Галија

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Галија е назив на регион во Западна Европа, кој ги содржел северните делови од денешна Италија, Франција, Белгија западниот дел од Швајцарија и некои делови од Холандија и Германија на северниот брег на реката Рајна. На Англиски јазик, зборот ‘’Gaul’’ може да означува жител на тој регион (Француски: ‘’Gaulois’’) но сепак овој израз општо се користи за сите кои го зборувале античкиот галски јазик (дериват на раниот келтски јазик) кои беа широко распространети во Европа и раширени дури и во централна Мала Азија во времето на Римјаните. Латинското име за Галија, кое сѐ уште се користи во Грција како актуелно име за Франција, е ‘’Gallia’’. Галите, под водство на водачот Бренус го опљачкале Рим во 390 година п.н.е. Во светот на егејската цивилизација, голема миграција на источни Гали се појавила во Тракија, северна Грција, во 281 година п.н.е. Друг галски водач кој исто така се викал Бренус, на чело на голема војска, во последен момент бил спречен од уништување на Храмот на Аполон во Делфи, во Грција - се верува дека бил предупреден од боговите со предзнак од грмежи и секавици.[1]Во исто време една миграциона банда од Келтите, околу 10,000 војници, со нивните жени, деца и робови, поминувале низ Тракија. Три племиња од Галите преминувале од Тракија кон Мала Азија на итна покана од Никомед I, кралот на Битинија (која била мало место јужно од Босфорот и Црно Море во северниот дел од денешна Турција, југоисточно од денешен Истанбул), кој побарал помош за династиската борба против својот брат. Па така тие се населиле во источна Фригија и Кападокија во централна Анадолија, регион одтогаш познат како ‘’Galatia’’.

Име[уреди]

Имињата ‘’Gallia’’ и ‘’Galatia’’ понекогаш се поврзуваат со името ‘’Gael’’, кое доаѓа од името ‘’Goidhel’’ или ‘’Gwyddel’’ кое не може директно да се поврзе, иако треба да се спомене дека името Goidhel доаѓа од стар велшки збор Guoidel кој значи „пират, јавач“. Не е докажано дали Gal-имињата се од родното племе, или се егзоними. Биркан (1997) смета дека корените *’’g(h)al’’- „влијателен“ (PIE * ‘’gelh’’, најверојатно на Келтски, а препознатливо и на Балто-Словенски), но се докажа дека името можеби доаѓа од Реката ‘’Gallos’’, во споредба со имињата на Volcae и на Sequani кои најверојатно се дојдени од хидроними. Исто така постоеа напори да се открие дали ‘’Kelti’’ и ‘’Galatai’’ имаат исто потекло. Најверојатно овие термини најпрво биле имиња на помали племиња * ‘’Kel-to’’ и или ‘’Gal(a)-to’’ кои биле меѓу првите кои дојдошле во контакт со та империја, но исчезнале без да остават историски податоци.[2] На Англиски употребата на зборовите ‘’Gaul’’ и ‘’Gaulish’’ е синонимна со латинските ‘’Gallia, Gallus’’ и ‘’Gallicus’’. Како и да е сличноста на имињата е најверојатно случајна: англиските зборови се позајмени од француските ‘’Gaule’’ и ‘’Gaulois’’, кои пак најверојатно се позајмени од германскиот збор ‘’walha’’-, кој е карактеристичен за оние зборувачи кои се од негерманско говорно подрачје (оние кои зборуваат Келтски и Латински). Германското ‘’w’’ обично се чита како ‘’gu / g’’ на Француски (пр. ‘’guerre = war, garder = ward’’), а дифтонгот au произлегува од ‘’al’’ пред согласка (пр. ‘’cheval ~ chevaux’’). Gaule или Gaulle не е можно да доаѓа од Латинскиот збор ‘’Gallia’’, бидејќи ‘’g’’ би била ‘’j’’ пред ‘’a’’ (пр. ‘’gamba > jambe’’), а дифтонгот ‘’au’’ би бил неразбирлив; зборот кој би можел да произлезе од Латинскиот ‘’Gallia’’ би бил * ‘’Jaille’’ на Француски.[3][4] Хеленската аитологија го поврзува името со Galatia (најпрво докажано од Тимеус од Тауроменион во четвртиот век п.н.е.) и беше предложено дека оваа поврзаност била инспирирана од опаковката на „milk-white" (γάλα, ‘’gala’’, "milk") на Галите (на Грчки: Γαλάται, ‘’Galatai’’, Galatae).

