Харпија

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај
Средновековен опис на Харпија како жена-птица

Xарпија (Грчки: ἅρπυια, harpyia; Лат: harpeia) е еден од крилестите духови во грчката митологија, кои постојано му ја краделе храната на Финеј. Буквалното значење на зборот изгледа дека е „крадливка“, бидејќи произлегува од древниот грчки збор harpazein (ἁρπάζειν), што значи „да граба/открадне“. Една Харпија е мајка на коњите од Ахил, чиј татко пак бил западниот ветер Зефир[1] . Хесиод[2] ги нарекува две „прекрасни влакнести“ суштества, па во грнчарската уметност харпиите се претставени како крилести убавици. Харпиите како грди крилести жени-птици (прим. кај Евменидите од Есхил)се подоцнежен производ, заради помешувањето со сирените. Римските и византиските автори ја детализирале нивната грдотија.

Харпиите биле сестри на Ирис, односно ќерки на Тавмант и океанидата Електра. Трите харпии се: Ела (брза како бура), Келена (темната) и Окипета (брзолета).

Наводи[уреди]

  1. Илијада xvi. 150.
  2. Hesiod, Theogony, 267.
Wikisource-logo.svg
Викиизвор на англиски јазик содржи текст на тема: