Удинезе Калчо е италијански фудбалски клуб од градот Удине, кој се натпреварува во Серија А.
Клубот е основан во 1896 година, под името Società Udinese di Ginnastica e Scherma. Традиционално, Удинезе настапува во црно-бели дресови, а своите домашни натпревари ги игра на Стадионот Фриули, кој е со капацитет од 30,642 места. Најголемите успеси на клубот во домашното првенство му се второто место во сезоната 1954-55, и третото место освоено во два наврати во сезоните 1997-98 и 2011-2012. Од успесите на Удинезе на меѓународната сцена можат да се издвојат освојувањето на Интертото купот во 2000 година, големиот број на учества во Купот на УЕФА, како и единственото учество во нивната историја во Лигата на шампионите во сезоната 2005-06.
Моменталниот стадион на Удинезе Фриули бил отворен во 1976 година за да го замени дотогашниот нивен дом Стадионот Морети. Во 1990 година Фриули бил домаќин на три натпревари од групата Е на Светското првенство што се играше во Италија. Истотака Фриули е и повремен домаќин на натпреварите на италијанската фудбалска репрезентација. Последен пат репрезентацијата играше на овој стадион на 10 септември 2008 против Грузија во квалификациите за светското првенство во фудбал 2010 година.
Моментален Состав [уреди]
Надворешни врски [уреди]