Историја[уреди]

Пред-римска Галија[уреди]

Карта на Галија во 1 от век п.н.е., која ја покажува поврзаноста со келтските племиња. Најраната историја на Галите главно e задача на археологијата – постојат мали пишани податоци (зачувани најверојатно од она што можело да се препознае на металните парички) кои ги засегаат луѓето кои биле населени на овие региони – и врските меѓу нивната археолошка култура, општата поврзаност (науката од која биле потпомогнати, во последниве години, на полето на археогенетиката), а лингвистичките поделби ретко се совпаѓаат. Најголем извор на податоци за Келтите од Галија оставил Посејдон од Апамеа, чии ракописи биле цитирани од Тимаген, Јулие Цезар, сицилијанскиот Грк Диодорус Сикулус и грчкиот географ Страбон.[5] Многу културни особини на Келтите најверојатно биле однесени северозападно во Дунавската Долина, иако ова прашање беше оспорено. Изгледа дека многу нивни вештини (како што е преработувањето на металот), како и некои аспекти од нивната култура, доаѓаат од балканските народи. Некои стручњаци мислат дека та доба, Урнфилдовата култура, го претставува потеклото на Келтски|от јазик како различна културна гранка од Индо-Европската фамилија на јазици (вид. пракелтски јазик). Урнфилдовата култура била прееминентна во централна Европа за време на Бронзена|та доба, од 1200 година п.н.е. до 700 година п.н.е. Раширувањето на та доба доведе до развивање на Халстатовата култура (700 до 500 година п.н.е.) директно од Урнфилдот. Пракелтскиот јазик, последиот предок на сите познати Келтски јазици, некои стручњаци сметаат дека бил зборуван во времето на доцната Урнфилдова или раната Халстатова култура. Халстатовата култура била наследена од културата на Ла Тене, која се развила од Халстатовата култура без некој дефинитивен културен прекин, под стимуланс на влијанието од средоземната, грчката, и етрурската цивилизација. Културата на Ла Тене се развила и напреднала за време на доцната Железна доба (од 450 г. п.н.е. се до освојувањето од страна на Римјаните во 1от век п.н.е) во Франција, Швајцарија, Австрија, југозападна Германија, Бохемија, Моравија, Словачка, и Унгарија. Во истата оваа пред-римска Железна доба далеку на север биле поширени културите на северна Германија и Скандинавија. До вториот век п.н.е., Франција била нарекувана Галија (Gallia Transalpina) од Римјаните. За време на Галските војни, Јулие Цезар издвоил три групи на Гали: Белгијците на север (каде што се наоѓа денешна Белгија), Келтите во централниот дел, и Акитанците на југозапад. Некои стручњаци веруваат дека Белгијците биле мешавина од Келтски и Германски елементи, но нивните етнички врски се уште не се разрешени. Една од причините е политичкото мешање со Француското историско толкување во текот на 19от век. Француските историчари потполоно го прифатија објаснувањето на Цезар кој тврдел дека Галија се проширила од Пиринеите се до Рајна на север. Ова ги задоволи француските експанзионистички аспирации во времето на владеењето на Наполеон III. Во денешна северна Франција, Галско-Германската јазична граница беше поставена некаде после реката Сона. Северно белгиските племиња како Нервијаните, Атребатите или Морините без сомнение зборуваа на Германските јазици. Покрај Галите, во Галија постоеле и други народи како Грците и Феникијците кои ги откриле населбите како Massilia (денешен Марсеј) в долж Медитеранскиот брег. Лигурите се слејале со Келтите и ја создале Келтско-Лигуријанската култура исто така в долж Медитеранскиот брег. Во бториот век п.н.е., Медитеријанската Галија имала развиени урбани фабрики и била просперитетна, додека пак северна Галија која имала густа шума скоро и немала градови надвор од ѕидините (или опидиум) кои беа употребувани во време кога имало војни. Просперитетот на Медитеранската Галија го охрабри Рим да побара асистенција од населението на Масилија, кое било нападнато од коалицијата на Лигурите и Галите. Римјаните интервенирале во Галија од 125 година п.н.е., и до 121 година п.н.е. тие веќе го имале освоено Медитеранскиот регион наречен Провинција (подоцна наречен Gallia Narbonensis). Ова освојување го вознемири доминантното галското племе Аверни.

