Афродита

Од Википедија

Скокни на: навигација, барај
Афродита, Национален Арехеолошки Музеј во Атина
: Раѓањето на Венера (Афродита), детал, 1879.

Афродита (старогрчки: Ἀφροδίτη) била божица на љубовта, страста и убавината во старогрчката митологија.

[уреди] Етимологија

Традиционалната етимологија името на Афродита го поврзува со грчкиот збор aphros = „пена“, и така Афродита е „родена во морската пена“. Веројатно името е од феникијско потекло.

[уреди] Митологија

Според една варијанта се смета дека била ќерка на богот Зевс и Диона, а според друга таа била родена од морската пена. Му била жена на тромавиот Хефест и мајка на тројанскиот јунак Енеј. На свадбата на Пелеј и Тетида (родителите на Ахил) биле поканети сите богови и божици освен Ерида (божица на кавгата); поради тога Ерида многу се налутила и непоканета отишла на свадбата и меѓу божиците фрлила златно јаболко на кое било напишано „За најубавата“. Божиците Хера, Атина и Афродита, сметајќи секоја дека е најубава, се фрлиле по јаболкото и се искарале. Зевс тогаш им наредил да одат кај младиот овчар Парис, кој требал да пресуди која од нив е најубава. Хера му ветила оромно богатство и власт, Атина мудрост и слава, а Афродита му ја ветила најубавата жена. Парис тогаш ѝ го фрлил јаболкото на Афродита. Со нејзина помош Парис ја одвел Елена во Троја и тоа било повод за тројанската војна.

Исто така, била наречена Киприс или Китерка според двете места во кои се тврди дека била родена (островите Китера и Кипар). Животни осветени во нејзина чест се врапчето, гулабот, лебедот; растението мирта; а од металите бакарот.

Нејзин пандан во римската митологија е божицата Венера.


[уреди] Надворешни врски

Биста на Зевс