети со светло портокалово. Во модерните колекции како алтернативи се вклучени сите портокалови и портокалово-канелени верзии . Популарниот прекар на клубот им е волци, животно кое што секогаш се наогало на амблемот на клубот, но со различни форми во текот на историјата. Моментално амблемот е оној којшто беше употребен првпат кога Рома била создадена. На него е претставена волчицата со двајцата брака близнаци, Ромул и Рем, со кој се илустрира митот за тоа како настанал Рим, ставени на бипатриден златножолт заокружен со црвеноканелен штит.

Податотека:ASRomaOldBadge.png
Грбот на Рома користен од 1979 година до 1997 година и користен за нивниот трет комплет во 2009/10 година.

Во митот од кадешто клубот го има земено прекарот и логото, близнаците ( од татко Марс и мајка Реа Силвија ) биле фрлени во реката од нивниот чичко Амулиус, а таа т.е волчицата ги спасила и се грижела за нив. Откога му се одмаздиле на Амилиус, близнаците се скарале. Ромул го убил Рем и бил прогласен за крал на новосоздадениот град, кој во чест на неговиот брат бил наречен Рим.

Спонзори на дресови и изработувачи[уреди]

Период Изработувач на опремата Спонзор на дресот
1970–71 Лакост Нема
1972–76 Нема
1977–79 Адидас
1979–80 Поучеин
1980–81 Плајграунд
1981–82 Барила (Тестенини)
1982–83 Патрик
1983–86 Капа
1986–91 NR
1991–94 Адидас
1994–95 Асикс Нуова Тирена (Осигурителна компанија)
1995–97 ИНА (Осигурителна компанија)
1997–00 Дијадора
2000–02 Капа
2002–03 Мазда (Автомобили)
2003–05 Дијадора
2005–06 Италијанска Банка
2006–07 Нема
2007– Капа Винд (Телекомуникации)

Навивачи и ривали[уреди]

Рома е петтиот најподдржуван фудбалски клуб во Италија. Поддржана со околу 6% од италијансите фудбалски фанови се наога позади Јувентус, Интер, Милан и Наполи ( според статистиката направена од институтот Doxa и истражувањето на Espresso во април 2008 )[24]. Историски најголемиот дел од навивачите на Рома во градот Рим доаѓаат од внатрешноста на градот, особено од Тестакио. Традиционалната ултра група на клубот беше Commando Ultra Curva Sud, или скратено CUCS. Оваа група беше формирана со спојување на повеке мали групи и се сметаше за една од најстарите во историјата на Европскиот фудбал. Како и да е , во средината на 1990-тите CUCS беше узурпирана од влијанието на ривалите и на крај се распадна. Во тој период Curva Sud од Стадионот Олимпико беше контролирана од страна на повеке десничарски групи како што се A.S Roma Ultras, Boys, Giovinezza и други. Најстарата група Fedayn не е политичка и сепак политиката не е raison d’etre на Рома, туку таа е дел од нејзиниот целосен идентитет. Во септември 2009 клубот ги обелодени плановите за изградба на нов стадион со капацитет од 55.000 седишта кој ке се наога во западните предградија на Рим[25]. Најпознатата химна и мото на клубот е Рома, Рома ,Рома, испеана од Антонио Вендити. Насловот грубо вели дека Рома не треба да се доведува до прашање, таа треба да биде сакана и се пее пред секој натпревар, а песната Grazie Roma ,испеана од истиот изведувач, се слуша на крајот од секој победен натпревар на домашен терен. Неодамна, главниот рефрен од песната The White Stripes, Seven Nation Army исто така има широка популарност на натпреварите[26]. Во италијанскиот фудбал, Рома е клуб којшто има многу ривали. Прв и основен е домашниот ривал Лацио, клуб со којшто го делат Стадионот Олимпико. Дербито помегу овие два клуба се нарекува Derby della Capitale, и тоа е едно од највозбудливите и емоционалните ривалства во светот. За време на фудбалските натпревари во минатото беа забележани повремени случаи на насилство вклучувајки ја и смртта на навивач на Лацио, Винченцо Папарели во 1979-80, која што настапила како резултат на одблесок пуштен за итни случаи и во март 2004, следејки ги неоснованите гласини на фаталност, доведе до напуштање на играта и насилство надвор од стадионот. Со Наполи , Рома, исто така се натпреварува во ривалскиот натпревар наречен Derby del Sole што во превод би значело ‘Дерби на Сонцето ‘. Денеска, фановите на Рома, за свои ривали ги сметаат и гигантите од Серија А, како што се Јувентус ( ривалствo кое се развило во текот на 1980-тите ), Милан и Интер ( кое се зголеми во последниве години ), бидејки овие четири клуба се натпреваруваат за првите четири места во табелата за да обезбедат место во Лигата на шампиони|шампионите.

