Корниз (архитектура)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Кај класичната архитектура, корниз е збир од издадени декорации врз первазот. Корнизот лежи врз фризот, кој пак лежи на архитравот. Улогата на издадениот корниз е да ја одбива дождовницата која инаку би се слевала по ѕидовите. Кај некласичната практика, за оваа намена се употребуваат стреи и олуци.

Под калканскиот крај на зградата се обликува фронтон, каде корнизот се простира низ ѕидот на ниво на стреите и истото се повторува над него, под покривот.

Покрај ова, изразот „корниз“, исто така се употребува за хоризонтални ѕидни декоративни изданија кои седат врз и го красат елементот: корниз на врата или прозорец, на пример, или корниз на пиедестал. Едноставни корнизи можат да се добијат само со калапење на таков облик на круната под покривот.

Секој класичен ред се одликува со извесни карактеристични профили на неговиот корниз:

Друг пример за куќен корниз

Кај италовидната архитектура, корнизот е присутен речиси секаде.

Поимот корниз доаѓа од италијанскиот збор cornice, што значи „раб“ или „гребен“.