Крон (митологија)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Хрон/Крон
Cronos armé de la faucille (harpè) contre son père et divers médaillons pierre gravée crop.jpg
Живеалиште Земја
Симбол Срп
Сопружник Реја
Родители Уран и Геја
Римски пандан Сатурн

Крон или Кронос (старогрчки: Κρόνος) во грчката митологија припаѓал на првата генерација на богови, како единствен син на Геја кој ѝ помогнал да се освети на нејзиниот татко Уран, како и еден од титаните.

Во почетокот тој бил бог на земјоделството, а подоцна се идентифицира како бог на времето ((старогрчки: Χρόνος- време), симболизирајќи го времето кое води кон смртта. Реја дала дозвола на сите титани, со исклучок на Океан, да го нападнат Уран.

Со соединувањето на Реја и Крон, се родиле идните олимписки богови: Деметра, Хестија, Хера, Хад, Посејдон и Зевс, богови кои подоцна ја поделиле власта помеѓу себе си и завладеале со светот. Родителите на Крон му прорекле дека еден од неговите синови ќе му го зазеде престолот. Затоа, по секое раѓање на Реја, тој своите деца ги голтал. По раѓањето на Зевс, Реја своето дете го доверила на Океанида, која го однела во тајност во една пештера на Крит[1], додека пак, на својот сопруг му подметнала камен завиен во пелена. На тој начин Зевс бил спасен.

Кога Крон разбрал за измамата на Реја, тој започнал да го бара на Зевс по целата земја[2], но безуспешно. Кога Зевс пораснал, започнал војна со својот татко, позната во грчката митологија како Титаномахија. По десет години, Крон бил симнат од власт од страна на Зевс и неговите сојузници и однесен и заточен на Тартар.

Негов еквивалент во римската митологија е Сатурн.

Наводи[уреди]

  1. Аполодор, Митолошка библиотека, I, 1, 4
  2. Хигин, Митови 139