Етер (митологија)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Етер
Pergamonmuseum - Antikensammlung - Pergamonaltar 29.JPG
Етер во битка со лавоглав Гигант
Рајската светлина и божествениот воздух
Живеалиште Атмосфера
Сопружник Хемера
Геја
Родители Ереб и Никта или
Крон и Ананка или
Хаос
Браќа/сестри Хемера
Деца Геја
Таласа
Уран

Етер (грчки: Αἰθήρ) е еден од исконските богови, бог на светлината, син на Ереб, богот на вечната темнина и Никта, божицата на ноќта. Етeр е отелотворување на проѕирното синило што го опкружува светот и горниот воздух, што го дишат божествата.[1] Во антиката за него не се подигале храмови и не претставувал култно божество, а во митовите обично се појавува со сестра му Хемера, божицата на денот. Етер се појавува и под името Акмон, што значи „метеор“ или „наковална“. Старите Грци со неговото име го нарекувале она што е попроѕирно и полесно од воздухот, како и височините каде се наоѓаат боговите и ѕвездите. Понекогаш со неговото име се нарекувале и небото и космосот. Денес, пак, зборот етер што потекнува од митовите, се употребува во науките; физиката, хемијата итн.

Во митологијата[уреди]

Во „Теогонија“ од Хесиод, Етер е син на Ереб и Никта, и брат на Хемера.[2]

Според поетот Алкман, Етер бил татко на Уран, персонификација на небото. Додека Етер бил персонификација на горното небо, рајот, Уран бил самото небо.[3]

Според римскиот митолог Хигинс, пак, Етер бил син на Хаос и Калиго (Темнината), а им бил брат на Ноќта, Темнината и Денот. Со Денот ги изродиле Небото, Земјата и Морето, но се спомнува и како татко на Океан, Темида, Тартар, Бријареј и други божества.[4]

Во уметноста[уреди]

Во уметноста Етер е претставуван како убаво младо момче. Го има на вазните, како и на релјефот „Гигантомахија на Зевсовиот жртвеник од Пергам“, од 180 година пред нашата ера, кој се наоѓа во Берлинскиот музеј.

Наводи[уреди]

  1. Grimal p. 22; The Oxford Classical Dictionary, „Етер“, p. 33.
  2. Хесиод, Теогонија 124–125; Ганц, стр. 4.
  3. „Етер“. Theoi.com. http://www.theoi.com/Protogenos/Aither.html. 
  4. Hyginus, Fabulae Preface.

Надворешни врски[уреди]