Реја (митологија)

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Реја
Rhea MKL1888.png
Сопружник Крон
Родители Уран и Геја
Римски пандан Кибела

Реја грчката митологија била божица, мајка на Олимписките богови Деметра, Хестија, Хера, Хад, Посејдон и Зевс.

Таа е ќерка на Уран и Геја, сестра и сопруга на Крон. Со соединувањето на Реја и Крон, се родиле идните олимписки богови: Деметра, Хестија, Хера, Хад, Посејдон и Зевс, богови кои подоцна ја поделиле власта помеѓу себе си и завладеале со светот. Родителите на Крон му прорекле дека еден од неговите синови ќе му го зазеде престолот. Затоа, по секое раѓање на Реја, тој своите деца ги голтал. По раѓањето на Зевс, Реја своето дете го доверила на oкеанида, која го однела во тајност во една пештера на Крит[1], додека пак, на својот сопруг му подметнала камен завиен во пелена. На тој начин Зевс бил спасен, а подоцна ја зазел власта од својот татко.

Нејзин еквивалент во римската митологија е Кибела.

Наводи[уреди]