Освојување од Рим[уреди]

‘’Гали во Рим’’ Римскиот проконзул и генерал Јулиј Цезар ја внел својата армија во Галија во 58 година п.н.е., под изговор дека им помагаат на Римско Галските алијанси против Хелветите кои мигрирале. Со помошта од разните Галски племиња (на пример, Аедуи) тој успеал да ја освои скоро цела Галија. Но племето Арверни, под водство на Верцингеторикс, сѐ уште не ги почитувале Римските правила. Јулиј Цезар бил пресретнат од Верцингеторикс при опсадата на Гергорвија, град заобиколен со ѕидини во центарот на Галија. Алијансата на Цезар со многу галски племиња се растурила. Дури и Аедуите, нивните најверни поддржувачи, им се придружиле на Арверните. Цезар го заробил Верцингеторикс во битката кај Алезија, која ставила крај на отпорот на Галија кон Рим. Околу милион луѓе изумреле (најверојатно 1 на 4 Гали), уште еден милион станале робови, 300 племиња биле потчинети а 800 градови биле уништени за време на Галските војни. Целото население од градот Аварикум (Бургес) (40,000 во целост) биле убиени.[6] За време на кампањата на Јулиј Цезр против Хелветите (денешна Швајцарија) околу 60% од племето било уништено, а другите 20 % биле земени како робови.

Римска Галија[уреди]

‘’Војници од Галија, како што нацртал во доцниот 19-ти век илустраторот за Речникот Ларуз, 1898’’. Културата на галите тогаш била масивно покриена со Римската култура, Латинците биле присвоени од Галите, Галија, била впиена во Римската империја, целата администрација се сменила и Галите на крајот станале Римси граѓани.[7] Од 3-от до 5-от век, Галија била изложена на напади од Франките. Галската империја се одвоила од Рим од 260 до 273 година, содржејќи провинции на Галија, Британија и Хиспанија, вклучувајќи ја мирољубивата Баетика на југот. Следејќи ја победата на Франките во битката кај Суасон во 486 година од н.е., Галија (освен Септиманија) потпаднала под власта на Меровенжијаните, првите кралеви на Франција. Гало-Римската култура, Романизираната култура на Галија под власта на Римската империја, продолжила особено во областите на Галија Нарбонезис која што се развила во Окцитанија, Галија Цизалпина и во послаб степен, во Акитанија. Формално Романизирзната северна Галија, откако била окупирана од Франките, се развила во културата на Меровенжианите. Животот во Рим, концентриран на јавните случувања и културните одговорности на урбаниот живот на ‘’res publica’’ и понекогаш богатиот живот на независниот рурален ‘’villa’’ систем, му требаше подолго време за колапс во Гало-Римските региони, каде Визиготите широко примиле статус кво во раниот 5 век. Гало-Римскиот јазик продолжил да опстојува на североисток во Силва Карбонарија која оформила ефективна културна бариера со Франките на север и исток, и на југозапад во ниската долина на Лоара, каде Гало-Римската култура се поврзала со културата на Франките во градови како Турс и кај личност од тогашниот Гало-Римски бискуп соочен со Меровинжианските кралеви, Грегори од Турс.

Галите[уреди]

Социјална структура и племиња[уреди]

