Старогрчки храм

Од Википедија, слободната енциклопедија
Прејди на: содржини, барај

Старите грци почнале да градат монументални храмови во првата половина на VIII век п.н.е. Храмот на Хера на Самос и храмот на Посејдон во Истмија биле меѓу првите.

Грчките храмови се разликувале од римските по тоа што колонадата сочинувала перистил околу целото здание, наместо само трем напред; исто така грчкиот храм не бил подиган на висок подиум.

Како што грците станувале сѐ поумешни во монументална градба, регионалните архитектонски стилови се зацврстиле во таканаречениот архитектонски поредок кој, кај грците, се состоел од Дорскиот, Јонскиот и Коринтскиот ред.

Партенонот, еден од најпознатите грчки храмови, бил посветен на Атина, божицата на мудроста. Во и околу зданието се одржувале фестивали секоја година. Партенонот извршил силно влијание на римската архитектура. По римското освојување на Грција, многу римски туристи доаѓале да ги разгледуваат грчките храмови. Меѓу атракциите бил и Партенонот, кој набргу станал еден од најпопуларните туристички атракции во Грција.

Видете исто така: Римски храм