Херакле

Од Википедија — слободната енциклопедија
(Пренасочено од Херкул)
Прејди на: содржини, барај
Херкулес, позлатена бронза од 2 век п.н.е. (Капитолски музеи)

Херакле (старогрчки: Ἡρακλῆς, латински: Hercules) старобалкански — полубог, син на Зевс (римски Јупитер) и на смртната Алкамена. Најстарите римски извори укажуваат дека јунакот во Рим е увезен од Грција, и се надоврзува на митскиот италијански овчар Рекаран или Гаран, познат по својата физичка сила.

Покрај наследените митски и иконографски особини, римскиот Херкул се одликувал и со низа особини кои биле типично римски. „Херкулес“ не директно позајмено од од грчкот Херакле, туку модификација на етрурското име Херкелер. Херакле буквачно значи „во слава на Хера“.

Иако бил победник и голем воин, според митовите, Херакле бил способен и за измами и нечесни измами за да постигне победа. Бил познат по тоа што го направил светот побезбеден за човештвото, бидејќи уништил многу опасни чудовишта. Неговото жртвување за луѓето му обезбедило одобрување и заштита од боговите.

Прикажан е со наметка од лавовска кожа и топуз. На мозаиците е со темен исончан тен.

Поврзано[уреди]