Архитрав
Од Википедија, слободната енциклопедија
|
|
Оваа статија не наведува никакви извори. (октомври 2009) Ве молиме помогнете со тоа што ќе додадете наводи до веродостојни извори. Непроверливата содржина може да биде изменета или отстранета. |
Пример за архитрав (епистил) кај Јонскиот ред
Архитравот (исто така епистил) е надвратник или греда која лежи на капителите на столбовите. Како таков, тој го сочинува најдолниот дел на первазот кој се состои од архитрав, фриз и корниз. Зборот доаѓа од грчкиот збор арке и латинскот збор трабс, кој заедно значат „главна потпорна греда“.
Архитравот е различен кај различните редови. Кај Тосканскиот, тој е прост и рамен со еден пласт врз него, и е висок половина модул. Кај Дорскиот и Сложениот, тој има два лика или фасции; и три кај Јонскиот и Коринтскиот ред, каде е висок 10⁄12модул, а само половина модул кај останатите.
Зборот архитрав исто така се користи за ѕидните декорации (или другите елементи) кај врамувањето на врати, прозорци или други квадратни отвори. Видете архиволт исто така.
[уреди] Видете исто така
| Оваа статија поврзана со архитектурата е никулец. Можете да помогнете со тоа што ќе ја проширите. |
