Белгија

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај
Belgium
Белгија
Белгија Coats of arms of Belgium Government.svg
(Детално) (Детално)
Локација на Белгија
Официјален јазик Холандски
Француски
Германски
Главен град Брисел
Крал Алберт Втори
Премиер Гај Верхофштад
Површина
 - Вкупно
 - % вода
Рангирана 136та
30,510 km²
6,2%
Население

 - Вкупно (2002 проц.)
 - Густина

Рангирана 77та

 10,309,725
 338/km²

Унификација 4 октомври 1830
Валута Евро (EUR)
Временска зона
 - во лето
UTC
UTC+1
Национална химна Brabançonne
Интернет домен .be
Повикувачки број 32

Кралство Белгија (на холандски: Koninkrijk België, на француски: Royaume de Belgique, на германски: Königreich Belgien) е земја во западна Европа, што се граничи со Холандија, Германија, Луксембург, Франција и Северно Море.

Белгија е културен крстопат меѓу германичка Европа и романска Европа. Во Белгија се зборуваат холандски (меѓу Фламанците), главно на север; француски, главно меѓу Валонците, главно на југ, но и во центарот на земјата (во и околу главниот град Брисел); и германски, меѓу мал број жители на исток. Оваа културна и лингвистичка разновидност се забележува и во комплицираните белгиски институции, како и во политичката историја на земјата.

Бројот на жители во Белгија изнесува 10,309,725.

Содржина

[уреди] Етимологија на име

[уреди] Историја

Од географски поглед, Белгија претставува еден вид крстопат на Европа и во последните 2000 години била сведок на постојаното населување на најразлични народи на нејзината територија. Во Белгија фигурирале келтите, римјаните и германи. Покасно, територијата на денешна Белгија била под директно влијание на Франција, Нидерландија, Шпанија и Австрија.

Првите познати народи кои ја населиле Белгија биле белгите. Белгите се келтски племиња кое дошле од Северна Галија, а во 54 п.н.е. биле подчинети од страна на Гај Јулие Цезар. По распаѓањето на Римската имприја во 5 век, германите ја населиле римската провинција Галија.Франките овде го формирале своето царство. Цаеот Кловис I го примил христијанството. Во времето на Карло Велики, територијата на денешна Белгија повторно се наошала во неговото царство. Во 800 година, тој бил прогласен за цар наСветата Римска империја, признаен и од самиот папа.

Покасно, овој регион бил вклучен во териториите на Нидерландија и Шпанија, додека протестантските провинции добиле независност. Следувало владеењето на Австрија и неколку години под француско владеење, во времето на Наполеон Бонапарт. По отстранувањето на Наполеон од власт во 1815 година, Белгија повторно била соединета со северните области на Нидерландија. Во 1830 година избувнала Белгиската револуција, преку која се создала независна Белгија .

Леополд I за крал бил избран со помош на Велика Британија. Главна карактеристика на Белгија била нејзината неутралност, која била нарушена во 1914 година, кога Германија ја нападнала на Белгија. Така, таа била приморена да се вклучи Првата светска војна. Во 1940 Белгија повторно била нападната од Нацистичка Германија, а по крајот на војната нејзината неутралност била изоставена.

Белгија е членка на НАТО пактот и една од основачите на Европската Економска Заедница. Во 1992 година се приклучила кон ЕУ. Од 1960 година таа е независна држава.

[уреди] Географија и клима

Белгија е држава која се наоѓа во Западна Европакоја се граничи на запад со Северното море, на север со Холандија, на исток со Германија, на југоисток со Луксембург и на југ со Францијасо вкупна должина на границата од 1482 километри. Плоштината на Белгија изнесува 30,510 km², и според неа се наоѓа на 136 место во светот.

Белгија има морска клима. Просечна температура во Белгија е околу 11,2 °C. Можеме да разликуваме три климатски типови. Просечната температурска разлика меѓу најтоплиот месец и најлданиот месец (лето 16,9 °C ; зима 3 °C). Во централна Белгија владее морска клима. Поголемото растојание на морето е причината за поголемите разлики меѓѕ летните и зимските температури (лето 14,7 °C ; зима 2,5 °C). Околината северно од реката Maas и реката Samber владее така наречена копнена клима. Јули и август се од прилика најтоплите месеци, а јануари и февруари се најладните месеци во целата година. Зимите во високите Ardennen се остри и долги. Просечната количина на дожд во целата годинае околу 852 mm. Просецниот број на денови во кој паѓа дожд е меѓу 75 и 90 денови. Максималната дебелина на снегот е околу 6 cm на крајбреќјето,а околу 30 cm на некој повисоки места на Ардените просецниот број на сончеви денови во целата година изнесуба околу 1392 денови.

[уреди] Политички систем

[уреди] Административна поделба

[уреди] Економија

[уреди] Население и јазик

Белгија има 10,309,725 жители (2009), а густината на населението изнесува 338 жител на км². Брисел со околу 1,080,790 жители е најголемиот град во земјата.

Во Белгија се зборува холандски (меѓу Фламанците), главно на север; француски, главно меѓу Валонците, главно на југ, но и во центарот на земјата (во и околу главниот град Брисел); и германски, меѓу мал број жители на исток.

[уреди] Култура во Белгија

[уреди] Религија

По шпанското освојување од 1592, до повторното воспоставување на верската слобода во 1781 година од страна на Јозеф II од Австрија, Римокатоличката црква била прогласена за единствената легитимна религиозна организација која била дозволена на територијата на денешна Белгија. Сепак, мал број на протестанти групи успеале да опстојат, и истите главно се задржиле во Хорбек, Доул, Турнај, Еупен и Ходимонт [1].

Религијата била една од разликите кои се појавиле помеѓу католичкиот југ и протестантскиот север предводен од страна на Обединетото Кралство на Холандија. Во крајна сметка, унијата се распаднала во 1830 година по создавањето на новата белгиска држава. По 1830 година, Римокатоличката црква продолжила да има голема улога во политичкиот живот на Белгија. Како пример за тоа се т.н. “училишни војни“ („guerres scolaires“ на француски) помеѓу либерали и католици во периодите од 1879 до 1884 и од 1954 до 1958.

Друг важен настан што се случил е од 1990, кога религиозниот крал Бодуен I , го одбил барањето на белгискиот парламент за легализација на абортусот[2]

Денеска, во Белгија католицизмот е најголема религија и истата опфаќа околу 80% од вкупниот број на население. Други религии во земјата се исламот, протестантството и јудаизмот.

[уреди] Музика во Белгија

[уреди] Спорт во Белгија

[уреди] Референци

  1. ((cite web | url = http://www.dick.wursten.be/reformatie_nl.htm|title = "Де Reformatie во vogelvlucht" или како фламански протестантизмот се повлекле кон Север (на холандски) | автор = Френк Роз (инспектор на протестантска веронаука) | accessdate 2008/04/10 =))
  2. New York Times, April 5, 1990. „Belgian King, Unable to Sign Abortion Law, Takes Day Off“. http://query.nytimes.com/gst/fullpage.html?res=9C0CE1DA1F3BF936A35757C0A966958260. Пребарано на 2008-04-10. 

[уреди] Видете исто така

[уреди] Надворешни врски


Земји кои го образуваат Бенелукс

Белгија | Луксембург | Холандија

Други јазици