Еладски период

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Амфора со октопод, Родос, доцноеладски период III C1, околу 1200—1100 п.н.е., (Музеј во Лувр).

Поимите еладска цивилизација или еладски период во историјата на Грција се современи археолошки поими кои означуваат низа на историски периоди од епохата на Бронзеното време на територијата на континентална Грција, вклучувајќи ја и појавата на Критско-микенската цивилизација. Во трудовите на античките историчари и поети, еладскиот период обично се поврзува со предгрчките жители на Егејскиот регион, најчесто со Пелазгите, а ретко се спомнуваат и други народи (Минејци, Кавхони, Лелеги и др.). Истовремено со еладската цивилизација, на Крит постоела минојската цивилизација, а на Кикладитекикладската цивилизација. Крајна етапа во развитокот на овие три цивилизации била микенската цивилизација, при што како нејзин обединувачки елемент се јавуваат Грците кои дошле на Балканот и во Егејот во 16 век п.н.е.

Датирањето на еладската култура во значителна мерка е врзано со развитокот на различните типови керамики кои може да се поделат на „рани“, „средни“ и „доцни“ керамики од конкретен стил или место на потекло. Во некои случаи се употребува методот на апсолутно датирање.

Периодизација[уреди]

Периоди
по Блеген
Приближно датирање
по Блеген
Култури по Ренфрју,
керамика по Дикинсон
Современо
датирање[1]
Раноеладски I 2800-2500 п.н.е. Евтресис
Раноеладски II 2500-2300 п.н.е. Кораку, локално — Лефканди 1
Раноеладски III 2300-2100 п.н.е. Тиринф
Средноеладски I 2100-… п.н.е. Минојска керамика
Средноеладски II … п.н.е. Минојска керамика
Средноеладски III …-1550 п.н.е. Минојска керамика
Доцноеладски I 1550-1500 п.н.е. Шахтови гробници
Доцноеладски II 1500-1400 п.н.е. Микенска култура
Доцноеладски III 1400-1060 п.н.е. Микенска култура

Наводи[уреди]

  1. http://projectsx.dartmouth.edu/classics/history/bronze_age/chrono.html The Chronology and Terminology of Aegean Prehistory