Кентаур

Од Википедија — слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Бронзена статуа на кентаур

Кентаурот или Кентавр потекнува од Грчката митологија и за него се вели дека е раса на суштество со глава и гради на човек, а тело и нозе на коњ. Митологијата вели дека кентаурот имал посебна љубов кон пијалоците, односно пиењето. Ова поврзано со неговата дива и силна природа, го прави неговото познато престапничко однесување. Кентаурите се хранеле со месо. Тие го симболизираат мракот и рмачните сили на природата. Во подоцнежните митови, кентаурите имале рогови или крилја, а некогаш и двете.

Теории за потеклото[уреди]

Можеби најверодостојното и најчесто верување е дека кентаурскиот мит потекнува од реакциите на оние кои за прв пат гледале коњ, со јавач на енго. За Ацтеките се вели дека и тие верувале во слични митови како овој.

Меѓутоа античките Грчки автори, кога и да се спомнел кентаурот, го опишувале животното како ѕвер. А не пак да зборуваме за нивното пијанчење и разгневено однесување, кое ги прави ѕверови со кои не треба да се игра. Кентаурите се често прикажани во сцени од битката со Лапите, кога тие се обиделе да избегаат заедно со Лапитските жени.

Познати кентаури[уреди]

Хирон

Веројатно најпознатиот кентаур е Хирон, кој за разлика од останатите кентаури не бил пијаница. Тој бил познат по тоа што бил внимателен, грижлив, љубезен, нежен, мудар и често познат по неговите знаења во медицината.

Хирон ги едуцирал многу познатите Грчки херои како: Ахил, Асклепиј, Херакле, Јасон, Енеј, Пелеус и Дионис.

Сагитариус(Стрелец)

Кентаурот е познат како знакот стрелец во хороскопската шема. Човек и коњ, обединети, претставуваат физичко олицетворение на соодветното соѕвездие. Двојноста на нивната природа се мисли дека се однесува на нивната психа, често уловена меѓу двете природи на нивното битие.


Трајна моќ[уреди]

Овие суштества продолжиле да се појавуваат во артистичкиот свет со векови. Иако и тие биле доволно интересни, женските кентаури(кентауриди) не се појавувале во грчката литература и уметност до многу подоцна.

Повеќе митологија[уреди]

Митските коњи се интересно мноштво, некои добри, некои лоши и некои, многу, многу лоши. И за сите нив има по некоја интересна приказна која може да се каже.

Наводи[уреди]

Надворешни врски[уреди]