Конфликти со англиските навивачи[уреди]

Во последниве неколку години имаше многубројни конфликти помеѓу фановите на Рома и фановите англиските клубови, што укажува на очигледна одбивност за англиските фанови во некои поддржувачи на Giallorossi. Една од причините која го следи ова е поразот од Ливерпул во 1984 година во Европскиот Куп на Стадионот Олимпико и последователното насилство надвор од стадионот, коешто доведе до тоа неколку фанови на Ливерпул да бидат прободени со нож[27]. Уште тогаш во Рим имало повеке случаи кога некои фанови на англиски клубови биле нападнати и избодени, вклучувајќи ги инцидентите во 2001 кога Ливерпул ја посети Рома двапати и последователните судири со фановите на Миделсбро во 2006 и со фановите на Манчестер Јунајтед во 2007. Во март 2009 автобусот со фанови на Арсенал бил нападнат од ‘ Ultras ‘, навивачка група на Рома, уште однадвор на стадионот Олимпико. Прозорците на автобусот биле скршени и дури едно лице успеало да влезе во возилото отпуштајки одблесок и пребодил навивач со нож во коленото. Арсенал имаше испратено совети до нивните навивачи на кој начин да ги избегнат правците превземени од Ultras навивачката група на Рома[28].

Достигнувања[уреди]

Државни титули[уреди]

Фреската на Франческо Тоти насликана по сезоната 2001-02 година во чест на нивната трета титула

Серија А:

  • Победници (3): 1941–42; 1982–83; 2000–01

Куп на Италија:

  • Победници (9): 1963–64; 1968–69; 1979–80; 1980–81; 1983–84; 1985–86; 1990–91; 2006–07; 2007–08

Италијански Супер Куп:

  • Победници(2): 2001; 2007

Куп Берлускони

  • Победници (1): 1928

Серија Б:

  • Победници (1): 1951–52

Интернационални Титули[уреди]

Куп на саемските градови

  • Победници (1): 1960–61

Англо-италијански Куп

  • Победници (1): 1971–72

ФК Рома како компанија[уреди]

Од 1999 година , кога Франко Сенси беше на функција, спортската асоцијација Рома беше акционерско друштво.Моментално акциите на Рома се поделени мегу: 67,1% на Compaigna Italpetroli SpA ( холдингот на фамилијата Сенси ); 2,7% на Banca Monte dei Paschi di Siena SpA; 2,5% на Данило Копола и 27,7% на други акционери. Зедно со Лацио и Јувентус, Волците се еден од трите италијански клубови кои котираат на Borsa Italiana ( Италијанска берза ). Според Фудбалската лига на парите, објавена од консултантите на Deloitte, во сезоната 2005-06, Рома го заземаше високото дванаесето место со остварен приход од 127 милиони евра. По неколку месеци шпекулирање, во април 2008година, Џорџ Сорос беше задолжен од Росела Сенси,на фудбалскиот клуб Рома од италијанската фудбалска асоцијација, Серија А, да биде наддавач за откуп[29]. Понудата за откуп последователно беше одбиена од фамилијата Сенси, кои наместо да го продадат сакаа да ја задржат сопственоста. По долго боледување, на 17 август 2008 претседателот и сопственикот на клубот, Франко Сенси, почина. Неговото место во претседавањето последователно и беше превземено од неговата ќерка, Росела Сенси.

Суперлига формула[уреди]

ФК Рома има тим во новата Суперлига формула, серија тркачки автомобили, каде што тимовите се спонзорирани од фудбалските клубови. Моменталниот возач на СА Рома е поранешниот возач на IndyCar Series, Франк Перера. Тимот има објавено три подиуми и моментално е управуван од Alan Dockin Racing.

Наводи[уреди]