Титани

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Глава на Титан,
Национален музеј, Атина

Титани (грчки: Τιτάν, мн. Τιτᾶνες) се синови на богот на небото Уран и мајката земја Геја.

Првата генерација Титани живееле на небото во времето кога владеел нивниот татко Уран, и го чувале неговиот престол. Колку време живееле таму не е познато, но за другите поединости од нивниот живот и судбина е раскажано во митовите.

Како што поминувало времето, на првите Титани им се придружувале и нивните потомци, така што нивниот број сè повеќе се зголемувал. На почетокот имало само дванесет Титани, шест машки и шест женски.
Првите Титани биле:

Првите Титанки биле:

Потоа во Титани се вбројувале и некои нивни потомци, како на пример, Јапетовите синови - Прометеј и Епиметеј, понекогаш и Прометејовиот син Девкалион и многи други.

Титаномахија[уреди]

Кастрирањето на Уран
Ѓ. Вазари XVI век

Кога Геја, мајката на Титаните, му ги родила на Уран трите Хекатонхири, Уран ги замразил и ги затворил во внатрешноста на Земјата. Поради ваквиот однос Геја многу се налутила и решила да му се одмазди на својот сопруг. Отишла кај Титаните и ги наговорила да го симнат Уран од престолот. Борбата што претстои меѓу Титаните и Олимписките богови се нарекува Титаномахија[1].

Ниту еден од Титаните, освен најмладиот Крон, не го прифатил предлогот на Геја, а тој со итрина му ја одзел машкоста и силата на Уран. Всушност, Геја го создала челикот и од него направила огромен срп. Кога Уран посакал да води љубов со неа, излегол скриениот Крон и му ги исекол гениталиите и ги фрлил в море. Капките крв што паѓале од Уран ја оплодиле Земјата. Така настанале ериниите, гигантите и мелијадите. Од пената, пак, што се направила во морето кога паднале фрлените гениталии на Уран, се родила Афродита. По оваа случка, Небото (Уран) веќе не ѝ се приближувал на Земјата (Геја), а Крон станал новиот владетел на светот.

Крон, како нов владетел на космосот ги принудил своите браќа и сестри да му служат и да го чуваат неговиот престол. Но, по некое време Крон ја доживеал сличната судбина на татко си, кога неговиот најмлад син Зевс му ја одземал власта и себе се прогчасил за врховен Бог.

Падот на Титаните
П. П. Рубенс, 1637.

Борбата меѓу Крон и Зевс била долготрајна и крвава. Траела десетина години. На страната на Крон биле речиси сите Титани, а на страната на Зевс биле неговите браќа Посејдон и Хад, и браќата на Титаните - Киклопите и Хекатонхирите, кои Зевс ги ослободил од подземјето Тартар.

Покрај Киклопите и Хекатонхирте, на Зевс му се придружиле и некои од Титаните кои не биле задоволни од владеењето на Крон. Тоа биле Океан, неговата ќерка Стикс со своите четири деца, како и Јапетовиот син Прометеј.

По победата, Зевс ги фрлил Крон и останатите поразени Титани во вечната темнина, Тартарот, каде ги чувале несовладливите стораки Хекатонхири[2].

Со победата на Зевс, престанало владеењето на Титаните во светот, но не заскогаш, зашто според некои митови, луѓето кои денес владеат со светот се потомци на Титаните. Кога Зевс ја уништил првата генерација луѓе, Прометеј, создавач на човекот, на својот син Девкалион и неговата жена Пира им овозможил да се спасат и да го втемелат новиот човечки род. Тие луѓе го преживеале владеењето на Зевс, како и на сите други богови од Олимп, па денес великаните меѓу луѓето се нарекуваат Титани.

Надворешни врски[уреди]

Наводи[уреди]

  1. Хесиод, „Теогонија“
  2. Соули Софија „Грчка митологија“ превод на српски Валнтина и Стелиос Георгиу, TOUBIS, 1995