Германи
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (ноември 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Германите се група на народи кои имаат индоевропско потекло. Германските племиња во текот низ историјата ја населиле Западна Европа, Северна Европа и Североисточна Европа. Германите зборувале на повеќе слични дијалекти од сарогерманскиот јазик.
Се смета дека појавувањето на германските племиња како етнос се случило во времето на бронзената доба или најдоцна во времето на железната доба. Германските племиња потекнуваат од јужна Скандинавија и Северна Германија кои започнале со своето населување кон југ, исток и запад во 1 век п.н.е. Тие влегле во контакт со келтските племиња во Галија како и со персиските, балтичките и словенските во Источна Европа. Многу малку е познато за раната историја на германите. Она кое е познато е нивните воени конфликти со Римската империја.
Во времето на римскиот император Октавијан Август и под раководство на римскиот генерал Публиј Квинтилиј Вер започнала битката за зазимање на германските територии, кои се простирале од реката Рајна до Урал. Во тоа време германите се запознале за прв пат и со римската тактика и нивното воено искуство, но и покрај големината на Римската империја, тие успеале да ја задржат својата идентичност. Во 9 година германите им нанеле голем пораз на генерал Публиј Квинтилиј Вер во битка на Тевтобургската планина. Според легендата, императорот Октавијан Август долго време не можел да се помири со поразот, имајќи секојдневни кошмари. Териториите на кои се наоѓа денешна Германија останале надвор од границите на Римската империја. Во околу 100 година, германите се населиле по Дунав и Рајна, зазимајќи голем дел од територијата на денешна Германија. Во 3 век веќе се појавиле голем број на германски племиња, од кој најпознати биле: алемани, франки, чати, саксонци и други. Во 260 година, германските племиња започнале да ја преминуваат својата граница, зазимајќи некои територии од Римската империја.