Змиски столб

Координати: 41°00′20.33″N 28°58′30.43″E / 41.0056472° СГШ; 28.9751194° ИГД / 41.0056472; 28.9751194
Од Википедија — слободната енциклопедија
Хиподром во Цариград
Yılanlı Sütun
Поглед кон столбот
Карта
Општи податоци
ГрадИстанбул
ЗемјаТурција
Почнатапо 479 п.н.е.
Дел од глава на една од змиите која денеска се наоѓа во Археолошкиот музеј во Истанбул

Змискиот столб (грчки: Τρικάρηνος Όφις, турски: Yılanlı Sütun) - исто така познат ѝ како Серпентински столб или столбот Делфи, е антички бронзен столб кој се наоѓа на Хиподромот во Цариград (познат како Atmeydanı "коњски плоштад" во османлискиот период) во градот Истанбул, Турција.

Историја[уреди | уреди извор]

На 26 септември 479 п.н.е. грчките сили успеале да ги победат на персиските во Битката кај Платеја. Во чест на оваа победа, грците во храмот на Аполон во Делфи направиле поклон наречен змиски столб. Столбот бил направен од бронзените штитови на персиските војници. Тој бил висок 8 метри и претставува 29 преплетени тела на три змии симболизирајќи го здравјето. Главите на трите змии биле со отворени усти а врз нив се наоѓала златна вазна.

Во 326 година, Константин Велики наредил монументот да биде пренесен во Цариград во хиподромот. Во времето кога крстоносците го зазеле градот во 1204 година, вазната била открадена. Жителите на градот биле убедени дека столбот ги чува од секакви животни како скорпии, кои би можеле да го нарушат здравјето на човекот. Во 1453 година кога градот паднал под османлиска управа, според легендата Мехмед II за да ја покаже својата сила, со својот меч ја отсекол главата на една од змиите. По овој настан градот бил нападнат од илјадници скорпии и змии.

Долги години во османлиско време се сметало дека столбот е многу повисок бидејќи при изградба на џамија нејзината основа останала длабоко под земјата. Останатите две глави се зачувале на монументот до 17 век кога исчезнале. Во XVIII век една од главите била пронајдена и денес се наоѓа во Археолошкиот музеј во Истанбул[1], додека пак втората била пронајдена при археолошки ископувања и денеска се наоѓа во Британскиот музеј.

Врз столбот постојат различни натписи кои всушност се имињата на држави во Стара Грција. Овој столб е еден од најстарите римски и византиски споменици во Истанбул кои се задржиле до денес. Тој е висок 5,3 метри, додека останатиот дел се наоѓа под земјата.

Поврзано[уреди | уреди извор]

Наводи[уреди | уреди извор]

  1. Istanbul Governor's official website - The Serpent Column. web page Архивирано на 2 август 2007 г.

Натамошно читање[уреди | уреди извор]

  1. Volume 4 of the Cambridge Ancient History
  2. G.B.Grundy, The Great Persian War [library of US Congress, catalogue card number: 71-84875]
  3. Broken Bits of Byzantium (1891), by C. G. Curtis and Mary A. Walker, Part II, as referred to in Broken Bits of Byzantium by J. Freely in, Istanbul 1, Myth to Modernity, Selected Themes, p. 23-24.

Надворешни врски[уреди | уреди извор]

41°00′20.33″N 28°58′30.43″E / 41.0056472° СГШ; 28.9751194° ИГД / 41.0056472; 28.9751194