Делфи

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Храмот на богот Аполон во Делфи

Делфи (грчки: Δελφοί) е археолошки објект и град во Грција на падините на планината Парнас во долината Фокида. Во периодот на антиката овој град бил еден од водечките религиозни центри бидејќи таму се наоѓал прочуениот оракул на богот Аполон. Светилиштето било многу почитувано од страна на древните Грци. Во Делфи има храмови и на други богови, а централен е оној на Аполон. На локалитетот постои стадион, театар и други објекти. Од 6 век п.н.е. на ова место се проведувале Питиските игри.

Во денешно време остатоците (ѕидините) на Делфи претставуваат туристичка атракција. Според УНЕСКО локалитетот е прогласен за светско наследство. Денешниот град Делфи се наоѓа на околу еден километар од стариот.

Видете исто така[уреди]