Тартар (митологија)
Од Википедија, слободната енциклопедија
Тартар (грчки: Τάρταρος) во грчката митологија било најмрачното место во подземниот свет односно пеколот, место каде биле затворени победените богови и титани.
Тартар бил сместен уште пониско и од самиот Хад. Со Тартар владеел истоимениот бог, кој бил роден од Хаос, заедно со Никта, Ереб, Геја и Ерос.
Во Тартар биле донесени Хекатонхирите и Киклопите. Подоцна, по крајот на војната помеѓу боговите, овде бил донесен и Крон (митологија)|Крон, заедно со останатите титани, кои се спротиставувале на Зевс.
Наводи [уреди]
|
||||||||||||||||||||||||||