‘’Галот кој умира, стара римска мермерна копија од изгубена античка грчка статуа, се претпоставува дека е изработена од бронза, нарачана некое време помеѓу 230 п.н.е – 220 п.н.е. од Аталос I од Пергамон во чест на неговата победа над Галатијаните.’’ Друидите не биле единстваната политичка сила кај Галите, како и да е, раниот политички систем бил сложен, дури крајно фатален за општеството како целина. Основната единица на галската политика било племето, кое содржело едно или повеќе од оние кои Цезар ги нарекувал „паги”. Сакое племе имало совет на старешини и крал на чело. Подоцна, надредениот бил годишно избран магистрат. Кај Аедуите, галско племе, надредениот ја имал титулата “Вергобрет”, позиција слична на кралската, но неговата моќ била проверувана според правилата донесени од советот. Племенските групи или паги како што ги нарекувале Римјаните (еднина: ‘’pagus’’; францускиот збор ‘’pays’’, „регион", доаѓа од овој термин) биле организирани во поголеми супер-племенски групи кои Римјаните ги викале ‘’цивитати’’ (civitates). Овие административни групирања биле направени од Римјаните при нивниот систем на локална контрола, а овие ‘’цивитати’’ исто така биле основа на евентуалната поделеност на Франција на свештенички бископии и епархии, кои останале такви - со мали промени – до Француската револуција. Иако племињата биле умерено политички стабилни единки, Галите како целина се стремеле да станат политички – одделени, скоро и немало никакво заедништво помеѓу различните племиња. Само за време на одделните тешки времиња, како што била инвазијата од Цезар, Галите можеле да се соединат предводени од еден водач како Верцингеторикс. Дури тогаш, сепак, ривалските линии биле чисти. Римјаните широко ја поделија Галија на Провинција (‘’Provincia’’ - освоенета територија околу Медитеранот), и на север Галија Комата (‘’Gallia Comata’’ „слободна Галија”). Цезар ги поделил луѓето на Галија Комата на три големи групи: Акитани (‘’Aquitani’’) Гали (‘’Galli’’ - кои на нивнен јазик се нарекувале Келти – ‘’Celtae’’); и Белгијци (‘’Belgae’’). Денес тоа би се нарекло, Галските племиња биле лингвистички поделени, како зборувачи на дијалект од Галскиот јазик. Додека Акитанците најверојтно биле Васкони, Белгијците би се сметале како галско племе, можеби со германски елементи. Јулие Цезар, во својата книга, ‘’Commentarii de Bello Gallico’’, вели: Сите Гали се поделени на три дела, од кои еден дел се населените Белгијци, друг дел се Акитанците, трет дел се оние кои на својот јазик се нарекуваат Келти, по наше Гали. Сите овие се разликуваат едни од други по јазикот, обичаите и законите. Реката Гарона ги одделува Галите од Акитанците; реките Марна и Сена ги одделуваат од Белгијците. Од сите овие, Белгијците се најхрабри бидејќи тие се најдалеку од цивилизацијата и од суптилноста на (нашата) Провинцијата, трговците кај нив најретко опстојуваат и увезуваат од оние работи кои го феминизираат умот; најблиски се до Германите, кои живеат покрај Рајна, со кои постојано започнуваат војни; од таа причина Хелветите исто така храбро го надминаа остатокот од Галија, како што се бореа со Германите во скоро секојдневните битки, при што тие дури и ги одвратија од нивните територии, или самите започнаа војна во своите граници. Еден од оние делови од Галија, за кои беше речено дека го окупирале Галите, започнува на реката Рона; заграден со реката Гарона, Атлантскиот Океан и териториите на Белгијците; исто така се граничи странично со Секваните и Хелветите, над реката Рајна и се шири накај север. Територијата на Белгијците продолжува од крајната граница на Галија, се шири кон понискиот дел на реката Рајна; и гледа кон север и изгрејсонцето. Акитанија се протега од Гарона до Пиринеите и кон делот од атлантското копно (Бискајскиот Залив) кој е блиску до Шпанија: тој гледа помеѓу зајдисонцето и ѕвездата Северница.

Религија[уреди]

‘’Златни икони од Галите (‘’Parisii’’) 1от век п.н.е. (‘’Кабинет за медаљи, Парис’’)’’. Галите практикувале една форма на анимизам, припишувајќи им човечки карактеристики на езерата, потоците, планините и другите природни обележја и давајќи им божествен статус. Исто така, обожувањето на животните не било необично; најсветото животно за Галите била дивата свиња, која може да се најде на многу галски воени знамиња, како Рискиот сокол. Нивниот систем на богови и божества бил слободен, имало некои божества кои виртуелно секој Гал ги почитувал, како и племенските и куќните богови. Многу од нивните најголеми богови биле поврзани со грчките богови; главниот бог кој го почитувале во времето кога Цезар пристигнал бил Теутат (Teutates), галскиот еквивален за Меркур. „Таткото бог” кој го почитувале Галите бил „Dis Pater”, кој на римски би бил именуван како „Сатурн”. Како и да е тогаш не постоела вистинска теологија, само поставка на поврзани традиции на почитување кои се развивале. Можеби најинтригантен аспект од религијата на Галите е практиката на Друидите. Не постои сигурност за нивното потекло, но јасно е дека тие жестоко ги чувале тајните на нивнот поредок и влијаеле врз луќето од Галија. Тие навистина го тврдеа правото на одредувањето на прашањата за војна и мир, и имале ужасен „меѓународен” статус. Згора на тоа Друидите ја набљудувале религијата на обичните Гали и биле задолжени да ги поучуваат аристократите. Тие исто така практикувале и една форма на екскомуникација од здружението на почитувачи, кое во античка Галија значело поделба од световното општество. Според ова Друидите биле важен дел од галското општество.

Наводи[уреди]

  • Birkhan, H. (1997). Die Kelten. Vienna.

Фусноти[уреди]

1. ^ Pausanias, Description of Greece, Phocis 2. ^ Birkhan 1997:48. 3. ^ Oxford Dictionary of English Etymology (OUP 1966), p. 391. 4. ^ Nouveau dictionnaire étymologique et historique (Larousse 1990), p. 336. 5. ^ Berresford Ellis, Peter (1998). 'The Celts: A History'. Caroll & Graf. pp. pp.49–50. ISBN 0-7867-1211-2. 6. ^ Julius Caesar The Conquest of Gaul 7. ^ Helvetti