Артемида
| Артемида Άρτεμις |
|
Статуа „Дијана од Версај“ |
|
| божица на ловот, животните и месечината | |
| Симбол | Лак, стрела, ловечко куче, и месечина |
|---|---|
| Родители | Зевс и Лето |
| Браќа и сестри | Аполон |
| Римски пандан | Дијана |
Артемида (старогрчки: Ἀρτεμις) била божица на ловот, животните и месечината во старогрчката митологија. Таа била ќерка на богот Зевс и сестра близначка на богот на сонцето - Аполон. Една е од ретките божици која не се омажила. Нејзината главна занимација бил ловот.
Уметниците најчесто ја претставувале со лак и стрела, во друштво на различни животни (лав, тигар, лебед и елен).
Нејзин пандан во римската митологија е божицата Дијана, додека во етрурската митологија таа се викала Артуме.
Свети симболи на божицата Артемида биле еленот и дрвото чемпрес.
Aртемида е едно од најпочитуваните божества во Македонија, женски пандан на Дионис. Kако божица на природата и шумите, на карпите во Филипи е претставена со теонимот Aртемис Дендропхорос; на теракотите најдени во Варош и во Пела е прикажана со чашки афион во косата; во Aмфипол е божество-бик – Aртемис Tаурополос. Добива различни називи поврзани со македонски топоними. Tеонимите: Aгротера, Дигаиа, Kyнагогос се типични за македонската митологија. Херодот ја нарекува „кралица“ на која жените Пајонки и Tракијки и принесуваат дарови завиткани во слама од пченица. Во Дебреште (Пелагонија) е пронајдена теракотна биста на Aртемида – Енодиа, претставена со коњски протом на рамото, кучешка глава под него, дијадема и билје во косата; слична теракота е пронајдена и во Чепигово (II век пр. н.е.).
Надворешни врски [уреди]
- Theoi Project, Артемида, информации за божицата од грчки и римски извори, слики од класични уметнички дела. (англиски)
- Химна на Артемида - Божицата девица во лов(англиски)
- Речник на античките грчки и римски божества (1890) (eds. G. E. Marindin, William Smith, LLD, William Wayte) (англиски)
- Енауди Енциклопедија за антиката - Артемида (италијански)
- Храмот на Артемида во Ефес (италијански)
|
||||||||||||||||||||||||||