Музи

Од Википедија, слободната енциклопедија
Скокни на: содржини, барај

Музи (грчки: Μουσαι = песна) биле божици во грчката митологија, поезија и литература кои го инспирирале творењето во литературата и уметноста.[1] Биле ќерки на врховниот грчки бог Зевс и на Мнемозина, божицата на умот и паметењето. Ги има девет, а нивен водач бил Аполон.

Балдасаре Перуци: Аполон танцува со музите

Се верувало дека музите ги инспирираат сликарите, музичарите и поетите. Тие ги развеселувале боговите и ги вдахнувале поетите, ја потпомагале комуникацијата. Славејќи ги боговите, ја дополнувале и својата слава; фалејќи ги смелите јунаци, ги запишале и своите имиња во историјата. Денес зборот муза, воопштено, во преносно значење, се користи за некој кој го инспирира уметникот.


- заштитничка на комедијата. Нејзини атрибути се комичната маска, овчарскиот стап и венецот од бршлен.

- заштитничка на астрономијата. Нејзин атрибут е глобусот.

- заштитничка на трагедијата. Нејзини атрибути се трагичата маска и венецот од винова лоза.

- заштитничка на светите (религиозни) и сериозни песни. Нејзини атрибути се превезот и наметката.

- заштитничка на љубовната лирика. Нејзин атрибут е лирата или китарата.

- заштитничка на епската поезија и ораторството. Нејзини атрибути се восочна плочка, молив и свиток хартија.

- заштитничка на историјата и јуначката поезија. Нејзини атрибути се свиток папирус и ловоров венец.

- заштитничка на музиката, лириката. Нејзин атрибут е двојната флејта.

- заштитничка на танцот и хорското пеење. Нејзини атрибути се лирата и ловоровиот венец.


Постои верување дека оној кој ќе ги повтори имињата на музите според овој редослед не може да погреши, затоа што почетните букви од нивните имиња на латински го даваат изразот: Tum Peccet, што значи: “нека греши”, или “тогаш нека греши”.



[уреди] Извори

  1. MOUSAI, (анг.)
Лични алатки
Именски простори

Варијанти
Дејства
Навигација
технички
алатник
Други јазици