Bibcode

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
За шаблонот што става врски со bibcode, видете Шаблон:bibcode.

Bibcode е идентификатор во употреба кај разни астрономски податочни системи за укажување на наводи од стручна литература. Предвиден е за употреба во SIMBAD и NED, но сега се користи пошироко, како во Системот на астрофизички податоци на НАСА (ADS)[1][2]. Кодот има утврдена должина од 19 знаци, од обликот

YYYYJJJJJVVVVMPPPPA ,

каде YYYY е четвороцифрена година на наводот, JJJJJ е код на делото што го содржи наводот. Кога станува збор за стручно списание, VVVV е бројот, M е делот на списанието кајшто се наоѓа наводот (на пр. L за делот со писма), PPPP е почетната страница, а A е првата буква од презимето на првиот автор. Точките (.) служат за пополнување на неискористени полиња за да се добие потребната должина, и тоа десно за кодот на делото, а лево за бројот и страницата.[1][2] Еве некои примери:

Bibcode        Навод
1974AJ.....79..819H   Heintz, W. D. (1974). „Astrometric study of four visual binaries“. „The Astronomical Journal79: 819–825. doi:10.1086/111614. 
1924MNRAS..84..308E   Eddington, A. S. (1924). „On the relation between the masses and luminosities of the stars“. „Monthly Notices of the Royal Astronomical Society84: 308–332. 
1970ApJ...161L..77K   Kemp, J. C.; Swedlund, J. B.; Landstreet, J. D.; Angel, J. R. P. (1970). „Discovery of circularly polarized light from a white dwarf“. „The Astrophysical Journal Letters161: L77–L79. doi:10.1086/180574. 

Поврзано[уреди]

Наводи[уреди]

  1. 1,0 1,1 Обичајни правила за кодирање на библиографските наводи во NED и SIMBAD објавено во Information & On-Line Data in Astronomy, Kluwer Academic Publishers, 1995. ISBN 0-7923-3659-3.
  2. 2,0 2,1 Податоците на ADS - NASA ADS. пристапено на 5 ноември 2007.